логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 

 

 

Предавање одржано од Неговото Блаженство, Архиепископ (денес Митрополит) Лавр, на Осмото годишно поколонение на свети Герман во Манастирот на Света Троица, на 25 декември, 1985 година.

Ситуацијата на православната личност, на православниот христијанин, кој живее во современиот свет, без претерување, може да се опише како претерано тешка. Целината на денешниот живот, со сите негови тенденции, на еден или друг начин, насочена е против личноста, која се обидува да живее според учењето на Православната Црква. Во животот околу нас, во нашето окружување, во нашето хетеродоксно окружување, всушност, с# е тотално одрекување од христијанството. Ако на почетокот на христијанската ера, љубениот ученик на Исус, свети Јован Богослов напишал „...Целиот свет лежи во зло“ (1. Јов. 5: 19), тогаш, колку пооправдани сме ние да го кажеме ова во нашето време.
Да се биде православен христијанин, подготвен да ја зачува својата вера во Христа, нашиот Спасител, е многу потешко во денешно време, отколку што било во првите векови на христијанството. Вистина е, тогаш христијаните биле прогонувани и измачувани, но христијаните добро се сеќавале на зборовите на Спасителот „....И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ (Матеј 10: 28). Бивајќи окрепени од Божјата милост, тие весело оделе во мачеништво и се откажувале од своите животи за Христа. Ова било случај и во Русија за време на мачењата и гонењата. Во денешно време никој не ни се заканува со мачење и гонење, и живееме овде во слобода. Но и покрај тоа, на најразлични начини и денес се врши гонење против христијанството и против христијанскиот начин на живот. Денес, можеме да видиме како с# што е поврзано со верата во Бог, со учењето на Божјото слово, со учењето на Христос и учењето на Православната Црква, на еден или друг начин, се исфрла од животот на индивидуата.
Овој процес што се одвива во современиот свет е процес на апостасија и може да се види во секој аспект на животот.
Стариот Завет зборува: „Бог го создаде човекот за вечност и го направи слика на Своето вечно битие; но поради завист од ѓаволот смртта влезе во овој свет, а неа ја доживуваат оние што нему му припаѓаат.“ (Мудрост 2: 23-24).
Нашата света христијанска вера ни е дадена за да можеме да се стекнеме со живот вечен во благодат. Но, за да се усогласиме потполно со духот на Основачот на нашата вера, Христос нашиот Спасител, и со Неговото учење, навистина треба да се очистиме морално, да се издигнеме во добродетелноста, да се запознаеме со духовната совршеност, а сето ова бара посебна, и со благодат исполнета соработка одозгора, како додаток на сопствените напори на православната личност. Оваа, со благодат исполнета соработка, се нарекува осветување и ни се дава од нашиот Господар, а се постигнува преку Светиот Дух, и тоа во светата Црква, основана од нашиот Господ Исус Христос, за наше осветување и спасение.
Јас и вие сме деца на Руската Православна Црква. Прашањето е дали живееме како што треба да живеат православните христијани?
Не многу сме далеку од она како што треба да живееме.
При нашето свето Крштение ние даваме завет (доколку сме деца, нашиот кум го дава во наше име), ние правиме договор со Христос и на тој начин стануваме Негови деца, Негови слуги, Божји деца. При крштението светата Црква пее „Вие, кои во Христа се крстивте, во христа се облековте! Алилуја!“
Затоа, бидејќи му припаѓаме на Бог, мора да живееме во согласност со Божјите заповеди, во согласност со Божјото учење и законите на Црквата.
Ние сме крстени, ние сме православни христијани, но не знаеме многу за нашата православна вера.
Сите оние, кои се родени во прегратките на светата Црква, преку светото крштение се родени во нов живот. Тие растат и се воспитувани во Духот на вистината и добиваат подароци за време на животот на земјата, исполнети со благодат во духовниот живот, со ветување за вечни подароци во идниот живот. На тој начин, да се живее во Црквата е основен услов за христијански морален развој.
Христовата Црква е основана од нашиот Господ и Спасител и Он нам ни ја покажа патеката по која ние мораме да одиме до Него, и ни покажа како да го следиме Неговото учење. Он рече: „Јас сум патот, вистината и животот.“ (Јован 14: 6). Следствено на тоа, ние мора да одиме по оваа патека, посочена од нашиот Спасител.
Секоја патека и секоја активност бара подвиг - тоа е аскетската борба.
Затоа, нашата света православна вера е аскетска вера, која бара аскетски труд во борбата со нашите грешни страсти и желби.
Како мора да живееме и да се бориме?
Нашиот Господ Исус Христос, Сам ни покажува пример: „Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.“ (Јован 13: 15)
Светителите исто така ни даваат пример.
Во Својата Беседа на гората, нашиот Господ Исус Христос ни ја дава цела суштина на евангелското учење. Ова можеме да го најдеме во петтата, шестата и седмата глава од Евангелието според Матеј. Бог н# учи дека мора да се родиме повторно духовно и на тој начин да се подготвиме за блаженствата на вечниот живот и небесните наслади. Прв чекор кон ова е да ја препознаеме својата духовна празнотија, грешност и безвредност, и да станеме понизни.
Затоа „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно.“ (Матеј 5: 3). Но, само оние кои ги запазуваат сите заповеди ќе го постигнат ова. „Не секој што Ми вели `Господи, Господи`, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.“ (Матеј 7: 21).
Со цел да се оди по патеката што нашиот Бог ни ја посочил во светото Евангелие, мора да имаме контрола врз себеси, мора да се проверуваме и да се преиспитуваме самите себеси. Епископот Теофан Посник вели: „Вистинскиот христијанин се преиспитува себеси секој ден. Секојдневното испитување е потребно за да видиме, дали сме станале подобри или полоши, а тоа е толку важно за нас, зашто без тоа не можеме да се наречеме христијани. Постојано и константно мора да се грижиме за тоа. Правете го ова: уште рано наутро, цврсто во вашиот ум утврдете мисли за Бога, а потоа, во текот на целиот ден, одбивајте ги сите мисли кои што ве одвојуваат од нив. Што и да правите, со кого и да зборувате, било да одите некаде или да седите, нека вашиот ум биде со Бог. Ќе се заборавате и ќе застранувате од оваа патека, но повторно свртете се кон Бог и прекорете се себеси со тага. Ова е подвиг на духовна внимателност.“
Свети Јован Кронштатски вели: „Секој ден, секој час, секоја минута чувајте стража и внимавајте на секоја мисла, желба и движење на срцето, на секој збор и секое дело, и не дозволувајте да бидете обземени од некоја грешна мисла, желба или движење на имагинацијата, со збор или со дело, знаејќи дека Бог е Преведниот Судија, Кој ви суди во секој момент и го проценува внатрешниот човек. Постојано чувајте се себеси чисти за Бога.“
Сега ќе се постави прашањето: како дефинитивно да се дознае што е грешно и до кој степен, за да се знае јасно и прецизно дали некој грешел и колку често, па критички да се испита човечкиот живот, како строг и нелицемерен судија?  
Епископот Теофан н# советува следново:„За да го направите ова, ставете го Божјиот закон на една страна а вашиот сопствен живот на другата страна, и погледнете каде тие се слични, а каде нема сличност. Земете ги вашите дела и ставете ги под лупа на законот и видете дали е применлив во вашиот живот. За да не пропуштите ништо по ова важно прашање, треба да имате одреден систем. Седнете и присетете се на сите должности кон Бога, кон вашите соседи и кон себе, и преиспитајте го вашиот живот во врска со сите овие односи. Или, можете да ги поминете десетте заповеди и блаженствата, една по друга, и да видите дали вашиот живот е во согласност со истите. Или, читајте ги оние делови од Евангелието според Матеј, каде што Спасителот заповеда строг христијански закон, или исто така, Посланијата на свети Јован и свети Павле, особено оние до Римјаните и Ефесјаните.
„Читајте го сето ова и проверете како вашиот сопствен живот се усогласува со ова. Или, пак, одете на света Исповед и проверете го своето сопствено однесување според истата. Резултатот од ваквото испитување на нечиј живот открива голем број на дела, зборови, мисли, чувства и желби кои биле против законот, но биле дозволени, иако не би требало да бидат; голем број на такви што требало да бидат направени, но не биле, а и многу такви што биле направени во согласност со законот, не се утврдило дека се направени од нечисти мотиви. Од сето ова ќе се соберат огромен број, па дури можеби и целиот ваш живот ќе биде составен само од лоши дела.“
Можеби некој ќе рече дека сето ова е неопходно само за монашкиот живот. Но, не е така. Тоа важи за сите!
Една личност е христијанин не само по име, туку по начинот на живот. Сите ние, не само монасите, мора да размислуваме и да бидеме загрижени за нашето спасение. Законот на Евангелието е даден за сите.
На прашањето: како треба да живее еден христијанин, како треба да дејствуваме и да се однесуваме, апостол Павле ни одговара. Неговите зборови, наменети за Ефесјаните, исто така се наменети и за нас: „И така, угледајте се на Бога како чеда возљубени, и живејте во љубов, како што и Христос не засака и Себеси за нас се предаде како принос и жртва на Бога за пријатен мирис. А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту, пак, срамни и празни зборови или смешки, што се неприлични, туку само благодарности. Зашто ова треба да го знаете, дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец - кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христа и Бога. Никој да не се мами со празни зборови; оти поради овие иде гневот Божји врз синовите на непокорноста; и така не станувајте нивни соучесници. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината! Зашто плодот на Духот се состои во секое добро, правда и вистина. И испитувајте с# што Му е на Бога угодно! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Оти за она што го прават нечестивите скришум, срамно е и да се зборува. А с# што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи с# што е јавно, светлина е. Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли! Па така, гледајте колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа, немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја! И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух. Усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за с# на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Хрисос; покорувајте му се еден на друг во страв Божји (Ефес. 5: 1-21).
Треба да се интересираме за светата Православна Црква, мора да ја проучуваме и да живееме во согласност со истата. Ние мора да се грижиме за нашето спасение. Ќе го правиме ова доколку го читаме Светото Писмо, ако го проучуваме законот Господов, ако се молиме наутро и навечер и во секое време, ако постиме, ако ги извршуваме Божјите заповеди и заповедите на Црквата. И како дополнение на ова, мораме да ги стекнуваме христијанските добродетели - љубов, радост, мир, долготрпение, широкоградост, милост, вера, понизност, воздржување итн. Мораме да одиме во црквата, да ги посетуваме богослужбите, да се очистуваме од нашите гревови и да бидеме осветени преку светите Тајни, кои се дадени од светата Црква за наше спасение.
Од светите отци ние можеме да дознаеме какво значење има молитвата за нас. Светителите, кои што всушност го испробале значењето на молитвата, пишувале за ова од искуство. Затоа, мораме да го читаме она што го напишале и да учиме од нив.
Еве што пишува свети Јован Златоуст за молитвата: „Молитвата е прибежиште за оние кое се потресени, котва за оние исфрлени од брановите, бастун за слабите, куќа со богатство за сиромашните, тврдина за богатите, уништувач на болести и чувар на здравјето. Молитвата ги чува нашите добродетели недопрени и брзо го отстранува секое зло. Ако н# зафати искушение, таа лесно го брка; доколку изгубиме некое материјално добро или нешто друго, што причинува жал во нашата душа, таа го отстранува. Молитвата ја отстрнува секоја тага, предизвикува добро расположение, обезбедува постојана благосостојба. Мајка е на љубов кон мудроста. Оној, кој може искрено да се помоли е побогат од било кој или било што, иако е посиромашен од сите. Напротив, оној, кој нема капацитет да се моли, иако седи на кралски престол, најсиромашен е од сите...“.
За молитвата во црквата и за посетувањето на црковните служби, свети Јован Златоуст го вели следново: „Вистинската исповед на догмите треба да биде комбинирана со правилен живот и дела, за да не го постигнеме нашето спасение само делумно. Ништо не може толку да придонесе за правилно однесување и чистота во животот, како што тоа го прави присутноста во црквата со искрена внимателност. Како што на телото му е потребна храна, така на душата $ е потребно проучување на Божјите книги, зашто „не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4: 4). Заради оваа причина, оние, кои не учествуваат на оваа Трпеза (Литургијата), обично, трпат од глад. Слушнете како Бог опоменува со таков глад и го става на исто рамниште со казната и мачењето: „Ете настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови...“ (Амос 8: 11). Зарем не е лудило да се направи с# и да се превземат сите мерки, за да се избегне телесна глад, но своеволно да се изложуваме на духовна глад? Не, ве молам и ве проколнувам, да не бидеме толку лоши кон самите себеси...“
Понатаму, свети Јован Златоуст продолжува: „Да се биде тука, во црквата, тоа е извор на сите благослови. Кога ќе ја напуштат истата, мажот како повеќе да ја почитува својата жена, а жената е пољубезна кон својот сопруг, бидејќи не е физичката убавина на телото она што ја прави жената убава, туку добродетелноста на нејзината душа; не козметиката и другите додатоци за разубавување, не златото и богатата облека, туку чистотата, понизноста и постојаниот страв од Бога. Оваа духовна убавина никаде не се развива во толкава мера, како во ова прекрасно и божествено место (црквата), каде апостолите и пророците ги измиваат, преобразуваат и очистуваат старите гревови и ја истакнуваат светлината на младоста; каде ја отстрануваат секоја дамка, секој срам, секое валкање на нашата душа...“.
Ајде да се обидеме, сопруги и сопрузи, да ја обновиме нашата внатрешна убавина. Малку внимание посветуваме на постењето, сметајќи го ова како нешто, што Црквата го востановила, но кое нешто не е важно. Но, од Бога е утврдено. Заповедта да се пости е стара колку и светот. Тоа е првата заповед дадена од Бога за човекот. Затоа што не сме постеле, протерани сме од Рајот. (Свети Василиј Велики). Да не се пости, значи да се биде како животните, на кои не им е познато такво нешто. Апстиненцијата не телото е храна за душата (Свети Јован Златоуст). Не живееме за да јадеме, но јадеме за да живееме и за да ги исполнуваме нашите должности. И Самиот наш Бог постел, како што се споменува во Евангелието. Често и јас, и вие, додека поминуваме, гледаме некого, кому му е потребна помош, но не реагираме и не му помагаме, бидејќи сметаме дека нема навистина сиромашни луѓе и никој нема незадоволени основни потреби. Но, според Божјите заповеди, мораме да помагаме, зашто ние имаме обврска да покажуваме милост.
За милостињата, свети Јован Златоуст го вели следново: „Сметајте ја милоста не како нешто што давате, но како нешто што добивате, не како губиток, туку како добивка, зашто преку неа вие повеќе примате, отколку што давате. Ако давате леб, ќе добиете вечен живот. Ако давате облека, ќе добиете руво на бессмртноста; ако давате засолниште под својот покрив, вие ќе го добиете небесното царство. Давате минливи радости, а добивате вечни благослови.“
На овој начин ние гледаме дека, во согласност со Писмото, во согласност со учењето на Црквата и светите отци, мора да се бориме за да одиме по православната патека кон спасение. Светите апостоли ги учеле своите наследници, а не  поучуваат и нас: „оти во царството Божјо мора да влеземе преку многу маки“ (Дела 14: 22).
Бог, исто така, ни вели: „Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, а мнозина минуваат низ нив (Матеј 7: 13, 14).
Нема сомневање дека многумина од вас ќе речат или ќе помислат: „Ете ги, тие сакаат ние да живееме како монаси или пустиници. Но, погледни ги нашите пријатели и познаници, и секого околу нас. Тие живеат за сопствено задоволство, прават што сакаат, и никој од нив не мисли за ништо што е кажано тука. Тие не мислат на небесното царство, на идниот живот, не си го расипуваат своето расположение со такви размислувања.“
Да, тоа е точно - тие живеат без да обрнуваат внимание на духовниот живот. Тие не веруваат во тоа или во иден живот. Затоа нема ништо духовно во нив, тие немаат мир во душата, или духовна радост. Па така, тие немаат ограничувачки центар, ништо нема морална или духовна врдност, поради која би требало да се воздржуваат, или нешто, кон што би тежнееле. Затоа се поврзани со блудност и распуштеност, криминал, духовно самоубиство и духовен банкрот.
Ние, децата на Православната Црква, треба да бидеме внимателни кон ова и свесни за ова, да бегаме од сето ова, како од оган.
Неговото Блаженство, Митрополитот Антониј, основачот и првиот поглавар на Руската Православна Задгранична Црква, во својата прекрасна статија насловена „Во што Православието се разликува од западната вероисповед?“, пишувал за длабоките разлики меѓу нашата вера и иноверието. Оваа длабока разлика тој ја гледа во фактот што Православната вера н# учи како да го средиме својот живот, според барањата на христијанската совршеност, додека иноверието го зема од христијанството само она, што коинцидира со условите на современиот културен живот.
Православието го гледа христијанството како вечна основа, како темел на вистинскиот живот и бара од секој да се самодисциплинира себеси и својот живот, с# додека не се усогласи со неговите норми, но иноверието гледа на основите на современиот културен живот како на непобитен факт, и само во областите на неговите постоечки приватни опции, тоа насочува кои од нив се најмногу одобрени од гледна точка на христијанството. Православието изискува морален хероизам - подвиг; иноверието размислува кои елементи од христијанството ќе ни одговараат во нашиот тековен начин на живот. За православниот христијанин, за човекот повикан на живот после смртта, кога вистинскиот живот ќе почне, историски обликуваниот механизам на современиот живот е неважна илузија, но за иноверникот учењето за идниот живот е возвишена, облагородена идеја, идеја која му помага да го уреди својот живот овде, на земјава, с# подобро и подобро.
Овие значајни зборови на Митрополитот Антониј, јасно и дистинктивно укажуваат на бездната без дно, што ја одделува вистинската христијанска вера – Православието, од неговата искривена слика - иноверието. Православието е подвиг, тежнеење кон вечноста, додека во иноверието гледаме силна приврзаност за земјата, во верата во човечкиот напредок.
Владиката Антониј понатаму истакнува дека православната вера е аскетска вера, дека: „Златното Доба, кое обожувачите на „суевеието за прогрес“ го очекуваат на земјата, е ветено од Спасителот во идниот живот, но ниту Латините, ниту Протестантите не сакаат да го прифатат ова од едноставна причина дека (зборувајќи отворено) тие слабо веруваат во воскресението, а веруваат силно во среќа во сегашниот живот, кој, пак, апостолите, го нарекуваат пареа што исчезнува (Јован 4: 14). Заради ова, псевдохристијанскиот западен свет не сака и не може да го разбере негирањето на овој свет од христијанството, кое што ни заповеда да се бориме, да го оставиме настрана стариот човек со неговите дела и да го прифатиме новиот, кој е обновен според ликот на Оној, Кој го создал“ (Кол. 3: 9-10).
Ако ги следиме сите грешки на Западот, и оние, кои навлегле во нивното учење за верата, како и оние, наследени во нивниот морал, ќе видиме дека сите тие имаат корен во погрешното интерпретирање на христијанството како подвиг на постепено себеусовршување на индивидуата. Христијанството е аскетска религија, христијанството е учење за постепено искоренување на страстите, учење за средствата и условите за постепено усвојување на добродетелите. Овие услови се внатрешни, се состојат од подвиг, од нашите догматски верувања, верски обреди, кои даваат благодет и кои имаат само една цел: да ја лечат човечката грешност и да н# водат кон совршенство.
Ове е тоа што треба до га запомниме и да се држиме цврсто до светата Православна Црква и нејзиното учење. Правејќи го тоа нема да бидеме далеку од патот на спасението!

Преземено од списанието:
„Православен живот“
(„Orthodox life“, вол. 36, бр.1, Јануари-Февруари, 1986, стр.40-47)
Превод: Дипл. проф. по германски и англиски јазик
Светлана Димовска  

Извор:

 “Вистина” списание на Преспанско-Пелагониска Епархија.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6402
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная