логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Младешката возраст, таканаречена пубертет, е многу значајна возраст. Тој период може да им донесе на родителите толку болни изненадувања, што тие да посакаат да кренат раце, заплашени од младите, бидејќи не знаат што да прават ни како да се справат со однесувањето на своите деца.

Не би требало да гледаме изолирано на одделните возрасти, т.е. детска, пубертетска, адолесцентска итн. Човекот започнува да се формира од првиот момент на своето зачнување и веќе научно е докажано постоењето на генетскиот код. Денес зборуваме за психологија на ембрионот (пренатална психологија) т.е. за возраста на детето уште во утробата на мајката. Можеме да кажеме дека детето постои кај своите родители уште многу пред да се појави на свет. Сите знаеме колку голем фактор е наследниот; едно дете носи во себе многу особини од своите родители, баба и дедо. Кога ќе го видиме однесувањето и мислењето на едно дете и познавајќи ги неговите родители, баби и дедовци, јасно заклучуваме дека многу негови особини доаѓаат од предците. Затоа човекот не може да се набљудува изолирано – само во пубертетот – и да се чудиме како она толку добро дете, кое во основно училиште беше ангелче, наеднаш во гимназија стана тиранин, со толку тежок карактер. Бидете сигурни дека не се случила никаква трансформација, тоа дете е истото кое било во утробата на својата мајка, кое се родило, пораснало, стигнало до пубертет и подоцна ќе стане адолесцент. Но, факт е дека најболниот период за родителите е пубертетот на нивните деца, зашто на таа возраст за нив е карактеристична желбата да се ослободат од родителскиот надзор и на поинаков начин да гледаат на нештата. Во нивниот душевен свет започнуваат потрагите, сомнежите, отфрлањето, барањето слобода, им се засилува чувството дека трпат притисок од родителите, учителите, од општеството, тие бараат примери, се присоединуваат кон различни групи – спортски клубови, музички бендови итн.

Таа возраст е тешка, но истовремено прекрасна и важна, бидејќи тогаш децата ги поставуваат темелите на кои ќе го изградат целото здание на својот живот. Тука е неопходно големо искуство од родителите, за да можат да дејствуваат правилно во таа бура и во душата на детето да ги внесат сите неопходни и полезни елементи, кои ќе му бидат потребни за тоа правилно да го изгради зданието на својот живот. На таа возраст младите ги преиспитуваат сите оние работи кои како мали ги имале прифатено како такви, односно сето она што им го кажувале родителите, учителите и другите луѓе – дедовци, баби. Без разлика дали тие нешта се автентични, вистинити и нешто што никој не го ставил под сомнеж, тие се сомневаат во нив, ги отфрлаат, ги испитуваат, многу пати намерно ги земаат на потсмев за да ја видат нашата реакција, односно одат во крајности за така да ги испитаат родителите и луѓето околу себе.

Рековме дека во пубертетот децата се склони да ставаат под сомнеж сѐ коешто до тогаш им било зададено како готова вредност – родителите, учителите, Црквата, Државата, полицијата, т.е. општествените институции. Од една страна за многу нешта се во право, но од друга тој сомнеж е многу опасен, зашто ако најпосле не успеат да постават правилни основи, ќе стигнат до нихилизам и ништо нема да ги допира, зашто веќе сѐ отфрлиле. Ја отфрлиле Црквата, училиштето, Државата, семејството, сите тие поткрепи што би требало да ги имаат. И кога ќе  дојде време, кога ќе имаат потреба да се потпрат на нешто, нема да има на што да се потпрат. Тоа е и една од главните причини поради која младите влегуваат во ризични поведенија – насилство, криминал, наркотици.

Коренот на проблемот, сепак, не е толку во младите луѓе, туку повеќе во големите, т.е. во нас – и во биолошките и во духовните родители. За жал, сите треба да ја признаеме својата немоќ и незнаење да комуницираме правилно со нашите деца. Правиме трагични грешки кои сите ги плаќаме – најпрвин децата, но и ние. Не се сомневам дека секој родител си го сака своето дете, му го сака доброто и кога гледа дека детето му се измачува, страда. Но, дури и оној кој не го сфаќа и чувствува тоа, сепак, тој подеднакво носи голема одговорност за таа состојба.

Кога ќе го разгледаме однесувањето на деца и млади коишто застраниле и прибегнале кон наркотици, стигнувајќи до бунт против родителите и системот, гледаме дека тие воопшто не се лоши и тешки деца, туку напротив многу чувствителни млади луѓе и нивната чувствителност ги тера да не ги поднесуваат притисоците, а најмногу лицемерието на повозрасните од нив. Многу пати може и да не се во право, многу пати нештата не се такви како што тие ги сфаќаат, но за жал тие така ги гледаат, така ги чувствуваат, таква слика стекнуваат од луѓето околу себеси и во овој прилог освен нашата одговорност, многу лош фактор се и медиумите. Штетата што медиумите ја прават во тој поглед е огромна. Зошто? Бидејќи постојано го истакнуваат лошиот пример, постојано го покажуваат злото и децата во своите души чувствуваат дека сѐ е лошо.

На пример, еве да кажам за нас, клириците. Младите луѓе имаат најлоша претстава за Црквата. Зошто? Затоа што каков и скандал да се случи, телевизијата, весниците и радиото ќе го кажат тоа сто пати. Едно добро нешто нема да кажат. Нели? Нема да раскажат за грижите за младите луѓе, илјадниците добри дела што Црквата ги прави. Колку и лоши да сме, сепак, имаме нешто добро во нас. Како може да сме толку лоши и да немаме ништо добро? Е телевизијата ќе го покаже она лошото… Тогаш детето го гледа свештеникот и си вели: „Тој ли? Тој е лицемер, лажливец, измамник!“ И толку со него. Или, пак, во некое училиште некој учител да направи нешто непрописно. Веднаш ќе го дадат на телевизија, ќе го разгласат, ќе го исфрлат. Ете како започнува отфрлањето на учителот, а со тоа отфрлањето на сите институции на Државата… Секогаш кога имаме политички избори, еден политичар навредува друг и потоа младиот човек си вели: „Ма што има да им верувам? До вчера се навредуваа едни со други и меѓусебно се нарекуваа крадци, лажговци, предавници, измамници! Не ги сакам“.

(Продолжува…)

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 248
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »