логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 
Отец Стефан Фриман: Гревовите народни

 

Дали може народот да згреши? Ако може, како тоа да биде простено?

Сториите и пророчките писанија на Стариот завет се преполни со примери на народен грев. Таму има стории за Бог како се справува со индивидуи, но, генерално, Неговото внимание се чини дека е упатено кон Израил и другите народи во целина. Ветувањата и заветите се склучуваат со цел колектив, но и казната паѓа врз целиот народ. Нашето модерно чувство, вкоренето во фундаменталната посветеност на индивидуализмот, се смутува од овој колективен однос. Но, ние не сме првите што се жалат.

Во Битие 18 гл., Авраам се расправа со Бога за градовите Содом и Гомора. Господ се заканил дека ќе ги уништи градовите заради нивните гревови. Авраам го покренува проблематичното прашање;

    „Сакаш ли да го уништиш и праведниот со неправедниот и ќе биде ли праведниот како неправедниот? Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?” (1Мојс 18,23-25).

Со ова, прашањето добило значајно место во мислите на верните уште од самиот почеток. Во разговорот на Авраам со Бога, тој прашува дали Бог ќе ги поштеди оние градови доколку само педесетина праведни луѓе се најдат. Бог се согласува. Продолжувајќи го барањето, Авраам се спушта до 10 праведни (и тука запира). И Господ вели дека ќе ги поштеди градовите заради десетте. За жал, има помалку од десет. Но, ние не полемизираме со Бог дека Тој бил спремен да ги поштеди неправедните за еден грст луѓе.

Постои таинственост во целиот тек на разговорот. Зашто вистината е дека никој од нас не е сам. Никој не е ослободен од дејствувањето на другите. Нашите животи се длабоко поврзани. Ние сме потомци на многу генерации и со нас носиме многу нешта што не се наш избор. Нашето наследство е измешано – и со добро и со лошо.

Отец Томас Хопко овие нешта ги определува како „генерациски“ грев. За да го сфатиме ова, треба да си спомнеме дека гревот не е легалистички проблем. Не станува збор за фер и нефер. Туку за мистично бреме, коешто го доживуваме како долг, пречка, тежина, слабост, скрушеност и расипаност, или како почетна точка на нашите животи. Буквално сè во нашите животи ни е дарувано, и има многу „дарови“ што би сакале воопшто да не сме ги добиле. Тоа е дел од нашето воплотено постоење. Ние сме деца на други. Да се има воплотено постоење во времето и просторот значи да се има тело оптоварено со ДНК на еоните и семејство и култура како производ и носител на историјата. Самото наше постоење е последица на сè што постоело пред нас. Не можеме да кажеме дека ваквото зависно постоење е без последица.

Се разбира, многу историски бремиња станале цел на политичко внимание. Нема човечко битие, ниту етничка или национална група без грев. Некои гревови се неодамнешни и поочигледни од други. И нашите обвинители никогаш не можат да претендираат на невиност. Признавањето на ова не прави ништо околу олеснувањето на нашите бремиња.

Во 20 век, се случија некои забележливи народни злосторства кои, на некој начин, беа признати. Јапонија ја укина војската како одговор на воените злосторства и грешките на Втората светска војна. Германија плати обесштетување на Израел и воведе многу закони кои го укинуваат и ограничуваат злото на нацизмот. Многу воени злосторства беа казнети. Руската влада, без никаков надворешен притисок, не само што призна многу од злосторствата на нејзиното комунистичко минато, но исто така изгради споменици и обнови цркви (честопати враќајќи имоти кои биле одземени) како труд на народно покајание.

Правилно е забележано дека „историјата ја пишуваат победниците“.  Затоа се чини дека полесно се каеме за гревовите на поразените во историјата, а го оставаме пишувањето на победниците. Ако не се разрешат, гревовите на минатото стануваат проблеми на сегашноста. Многу од нашите трајни конфликти во модерниот свет претставуваат векови на неразрешени проблеми и наследено бреме од нашето наследство од предците.

Честопати историското наследство се пренесува со спротивставени стории. Ние не секогаш ги знаеме или правилно паметиме деталите на слученото, но сите предобро го знаеме емотивното бреме на неговата траума. Омразата може да биде многу стара работа.

И токму на траумата сакам да го привлечам нашето внимание. Траума е збор за штетата што ја трпиме во ектремни околности. Таа може да настане како резултат на природна катастрофа или војна – секое време и место во кое сме доведени во опасност, или сме биле повредени, или изложени на ужасни дејствија. Не е можно луѓето да искусат војна, па потоа да си заминат како ништо да не се случило. Војната завршува однадвор, но продолжува однатре. Ова искуство е древно, како и самото човештво. Траумата понекогаш ги остава луѓето емотивно, па и физички осакатени.

Древните луѓе животната траума ја среќавале со литургија – со ритуали, јавни и приватни, кои требало да ги повратат нив во правилна состојба, да го смират гневот на боговите или духовите на нивните непријатели. Колективната свест на целиот народ се поставувала во поредок преку различни дејствија и верувања, кои доведувале до мир и обнова на праведноста.

Модерното време има многу малку вакви ритуали. Секуларната држава, која управува со спротивни и неспоиви групи, нема речиси ништо на што да се повика, а што би служело како катарза или покајание, или дури и благодарење. Спортот (на пример, Super Bowl-от) е нешто најблиску до јавна литургија во модерна Америка, но тој не нуди ништо трансцедентно, ништо трајно. Тој не може да исцелува или да се обрати на народните потреби.

Резултатот на овој недостаток е неспособноста на народите, честопати и на индивидуите, да се излечат од своите трауми. Раните на изгубената војна или историските гревови остануваат неразрешени, еруптирајќи одвреме-навреме како обновена траума во народната свест.

Изучувајќи ја парохиската служба во Богословијата, се сретнав со фразата „повторлив латентен циклус“. Со него се означува борбата во парохијата која периодично се појавува, т.е. истата борба. Можеби ќе се појави околу нов проблем – но сепак станува збор за истата борба. За да се исцели парохијата, потребно е расудување за она што навистина се случува – да се донесе на видело латентното.

Народите (и индивидуите) коишто ги игнорираат нивните рани и жалости не ги оставаат нив зад себе – тие ги донесуваат нив пред себе и бесконечно ги повторуваат своите борби. Според тоа, генерациите кои никогаш не знаеле за првопричината, стануваат несвесни носители на латентното насилство и деструктивноста што ги наследиле.

Иако Православието генерално не го употребува зборот „првороден грев“, со тоа не ја негира реалноста на наследеното бреме на гревот. Студиите на епигенетичарите би рекле дека ние можеби и генетски ги наследуваме овие бремиња.

Лекот што го примивме од Светото Предание за оваа болест е покајание. Секако, многу е тешко народите да се покајат, иако лесно можат да се одржат служби за тоа во православната традиција. Но, срамот поврзан со народниот или колективниот грев честопати се отфрла и прекажува на друг начин. Без покајание, народите се осудени на преживување, повторување или одглумување на горчливоста на нивната траума.

Секако, постои и друг начин. Најпрвин тој бил изразен во пророчките зборови на првосвештеникот Кајафа, додека размислувал за проблемот со Исус:

    „Вие ништо не знаете, ниту помислувате, дека е подобро за нас еден човек да умре за народот, отколку целиот народ да пропадне“ (Јован 11,49-50).

Христовата смрт на Крстот станува јавна литургија за гревовното бреме на Израилот. Секако, Тој бил јавна литургија за гревовното бреме на целиот свет. Во Неговата жртва имало еден одреден принцип – еден човек можел да умре за сите. Не станува збор за некаков легалистички настан како супститут. Туку за тајна на проткајување и заедничарење (кинонија).

„Тој стана она што ние сме, за ние да станеме она што Тој е“, велат Отците. Исто така, Црквата знае дека ние сме повикани кон истата жртва. Погребани во Неговата смрт во Крштението, ние сме со соединето со самото Негово распетие.Соединети со Него во гробот, патешествуваме со Него во Адот, и таму храбрите души се застапуваат за гревовите на целиот свет, и со Него ги ослободуваат душите. Старецот Софрониј ваквите храбри души ги нарекува Христови „пријатели“.

Барем колку за време на животот на Авраам, сме имале застапници што спасувале градови и народи од нечестивите. Нивните молитви биле дејствени, затоа што се молеле соединети со едниот посредник и вистински застапник, Христос нашиот Бог.

Авраам бил Божји пријател. Кога Бог го посетил, му рекол:

    „Зар да сокријам од Авраама што ќе направам, зашто Авраам со сигурност ќе стане голем и силен народ, и сите народи на земјата ќе бидат благословени преку него?“ (1Мојс 18,17-18).

Ова е Божјото претставување на Авраам како застапник за народите. Најголемите Божји пријатели секогаш ја земале оваа застапничка улога. Преку Христа и молитвите на нашите Свети Отци. Бог го запазува светот и ги спасува народите од целиот товар и тежина на нивната историја.

И така, постојат два вида на луѓе: оние што се тежина на историјата и оние што Му се присоединуваат на Христа со покајанието и ја носат тежината на историјата. Последната улога е вистинскиот живот на Црквата и нејзиното срце што се моли: „за сите и за сè“.

отец Стефан Фриман  

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

 

Друго:

Со нас е Бог

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1093
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1660
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1093
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »