логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Или, пак, ќе се зборува нашироко за некој родител којшто го злоупотребил своето дете – а зарем таква вест не ја потресува детската душа? Детето ќе научи нешто за кое никогаш не би требало ни да помисли… Целото тоа внимание што му се дава на злото, станува причина во душите на децата да се уриваат сите тие потпори кои би требало да ги крепат. Од тука, кога ќе дојде време да му кажеш нешто или го посоветуваш да побара поддршка, тоа ќе ти одврати: „Море каква поддршка!“

Се сеќавам во една прилика кога на едно дете му реков подолго време да поминува дома. Тоа ми рече:

– Во кој дом отче? За кој дом ми зборуваш? Зарем имам дом?

Стигнавме дотаму што кога ќе сакаш да му кажеш на детето да ги слуша своите родители, прво ти минува низ глава мислата: „А дали воопшто живее заедно со родителите?“ Не знаеш како стојат работите. Му зборуваш за дом. Потоа ќе му ги видиш родителите и си велиш: „И јас да бев нивно дете, немаше да можам да живеам во тој дом“.

Многу пати ми се случувало да дојдат родители  кои сакаат да си ги доведат децата:

– Отче, детето ми е проблематично!

– Добро, донеси го да го видам.

Детето доаѓа и во 90% од случаите проблем има не детето, туку мајката или таткото кои го донеле.

Ќе ви дадам едноставен пример. Во рехабилитациониот центар за наркозависници при Митрополијата, наречен „Покров Богородичен“, паралелно со лекувањето на наркозависниците организираме и групи за психолошка поддршка на родителите. Бидејќи видовме дека и на родителите им треба помош за да можат одново да си ги прифатат децата. Сите психолози „прегореа“, т.е. попуштија во групите со родителите. Не можат да издржат. Два-три месеци и креваат раце. Велат: „Доведи ми 50 наркомани, само не ми ги носи овие двајца родители! Не можам! Не можам да се разберам!“ Ние големите, за жал, понекогаш сме толку непристапни и заглавени во своите предрасуди, што наместо да им помагаме на децата, буквално ги уништуваме.

Еднаш бев во манастирот „Свети Ираклидиј“ во Никозија и исповедав. Беше доцна вечер. Една монахиња дојде и ми кажа:

– Во храмот има една млада девојка. Скоро 2 часа седи во аголот, плаче и ништо не ми кажува. Времето минува. Уште малку ќе ги затвориме манастирските порти. Што да правиме со неа?

Реков да ми ја доведат. Девојката дојде, ѝ пристапив многу внимателно, како се викаш, кое е твоето семејство, кои се твоите родители, како дојде тука? Беше дете од едно богато семејство во Никозија. На 6-7 километри од манастирот има едно училиште. Таа си тргнала од училиштето и дошла пешки во манастирот, зашто ѝ било страв да си оди дома, бидејќи имала лош резултат на тестот на училиште. Таа вели:

– Мислев да се самоубијам! Но, наместо да се самоубијам, си реков: да станам монахиња!

Си помислив па добро… Изгледа нејзе сѐ ѝ е исто – та самоубиство, та монахиња, исто ти се фаќа (се смее)… нема голема разлика меѓу двете, така денес си мислат луѓето…

Ја прашав како ѝ се викаат родителите и успеав да ги дознаам нивните телефонски броеви. Ѝ реков:

– Слушај, ако не ми кажеш кои ти се родителите, ќе бидеме принудени да повикаме полиција и да им кажеме дека имаме непозната девојка овде. Не можеш да останеш во манастирот, ниту можеш да станеш монахиња. Ни на таков начин се станува монахиња, ни на таа возраст. Затоа дај ми го телефонот од твоите родители.

Се јавив. Многу достоинствени луѓе, богати и со многу добар социјален статус. Грижливи родители, но со огромни грешки во односот кон своето дете, зашто замислете, оваа девојка толку беше уплашена што не смееше да си дојде дома и да каже: знаете, паднав на тестот! Не смееше зашто нејзината добра мајка ѝ рекла: ако добие повторно слаба оцена, да не си доаѓа дома!

Родителите дојдоа и рекоа:

– Ама ние го правиме ова за нејзино добро!

Да, сигурен сум дека му го сакаат доброто на своето дете, но нештото не е добро ако не станува на добар начин.

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1548
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 982
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »