логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Mixing-Religion-And-Politics

06/11/2015   Поуки - совети

Во поново време политиката во нас се претворила во еден вид метафизика и нова религија, егзотичен опиум за широките маси. Тоа е Молох, кој голта сѐ. Политиката продира во сè. Присутна во сѐ и кај секого. Сè ѝ е подчинето и насочено кон неа. Сè црпи сила и моќ од неа.

Во таа религија на современоста, врховно божество (pontifex maximus) е партискиот водач. Избран народ и највисока вредност е партијата; врвно добро е здравата и ефикасна организација; највозвишениот морал е обожувањето на водачот  и статус кво – то; најголемата слобода е оддаденоста на партијата и тоталната обезличеност. Звучниците се „апостолите на новата религија“. Најпрофитабилна работа е да бидеш член на партијата, највозвишена убавина е величање на партискиот водач, главниот и извршен комитет (на партиските светители) и бизнисмени; најголема директна обврска е да немаш сое ЈАС (свое мислење и проценка), а тоа ЈАС, на партијата, и да го говориш она кое водачот го мисли и посакува; најбрилијантните интелектуални достигнувања се најуспешните апологии на сезнаење на партискиот водач и на сите негови постапки.

Партиите имаат свои „свештени книги“ (праграма, статус), „икони“ (постери на водачите), „храмови“ (седиштата на партиите, месните комитети), „празници“ (денови на основање на партиите), „ритуали и торжества“ (митинзи). Најмногу ценети се интелектуалците и научниците, кои корисно ја пропагираат „мислата на власт“. Тука се и светите зборови-мантри: „волјата на народот“, „човечкови права“, „демократија“, „пазар“, „Европа“, „државен интерес“… Неистомислениците се непријатели. Оној кој ќе ја напушти партијата е еретик и поопасен од неистомислениците. „Спасението“ на народот настапува кога „тие“ ќе дојдат на власт, а  „рајот“, кога ќе се влезе во Европа и кога „овие“ веќе нема да се на власт. Деновите на „избори“ се претвораат во апокалиптично време.  Тоа се „пресудни дни“, „денови на живот или смрт“. За да се завземе власта или да се остане на власт, е допуштено сѐ: сите методи за перење на мозоци, фалсификување, лицемерие, алчност, разни обиди, клевети. Задолжително е: јавно да се застапуваме за општите работи за доброто на државата и народот, а на практика треба да го направиме личниот интерес и интересот на „својата“ партија.

Присуството на новата религија, насекаде и на секое место, го обезбедуваат медиумите. Тие нејзе ѝ посветуваат повеќе внимание, време и место, отколку на сѐ друго (а и останатото, малку или многу е зачинето со политика). Медиумите во најголем степен се „слуги“ на апостолите и проповедниците на празните зборови и слогани, на слободата на безчестието, навредите и клеветите. Тие во најголем степен служат на луѓе кои сами се рекламираат, кои самите себе се претвориле во религија, кои немаат добри зборови за никого, ниту лоши зборови за себе. Оваа нова религија е религија на разурнувањето, дисперзија, дезинтеграција, таа е способна да произведе само губитници и незавршени луѓе. Судејќи според „агитацијата“ и дејството на нашите партии од минатото, би можеле да им завидуваат на повеќето од тоталитарните секти.  За да заведуваат и добијат некого, е дозволено сѐ: подкупи, изнудување, лажни ветувања, страв, демонизирање на неистомислениците, создавање на паника и безнадежност. Сето тоа се прави во името на „светите идеали“: „Европа“, „светлата иднина“, „благосостојбата на народот“. И така со неверојатна брзина, успешно и ефикасно, се бришат границите меѓу вистината и лагата, доброто и злото.

Со политиката како религија и метафизика (а и со религијата како политика), како што вели еден сатиричар, „не треба да се грижиме за иднината, затоа што ја немаме“.

 

Автор: проф. д-р. Радован Биговиќ

Превод од бугарски: богослов Дамјан Трпкоски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 499
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »