логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 
 Текстот што се наоѓа пред вас е плод на многу разговори, средби, молитви, совети, грижи. Истиот нема за цел само да ве информира, туку братски да ве посоветува, да ве насочи, па и да ве опомене за опасноста од еден сериозен проблем што ние во Црквата го нарекуваме суеверие или празноверие.

Што е тоа суеверие?

 Самата етимологија на зборот суеверие, од црквенословенското суе  - празно, или на современ македонски - празноверие, ни ја открива суштина на овој проблем.
 Ни открва дека овој проблем е всушност искушение или испит преку кој секоја личност свесно и слободно избира дали ќе се развива, овистинува, ољубовува и овечнува низ процесот на личносно усовршување што за нас го промислил и благословил нашиот Творец или ќе исчекори од овој процес и својата слобода и доверба ќе ја насочи кон некој или нешто што од себе не нудат ништо, односно истите преку својата празнотија (суета), која ја маскираат со лага и манипулација, не' заробуваат во состојба на духовна - личносна успиеност, неслобода, страв и свесно не' вампиризираат, односно, од нас исцицуваат животна сила, храна за своето его, пари, време, здравје. . .  
 Затоа ова исчекорување, или овој тип на  вера која е насочена кон:

1. личности кои за себе говорат дека имаат божествен авторитет, или тврдат дека се преставници на истиот, а сето тоа го темелат на лага, патологија, манипулација, присила и страв,
2.  разни обреди од паганско - магиско - спиритистичко - окултен карактер кои не само што не се благословени од Творецот и немаат никаква поврзаност со Него, туку се и забранети од Него, затоа што истите имаат за цел да се дојде до моќ, или така наречено тајно знаење, преку кое може присилно да се влијае на личности, природни појави и настани, 
3.  разни предмети (амајлии, идоли) кои преставуваат цел на обожување и од кои, оние што веруват, се надеваат, дека ќе добијат некаква заштита, или дека преку нив се пројавува некаква божествена сила,
4. разни лични ирационални и нелогични  ритуали, кои се производ на натрапчиви мисли и несугурност, и кои во нас предизвикуваат страв доколку истите не ги исполниме,
 
ние во Црквата, во новозаветниот Народ Божји, ја нарекуваме празноверие, или вера која е празна затоа што во неа отсуствува Божјиот благослов, промисла и Неговото љубовно - животодавно присуство. Истата во личноста не внедрува вистински и здрави духовни плодови, туку најчесто предизвикува ментални пореметувања, душевни растројства, семејни трагедии и серозни општествени проблеми.

Почетокот на суеверието во духовната историја на човештвото   

 Сведоштвото за првото суеверие го среќаваме уште на самиот почеток на Светото Писмо, односно во самите мугри на човековата историја. Пророкот Мојсеј, во првата книга од своето Петокнижие (Книги на Законот, Тора), ни сведочи за пресудниот момент во кој целото човештво, преку непослушанието и празноверието на нашите прародители Адам и Ева, трагично исчекори од Божјата промисла за сите нас и се втурна во ризична и уништувачка авантура чии последици и денес ги чувствуваме.
  На прародителите на човештвото, кои во се беа чисти и безгрешни, но сепак во личноста, во нивниот внатрешен човек, се уште беа неопитни и во детска духовна возраст, нашиот сељубив Творец им даде заповед, или подобро кажано, родителски совет, со кој сакаше да ги заштити од неподготвениот допир со злото, а во исто време тие преку неговото исполнување, во духот на љубовното послушание, требаше да се вежбат во негување на својата скапоцена слобода. Советот или заповедтта гласеше вака:
 "Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото, од него не јади, зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш."
(1. Мој. 2, 16 - 17)
  Станува збор само за една единствена заповед. Но заповед која  како тенка црвена линија го одвојуваше благословениот и промислениот од Бога процес на духовно растење, усовршување, спознавање и постоење од неблагословениот од Него начин на "постоење", кој всушност не е ни постоење, туку смрт. Нашите прародители ја минаа таа тенка црвена линија и духовно неподготвени навлегоа во темните уништувачки простори на злото, гревот и смртта, односно, навлегоа во димензијата во која тиранисуваа отпаднатите од Творецот ангели (демони). Зошто им се случи тоа? Одговорот е јасен. Од непослушание и празноверие. Односно, од злоупотребата на нивната скапоцена слобода.
 Можеби донекаде ви се јасни нештата со непослушанието, но сигурно ќе се запрашате на кој начин празноверието во сета оваа трагедија има свое место? За да се обидам го објаснам тоа ќе го насочам вашето внимание кон следните стихови од првата книга Мојсеева:
 " Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски што ги создаде Господ Бог, па и рече на жената: Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?
  А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот, само од родот на она дрво среде рајот - рече Бог - не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете.
 Тогаш змијата и рече на жената: Не, вие нема да умрете. Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло. " ( 1. Мој. 3, 1 – 5) 
 Ова е дијалогот што целото човештво го доведе до исчекорување од Божјата воља и промисла и го воведе во моменталната незавидна духовна состојба. Низ целиот дијалог очебијна е целта што сакал да ја постигне низ змијата противникот Божји (сатаната) и човекоубиецот од самиот почеток на човештвото ( Јован. 8, 44). Чекор по чекор тој ја навлекувал нашата прамајка Ева кон празноверие, односно, итро и подмолно ја одвлекувал од довербата кон нашиот Небесен Татко и ја навлекувал да му поверува нему, да и поверува на неговата лага, измама, манипулација, празнотија, болест. И сето тоа го правел со вешто конструирана полувистина.
 Нашите прародители знаеле дека со Божји благослов, а според нивниот духовен раст и зрелост, ќе ја дознаат полнотата на вистината за постоењето, за доброто, но и за злото. Тие во себе го носеле и семето на вистината дека ќе станат подобни на својот Творец, не по природа, но по благодатта Божја, како учесници во Неговата природа (2. Петар. 1, 4). И сето тоа требало да се случи преку процесот што бил благословен и промислен од Творецот, а не онака како што лажел и ветувал човекоубиецот. Но, за жал, нашите прародители посакале од Бога зададената цел за нив, а преку нив за целото човештво, да ја остварат набрзина (магиски, без личносен раст и подвиг). Тие ја испразниле својата вера од довербата во Бога и ја насочиле кон празнотијата и итроштините на лукавиот човекоубиец. Последиците од сето тоа се јасни и видливи, како внатре во нас, така и надвор од нас.
 И денес, по неколку илјади години од овој трагичен настан, истото сценарио непрестано се случува во умовите и срцата на огромен број луѓе. Истиот човекоубиец, иаку обесилен преку искупителната жртва Христова на крстот, не' навлекува кон празноверие користејќи ја нашата духовна успиеност, непознавањето на откровението Божјо, но и нашата глупост и самобендисана увереност. Затоа ние во Црквата Христова градиме сериозен и внимателен пристап кон овој проблем. Преку многувековното искуство, како од периодот на Стариот завет, така и од периодот на Новиот завет, осознаваме и исповедаме дека празноверието е вера, но парадоксална, бесмислена, лажлива, нездрава. Таа во себе нема ништо Божјо, го нема Неговиот благослов, присуство, живот, вистина, духовна храна, здравост. Дури истата не' наведува да престанеме да му веруваме на Бога и да имаме доверба во Него.
  Празноверието е, исто така, и тип на вера која сака да направи пробив во духовните свери и сили на постоењето на свој начин, но без Божја дозвола за тоа (окултизам). Дозволата ја нема затоа што мотивите на оние што сакаат да го направат тоа се многу проблематични и често втемелени на гордост, суета, егоизам, желба за моќ,  манипулација и желба за владеење над другите, желба за брзо богатење, лажно учителство, но и на простотија.

 Пројавување на суеверието

 Суеверието е тесно поврзано со оној тип на религозно искуство што ние во Црквата Христова го нарекуваме паганство или незнабоштво. Паганството ( од погано, нечисто) како пројава на религиозните потреби на луѓето својот почеток го има веднаш по отпаѓањето на нашите прародители од љубовното - животодавно единство со нашиот Творец и Неговото Царство. Трагичните последици од отпаѓањето, како на духовен, така и на секој друг план, страшно влијаеле врз животот на нашите прародители, но и на нивните наследници. За многу кратко време, уште во првата генерација на човештвото, злото, гревот и поднебесните демонски сили на уништувањето силно влијаеле луѓето да започнат да го забораваат својот вистински Творец, но и смислата на своето лично постоење. Најстрашните последици од гревот - духовната (личносната) успиеност, страдањата, болестите, несигурноста и смртта, силно влијаеле луѓето да бараат од некаде помош. Огромен број од нив, како и денес, наместо да му се обратат на својот Небесен Татко, тие започнале да создаваат, со голема помош од отпаднатите ангели, свои религиозни пракси, обреди, верувања. Во огромен процент сите тие биле исполнети со духот на празноверието, идолопоклонството, магизмот, окултизмот, па и затоа се наречени пагански, нечисти. Но сепак мора да се признае дека и во таквите религиозни традиции имало и има некаков остаток од вистината за вистинскиот Бог. Тој остаток, пра-предание или семе на вистината, на многу духовно разбудени личности во историјата на човештвото им помогнало да станат свесни за многу суштински нешта во однос на животот и неговата смисла, но и да се здобијат со некаква престава за Творецот, која понатаму им помогнала да се ослободат од канџите на празноверието и од свесното и несвесното демонослужење. Затоа и пријатно не изненадуваат длабокоумните мисли и дела на многу мудреци и филосифи од најдалечното минатото на човештвото.
 Од друга страна погледнато, треба да знаеме дека под директно влијание на паганската празноверна религиозност се изроди Богомрското идолопоклонство (служење а идоли, кумири, обожување на нешто што не е вистинскиот Бог), принесување на човечки жртви, најдемоноподобните окултни и магиски вештини, спиритизмот - како можност на призивање на демонските сили и општење со нив, астрологијата, хиромантијата, разните окултни и сатански тајни и јавни друштва, а во поново време и цело движење што себе си се нарекува Њу ејџ (Ново време, всушност истите имаат за цел повторно да ја реставрираат паганската религизност). Во овој контекст треба да ги спомнеме и разните самопрогласени пророци, гуру - учители, јасновидци, бајачи и гатачи, кои денес најотворено го шират и всадуваат разорниот демонскиот дух во умовите и душите на луѓето, при што најдрско се маскираат со христијански симболи (икони, крстови, со градење на цркви, со користење, односно со злоупотреба, на христијански светилишта. . .)
 Дури и многу обичаи кои ги нарекуваме "народни" во себе содржат празноверна паганско - магиска религиозност (најраширена пракса е курбанот). Многу често во минатото христијанските учители, од пастирско - мисионерски причини, се обидувале паганските обичаи и обреди да ги христијанизират, да им дадат христијанско значење и симболика. Од денашна перспектива гледано, мислам дека обидот останал без успех. Нема ништо задничко помеѓу животворната спасителна светлина на Евангелието Христово и  паганската религизност. Навистина изгледа бедно, бледо и осквернувачко кога овие две неспоиви нешта се мешаат од нашите современици преку разни новокомпонирани обичаи, а особено од обичаите на курбанот (крвна жртва - на арапски), палењето огнови и магиските коледарски песни пред празникот на раѓањето Христово, разните погребни обичаи, разните ритуали што некои "христијани" ги извршуваат по налог на некој јасновидец или бајач дури и во самите цркви (молитвени домови) и манастири.
 Мислам дека следните зборови на апостолот Павле упатени до еден тогашен магесник (жрец пагански), а и зборовите на свети Никодим Агиорит (1749-1809), трезвено ќе делуваат на многу наши современици на овој план:
 " О, ти, кој си полн со секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта. " ( Дела. 13, 10)            
 "Кој ќе може, а да не заплаче за современите ни христијани, кога ќе помисли дека Синот Божји преку својата крсна смрт ги победи сите началства и власти на демонските сили, а христијаните денес со робувањето на разните магии и претскажувања покажуваат дека демоните над нив трумфираат и на тој начин повторно го доведуваат ѓаволот во светот и го востоличуваат за да владее со нив." (Преподобен Никодим Светогорец, За видовите магија, Софија, 1996, стр. 9)
 А во книгата со наслов "За магиските феномени" ќе го сретнете следниот заклучок:
 "Сатанизмот и магијата се едно исто. Магијата води кон сатанизами, исто како што и паганските обичаи се прва стапка кон магијата." (За магиските феномени, Пловдив, 1996, стр. 30)


Ставот на Светото Писмо и каноните на Црквата во однос на суеверието

 " Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеа тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како магесник да биде, чародеец, ни гледач на утробата, ниту пак како што се гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии, твојот Бог ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог." (5. Мој. 18, 9-13)
 
 " Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло Царството Божјо до вас. " (Матеј. 12, 28) 

 " А мнозина од оние, кои правеа магија, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите." (Дела. 19,19)

Шести Вселенски собор, канон 61
Оние кои се обраќаат кон такви што прават магија, или кон таканаречените стоначалници, за од нив да дознаат  нешто што сакаат да им се открие, или да им се исполни некаква желба, по силата на претходните за нив заповеди од отците, истите нека подлежат на правилото кое за нив определува шестгодишно покајание.

Помесен собор во Анкир, канон 24 
 Оние кои употребуваат магиска вештина и одржуваат разни пагански (назнабожечки, јазичнички) обичаи или водат некои од таквите во нивните домови да им гатаат или да им очистуваат магија, нека потпаднат под правилото за петогодишна епитимија во востановените пет степени: три години да клечат и две години да се молат без да се причестуваат со светите тајни.

 Од правилата на Св. Василиј Велики, канон 83
 Тие кои се занимаваат со магесништво и ги следат паганските обичаи, или во своите домови носат некои за да им вршат чародејства и разни очистувања, нека потпаднат под правилото за шестгодишно покајание: една година да плачат, една да слушаат ( да учествуваат само на првиот дел на Литургијата), три години да клечат и една година да стојат со верните, и само на овој начин нека бидат примени назад во Црквата.

Како да се заштитиме од суеверието?

 Најдобрата заштита од суеверието или празноверието е својата вера да ја исполниме со потполна љубовна доверба кон нашиот Отец Небесен преку Неговиот Единороден Син и нашиот Господ , Спасител и Учител Исус Христос во Светиот Дух и во Светата Црква. А тоа значи дека е потребно целиот наш светоглед и вредносен систем да го втемелиме на Божјата вистина, откриена и запишана во светите книги на Стариот и Новиот завет и засведочена од безбројите праведници и светители, како од старозаветниот, така и од новозаветниот период. Само така најсуштински ќе ја доживееме радоста на нашето духовно ослободување и ќе го разбереме советот на нашиот Господ Исус Христос кој е запишан во евангелието според Јован:
 "Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици, и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи. " (Јован.8, 31-32)

 (продолжува)

 

 Подготвил: Ивица Тодоров

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 57
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 47
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 140
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

« »