логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Свештеник  Алексеј  Јанг
   ✤✣✤

 Sv_Joakim_i_Ana_Sveta_Porodica.jpgПравославниот брак

✤✣✤
Православното христијанство е начин на живот – не само она што го правиме во недела наутро, а потоа брзо забораваме, кога ќе ја напуштиме црквата. Начинот на живот претставува целокупност на нашите навики и ставови, мислења и делувања: стилот на животот, патот во животот. За нас, православните, христијанството е лебот насушен. И како риби во водата, така ние мораме да пливаме во нашата вера. А како следбеници Христови, ние го усвојуваме нашиот пат од Христа и Неговата Црква, а не според мерилата на денешниот свет. Ова станува најочигледно  тогаш, кога ќе посетиме некој манастир, каде што уредувањето, духот и начинот на живот - сè е јасно проткаено со Православие.Поголем дел од нас, православните христијани, не живее во манастирите: венчани сме; имаме свои куќи, деца, работа. Но, кај многу од венчаните христијани, исто така постојат погрешни претстави, дека во нивниот живот во Христа нема потреба од истата предаденост, која се бара од православното монаштво. Едно е сигурно: сите христијани, без разлика дали се во монаштво или не, подеднакво се повикани на покајание и вечно спасение од страна на нашиот Господ Исус Христос. Нема различни „собори“ на православни христијани - сите се еднакви и од сите се очекува да бидат Христови следбеници, без оглед на тоа каков е нивниот статус во Црквата.Сепак, нам христијаните, кои не сме монаси, многу ни е тешко да живееме православен начин на живот, од ден во ден, од година во година, зашто постојано живееме во општество кое не само што не е христијанско, туку повремено, и сè повеќе, непријателски е насочено кон нашите христијански верувања. Меѓутоа, тоа не смее да нè обесхрабри, зашто Самиот Господ го имаше ова в предвид, кога рече: Ете, ве праќам како овци меѓу волци. Бидете мудри како змии и незлобни како гулаби (Матеј, 10, 16)Моќно упориште и сила за православните мирјани, овозможуваат бракот и семејниот живот, таа благословена од Бога заедница, која служи за спасение на секој член на семејството. За да можеме ова во потполност да го разбереме, мораме да ги согледаме доктринарните основи на бракот, содржани во Светото Писмо и Светото Предание, кои претставуваат будна совест на нашата Црква.

Новозаветни погледи на бракот

Со доаѓањето на Христа, бракот веќе ја нема за основна цел продолжувањето на човечкиот род и на семејната лоза, иако раѓањето и понатаму се смета за негов важен елемент. Но, Христос дојде во светот и со Себе донесе доказ за воскресение од мртвите, давајќи му така на христијанскиот брак  нова цел и смисла - стекнување на вечниот живот на мажот, жената и на децата. Службата за венчанието во Православната Црква почнува со зборовите: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин“. Овој возглас го нагласува значењето на бракот, а исто така и неговата цел. Според Црковните канони, оние православни христијани кои се венчаваат надвор од Црквата, се одлачуваат од нејзините Свети Тајни. Некои луѓе се соблазнети од ова; тие сметаат дека Црквата во овој случај е престрога. Но, се поставува прашањето:  Што е тоа што му дава полноважност на бракот? Од духовно гледиште, што е тоа што му дава смисла на бракот? За разлика од свадбените обреди, во речиси сите не - православни Цркви, бракот во Православната Црква не е договор - законски заснована спогодба, со која се разменуваат заветите и ветувањата меѓу две личности. Всушност со бракот, двете личности засноваат мала, семејна црква, во која можат да Го слават Вистинскиот Бог, трудејќи се, притоа, околу спасението на своите души. Таа е семејна црква, послушна на Христовата Црква. Како што вели св. Василиј Велики, природно е да се венчаш, но тоа мора да биде нешто повеќе од природното, тоа мора да биде врска помеѓу две личности, родена под закрилата на Црквата.Оттука гледаме дека во новозаветно време, намената на бракот е изменета: од примарната цел - раѓање на деца, во сегашнава примарна цел на обезбедување начини за човечкиот род да ги спасува своите души. Самиот обред на венчание е исполнет со богата символика, која јасно укажува на овој аспект на бракот.

svadba_vo_Kana.jpg

ОДГОВОРНОСТА НА МАЖОТ

Мажот е глава на жената...Знаеме дека секоја организација, секоја институција - без оглед дали е црковна: парохија, манастир итн., или, пак, световна: банка, претпријатие, училиште - мора да има управител. Така е и со успешниот брак; семејството е исто така и заедница, устроена и духовно и телесно. Според Светото Писмо и Светото Предание, главата во бракот е мажот. И повторно, по зборовите на Апостолот Павле: Мажот е глава на жената...Тој е оној кој води. Тој внатре во семејството претставува начело на авторитет. Како што свештеникот е духовен водач на паствата, одговорен пред Бога за своите парохијани, и затоа е духовен авторитет, така и мажот е свештеник во своето семејство, одговорен за давање на основниот тон на семејниот живот.Ова не значи дека тој е над својата жена. Во Христовите очи сите се еднакви; нема ни машки пол ни женски. Всушност, бракот е врска на еднаквите. Нека нема забуна: во Православието не постои место за никакво потценување од било каква врста. Тоа што е глава, не му дава на мажот било каква диктаторска, тиранска, самоволна или апсолутна власт над неговите жена и деца. Сепак, како и секоја друга значајна позиција, и онаа на мажот е проследена од одредени одговорности, кои се многу тешки, но исто така и многу предизвикувачки и потенцијално креативни. Светото Писмо ни вели дека мажот треба да ја сака жената како што и Христос ја засака Црквата, и се предаде Себеси за неа (Ефес. 5, 25). Многу христијански сопрузи имаат  мала претстава за тоа што значи ваквата љубов. Во светот поимот „љубов“ обично упатува на телесната љубов, или на сентименталната, романтична љубов. Ова нема ништо заедничко со христијанското поимање на љубовта. Спомнете си само на Христовите зборови упатени кон апостолите: Нема поголема љубов од онаа, да се положи својата душа за ближниот. Љубовта  од христијански аспект, значи, претставува жртва, самопорекнување. Мажот, мора да покажува толку загриженост, грижа, нежност, внимание, почитување и обзирност кон својата жена, колку што и Христос за Црквата. Грижата на мажот мора да биде толкава, што да може да трае сè до самата смрт. Токму онака, како што Господ Исус Христос страдаше од љубов за Својата Црква, исто така и православниот сопруг треба да принесе сè за својата сопруга - дури и својот живот, ако тоа е неопходно. И повторно, св. Апостол Павле вели: Мажот е глава на жената, како што е Христос на Црквата... Ние знаеме каква глава беше Господ: Он им ги миеше нозете на Своите ученици. За нашиот Спасител, да се биде глава, да се биде прв, значи да се служи - да се има првенство во давањето љубов, разбирање, трпение, во овозможувањето заштита на своето семејство. Токму ова е пример за водач, за глава, каков што е повикан мажот да биде. И кога тој е таков водач, тој е вистински човек, верен на својата боголико  устроена природа. Мудрата жена ќе го охрабрува својот сопруг да биде таков човек; таа нема да се обидува да ја преземе таа авторитетна положба за себе. Психолозите тврдат дека гневот што жената го чувствува кон мажот кој ѝ дозволил, наместо него, таа да биде глава на семејството, е најдлабокиот можен гнев. Така денес, се открива дека многу случаи на деликвенција, па дури и душевни болести, доаѓаат од домови каде што мажот не е глава на куќата, не е извор на сочувство, љубов и заштита.Должноста на мажот да дава љубов на својата жена и на семејството, не му дозволува да ја заплашува жената. Тој не смее својата сопруга да ја третира како изнајмена слугинка - како што прават многумина мажи. Еве што вели св. Јован Златоуст во врска со ова:„Навистина, човекот можеби со страв ќе го приврзе својот слуга кон себе; но не, и него нема, зашто и тој ќе бара начин да избегне и да замине. Но, ти, својот животен другар, мајката на своите деца, изворот на својата радост, не би требало да ја врзуваш со страв и закани, туку со љубов и благ карактер. Зашто, какво е тоа единство, каде што жената се плаши од мажот? И какво задоволство ќе има мажот, ако со својата жена општи како со робинка, а не како со сопруга, која го сака по својата слободна волја? Дури и ако во нешто пострадаш заради неа, не ја казнувај, зашто ни Христос не направи така со Црквата“.Мажи, сопрузи, вистинската љубов за нас започнува тогаш, кога даваме од своето на другите. Ние навистина почнуваме да сакаме - во христијанска смисла - кога ние први даваме. Некој сопруг му се пожалил на св. Јован Златоуст, дека неговата жена не го сака. Светиот му одговорил: „Оди дома, и ти сакај ја неа“. „Но не ме разбирате“, рекол сопругот, „како да ја сакам, кога таа не ме сака мене?“ „Оди дома и ти сакај ја“, повторно рекол светиот. И имаше право. Таму каде што нема љубов, мора да ја подариме својата, и така ќе најдеме љубов.Мажите често им се жалат на свештениците дека жената не ги сака. Тогаш свештеникот открива дека мажот не оди по патот на давање љубов; тој едноставно чека и бара да биде сакан, отприлика како некој идол, кој чека да го служат и да го обожаваат. Таквиот маж мора да спознае, дека единствен начин за стекнување на трајна љубов во бракот, е токму нејзиното давање. Во животот обично  го примаме она што го даваме: ако мразиме - примаме омраза; но ако даваме љубов, за возврат и ние добиваме љубов.Црковните отци порачуваат дека христијанските мажи, мора да ги сакаат своите жени повеќе отколку своите световни работни позиции, зашто нема поголем успех од среќата во домот; и ниту еден успех, кој ние, мажите, во животот ќе го оствариме, нема да значи ништо, ако промашиме во својот дом. Нашите семејства го заслужуваат најдоброто. Нè има премногу мажи денес, кои надвор во светот, го даваме најдоброто од себе, додека најслабото го оставаме за во домот. Од таа причина, црковните отци ни зборуваат дека за најголема вредност треба да го поставиме трудот кои го вложуваат нашите жени и повеќе да сакаме да престојуваме во домот со нив, отколку на своето работно место. Мажи, и вие идни сопрузи, со цело срце да ги чуеме зборовите на еден човек од дваесеттиот век, Французинот Анри Морис:„Се обврзав за целиот живот; избрав; од сега мојот стремеж нема да биде да барам некој кој би ми угодувал, туку јас да ѝ угодам на онаа која ја избрав...“

ОДГОВОРНОСТА НА ЖЕНАТА
Свети Апостол Павле вели: Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа...Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè (Ефес. 5, 22 - 24).Денешново општество, особено овде во Америка, како и во јавното мнение - филмовите, телевизијата, весниците, книгите - ја презира доблеста на послушноста. Наместо тоа, на секој агол сме поттикнувани да „правиме по свое“, да се грижиме „под број еден“ да ги задоволиме сите наши каприци и желби. Но, Православниот брак не е, како што спомнавме претходно, дел од ова световно или посветовено општество. Неговата цел и целите на општеството не се само различни; тие се потполно спротивставени. Целта на христијанскиот брак е вечниот живот на Небесата, заедно со Господа Исуса Христа; целта, пак, на световното општество е задоволството, уживањето овде и сега, и особено самоугодувањето и самоволието.Светото Писмо и Светото Предание, ни открива дека послушноста всушност е предводник кон христијанското совршенство - и дека послушноста и покорувањето само помагаат да се забрза борбата за достигнување на доблесниот живот. Од друга страна, пак, самоволието само ја зголемува страста на гордоста и го оддалечува поединецот од христијанскиот начин на мислење и живот. Митрополитот Антониј Храповицки пишува: „Ако сакате да бидете добра и мудра личност, а не една глупава овца, само уште една во стадото, тогаш не се согласувајте со своите современички, кои пропаѓаат духовно и телесно; не одете по патот на самоволието, туку по патот на послушноста. Само тогаш ќе бидете личност. Тогаш, веројатно...самите вие...ќе ги сочувате својата вера и своето срце неповредени, душата чесна, и нема да ве кршат ветровите и бурите како парче лим, онака, како што тоа се случува со вашите современички“.Самиот Господ е најсовршен пример за послушност, зашто со Својата послушност на волјата на Отецот, Он заради нас се предаде на смрт и страдања, и од гревот нè изведе на слобода и во спасение.Сите ние, во некоја прилика сме виделе пример на семејство, каде што жената раководи, каде што таа „носи пантолони“. И што подразбираме под тој несмасен израз? Се мисли на тоа дека сопругата ја презела раководната положба во семејството и дека се обидува да биде глава на својот маж. Ова може да се случи, затоа што сопругот е слаба личност - или, пак, е многу себичен и презафатен за да ги преземе своите вистински одговорности; или, може, жената  има некаков духовен или емоционален проблем, кој ја тера да бара власт и моќ. Во таквите случаи, жената често е жестока и лута личност, што се одразува и на нејзиното однесување надвор од семејството. На таквата жена и недостасуваат основните доблести на женственоста - нежност, кротост, добрина. Онаму каде што е така, таму постои чувство на очајание, незадоволство, разочарување, па дури и гнев меѓу членовите на семејството. Една од првите работи што свештеникот мора тогаш да ја направи, е да се обиде да го убеди мажот да почне да ја презема улогата на глава на семејството, а исто така мора да ја наговори и жената, да препушти еден дел од власта, која всушност не ѝ припаѓа.Треба да се каже дека ваквите ставови не се исклучителни: постојат моменти кога е потребно  жената треба да ја покаже својата јачина, или, пак, мажот да ја послуша својата жена. Во многу зрели, духовно развиени бракови, поврзаноста меѓу мажот и жената прераснува во взаемна послушност.

ПОКАЗАТЕЛИ НА УСПЕШНИОТ БРАК
Искуството нè учи дека кога двајца се венчаваат, тие веднаш почнуваат да откриваат колку, всушност, се разликуваат меѓу себе. Факт е дека ние почнуваме да се запознаваме дури во бракот. Живееме грижејќи се премногу само за себе. Навистина ни е потребен некој друг за да ни помогне да се запознаеме самите себе. Една од неочекуваните предности на квалитетниот брак е и таа што тој ни обезбедува личен психијатар: примерната сопруга секогаш спремно ќе го сослуша својот сопруг, без да има потреба да биде платена за тие услуги! Познато ни е дека многу емоционални стресови настануваат, тогаш кога личноста на која надвиснале нејзините проблеми, нема нив со кого да ги сподели. Во добриот брак, мажот и жената меѓусебно го делат своето бреме, безрезервно помагајќи си еден на друг, и без да се оптоваруваат со помисли, како другиот ќе го сфати тоа. Бракот не е мисионерски потфат! Доволно е тоа што самиот си носи свои тешкотии и искушенија кои се подразбираат, за сега уште и сопружникот дополнително го отежнува, обидувајќи се сосема да го промени и преобликува оној другиот. Една од најчестите и најголеми илузии на младите сопружници е желбата и очекувањето да го промени другиот.Вистинската љубов не присилува никој, не бара промени; таа подразбира возрастување. Како? Најпрвин, со прифаќање на својот сопружник, онаков, каков што е. Кога се венчаваме, ние не се заветуваме дека ќе го менуваме оној другиот, туку дека ќе го сакаме, онаков каков што е.Најдоброто нешто што мажот може да го направи за да влијае на својата жена е да се промени самиот себе, да ги поправа своите недостатоци, држејќи се до поуките, кои Господ им ги упатил на Своите ученици. За неверство во бракот се смета чинот, кога еден од сопружниците ќе изврши прељуба. Но, реалноста е дека ние не сме верни и лојални, ни тогаш кога работата, родителите, своето хоби или било што друго ќе ставаме пред својот сопружник. Тоа исто така е неверство. И секој кој не е спремен да го постави својот сопружник пред кариерата, пред родителите, пријателите или обичната забава, не е подготвен за брак – и таквиот брак ќе пропадне. Бракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца.Кога ќе го закопчаш првото копче во соодветната илика на костумот и останатите копчиња ќе дојдат на своето место. Но, ако тоа прво копче го закопчаш погершно, ништо нема да биде на своето место. Се работи за тоа дека првите, најважните работи треба да бидат на прво место, да се почитува приоритетот. Истото се случува и во бракот. Мажи, ако ги поставите вашите жени на прво место – и вие жени, ако го направите истото тоа – сè останато во брачниот живот ќе дојде на своето вистинско место. Има многу карактеристики на успешниот брак, но според моето мислење, овие три се најважни:1.Пофалба. Ниеден брак нема да напредува, доколку во него нема пофалба. На секого во животот му е потребна почит во нешто и од некого. И ништо не може побрзо да ја убие љубовта од постојаното прекорување. Кога мажите и жените меѓусебно се пофалуваат – во малите или во важните нешта – со тоа всушност си велат еден на друг: „Те сакам; те почитувам“. Пофалбата го крепи добриот брак и тоа е она што најмногу им недостасува на денешните бракови.2.Проштевање. Проштевањето е пресудно за среќен брак. Кога брачните парови ќе ме прашаат: „Дали нашиот брак може да опстане?“ Мојот одговор е: „секако, под услов да сте подготвени да си проштевате еден на друг“. А тоа проштавање не треба да постои само после поголеми  брачни бури во семејството. Проштевањето треба да биде секојдневно. Во успешниот брак, мажот и жената постојано си бараат прошка еден од друг. Ако тоа не го правиме раните не зацелуваат. Само сè повеќе и повеќе меѓусебно се оддалечуваме. Биваме сè постудени еден кон друг и не го примаме благословот што Бог им го испраќа на сопружниците, кои си проштеваат еден на друг.3.Време. На успешниот брак му е потребно време. Тоа не се случува преку ноќ. Бракот треба да напредува. Тоа е долг и напорен процес; како и сите вистински нешта во животот, тоа се остварува преку постојан труд и самоодрекување. Оние меѓу вас,  кое сеуште не се венчани или планираат тоа да го направат, нека го запаметат следново: Живееме во светот кој бара моментално задоволување на потребите, го сакаме тоа што ние го сакаме или нам ни се допаѓа; и кога ќе посакаме, а тоа е веднаш! Таа нетрпеливост од наша страна е погубна за бракот, дури и во Православната Црква. Доколку немаме трпение еден кон друг или ако не сме подготвени да поминеме многу години, работејќи на нашето трпение, тогаш нашиот брак однапред е осуден на пропаст. Ниеден брак не е доволно добар, а да не може да биде подобар и ниеден не е толку лош, да не може да се поправи – под услов оние од кои тоа зависи, да бидат подготвени со помош на Божјата благодат заедно да напредуваат кон полнотата Христова, Кој дојде не да Му служат туку Он да послужи.Основен и главен предуслов за добар брак е способноста да се напредува. Незрелоста е еден од најголемите проблеми поради кои пропаѓа бракот. Сигурно е дека сите ние стапуваме во брак со личен багаж од лоши навики и незрелост. Но, мораме да научиме да ги надминуваме овие работи. Кога бев дете – поучува св. Апостол Павле – зборував како дете, како дете мислев, како дете размислувава; а кога станав маж, го оставив детинското. (1. Кор. 13, 11) И колку, навистина, заради среќниот брак, е потребно да се отфрли детинското: неодговорноста, тврдоглавоста, саможивоста, несочувствителноста, темпераментот, љубомората. Колку е важно да се молиме секој ден: „О Боже, помогни ми да растам...да се преиспитувам...да ги согледувам потребите и чувствата на мојата сопруга /сопруг, и да ја прифатам одговорноста која Бог ми ја наложи“.

 

Извор: Бигорски манастир

http://bigorski.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=91

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »