логоFacebookTwitterYouTubeeMail


crkva.sumrak.dr.jpgКако што селото, поради кислородот, чистиот воздух и тишината, многу помагаат за телесното здравје, така и манастирот со својата осаменост, нерасеаност, мирот и оддалеченоста од светот, многу помага за здравјето на душата.

Внимавај да не го претвориш својот мир во немир поради разговарањето со посетители.
Покажи гостопримливост само тогаш кога за тоа постои добра причина зашто во спротивно ќе се покажеш како оној кој нема расудување, како и твојот посетител кој без почитување, инсистира да му се покаже гостопримливост, дури и кога нема причина за тоа.

Немој да се зближуваш со луѓе со високи професии, чија посета – кога тие се со световен дух – ќе биде слична со одење во зоолошка градина. Немој да се зближуваш ни со екстравертни луѓе ниту со луѓе со немирен дух, кои само ќе профучат низ твојата градина, како влажен југо - западен ветар.

Внимавај да немаш работа со луѓе кои не се поврзани со монашки живот. Не би требало на далечина (освен, секако, со молитва) да им помагаш на луѓето, зашто тоа постојано ќе го нарушува твоето тихување и мир, и повеќе нема да бидеш во состојба да се молиш ни за светот, ни за себе, ниту за нив.

Човекот кој намерно те вознемирува, дури и ако не е болен, прости му „седумдесет и седум пати” (Мт. 18, 22), но поради неговото и твоето спасение избегнувај го (само моли се за него).

Оној кој ги избегнува луѓето, кој не шета наоколу и за тоа време не греши, туку се затвора во својата ќелија и се преиспитува самиот себе, брзо ќе најде неисцрпен рудник и ќе стане духовно многу богат, така што ќе може да им помага и на другите.

Оној на кој му е тешко да се преиспитува себе и кој повеќе сака да лута наоколу, никогаш нема духовно да загосподари со својот дом, туку секогаш ќе биде наемен работник кој ги одгледува своите страсти, под надзор на ѓаволот. Затоа подобро е монахот да седи во својата ќелија и да го применува она малку што го знае, отколку да лута наоколу во потрага за поголемо знаење и своите „големи идеи” да ги проповеда на другите, а притоа однатре да остане јалов и празноглав.

Еден мал момент на самоспознание вреди повеќе од сите знаења на овој свет. Зашто, од една страна, познавањето на самиот себе ќе ни донесе смирение и ќе направи тоа да биде состојба на нашето битие, и тогаш Божјата благодат постојано ќе пребива во нас. Од друга страна, пак, од многу знаење ни се заканува опасност да ни се надуе главата и да се претвори во балон кој или ќе одлета во воздух (а тоа е схизофренија) или ќе падне на земја и ќе се искрши на парчиња (а тоа е гордост). Затоа знаењето треба да биде пратено со Божји страв и да биде усогласено со пракса за да постои рамнотежа. Според тоа, ние имаме поголема потреба во нашата ќелија да го применуваме (тоа што веќе го знаеме), отколку постојано да учиме (ново).

Немој да си правиш навика без причина да излегуваш од твојата топла ќелија, доколку за тоа нема сериозна причина, да не се разболиш одеднаш од ладните ветрови од овој свет, посебно ако духовно си болникав.
Тој што има навика да шета надвор од својата ќелија, има душа која потсетува на напуштена ќелија, која е полна со глувчешки измет, а чија градина е полна со троскот и змии.

Оној кој останува во својата ќелија е заштитен како војник во својот бункер. Ако војникот тогаш е регрутиран, тој уште помалку има причини да излегува (од бункерот, т.е. од ќелијата).

Почетниците, поради својата кратковидост, имаат потреба од совети од постарите, кои благодарејќи на своето искуство се духовно далековиди.
Искушениците не треба да очајуваат поради духовната помраченост која ја чувствуваат на почетокот на својот престој во манастирот, зашто зеленилото во светот била трева, а не пченица, и не користела за ништо друго освен за одморање на очите. Оваа темница, пак, е орање поради духовно сеење, а подоцна ќе изникне зелена пченица и ќе произведе класје и зрна.

Немој да тагуваш за телесната тежина која си ја изгубил во текот на монашкиот живот, зашто тоа ги растажува само црвјата кои чекаат да се наситат со тебе кога ќе умреш. Треба да се радуваш, зашто на тој начин, со слабеењето, и твојата душа се ослободува од отровите. Оваа жртва на подвижничка борба поради љубовта Божја е повредна од жртвите на луѓето во Стариот завет, кои за да ја изразат својата благодарност кон Бога, принесувале жртва – угоено животно.

Монахот – подвижник на подвиг го поттикнува неговото ослабено тело и тој со трепет го почитува како свој пријател.
Оној пак кој е пријател на своето тело, постојано е распламтуван од здебеленото и незауздено тело, и кон него се однесува како кон непријател и чувствува дека е роб на своето тело. Неговото тело и душа уште во овој живот почнуваат да го чувствуваат горењето во адските маки.
Телото најдобро се смирува со постот, но уште подобро со бдение и молитва, под услов душата да е отворена за смирение.
Кога во душата има гордост и владее ѓаволот, природно е телото да ги забодува своите осила (во душата), па макар тоа да е само коски и кожа. Телото во овој случај, е слично на слабото магаре заболено од болеста „лудо магаре”, кое иако го оставаат без никаква храна за да го припитомат, и понатаму постојано клоца, зашто однатре е болно од таа болест.
Поради тоа од суштинско значење е духовниот лекар да го прегледува со „рендгенски зраци” својот ученик, за прво да ја дијагностицира болеста, а потоа да препише лек и потребна диета.

Болникавиот почетник кој одбегнува да се советува со својот духовен лекар никогаш нема да се здобие со добро здравје (двојно здравје).
(Духовно) здрав почетник кој одбегнува совети и духовно надгледување, порано или подоцна тешко ќе се разболи.
Гордоста и самоволноста се двата рога на ѓаволот кои, почетникот постојано го туркаат кон провалија.
Смирението, бидејќи во себе има покорност и пожртвуваност, угодува на Господ повеќе од која било жртва и далеку го брка ѓаволот, повеќе од кој било темјан, тогаш престануваат дури и духовните закони да важат.

Човекот кој претрпува (духовна) штета кога го фалат, покажува духовен недостаток (освен ако не е млад по години и тогаш има изговор поради незрелоста и егоизмот, кои, повторно не е добро веднаш да се отстрануваат).

Оној кој е јуродиви заради Христа има поголем ум отколку сите философи на светот, зашто додека философите залудно се занимаваат со суетата и славата на овој свет, јуродивите заради Христа успеваат да ја исмеат цела суета на овој свет и всушност да живее скриен во света лудост. Со други зборови, тој успева да избега од световното лицемерие и да влезе во просторот на вистината. Кога ќе увиди дека искреноста не му е од (духовна) корист, тој ја продолжува својата света лудост за да го зачува своето духовно здравје.

Немој да се мачиш поради тоа што не си се прославил или збогатил со ништожни нешта и суетна слава, бидејќи таквите нешта не ни се потребни, ниту ќе ги понесеме со себе во вечниот живот, туку ќе ги понесеме само нашите дела кои ќе ни обезбедат пасош за нашето големо и вечно патување.
Треба да чувствуваш голема радост кога живееш во сенка и кога вештествените нешта исчезнуваат од твоето окружение, зашто тогаш ќе го видиш лицето Божјо и уште во овој живот ќе ја почувствуваш радоста на Неговото присуство, а ќе ти се покажат и Божјите тајни.

Смирениот и повлечен Христов херој е најмудар херој на светот зашто успева својата духовна ризница да ја зачува во Божјата ризница.
Гордиот човек е безумник, зашто ѓаволот со слатка пофалба го прелестнува, а потоа му го јаде целиот труд кој го вложил за собирање (духовен) имот.

Смирениот човек секогаш има и љубов – зашто тоа се сестрински добродетели – и по тие добродетели (смирение и љубов) ангелите ги препознаваат Божјите деца, и со љубов ги водат и безбедно ги поминува низ воздушните митарства, носејќи Му ги на милостивиот Отец.
Смирениот човек е побожен и молчалив, и затоа е сроден со Богородица Марија исполнета со благодат, која, иако го понесла во себе овоплотениот Логос, молчела додека Логосот не се родил и Сам не проговорил во времето кога требало.

Гордиот човек однатре е вознемирен, а надворешно бучен, и има постојана потреба да се празни со зборови – да крцка со своите празни ореви – за да прави врева, а ако се случи да каже некој точен збор, тој е полн со егоизам (како запален орев). А кога некој ќе го допре во неговиот егоизам, експлодираат сите негови страсти (како што избиваат мравите кога ќе им го гибнеш мравјалникот во шупливо ореово дрво).
Оној кој не прима приговори и забелешки со смирение, постојано ќе се мачи со својот егоизам, ќе прима удари од други и ќе трпи удари од ѓаволот, кој ќе го влечи од едно искушение во друго, се додека човекот не стане рамнодушен и не ја изгуби душата. Според тоа, треба да ја прифатиме критиката дури и ако не сме криви (кога не караат), зашто за нешто во минатото сигурно сме виновни, па дошло време да истрпиме, или дури ако сме без вина, Бог допушта (да не критикуваат) за да можеме да заштедиме некоја пара повеќе во Божјата вечна штедилница.
Оној кој длабоко копа по својата душа и го поставува смирението во основата на своето духовно здание, истовремено ги отсекува корените на својот егоизам, и неговата градба засекогаш останува без пукнатини.

Оној кој не ја полага својата вера во Бога, туку гради на својата самодоверба и световните фантазии, таквиот ѕида на насип од ѓубре. Порано или подоцна, ќе се сруши и тој и неговото здание, како и сите оние кои живеат во него.

Оној кој почнува голема работа и се потпира на своето богатство, а нема памет, брзо ќе пропадне. Исто е и во духовниот живот: не се доволни само телесни способности ниту големо знаење ако на прво место не ја ставиме Божјата благодат, зашто благодатта Божја треба да владее над нас.
Едноставниот живот му дава можност на човекот да се испитува себеси, за да не банкротира духовно, туку да го зачува двојното здравје (духовно и телесно). Но, најмногу помага едноставен карактер кој едноставно и со радост ги прифаќа забелешките на другите. На тој начин, тој успева од секој да направи свој лекар и болничар, и така да биде поздрав од сите.

Продолжува

(Од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Подготви: Жаклина Стојановска

 


 

Посети:{moshits}


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 745
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »