логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ЗOШТО Е ДОБРО МAЖОТ ДА МИРИСА НА ВЕТАР, А ЖЕНАТА НА КУЌА?
 
ПОЗНАТИОТ РУСКИ СВЕШТЕНИК И ПИСАТЕЛ ОТВОРИ ТЕМА НА КОЈА  И НЕКОИ ЖЕНИ-ВЕРНИЦИ, КОИ  ДОАЃААТ  ВО НЕГОВАТА ЦРКВА, СЕ МРШТАТ
 
Пишува: Андреј ТКАЧОВ, свештеник и писател



Мажот секаде треба да биде напред. Така Бог наредил. На мажот треба да лежи основниот товар на надворешниот живот, додека на жената се става внатрешниот, семејниот  товар.

Бидејќи жените не само што раѓаат мажи, туку буквално и ги „произведуваат“, време е доброволно да се одречат од борбата за првенство и без борба да му го препуштат на мажот. Освен тоа, жената е должна (дури и заради лична среќа) на секој начин да помага, во мажот, синот и братот да ги воспитува особините на лидер, глава на куќата, на одговорен и стрплив човек. За жал, оваа елементарна работа ја разбираат многу мал број луѓе.

 
Зарем мажот е создаден само за тоа биолошки да ги усреќува ќерките правејќи ги мајки; дарувајќи им на жените радост во постелата и заработувајќи пари (пожелно е големи), а во останатото, молчешкум да стои настрана?

 
„(Тој) храни, љуби, облекува, гали, милува, на ништо не противречи, зашто, јас сум - газдарицата“

- Девојки, тоа не е  фантазија за реален маж, туку за Мачорот во чизми, кој е мек, мил, а според занимањето – чуда прави
 
Спремен сум да сослушам праведни приказни за тоа какви се денес мажите и дека „ само едно им  треба“ итн. Но, истовремено, разбирам дека сета конфузија на животот е плод на конфузијата на умот и дека во него треба да се изведе евангелска револуција.

 
ПОСТОИ само една револуција која јас ќе ја прифатам и ќе ја благословам: револуција на која ќе ѝ  се израдувам.
Тоа е револуцијата  на свеста. Притоа, не било која револуција, туку евангелската.

 Евангелската револуција на свеста.

Што  значи тоа?

Тоа е нивелирање на смислата и помислите во внатрешната ризница на човечкото срце. Она што е достојно да биде прво, се поставува на прво место, второто – на второ и така натаму. Тоа е многу потребно бидејќи обично кај човекот паметот е назад, а нозете растат од ушите, заради што целиот живот неминовно се заплеткува во безизленост.
Бог прв го создал мажот, а  жената – втора. Тоа е општопозната вистина, но битно е да се стекне навика и да се изведуваат практични заклучоци од општопознатите вистини. Поинаку, вистината ризикува да стане теорија која воопшто не влијае на животот.
Така, на нашиот живот не влијаат  правилата и знаењето колку километри ја дели Месечината од Земјата. А, еве уште еден пример.
 
Ние, свештениците, за еден месец, уште повеќе за една година, исчитуваме квинтали ливчиња со имиња и молби да се помолиме. Тоа е обична работа – ливче со  белешка за семејна благосостојба.
 „За мир и слога во семејството (се наведуваат имиња, тој и тој)“.      
Обична работа  е на ливчињата да се прочитаат имињата на сопружниците напишани со следниот редослед:
Татјана и Сергеј; Марија и Петар; Јелена и Ѓорѓе...
 О, Господе Исусе! Зошто, речиси секогаш и секаде, женското име е пред машкото, како да е главно?
Па, не е Адам од жената, туку жената од Адама. 
    
Може вие да кажете: не се фаќајте за ситници! Но, тоа е привидно ситница – редоследот на имињата открива и ја прави очигледна вкоренетата болест на свеста. Се осмелувам на овој пример да кажам дека свеста на нашите парохјани се покажува или како феминизирана или како обезбожена.      
Тоа, дека Адам постанал пред Ева, тие го знаат, но понатаму не донесуваат заклучоци и пишуваат Марфа, пред Спиридон.
Браќа и сестри! Кочијата не смее да стои пред коњот, ако сакаме да се возиме, а не само да стоиме во место.
„Сергеј“ и во животот и во белешката и на ливчето, треба  да стои пред „Јелена“, а не зад неа.  Исто такви односи се и меѓу Иван и Марија, Петар и Наталија.
Не треба да  се бара оправдување во тоа дека „мажите денес веќе не се како порано“ и слично на тоа. 
Тој не е како некогаш, затоа што целиот живот го живее под здолништето на својата мамичка и зад грбот на жената.
Тој не се жени, зашто многу често, секогаш во домот има од пензијата на мама за топла супа, а кошулата ќе ја исперат старечките раце на истата таа мајка. Во таков случај, мајката е само спонзор на инфантилниот неработник, но обиди се тоа и да го докажеш. И ако тоа дури ни луѓето од црквата не го сфаќаат и не изведат животна констатација, тогаш што треба да се каже за луѓето за кои Библијата е само книжевен споменик.
     
Мажот секаде треба да биде напред. Така Бог наредил. На мажот треба да лежи основниот товар на надворешниот живот, додека на жената се става внатрешниот, семејниот  товар.
Може да се рече дека мажот мириса на ветар (тој работи на надворешните граници), а жената на – огништето (врз неа е грижата за куќата).
 И бидејќи жените не само што ги раѓаат мажите, туку буквално ги „произведуваат“, време е доброволно да се одречат од борбата за првенство и без борба да му го отстапат на мажот.
Освен тоа, жената е должна (дури заради лична среќа) на сите начини да помага во мажот, синот и братот да воспитува особини на лидер, глава на куќата, на одговорен и стрплив човек.
Таа елементарна работа ја разбираат мошне мал број луѓе и заради тоа душата навистина боли.
 
Еве слика од секојдневниот живот. На маса се семејство верници кое го сочинуваат млад маж, неговата жена, мајка ѝ на жената и мало дете. Тештата прво го сипе јадењето во чиниите и првата чинија му ја дава на најмалиот!
Мажот, главата на семејството, ѝ вели на тештата:
„Мамо, првата чинија – мене. Не затоа што јас сум најдобар и најубав.
Едноставно – јас сум глава на семејството и овде единствен возрасен маж.
Мамо, првата чинија, - мене! Втората – вам, потоа на вашата ќерка и дури потоа -  на детето“.
Тоа се апсолутно правилни зборови, изречени со библиското спознание на верната душа. Но, знаете каква била реакцијата на тештата?
 Сигурно претпоставувате. Имало многу воздишки и искрени недоумици, зад чијашто фасада се чита:
„Децата се – наши богови, тоа се нашите домашни идоли, заради нив живееме“.
А зетовците се – простаци и грубијани, вообразени и тврдоглави“.
 „Што сум јас должна да го служам и уште да го слушам?“
А тие, жените, така и своите ќерки ги учат:
 биди самостојна, не му угодувај премногу на мажот и друго.
 
Оние кои мажите ги оставиле или тие самите од нив си заминале, ги учат ќерките на самоволие и секојдневен феминизам.
А потоа се чудат: зошто ќеркиното семејство се распаднало?
Подоцна, молејќи се за веќе распаднатото семејство, пак по навика ја пишуваат „својата Света“ пред Вања којшто е „зет“.
 
Човечкото срце не може без болка да ја прифати библиската вистина според која ние сме им на своите деца само до бракот најблиски луѓе.
По женидбата на синот и мажачката на ќерката стапува на сила Божјата реч:
„Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело
(Прва книга Мојсеева (Битие), 2: 24).
 
 А мајката и таткото сакаат и по склучување на бракот на нивните деца, да останат во главните улоги, спорејќи со Бога и мешајќи се во животот на возрасните деца.
Прераскажувајќи го неодамна овој случај за тештата која не размислува правилно, инаку оди во црква, и за зетот кој изговорува правилни, но необични зборови, видов во слушалницата израз на негодување на лицата на жените.
Слушаа внимателно и несакајќи се мрштеа како од забоболка.
Се гледаше како неочекуваните и едноставни зборови на оваа необична приказна гребеа по нивното гордо срце.
Се гледаше дека тие самите одамна и самоволно се поставиле себеси на главното место во своите семејства, се навикнале да командуваат и одлучуваат, навикнале или со викање или со солзи да си го постигнат своето.
Тоа беа обични и добри луѓе верници.

 
Ако детето е – главна вредност и ако жената со сè управува и командува, тогаш, каде му е местото на мажот?
Какво место нему ќе му доделите во замена за поранешното и природното – господарското?
 
Зарем е створен само за тоа биолошки да ги усреќува ќерките правејќи ги мајки; дарувајќи им ги на жените радостите на постелата и заработувајќи пари
(пожелно е многу), а во останатото молчешкум да си стои настрана?
Дали е тоа сè?
И, научени од своите мајки и подучени од женските списанија, зарем илјадници девојки кои сакаат да се омажат потсвесно не мечтаат и не се молат токму за таа „среќа“?
„Храни, сака, облекува, гали, милува, во ништо не противречи, зашто, јас сум – газдарицата“. Девојки, тоа не е мечтаење за реален маж, туку за Мачорот во чизми, кој е мек, мил, а според занимањето – прави чуда.
 Со таков сон за бракот, ќе морате да останете неомажени или во очајание на крајот да се омажите за постар вдовец.
За така да не се случи, во сништата за бракот треба (сништата се неминовни, тие се природни кои во себе не носат грев) да се внесе библиската идеја на служење, доброволно смирение и невидливата улога.
 
Посакувај да станеш сенка на својот маж,
посакувај да станеш негово ребро и да се населиш на природното место – поблиску до неговото срце и под закрила на телото.
Посакувај себеси да му се предадеш нему, за подоцна да се откриеш во мајчинството.
 
Тогаш, идната среќа од категоријата на невозможното, преминува во категоријата на можното и избраното.
Јас немам илузии за квалитетот на нашиот секојдневен живот. Спремен сум да ги сослушам праведните приказни за тоа какви се денес мажите и дека
„само едно им треба“ итн.
Но, истовремено, разбирам дека сета конфузија на животот е плод на конфузијата на умот и дека во него треба да се изведе евангелската револуција.
Треба само сосема малку да се приближиме до библиските значења и да настојуваме од нив да донесеме заклучоци дека нашата секојдневна свест веднаш почнува да се буни и да се нервира.
Тој бунт е разоткривање на нашето тајно, прикриено безбожништво.
 
Наведениот пример не е единствен. Тој само во сеќавањето и во слухот е како најсвеж. Нам суштински ни е потребна промена на начинот на мислење во оној тежок и спор труд на преуредување на човекот однатре, за да ни станат сфатливи зборовите на апостолот:
 
„А ние имаме ум Христов“ (1 Кор. 2: 16).


Превод од српски: Мирјана Даниловска Мина
 
Категорије:
Святая Русь



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1097
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1664
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1098
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »