логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

sv.filaret.moskovski5.jpgКога ме прашаа дали да ја користат силата на магнетизмот, јас одговорив дека на Христијаните им се подарени поголеми и многу поцврсти сили: верата и молитвата. И секое спуштање на понизок пат, кој ете, човек го открива така што како слепец го напипува со своето самоволно и лошо размислување, не претставува ништо друго туку пад.

Кажано е да не љубиме со јазикот, туку со делото и со вистината. Затоа, да запомниме, љубовта не станува помала од молчење. Вистината не ја снемува ако замолкнат зборовите.

Како што им веруваме на зборовите, така исто треба да му веруваме и на молчењето.

Да се помолиме Господ да ги благослови нашите зборови и нашето молчење, така ниту зборовите да бидат празни, ниту молчењето бескорисно.

Секој од нас, во помала или поголема мерка, шири онаков живот со каков и самиот живее, т.е. нов или стар. Најголем дар е кога некој во други луѓе шири возвишен живот. Благо му на оној кој во ова служи како орудие на благодатта Божја. Не осмелувајќи се да си го припише ова на себе, човек може да сака барем, со лажен збор и недостоен пример, да не шири лажен живот, живот во тело, живот кој само наизглед делува како побожен и богоугоден.

Благо вам ако ве засрамат. Благо вам! Зар не би требало да се трудиме што поблиску да се доближиме до блаженството? Како да бидеме блажени ако не засрамат, ако не можеме да истрпиме, ни ако за нас се каже дека сме под истрага или дека ни се суди, иако уште не сме ни осудени? Многу се оние кои се осудени, а кои не се осрамотени.

Кога себе внимателно се набљудуваме, не би требало вниманието да ни слабее и за неброените жалости околу нас, кои настануваат заради сиромаштвото и другите ситуации кои праведниот Творец ни ги дава. Таквите неволји ни се дадени за да едни се научат на трпение, другите да се поправат, трети да се научат да им помагаат на другите. Оние кои себеси Му се посветиле на Бога, таквите неволји ги поттикнуваат да ги умножат молитвите за нашите гревови и нашето незнаење.

Има, за жал, тажни луѓе кои својата тага не ја разблажуваат со утеха. Има луѓе кои се утешиле и кои, за жал, својата утеха не ја разблажуваат со малку тага, која извира од љубовта и смирението. Има луѓе за кои како да не постои ништо што е невидливо и кои така залудно се сокриваат од она што е неминовно. Сепак, има луѓе, кои со силата на волјата, направиле своевиден пробив во духовниот свет, или барем мислат дека тоа го направиле. Дали е тоа потребно? Дали така треба? Зар не е поскромно со надеж да чекаме пред затворената градска капија, да чекаме кога ќе ја отвори вратата Оној Кој го има Давидовиот клуч?

Само смирението може да и донесе мир на нашата душа. Душата која не е смирена и која постојано ја носат брановите на страста, мрачна е и матна како хаосот. Дајте и да најде сила во смирението и дури тогаш во неа ќе се појави вистинска светлост. Дури тогаш во неа ќе настане складен свет на исправни мисли и исправни чувства. Гордо мудрување и заклучоци, настанати од земната природа, ја загушуваат душата како магла, пропуштајќи во неа само привид на слаба и нејака светлост. Направете маглата да падне во долината на смирението, и тогаш над себе ќе здогледате чисто и високо небо. Душата сама себе се задушува со превирање и бука на надмените, секогаш немирни помисли и страсни желби. Дајте и да се стивне во смирение, и дури тогаш ќе може да го наслушне и чуе складот на природата, кој современиот човек сеуште не го уништил потполно. Ќе може во неа да чуе созвучја кои се достојни за премудроста Божја како што во тишината на ноќта можат да се чујат далеки звукови.

Не можам да го прекорувам чувствителното срце кое љуби. Зар е подобро срцето кое е студено? Каменото срце треба да се омекне, студеното – да се загрее, а чувствителното и она кое е способно да љуби, тоа треба да се возвиши од природна љубов до духовна љубов. За ваквото срце, најдобар е патот на тихувањето кој го дава Божјата промисла, за ова срце, тонејќи во семејни врски, да не биде сосема загушено со самата таа природна љубов. Не е секогаш страшно кога срцето останува како кај дете. И Господ ни заповеда да бидеме како деца. И Апостолот ни вели да бидеме незлобиви како деца, да бидеме добри како деца, да љубиме простодушно како деца. Не треба да се жалиме на она што Бог го дал преку природата, туку да го воздигнуваме до благодат, па се ќе биде добро.

Често се случува кај оној човек кој внимателно гледа, да најде во својот природен карактер нешто што би требало да се поправи и нешто што е потребно постепено да се менува. Потполно е исправно тој во таква ситуација да бара помош од Бога. Ако помошта не стигне веднаш, не треба да се губи надеж. Треба и понатаму да се чука на вратата на милосрдието и истовремено да се подвизува, за да се зауздаат лошите нагони на срцето и волјата. Кога ќе не заплисне негодување и гнев, не треба да си допуштиме себеси така да зборуваме и така да постапуваме, туку е потребно да се воздржиме и да размислуваме за сето тоа, како и преку молитва да ја стивнеме страста. После тоа можеме, на оној кој погрешил, одмерено да му укажеме на грешката, и снисходливо да му ја одмериме казната.

Семето на правдата се сее во мир кој ствара мир. Мноштво на чуда не мора да не донесе до никаков заклучок. И само едно чудо може да биде доказ дека постои Бог. Илјада чуда можат да укажат само на пророк. Лазаревото воскресение ни Го покажува Бог чудотворецот, но за да можеме тоа да го видиме, потребно е во ова чудо да го откриеме она што го воздигнува над сите оние чуда кои ги направиле Богоносните луѓе, а кои, на прв поглед, се исти како и споменатото чудо Господово.

Зошто мислите дека радоста е далеку? Таа е тука, близу. Таа е зад жалоста, како што, во Песната над песните, женихот зад ѕидот е близу својата невеста. Навечер плач, а наутро радост.

Потребна е голема внимателност кога се спојува слаткото со горкото, радоста и стравот, во радоста на богопознанието да внесуваме страв оти сме свесни за својата недостојност, која и чистиот кладенец може да го замати со своето превирање, и која може да ја помрачи светлоста, или да ја претвори во некаков слаб блесок или привидение.

Понекогаш на човека не му е лесно да ги види своите невидливи, но несомнени гревови оти ги затскриваат доблестите кои тој човек лесно ги воочува, но кои се само привидни.

Во наше време честопати се случува некои луѓе да мислат дека исправно и корисно постапуваат принесувајќи ја службата на Бога, а всушност само ја следат, и тоа не секогаш успешно, модата која е моментална и која ја пропагираат други. Така тие и служат на таа мода, надевајќи се дека таа ќе им послужи на корист.

Земната радост бива проткаена со тага оти душата потајно чувствува дека овоземното не е доволно, туку дека копнее за подобро. Тагувајќи по Господ, душата ја чувствува и радоста оти чувствува дека, како што вели Апостолот, тагата по Господа носи спасение. Нека даде Бог да бараме радост во која нема да се скрива делче од тагата. Нека даде Бог да не се плашиме од тагата која ќе се претвори во радост.

Секогаш треба да ја гледаме и покажуваме вистината, па макар таа и да била тажна, оти и од таква вистина се учи, за да не ја дочекаме горката вистина, која не само што воспитува, туку и казнува заради нашиот немарен однос кон неа.

Велите дека оној кој не е убеден во својата победа, ќе биде победен. Сепак не се сложувам со тоа. Оној кој се бори за праведно нешто, и кој се потпира на Бога, може да победи и покрај очекувањата, во околности кои ни најмалку не пружаат надеж за успех. Има примери кога, со извесни загуби, битката сепак била добиена, и тоа само заради тоа што не смеело да му се допушти на непријателот сосема да не победи и уништи.

Да пробаме барем на кратко да се оттргнеме од сето што е земно и минливо и за што сме приврзани од нужност, или по своја волја, и да пробаме слободно, но сериозно да продреме со погледот во она што е небесно и вечно. Од тродневниот гроб станува Светлоста на вечниот живот. Едни видат, и веруваат. Други не видат, и веруваат. И сите се блажени, оти веруваат.

Кога Господ зема добри души, тие со себе носат делче од милоста Божја, која е на нив и преку нив се спуштала од Небесата. Затоа нам кои остануваме повеќе од порано ни прети гневот Божји.

Треба на време да мислиме каде не води животот и кај не однел, не без учество на Божјата промисла, а сега треба тука да мируваме, или да чекориме по патиштата на вистината.

Добро е ако во болеста почувствуваме дека веќе не му припаѓаме на овој свет и добро е тоа чувство да го задржиме во себе и тогаш кога ќе оздравиме. Не е чудо што тоа чувство по болеста се појавува потешко отколку за време на болеста. Додека човек е болен, Бог му дарува она што му е потребно додека е немоќен, а кога човек ќе оздрави, Бог од него бара да се подвизува и да се труди не би ли го задобил тоа чувство.

Наспроти нашата немоќ, гревовност и ништовност стојат бесконечната благост и семожното Божјо милосрдие. Бог ни дал против мрзливоста да се бориме со нешто што Он во нас го створил. Ако умееме да ја победиме мрзеливоста и неуморно да се трудиме за да ги задобиеме овоземните добра и привилегии, зошто не би можеле да се поттикнеме себеси и на подвизи заради Царството Небесно? Онолку колку што се трудиме, толку Бог ни покажува на праведното и свето дело, и ни ја дарува силата тоа да го оствариме. Вистина, не секогаш ни е дадено тоа веднаш да го видиме, но сосема е доволно тоа што Бог ни помага да не не поразат преку препреките и очајанието. Покрај тоа, за домот кој се гради во нашата душа може да се каже дека расте како  во приказната која се кажува за црквата на Киево-Печерската лавра: додека градбата била во тек, постојано била само нешто малку над земјата, а кога работите биле готови, одеднаш се покажала целата.

Жалоста може да биде оправдана, но никогаш не смее да биде претерана. Искусниот мудрец вели: Жалоста многумина убила, и нема корист од неа.

Жалоста не смее никогаш да биде појака од верата во Бога и од надежта во Неговата помош. Без оглед на тоа што се случило, треба да веруваме во Неговото милосрдие и да се надеваме дека Он ќе не помилува.

За ова е потребно своите мисли да ги одвлекуваме од она што не жалости и со молитва да ги ставиме во служба својот ум и срце. Не би требало да не жалости уште и тоа што во таквите околности молитвата не е совршена. Принесете Му ја на Бога желбата да се молите, а Он ќе ве услиши и ќе ви даде молитва. Дури ни плачот на Светителите кои тагувале заради некои краткотрајни неволји, не се смета за богоугодна жртва на Бога, а нашето долго и неутешно тагување не само што не е богоугодно, туку може и да биде грешно. Речено ни е: Не тагувајте како останатите, кои немаат вера.

Наша должност е со љубов и смирение на дете и со христијанско трпение да го носиме крстот кој ни е даден, а не да го мериме и да го споредуваме со другите. Должни сме да не се жалиме на неволјите, да бдееме над себеси и да се крепиме, за да не бидеме, изнемоштени и исцрпени, лишени од подготвената награда.

Сите се утешители, а не исцелители на злото, вели праведниот Јов за своите пријатели. Такви се сите луѓе. Само Бог може навистина да утеши, и тогаш кога дарува, и тогаш кога одзема.

Ако трпиш искушенија и жалост од ближните, учи се во трпение и простување на оние кои те навредуваат. Така за денар искушенија можеш да купиш цело богатство на добродетели.

Ако трпиш жалост, немајќи никаква своја вина, заблагодари Му на Господа. Зборот невин ја лечи твојата жалост како мелем.

Кога котелот врие на огинот, тогаш не му се приближуваат муви кои би можеле да го испоганат, ниту некои животни кои би можеле да го украдат јадењето, кое во котелот се приготвува за човекот. А кога котелот ќе се извади од огинот и кога ќе се излади, ќе видите роеви муви како кружат, а дрските животни веќе се тука и гледаат како да ја зграпчат храната. Така е и со човековата душа: кога таа врие со пламен копнеж по Божественото, тој духовен огин истовремено и дава сила да делува и и служи како оклоп кој ја штити. Но, ако од немарност дозволи овој огин да се изгаси и ако се изгаси и побожната усрдност, тогаш се раѓаат суетни, празни, лукави и нечисти помисли, се ројат во чувствата, паѓаат во длабочината на душата и така ја сквернават. Тогаш може да се прикраде и некоја дрска страст и да го искраде од душата сето она што било подготвувано да би Му се угодило на Бога.

Кога куќата ќе ја зафати пожар, мноштво луѓе притрчуваат да се борат против огинот, да се спаси она што може да се спаси. А кога душата гори во пламенот на злата страст, сладострастието, лутината или очајанието, дали исто така бргу се собираат луѓето кои би поитале со жива вода на праведни зборови и зборови на љубовта да го изгаснат смртоносниот огин, пред таа да ги покори сите душевни сили и пред да се распламти и слее со пеколниот огин?

Човек не ја гледа својата душа до самата длабочина. Царството Небеско е налик на семе, кое човек ќе го посее во земјата и семето никнува и расте, иако ни не знае за него. Помеѓу сеењето и жетвата има и дожд, и ветер, и студ, и горештина, и мразеви. Дај, Господи, човек да сее добро семе во душата своја, да го залива, чува, и да чека милост од Бога, Кој единствен може да награди.

Кога Асирците стоеле под ѕидините на Ерусалим, и им довикувале секакви зборови на оние кои стоеле на бедемите, хулејќи на Господ, трудејќи се да ја поколебаат нивната вера и верноста кон царот, тогаш побожниот Езекија им наредил на своите луѓе да не одговараат, а тој отишол во храм да се моли. Така би требало да постапуваат и христијаните тогаш кога ќе ги опфатат секакви мисли. Не одговарај, не слушај, покај се во своето срце, призивај го Името Господово и заштити се со крсниот знак однадвор и одвнатре.

Точно е дека Бог некои луѓе преку сиромаштво ги води во спасение. Тоа Он сам го прави и не ви оставил вам тоа да го правите, туку Синот Божји ви порачува на таквите да им правите милостина. Исполнете ја оваа заповед и спасувајте се со неа. А тоа, дали некој треба да се очисти преку сиромаштво, Бог Самиот ќе одлучи и направи и од вас нема да бара помош. Ако сакаш да направиш добро дело, а те искушува желбата да се фалиш, размисли, па ако работата може да се одложи, ти сочекај, не брзај, туку скроти ја својата суета. Но, ако треба да се нахрани некој гладен, побрзај и нахрани го, и исто така побрзај да ја осудиш и победиш својата суета.

Слободата која исклучува секоја можност да погазиме добро, е совршена и Божја. Би било бесмислено Бог да го створил човека да биде Бог, а не твар. Да не му се даде слобода на човекот која е својствена на тварта, т.е. слобода која е ограничена, но која не ја исклучува можноста човек да се оддалечи од доброто, би значело да се направи машина од човек. Машината не може да чини зло, но не може да чини ни добро, таа на може да учествува во блаженството.

На прашањето како настанало злото, свети Василиј Велики одговара: тоа настанало онака како што настанува мракот кога ќе ги затвориш очите. Оној кој го створил окото не е крив што ти си замижал и што за тебе настапила темница. За што служи слободата? Таа служи за тоа да можеш да го избереш доброто и да уживаш во блаженството, како Ангел и како човек, а не само да талкаш по земјата како животно или да постоиш како некаква билка.

Подготви: Б.Ѓ.

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1205
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1746
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1164
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »