логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 d181d182d0b0d180d0b5d186-d0bfd0b0d0b8d181d0b8d0b9-d0b8-d0b4d0b5d182d0b8

 20/10/2015   Поуки - совети

За чувствителниот човек е подобро самиот да загине – за да го заштити својот ближен, отколку да покаже негрижа и кукавичлук, па целиот живот да го мачи грижа на совеста. Еднаш, за време на граѓанската војна, во некоја воена операција бунтовниците нѐ одвоија од селото. Војниците фрлаа коцка за кој да оди во селото да земе некои работи што ни беа потребни. Тогаш им реков: „Јас ќе одам“. Ако одеше некој неискусен или невнимателен, можеби ќе го убиеја, а после ќе ме мачеше совеста. „Подобро да загинам јас отколку некој друг, а после цел живот да ме мачи сопствената совест. Како би живеел со тоа? Совеста ќе ми говори: ’Можеше да го спасиш. Зошто не го направи тоа?’“ А уште и постев и бев гладен… Тогаш командантот ми рече: „И јас би сакал ти да појдеш, зашто ти и ѓаволот на мраз ќе го потковаш, но прво треба да јадеш за да имаш сила“. Зедов пушка и тргнав. Непријателите мислеа дека сум од нивните и ме пуштија да влезам. Дојдов во селото и влегов во една двоспратна куќа. Таму најдов една старица. Таа ми даде сѐ што ми беше потребно и така се вратив кај моите.

Човек во тешкотиите полага испити. Вистинската љубов и пожртвуваност се пројавуваат во тие моменти. И кога велиме дека некој има дух на самопожртвуваност, мислиме на тоа дека тој за време на опасности не мисли на себе, туку на другите. Дури и поговорката гласи: пријателот во неволја се познава. Ако сега, не дај Боже, паднат бомби, ќе стане јасно кој мисли за другите, а кој само за себе. Оној што научил да се грижи само за себе, во некоја неволја повторно ќе се грижи само за себе, па Бог нема да се грижи за него. А ако некој уште од рано научил да не се грижи за себе, туку за ближните, и во време на опасности ќе се грижи за другите. Тогаш станува јасно во кого има дух на пожртвуваност, а во кого дух на самољубие.

Ако човек уште сега не почне да принесува некоја жртва, да жртвува некои свои желби или егоизам, како мисли во некој тежок момент да го жртвува својот живот за ближниот? И ако сега се плаши од трудот и гледа на некоја работа случајно да не се умори малку повеќе од некој друг, како мисли да ја достигне состојбата да се турка да загине тој, а не неговиот ближен? Ако сега, во некои ситници мисли на себе, како ќе мисли на ближните во моментот кога животот ќе му биде во опасност? Тогаш ќе биде многу потешко. Ќе настапат тешки години и таквиот човек, гледајќи го својот сосед како лежи со температура насред пат, ќе го остави така да лежи и ќе замине по некоја своја работа. Ќе рече: „Подобро малку да прилегнам за и мене да не ме снајде истото“.

Оние што живеат јуначки никогаш не умираат. А без јунаштво ништо не може да се направи. Знајте дека секој човек што верува истовремено е и храбар! Што сѐ не претрпел кутриот Маркијанис![1] И тоа во какво време!

Од маките и напрегањата што ги преживеал изгледало како постојано магла да излегува од неговите очи. Живеел во тешки времиња и од сострадалност и љубов постојано се жртвувал. Никогаш не мислел на себе, никогаш не се грижел за себе. Борејќи се за татковината, не се плашел од смртта. Настаните ги доживувал духовно. Ако бил монах, верувајте дека немало многу да се разликува од свети Антониј Велики. Без да обрнува внимание на своите рани и повреди, правел по три илјади метании дневно. Кога правел метании, раните му се отворале, цревата му паѓале, а тој ги враќал на место. Мои три метании вредат колку една негова. Со солзи го наквасувал подот. А ние да сме на негово место ќе побрзаме во првата болница за медицинска помош!

Преподобен Паисиј Светогорец

 
[1] Јанис Маркијанис (1797–1864) – генерал-мајор, национален херој на Грција. Еден од најпожртвуваните борци против Турците во периодот на грчката револуција (1821–1830). Автор е на „Сеќавања“ за револуцијата и ослободителната борба. Животот на Маркијанис претставува пример за пожртвувана христијанска љубов кон Бог, кон ближните и кон татковината.

 Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1486
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 940
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »