логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Маката ги тера да грешат

 

ОД ОДЕЊЕ ПО БАЈАЧИ И ГАТАЧИ СТИГНУВААТ ДО ПСИХИЈАТРИЈА

 

Во Македонија има голем број бајачи и гатачи кои наводно можат да ви помогнат ако имате здравствен проблем, да ви помогнат да најдете работа,да најдете решениеза вашите љубовни проблеми или да уништат некоја магија ако ви е направена. Од црквата предупредуваат дека не треба да им се верува на овие лица и дека таквите треба да се избегнуваат.

Голем дел од нив тврдат дека на сон им се прикажало да изградат црква на одредено место да откријат некоја света вода и така затскривајќи се свесно или несвесно зад религијата тие ги мамат луѓето да побараат од нив помош за својата мака, а се разбира, услугите ги наплатуваат.

 Окултизмот е опасна работа

-  Окултизмот е највисоката пројава на паганизмот. Тоа е демонизам во најсуштинската смисла на зборот. Тоа е кога имате контакт преку ритуали со паднатите демонски сили. Конкретно, имате контакт со нив, имате врска и тие ви даваат моќда гатате, да бидете маѓепсник. Некои луѓе добивалетаква моќ од демонските сили со која можеле да прават чуда. Човекот се поврзува со нечистите демонски сили што го користат како медиум, како преносник, а тоа е опасна работа, вели презвитер Ивица Тодоров, свештенослужител во МПЦ-ОА.

Има разни бајачи и гатачи кои се измамници и кои тоа го прават само поради материјален интерес, да заработат пари. Но, голем дел од нив се оериозни бајачи и гатачи кои сониле да изградат црква, да откријат света вода или добиле дарба да претскажуваат. Многу од нив велат дека имале контакт со некои од светителите, како на пример свети Ѓорѓија, Богородица, света Петка, кои им наредиле да претскажуваат, не им давале мир во умот, слушале гласови и ги терале да им служат, во спротивно ќе ги казнат.

-  Кај лицата што немаат врска со христијанство, со духовност и светост, тоа може и да помине оти немаат сознанија што е тоа свет човек Многумина имаат погрешна претстава за светителите. А свет човек значи човек исполнет со љубов, добрина, нежност, ослободен од зло. Тој е сличен на Бога. И сега, замислете, таков човек да дојде да ве мачи? Тоа, секако, не е можно, вели отец Ивица Тодоров, кој објаснува дека тоа се демонски сили кои сејавуваат вотаква форма за човекот полесно да ги прифати.

-  Не случајно апостол Павле вели дека тие се јавуваат во форма на ангел, вели отец Ивица.

 Ѓаволот не помага, туку уништува

Тој, пред неколку месеци одржа предавање во Куманово под наслов „Зошто Бог заповеда да се отклонуваме од демонската стапица на суеверието, окултизмот и паганизмот“, а и често преку социјалната мрежаФејсбук“ предупредува на опасностите од одењето по бајачи и гатачи.

-  Куманово го избрав зашто, не дека другите делови од Македонија стојат нешто подобро, таму долго време се вгнездени овиесуеверни, гатачко-бајачки, пагански, окултистички моменти. Многу е интересно дека по предавањето, многумина кои имале контакт со такви лица ми се обратија на телефон. на „Фејсбук" и кај мене во црквата за да ми кажат дека сфатиле дека биле во сериозно духовно ропство кое кај многумина причинило сериозни душевни и ментални нарушувања. Некои од нив завршиле и во болница. Многу од нив имаат крајно нарушени брачни и семејни односи, затоа што кога имаш работа со ѓаволот, тсј нема да ти помогне, туку има за цел да теуништи. Една тотална деструкција. Злото знае да се маскира. Многу од овие гатачи, бајачи, јасновидци, ставаат икони, градат цркви и со тие нешта ги заведуваат лекоумните и лесноверните, кои, пак, одејќи кај нив навлегуваат во една крајно проблематична душевна состојба, вели отец Ивица.

Тој е благодарен што многумина од МПЦ - ОА сериозно се загрижени за таквата состојба и сериозно работат ова зло да се искорени.

 Бајачите и гатачите како наркодилерите

Плодовите се евидентни. Ако направам една анализа во однос на нештата како беше пред 5 или 10 години, а како е сега, има голема разлика, но ова зло с* уште нее искоренето иако е намалено. Но, што да правиме. Има луѓе кои се на низок духовен и ментален степен и интелектуално се на таа состојба која се, а исто така не ја познаваат верата, и овие луѓе ги манипулираат, вели нашиот соговорник.

Отец Ивица вели дека кај лицата кои одат на бајачи и гатачи се јавува страв, имаат немирен сон, многу често сонуваат како некоја темна сила ги притиска, таа продира во нивниот ум и им уфрла зборови, депресивни се, невротични и Бога го доживуваат како полицаец.

Тој зависноста од одење на бајачи и гатачи ја споредува со купување дрога од наркодилери.

-  Опасноста е иста, последиците ое исти, а тоа ое нервно-психијатриските клиники и прочистување и од едното и од другото. Кога ќе се навлечете на дрога, на почетокот доживувате некакво задоволство. Исто се случува и во рамките на суеверието и окултизмот. Луѓето за вториве имаат позитивно мислење с* додека не ги видат последиците во својот дом од практикувањето на нештата од разните бајачи и гатачи. Кај оние зависни од дрога, зависноста се гледа. Оној што ќе се навлече на дрога има потреба цело време да ја купува, да ја консумира за да ја одржува таа состојбата на лажно задоволство. Кај оние што се навлекле на бајачи и гатачи, последицата е стравот, опседнатоста со тоа што ќе им се случи, од кого ќе им се случи. Бајачите и гатачите им велат дека ќе им кажат од каде им е проблемот, кој им направил магија и луѓето почнуваат да чувствуваат страв. Тие им тврдат дека знаат да им ја „разбијат* магијата. Човекот кога повторно ќе се соочи со проблем, нема да го лоцира во себе, туку пак оди кај бајачи и гатачи и така се создава зависност од нив. И наркодилерите и бајачите и гатачите ги носат луѓето во душевна пропаст, вели отец Ивица.

 

ПРОЧИСТУВАЊЕ СО ПОМОШ НА СВЕШТЕНИК

 На лицата што одат на бајачи и гатачи може да им помогне духовен раководител кој може да ги доведе во ред.

-  Најдобрата заштита од суеверието или празноверието е својата вера да ја исполниме со целосна љубовна доверба кон нашиот Отец Небесен преку Неговиот Единороден Син и нашиот Господ, Спасител и Учител Исус Христос во Светиот Дух и во Светата Црква. А тоа значи дека е потребно целиот наш светоглед и вредносен систем да го втемелиме на Божјата вистина, откриена и запишана во светите книги на Стариот и Новиот завет и засведочена од безбројните праведници и светители, како од старозаветниот, така и од новозаветниот период. Само така најсуштински ќе ја доживееме радоста на нашето духовно ослободување и ќе го разбереме советот на нашиот Господ Исус Христос кој е запишан во евангелието според Јован: „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици, и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи“, вели отец Ивица.

Инаку, на Шестиот вселенски собор било одлучено, ониехристијани кои се обраќаат кон таквите што прават магии, или кон таквите стоначалници (јасновидци, бајачи) за од нив да дознаат нешто што сакаат да им се открие, или да им се исполни некаква желба, по силата за претходните за нив заповеди од отците, истите нека подлежат на правилото кое за нив определува шестгодишно покајание.

- Замислете какви последици носи суеверието, паганизмот и окултизмот ако е потребно толку време, односно шест години, за човекот духовно да се очисти, вели отец Ивица.

 

Ирена Радовановиќ за МИА

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 732
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »