логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Царице моја предобра, надеж моја, Богородице, со пламено срце прибегнувам кон Тебе, и не осмелувајки се да пристапам кон Твојот Син, Те молам Тебе за спасение, спаси ме со Твоето посредништво. Не презри го слугата Твој кој сета своја надеж, после Бога, ја полага на Тебе. Не гнаси се од мене кој сум обземен од голема беда и помилуј ме мене слугата Твој. Со своите молитви одгони ја маглата на страстите бидејки многу може да направи мајчината молба пред Синот Кој е брз да направи милост. Удостој ме во сите денови од мојот живот да му угодувам на човекољубивиот Бог. И додека се наоѓам во овој многустрадален живот, Владичице, закрилувај ме и заштитувај ме.

Кога патувам патувај со мене, кога странствувам придружувај ме, кога спијам закрилувај ме, кога сум болен исцели ме. А кога мојата душа ќе излегува од телото, Ти дојди при мене, милостива Владичице, стивни го моето страдање, олесни ги моите маки. Со Твоја помош Богоневесто дај ми да се избавам од вечниот пламен да се насладувам со рајската утеха во Света Троица и да го добијам Царството небесно. Заштитуван од Тебе ќе Те величам и прославувам Тебе единствената бидејки Ти стана заштита на родот човечки.

Со Своето раѓање Ти го изми срамот на прародителскиот грев и стана застапничка на грешните, утеха на малодушните, охрабрување на оние што се во неволја. Дево Владичице и Богородице, Ти која си надеж на сите христијани и мене смирениот и најбедниот слуга Твој избави ме од заборав, незнаење, мрзливост, суета, прељубодејство, блуд, стомакоугодување, од сите лукави, срамни и хулни помисли на моето бедно срце и на мојот затемнет ум. Ослободи ме од сите мои лоши тежнеења, згасни го во мене пламенот на страстите бидејки сум немоќен и беден, а Ти си пославна од сите смртни.

Свети Ефрем Сирин

 

Икона:

Манастир на св.Никола, с.Љубанци- Дичо Зографот

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 499
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »