логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 22.06.2018 г.

 

(Исповеди на поранешни наркозависници, штитеници на манастирот Ковиљ)

Знаењето штити од злото на наркоманијата.

Верата и штити и лечи.

Еве ги зборовите на отец Јустин:

Интелигенцијата без добрина е казна Божја, големата интелигенција без голема добрина е вистинско проклетство.

Манастирите се училишта на љубовта. Ја усогласуваат интелигенцијата со добрината.

**

    Секој наркоман чувствува осаменост и недостаток од љубов – вели епископот јегарски г. Порфириј.

    Или им е укажувано доволно љубов, но не успеале да ја препознаат и да ја примат поради подлабоко, суштинско духовно пореметување во однос на животот. Ние во манастирот се обидуваме да ги разбереме; им помагаме да откријат подлабока смисла и причини за своето постоење. Со тоа тие стекнуваат мотивација, не само за борба со дрогата, туку и за животот воопшто.

    Луѓето со проблеми кај нас живеат како и луѓето „без проблеми“. Најпрво им го предочуваме поредокот во манастирот. Потоа – она што го правиме ние, го прават и тие. Доколку успеат да се вклучат во духот на нашиот живот, дотолку ќе ја препознаат неговата смисла и ќе стекнат полза од престојот тука. На утрената богослужба, која трае од 4,30 до 7,30, нашите гости може да присуствуваат дури и иако уште не се крстени. Во 8,30 имаме оброк, а по оброкот заедно вршиме разни дејности до еден часот попладне. Следи одмор, вечерна богослужба во пет, вечера во шест, и последното богослужение (повечерие) во седум. Потоа се повлекуваме во своите ќелии.

– Љубовта, тоа е она најважното – истакнува владиката Порфириј. – Во љубовта е разрешувањето на проблемот на наркоманијата. На човекот со таков проблем, кога ќе дојде кај нас, му укажуваме на смислата на постоење, дека животот е радост, и дека секогаш постои некој кој го сака токму онаков каков што е, безусловно, а тоа е Бог. Кога ќе воспоставиме жив дијалог со таков човек, откриваме пред себе една страшно ранета, нежна и добра човечка душа, која копнее по вечната убавина.

Борба за душата

Јован од Белград има 37 години, а цели 13 години, од својата 20-та, бил на хероин, на игла. Всушност живеел во согласност со дијагнозата „политоксикоман“, со дрога и алкохол наизменично.

Се спасил во манастирот. Единствено тука, три години, не зел ништо, дури ни таблета за смирување.

    Го читав Светото Писмо, сега знам сигурно што е хероинот! – вели Јован.

    Самиот сатана го направил хероинот во својата лабораторија! Најпрво нуди задоволства, лажни, кои човекот ги прифаќа, од себељубие и егоизам. Поривот да се земе дрога доаѓа од гордоста. Мислиш дека луѓето околу тебе не ја сфаќаат твојата величина. Наркоманите се обично талентирани, интелигентни, чувствителни. Исполнувањето на својот дар не го оствариле со потешкиот пат, на потежок начин (со напорно учење, школување, животна борба), туку одат по скратени патишта, како сатанистите. Ех, кога мајка ми би ме однела во црква наместо кај психијатар…
    Со помош на лажното чувство за чувстување на среќа, хероинот го поробува човекот. Низ годините на мачење, му зема сè: здравјето, семејството, парите, а најпосле и душата. Тоа е целта – да ја земе душата! Дрогирањето е поклонение на сатаната! Наутро, во постелата, пред отворањето на очите, првата мисла е секогаш иста: хероин. Како да најдам? Кого денес да го измамам за пари? Потоа, треба да појдам во некое предградие, во полузамрачен и запуштен стан, кај поспан и лут дилер (лут што морал да стане во три часот попладне), кој надмено, дрско и скапо ќе ми продаде малку прав за спас на животот… Делерите обично имаат робови, млади луѓе кои им ги мијат филџаните од кафе и ги празнат пепелниците, ублажувајќи го вечниот неред. Зарем тоа не е предслика на пеколот?

igla vo venaЈован се обидувал да се спаси во белградскиот Завод за зависности во улицата Теодор Драјзер, во Заводот за ментално здравје во Палмотиќевата, дури стигнал и во болницата „Лаза Лазаревиќ“. По десет години дрогирање, постара братучетка од тетка го одведува во црква навечерна богослужба…

    Бев вознемирен, чувствував непријатност, сакав да сум надвор. Братучетка ми ме замоли да се стрпам…

Јован сега знае зошто тоа било така. Полека се „припитомил“, станал дел од Црквата. Одел на вечерна молитва и на катихизис за возрасни во црквата на „Свети Александар Невски“, покрај која е неговата Прва белградска гимназија…

    Ние треба себеси да се оспособиме за да ја примиме Божјата љубов. Многумина не можат да останат овде. Им пречи устројството на добрината, Божјиот ред, како да не се сè уште во состојба да ја примат Божјата љубов…

Јован е крстен во мај 1998 година.

    Нè осакати нашиот борбен атеизам… барајќи љубов, добрина, среќа, младиот човек налетува на дрога. Или на секти. Сектите имаат иста цел како и хероинот – водат директно во пеколот. Почетокот е исто така убав, мил: „Гледаме дека имаш некои проблеми, дојди да ти помогнеме“.

    Кое ропство е потешко, и што е полошо: да бидеш роб на дрога, или роб на секта?

    Тоа е подеднаков ужас!

Јован тврди дека многу лекари кои се занимаваат со лечење на наркомани, не знаат точно каква болест лечат.

    Не знаат колку тешка е таа болест, неизлечива. Медицината смета дека наркоманот е излечен по пет години апстиненција, а јас мислам дека пет години не се доволно. Потребно е повеќе време, можеби онолку колку што човекот се дрогирал! Потребем е долг период на рехабилитација и, сега тоа го знам, молитвен и литургиски начин на живот – за таа болест, не би рекол да биде победена, туку, со Божја помош, да се воспостави и одржува доживотна апстиненција!

    На наркоманот му е потребна љубов, дури можеби и повеќе отколку на нормален човек, бидејќи кај него е засилено чувството на себељубие. Меѓутоа, и тој самиот мора да вложи голем труд, барем дел од огромниот труд што го вложувал во секојдневната набавка на хероин, значи мора да вложи труд во својот црковен живот, во своето спасение. Православната црква никого не го присилува на ништо, само му го покажува правецот кон спасението. Покрај тоа, потребно е трпение и вера. Лечењето мора да биде долгогодишно, со смирение и расудување.

    На почетокот од втората година од престојот во манастир му одолеав на блиското искушение. Еден болен монах, по препорака на лекарот, користеше валорон, така што еден ден забележав две шишенца во манастирската аптека. Порано тоа едноставно би го зграпчил… А сега, го замолив монахот да го тргне валоронот од пред моите очи во својата ќелија. Знаев дека нема да го земам, но толку бев пристрасен кон дрогите, што не сакам ни најмала можност за искушение… Знам еден човек кој шест и пол години не се дрогираше, и потоа пак продолжи. Тешко е тоа. Се сеќавам на себе. Ќе одлучам, повеќе нема. Ќе издржам некое време. Ќе отидам кај трафиката по весник, и одеднаш дилерот ќе ме чукне по рамото: „Кај си бе, ти?“…

    Во манастирот почувствував благодат. Секој ден му благодарам на Бога за ваквиот живот. Учам иконопис. Отсекогаш копнеев по такво исполнување. Имам љубов за тоа, се трудам, и верувам дека Бог ќе ми даде тоа да го работам… (продолжува)

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2013/09/25/lechenje-so-vera/

Друго:

6. Интервју со о. Партениј (I дел) ...

 

 o.partenij21.jpg

 

1. Интервју со о. Партениј ( II дел) ...



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 142
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 342
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »