логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(обновено)

Свети Филотеј Зервакос


СВЕТООТЕЧКИ СОВЕТИ

Мнозинството архиереи и свештеници повеќе се грижат за нивните скапоцени олтари, одежди и блескави раса, отколку за нивните дела. Не велам дека архиерејот или свештеникот треба да изгледа гнасен, нечист, парталав – далеку од тоа. Тој треба да приличи на свештеник, служител и пратеник на небесниот Цар, и уште не само да има наметка и да се фали со тоа, но да биде богоугоден и да блеска со своите дела. Стремете се достојно кон повикот за кој сте повикани. Не огледувајте се на мнозинството, туку на оние што се избрани и достојни. Не одете по широкиот и просторен пат, но одете по тесниот и трновит, низ кој малкумина одат и кој води во живот. На овој начин ќе Му угодите на Бога и на ангелите, и ќе биде полезно за вас, но и за браќата христијани, исто така...

Но мојата душа во последните мигови од мојот живот е тажна и страда, гледајќи на жалната состојба на Црквата и нејзините пастири, кои, со некои исклучоци се помрачуваат и тоа е причина, во името на нашиот небесен Отец, да изгледаат безбожни кај незнабошците.


Верувам и се надевам дека втемелителот на Црквата и Царот на мирот ќе ги здроби како грнчарски садови, додека Неговата Црква, која ја освети преку пречистата крв, ќе ја сочува од опасност на потоп.
Додека мирно си заминувам, бидете мудри и претпазливи од сегашната лоша и расипана генерација. Обидете се да најдете добродетелен и прониклив (остроумен) духовен отец, и следете ги неговите совети. Молете се и барајте од Бога да ве просветлува за да не ве прелажат. Не лутајте лево – десно, но движете се во средина од патеката, по правиот и царски пат. Одете по патот на мудроста и разумноста, по патот на вистинската Православна вера, чистата христијанска љубов и надеж, (сè) додека пристигнете до мирната и безбедна порта од рајот и вечниот живот, но секогаш имајќи го за водач нашиот најсладок Исус Христос, Избавителот и Спасителот на нашите души...


Сè што премудрите апостоли и богомудри отци на нашата света Православна Црква ни  оставиле во наследство, многу од денешните наследници сакаат да го поништат и да го исфрлат од Црквата. Сепак, не можат да го сторат тоа, не можат да успеат, бидејќи Господ ќе ги растури како глинени садови. И малкумина што се избрани ќе ги растресе, и само неколкумина од малкуте ќе останат неразнишани. Да се присилиме за да останеме верни и неразнишани за сè што примивме од светите апостоли, свети отци и учители на Црквата... правете и пишувајте колку што сакате, но денешната генерација има очи кои не гледаат, и уши кои не слушаат... (Ерем. 5, 21; види Езек. 12, 2; Пс. 134, 16-17, Мк. 8, 18)...

+ + +
Денес навистина злото го надмина гревот на сите времиња, и секој духовен отец со страв Божји и совест е во тешка ситуација кога треба да примени икономија кон грешниците кои се исповедаат. Во денешната генерација духовниот отец мора да примени икономија, бидејќи ако е строг, во никој од исповеданите, ни најмалку нема да најде достојни за Причест. Најголемото внимание и проникливост за духовниот отец е да моли непрестајно од небесниот Бог и Отец да го просветлува како да практикува икономија. Според божествениот Григориј, тој треба да „дава икономија, но да не греши“. А ако згреши, подобро е да не исповеда, за да не чуе од луѓето кои ќе речат: Лекару, излечи се себеси (Лк. 4, 23)...

Жалната состојба на луѓето денес се должи на недостигот на доблесен, мудар, разумен, богобојазлив, побожен, и искусен духовен отец од една страна, и од постоењето на духовни отци кои немаат страв Божји и секоја друга добродетел од друга страна; и кои се неуки, неискусни, и во некои ситуации безбожни, неверни и нечесни. Ништо да не очекуваме освен милост од секогаш добриот Бог за да испрати способни и избрани луѓе во неговото мистично лозје или да испрати меч за да ја исчисти земјата од нечистотија...

Духовниот отец треба да биде мудар, прониклив, искусен и разумен. Треба да Го поседува Светиот Дух за да ги чува и исцелува душите на грешниците. Над сè, треба да има љубов и грижа за оние кои се исповедаат. Таквите духовни отци, макар што се ретки денес, сепак постојат. Кој бара да најде таков духовен отец, ќе најде. Што е ова денес, Божји гнев или Негово напуштање, не знам...? Проповедта е добра и потребна, но добродетелни духовни отци се повеќе потребни. Духовниот отец е оној кој ќе нè измие од калта на гревот и ќе ги исчисти нашите рани, кој ќе ни даде лек за заштита, исцеление и здравје на душата, и кој ќе нè помири и соедини со Бога... Ако не сакаме да грешиме, да се потсетуваме на смртта и да мислиме на Бог Кој е со нас. Духовниот отец не само што треба да биде чист и ослободен од грев, туку треба да го поседува дарот на проѕорливост, бидејќи духовното знаење се разликува од медицинското, како што се разликува душата од телото...

Многу луѓе не само што не прифаќаат совети, туку се бесни, лути и непријателски се расположени кон докторот. Поради овие причини денешните луѓе, покрај другите гревови,  се горделиви, и како такви ниту сакаат да примат совети, ниту се поправаат, а ниту се покајуваат. Учителот кој е свештеник и духовен отец, треба да пронајде лек и погоден начин да ги поправи. Не треба да молчи, ниту да осудува остро и грубо, бидејќи строгоста може да доведе до горделивост и безбожност, и ако строго ги критикува, целосно ќе ги изгуби.

Учителот мора да стане мудар и прониклив, а бидејќи никој не е мудар на овој свет, тој мора со засилена молитва кон Бога, Дарителот на вистинската мудрост, да му даде мудрост и разумност, како Соломон, за да управува со душите. Многупати со ист лек една личност се исцелува, а друга се разболува – учителот и свештеникот мора да поседуваат дар на расудување. Меѓутоа добар, благ, кроток и понизен начин придонесува уште повеќе.

Не сум способен, возљубени чеда, да ви ја опишам радоста што ја доживеав кога го прочитав писмото, дека сте биле послушни на мојот родителски совет и дека засилено сте се молеле кон Господ за оние кои покажале непријателство кон вас, и дека сте започнале да чувствувате ревност на искрена љубов и кон оние кои ве љубат и кон оние кои ве мразат. Ова се, чеда мои, плодовите на послушанието и љубовта. Оној кој поседува послушание, вели големиот и мудар учител преподобниот Ефрем, Го подражава Христос, Кој Му бил послушен на небесниот Отец сè до смртта, и тоа смрт на Крст. И оној кој има безрезервна љубов кон Бога и кон сите луѓе, секогаш останува со Бога и Бог со него...

Настојувајте да најдете добродетелен, богоносен духовен отец, кај кого ќе се исповедате, бидејќи исповедта мора да биде насамо (очи во очи), а не со пишување. Со пишување може само во крајна нужда, кога некој не може да најде духовен отец. Затоа бидете внимателни, чеда мои, да не грешите  како што грешат луѓето, дали од небрежност и немарност или пак со демонско влијание, и веднаш исповедајте се без одложување. Исто како што кога физички ќе заболите веднаш брзате на доктор, така е и со душевното заболување, односно кога грешите, бидејќи гревот е заболување на душата –  брзајте да се исповедате. Лечењето започнува со вистинска и искрена исповед. Со покајанието се сè простува и човекот се приближува кон Бога и се осветува. Покајте се, и Бог, Кој е милосрден, ќе ве прими со отворена прегратка...

Не запирајте да барате совет од светите духовни отци и браќа... На тој начин целосно ќе се заштитите од подмолните стапици на непријателот, и ќе станете добри Христови војници и вистински слуги, и самите ќе бидете корисни, за самите на себеси, за вашиот народ, за Црквата и за татковината.

Превод од англиски: Александар Божиноски


   

Извор: Православен пат

 

Друго:

СОБЛАЗНИТЕ ВО ЦРКВАТА

Старец Филотеј Зервакос ...
Посланија за свештенството – старец Филотеј Зервакос ...
troicnik.korica1.jpg
Лихварството - должичко ропство
КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

« »