Младешката возраст, таканаречена пубертет, е многу значајна возраст. Тој период може да им донесе на родителите толку болни изненадувања, што тие да посакаат да кренат раце, заплашени од младите, бидејќи не знаат што да прават ни како да се справат со однесувањето на своите деца.
Што може и што не треба да се нарекува семеен крст? – отец Василиос Термос
Опитот во сопружничките односи покажува, дека во голема мера и самите сме одговорни за недостојното поведение на другиот, дури и да не сме секогаш свесни за тоа. Веќе ја допрев таа тема, кога зборувавме за кризата во бракот, кога нашата половинка ни станува непријател, во целата сложеност на поимот: „Тој е таков и таков! Се разбира, и јас не сум идеална, но сите проблеми ги создава тој, таков му е карактерот“.