логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

 

Тоа се најчесто луѓето кои се сметаат за православни христијани, кои се крстени во Светата Православна Црква, но не ја знаат и не ја живеат православната вера, или луѓе во чии семејства имало традиција да се оди кај бајачи и гатачи, или оние, кај кои има многу гревови, односно, кои со својот грешен небогоугоден живот, му ја отвораат вратата на ѓаволот. Во житијата на светителите има многу поучни примери за оваа тема, но тука ќе наведеме неколку симптоматични, кои ќе ни го дадат одговорот на ова прашање.

„Учениците на преподобниот Макариј Египетски во една прилика виделе некој човек како оди по патот водејќи со себе кобила. Одел по патот кој водел до ќелијата на нивниот старец. Чувајќи го спокојот на светителот, монасите застанале пред вратата и се обиделе да го наговорат патникот да не ја нарушува молитвата на преподобниот. Но, услишувајќи ги молбите на тој човек, наскоро му дозволиле да влезе во ќелијата. Патникот се израдувал и тргнал, но не сам, туку заедно со коњот. Учениците на преподобниот Макариј се збуниле и го прашале зошто со себе ја носи и кобилата. Човекот им одговорил дека и животните имаат потреба од молитвите на праведниците. Монасите се зачудиле на неговата љубов кон кобилата бидејќи заради неа долго патувал по жешката и сурова пустина! Зошто му е толку мило тоа животинче и што му се случило?

Кобилата која ја гледате, – рекол човекот, – е мојата несреќна жена и не знам како се претворила во животно. Еве веќе три дена откако нема ништо јадено.

Овие зборови на патникот монасите не ги сметале за измислени. Без разлика на тоа што Христовото учење веќе триста години се проповедало низ земјата, во Египет сè уште големо влијание имало незнабоштвото и таа древна колевка на магијата сè уште била полна со разни маѓепсници кои им нанесувале штета на христијаните. Затоа монасите, откако ја слушнале приказната на патникот, побрзале кај авва Макариј да му соопштат што се случило. Меѓутоа кога го виделе преподобниот не морале ништо да му објаснуваат: Бог на светителот му ја открил причината за тоа што се случило. А причината била следнава:

Некој развратен Египтјанин, ја посакал жената на патникот и се обидел да ја заведе. Но залудни биле сите негови обиди. Тогаш тој прибегнал кон услугите на некој маѓепсник, за да предизвика развратна страст во срцето на жената. Добивајќи многу пари, маѓепсникот ги употребил сите свои магии за да ја соблазни христијанката, но целта не можел да ја постигне. Гневен поради неуспехот, сепак направил магија: секој што ќе ја погледне жената, наместо жена да гледа кобила. Нејзиниот несреќен маж побрзал да бара помош кај секој што го знаел, но никој не можел да му помогне, па дури ни локалните свештеници. Жената во очите на сите била налик на животно и никој не знаел како да ì го врати нејзиниот лик. Затоа очајниот маж и ја донел кај големиот подвижник, слушајќи за чудата што ги правел. Здогледувајќи ја жената, свети Макариј на своите ученици им рекол:

- Не гледам во неа ништо животинско за што говорите, тоа не е во нејзиното тело, туку во очите на оние кои ја гледаат. Тоа е демонска измама, не е вистинска состојба.

Потоа светителот осветил вода, ја измил со неа жената и се помолил. Магијата исчезнала и сите пред себе виделе жена наместо кобила. Преподобниот заповедал да ì дадат да јаде и отпуштајќи ја дома ì дал совет:

- Никогаш не го одложувај одењето во Црква и никогаш не избегнувај да се причестиш со Христовите Тајни. Несреќата ти се случила затоа што повеќе од пет недели не си ги примила Пречистите Спасителни Тајни (Светата Причест).

Овој чудесен случај учениците на преподобниот Макариј го запамтиле за полза на христијаните, а свештеникот Руфин и епископот Паладиј Еленополски го запишале во својата книга за историјата на египетското монаштво. Секако откровението што го добил старецот од Бога достојно е да го знае секој христијанин. Цели пет недели без причест – и крстен човек може да се покаже незаштитен пред магиите и нападите на демоните!

Некој од читателите може да запраша: многу современи христијани се причестуваат ретко, па дали се преправаат во коњи? Можеби демоните ја изгубиле својата некогашна моќ? Светот се приближува кон својот крај: беззаконијата во него се умножуваат, а духовниот живот на човештвото се гаси. И кога сега Господ би допуштил, слугите на ѓаволот не само што би ги претворале невнимателните христијани во коњи, туку би ги избришале од лицето на земјата. Сепак, во световното царство на гревот и порокот Господ поради Својата неизмерна милост ги чува лекомислените луѓе од демонските напади, очекувајќи го нивното вразумување. Но, колку подолго човекот не се причестува со Светите Тајни толку повеќе се оддалечува од спасоносниот Божји покров. И иако со него не се случуваат страшни и таинствени искушенија, тој нема да ги избегне обичните, но непријатни последици од своето невнимание. Бидејќи и во минатото ретко се забележани случаи на претворање на луѓе во животни, но имало многу вообичаени несреќи.

Во почетокот на ΙV век, кога преподобниот Макариј Египетски бил уште дете, во една источна римска провинција живеел свештеникот Епиктет. Поради чистотата на својот живот тој од Бога добил дар да прави чуда: на слепите им го враќал видот, лечел лепрозни и истерувал нечисти духови од бесомачни. Еднаш кај него донеле петнаесетгодишно тешко болно девојче. Нејзиниот татко, почитуван државен великодостојник, паднал пред нозете на светителот со молба:

- Човеку Божји, сожали се над мене и не ме отфрлај. Мојата единствена ќерка е болна веќе три години и не може да помрдне ниту еден дел од своето тело. Помоли се за нас, сожали се за нас, бидејќи и ние сме чеда на Црквата Христова и просветени сме со Свето Крштение.

Преподобниот Епиктет понесен од сострадалност кон несреќниот татко усрдно се помолил на Бога за неговата ќерка. Потоа ја помазал болната со свет елеј и таа веднаш добила исцеление и самата застанала на нозе. А на нејзиниот татко, кој ликувал од радост и му благодарел на Бога за чудото, свети Епиктет му рекол:

- Ако сакаш во твојот дом никој да не биде болен, тогаш ти и твоите домашни секоја недела да се причестувате со Божествените Тајни, Телото и Крвта на Нашиот Господ, откако претходно ќе го очистите своето срце како што треба (со покајничка исповед, пост и молитва).

Каков заклучок можеме да извлечеме од наведениве примери? Светителите, честото и редовно причестување го сметале како неопходен услов за нормален живот на христијаните. Со своите духовни очи праведниците виделе дека оддалечувањето од Светата Причест неодминливо ги привлекува врз човекот демонските напади, разните искушенија и телесните слабости“.

Од наведениве примери се гледа дека, нашата оддалеченост од Бога, неодење во црква на Литургија, тоа што не постиме, не се молиме, не се исповедаме, не се причестуваме, тоа што имаме многу и непокајани гревови – сите овие нешта нè прават подложни на демонско влијание. Одењето кај бајачи и гатачи всушност уште повеќе ќе го зголеми демонското влијание во нашите животи, и нема да ги реши трајно нашите маки и проблеми.

Во житието на светиот Андреј, јуродивиот заради Христа, се раскажува следново: „Блажениот свети Андреј, Јуродивиот заради Христа, го прашал демонот: ,Од каде знаеш ти да претскажеш нешто?‘ Одговарајќи, демонот му рече: ,Нашиот татко е од оган, и седејќи во пеколот и вражејќи, сите нас нè поучува, бидејќи ние по својата природа не знаеме ама баш ништо‘. Блажениот му рече: ,Со кои гревови најмногу се насладува вашата природа?‘ Демонот на тоа одговори: „Со идолослужење и маѓепсништво, баење и подготвување на отровни напитоци, а особено со убиства, злопамтење, содомија и прељуба. Преподобниот рече: ,Ако некој се одрече од вашите страсти и со покајание Му пристапи на Господа, како постапувате вие?‘ На ова демонот му одговори: ,Зарем ти не знаеш? Огорчени сме и се гневиме на него; сепак се надеваме дека повторно ќе се потчини на нашата волја. Многумина нè отфрлиле преку покајанието, но повторно се вратиле и ние сме ги придобиле‘. Кога го слушна ова преподобниот, дувна на него и веќе не му се појави“.

Повеќе од јасно е дека нашиот грешен живот нè прави достапни и подложни на демонското влијание. Врз побожните луѓе и со кофи да им истураш магии, ништо нема да им наштети, бидејќи го имаат Христос во себе.

 

Покајанието – враќање во прегратките Божји

 Нема грев што не може да биде простен, освен непокајанието и самоубиството. Наше е да се покаеме за сторените гревови, да се откажеме од нив и да не ги повторуваме, а Бог е милостив и човекољубив и ќе ни прости. И овој грев, баењето и сите слични подвидови, како и гревот на оние кои одат кај таквите да бараат помош, може да биде простен, само доколку сторителите се покајат. Секој грев нè одвојува од Бога, но овој грев т.е. баењето нè прави и противници Божји, богоборци, и затоа се смета за еден од најголемите и најтешки гревови. А оние, пак, кои се занимаваат со вакви дејности, тешко можат да се откажат од тоа, но и кога ќе се откажат ќе имаат тешки и долготрајни последици од нивната соработка со демоните. Во Новиот Завет е забележан настан кога маѓепсниците, поттикнати од апостолската проповед, се покајале: „А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници. Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово“ (Дела 19, 19). Во поново време и во Македонија имавме случај на обраќање на една позната јасновидка, која долги години се занимавала со такви окултни феномени, но ете, по Божја промисла, од позната бајачка, денес станала позната проповедничка на Евангелието. Се покајала за сè што сторила, се откажала од тој стар живот, и сега е дел од нашата Света Православна Црква како ревносна и посветена христијанка. Во својата автобиографска книга „Од умот до срцето“, која е всушност нејзина јавна исповед но и сведоштво за ужасот на окултните феномени, опишани се повеќе „чуда“ и нивните страшни последици:

Прво „чудо“: На еден брачен пар им бил украден автомобилот, и јасновитката им кажала каде и во колку часот ќе го најдат. И навистина тие го нашле автомобилот на тоа место и време, но набрзо се покајале што воопшто го нашле автомобилот, затоа што нивниот син загинал во сообраќајна несреќа токму со тој автомобил, четири дена по наоѓањето.

Второ „чудо“: Дошла некоја жена, чијшто сопруг живеел распуштен живот, ги малтретирал нејзе и децата, а имал и врска со некоја девојка. По сугестија од јасновитката таа го следела својот сопруг, го открила на дело дека ја изневерува и го напуштила од педагошки причини – со цел да го вразуми и да го натера да ì се врати. Но за жал тој ја напуштил засекогаш и се преженил, а жената разочарана и очајна се самоубила, оставајќи ги сами своите две деца!

Трето „чудо“: Една девојка која момчето ја изневерувало, по совет од јасновитката, му се налутила, и тој навистина ја молел да му прости, по што тие се смириле и подоцна и се венчале, како што им било предвидено. По неколку години тој почнал да се дрогира, а таа, не можејќи да го поднесе тоа страдање, заедно со детето, си заминала од него.

Четврто „чудо“: Еден млад човек, не можејќи да се ожени, отишол кај јасновитката за таа да му каже кога и за која ќе се ожени. А таа, му предвидела дека во странство има некоја жена која многу го сака, и дека тој нејзе треба да ја чека. Но притоа, без да знае, всушност ја предвидела љубовта која ја има неговата сестра кон него, а која живее во странство. И тој, несреќникот, сè уште, иако веќе е над четириесет години, ја чека „девојката од странство“ што му била „предвидена“ за брак.

Петто „чудо“: Една девојка, која отишла на советување кај јасновитката, била советувана дека постои некој дечко на буквата „М“ што ќе ì биде маж. И таа упорно ги избегнувала сите оние додворувачи, чиишто имиња почнувале на друга буква. Подоцна јасновитката открила дека буквата „М“ е всушност почетна буква од името Михајло – нејзиниот поранешен дечко. А таа девојка веројатно сè уште го чека избраникот на буквата „М“.

Вакви и слични „чуда“ има многу, но и од овие е доволно јасно дека сè што се случува во светот е по Божја промисла и допуштање, за наше добро, и дека треба да се молиме кога имаме искушенија. Но и секогаш да бидеме подготвени за прифаќање на волјата Божја, како што впрочем и се молиме во молитвата „Отче наш“: „Да биде волјата Твоја“, а не да се трудиме по секоја цена, со помош на бајачите, да се мешаме во Божјата промисла, затоа што носи страшни последици.


 
Поради што, кои и какви категории на луѓе одат кај бајачите?

Ѓакон Јани Мулев

 

Најчеста причина за одење кај богоборните бајачи и гатачи е незнаењето на православната вера, а особено болестите, маките, животниот неуспех и разните лични проблеми. Луѓето имаат прифатено една теорија, според која не треба да имаме никаков проблем, никаква болест, несреќа, туку сè треба да ни врви подмачкано, како во холивудски филм. Во Божествениот Домострој на спасението Христос беше затворен, плукан, тепан, плукан, распнат, страдаше и умре на крст, заради нас и нашето спасение, но и воскресна по сите тие страдања кои ги претпе. Со тоа ни остави пример дека до воскресенска радост се стигнува само преку страдање, преку доброволно носење на крстот т.е. страдањата и болестите во животот, а не преку уживање и комфорен живот. Трнлив е патот и тесни се вратите кои водат кон рајот, а широки се оние кои водат кон пеколот и вечната погибел. Бегајќи од телесните страдања самите паѓаме во прегратките на пеколот. Многу светители страдале од разни болести, или биле навредувани, измачувани, но сето тоа го претрпеле со благодарност кон Бога, и затоа Бог ги наградил со светителски и маченички венци.

Некои луѓе одат кај бајачите затоа што нивните деца или самите тие имаат проблеми со стапување во брак, или пак имаат лоши бракови. И самите тие инсистираат нивните деца да стапат во брак со личноста, за која родителите сметаат дека треба да им биде идна снаа/зет. Но од каде таква сигурност, дека баш таа личност ќе биде од Бога благословена за брак со нивното чедо? Што ако Бог промислил и благословил поинаку? Што ако таквиот брак заврши трагично по некоку години? Кој ќе ја сноси одговорноста?

Некои одат поради болести на нивните деца. Имено, често пати од незнаење и некористење на стручна литература, младите парови не знаат како да се справат со своите бебиња. Па така, единствени советници им се нивните баби и сосетки, кои од нивно време знаат да ги решаваат сите проблеми само со баење, гатање и разни амајлии. Па така, обично по две недели од раѓањето, бебињата кои цицаат добиваат грчеви во стомакот, поради насобраните гасови, и почнуваат силно и често да плачат, стискајќи ги нозете кон стомакот. Младите родители, не знаејќи што да прават одат кај разни „баби“ – бајачки, кои ги лажат дека децата имаат шилци, и им даваат да посеат некое семе во некоја земја, и кога ќе никнело семето, ќе поминеле и болките на детето. Нормално, грчевите поминуваат за неколку месеци, во исто време ќе никне и семето, а родителите ќе се ослободат од една мака, но несвесно ќе станат вечни робови на бајачите. Потоа за секоја болест, плачење, немир, повраќање за кои има стручно медицинско објаснување и лек, тие ќе се обраќаат кај бабите-бајачки.

Децата може да плачат кога им е жешко, или ладно, или им се јаде, или им се спие, или имаат грчеви во стомакот (во првите месеци), или кога има кавги помеѓу родителите, немир во куќата, и нивните нежни души така реагираат на сите овие ситуации. А родителите, наместо да се преиспитаат, да прашаат педијатар, или детски психолог, веднаш итаат кај бајачките.

Има случаи кога навистина децата може да бидат урочени од злобни и завидливи луѓе, но затоа постојат молитви кои се читаат во црква против уроци, и таму треба да се оди, а не кај бајачи и гатачи. Оние кои одат по бајачи и гатачи, и земаат од нив разни амајлии и заштитници, самите си го внесуваат ѓаволот во својот дом. Најбитно за децата е да бидат крстени и да се носат во црква на света Причест. За децата не треба никој да пости, туку може да се причестуваат секогаш, на секоја Литургија, но најдобро е кога и родителите ќе се научат да живеат побожен живот со пост, молитва, исповед и причест, и во таквите семејства никакви уроци или зли влијанија немаат никаков ефект.

Исто така, кај бајачите одат и родителите кои имаат веќе големи деца, и кои се плашат за своите деца, да не им останат немажени/неженети. Грижата на родителите е разбирлива, секој родител посакува добро за своето чедо, но начинот на кој тоа го прават не е благословен и нормален. Бог нè љуби и се грижи за сите нас, како за свои деца, и промислува за секого од нас. Некогаш, според Неговата промисла и волја ни дава и искушенија и болести и страдања, но сето тоа е за наше добро, иако тоа во тој момент не можеме да го увидиме. Некогаш може да се случи распад на бракот на нашето дете, но тоа не значи дека дошол крајот на неговата среќа. Вториот брак може да биде дури и далеку подобар од првиот.

Некогаш се случува многу брачни парови да немаат деца, и сето тоа ги погодува и самите сопружници, но и нивните родители. Бездетноста може да биде од многу причини, но може и Бог намерно да им даде на некои парови бездетност, за тие да посвојат некое од многуте напуштени деца од детските домови. Исто така може тоа да им биде како поука да почнаат да Го бараат Господ, да се молат, да се воцрковат, да го насочат правилно својот живот, и тогаш Бог ќе им подари дете. Некогаш поради грешен живот, пред бракот, или пак во бракот (заради изневерување), Бог не им дава на сопружниците деца, или пак се случува дури и смрт на некое од децата, сè со цел да се покајат, да се вразумат, и да се откажат од страшниот грев на прељубата. Постојат многу други причини за бездетност, но не треба да заборавиме дека бракот се склопува не само заради раѓање деца, туку заради спасение на сопружниците. А тоа е можно и без деца.

Речиси секоја болест, мака и страдање Бог ни ги дава за наша полза, за да се покаеме и да се откажеме од гревовите, или за да си ја засилиме нашата вера, за да научиме нешто во животот, и не треба по секоја цена да се обидуваме да ги избегнеме овие страдања од нашиот живот, особено не преку одење кај разни бајачи и гатачи.

Најчести клиенти кај бајачите се обично просечно образованите луѓе, но често има и луѓе со високо образование, угледни, со високи општествени функции, прељубници и прељубнички, неморални, алкохоличари, луѓе со двоен морал, кои не сакаат да се покајат, да го променат на подобро својот живот, туку сакаат ем да им врви сè на добро, ем да си грешат колку и како што сакаат. Заедничко кај сите овие е – незнаењето и неживеењето според нашата Света Православна вера, и желбата за инстант, магиско решавање на сите проблеми.

Извор: Ортодоксија ортопраксија


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 730
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »