логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Batmobile_007

 09/06/2015   Актуелности, Поуки - совети

Парохискиот свештеник е нешто сличен на докторот. Преоптоварен, изморен, трча наваму-натаму, дали било тоа на причест на болен, или на погреб или на крштевка… Жена му дома  често не го гледа, од што и оправдано се лути. Тој е буквално кажано, како отепан. Време и сили нема за ништо.

А работата секако е важна, и тоа доста важна. И кај докторот и кај свештеникот.. Па не се тие фудбалери или некои современи модерни пејачи.

И тука нечија болна имагинација постојано го портретира свештеникот како ништо друго, освен како човек во “Мерцедес”.  Разочарувачки и навредливо, искрено кажано. Вие многу ли доктори сте виделе во “мерцедеси”? Има, секако, и доктори кои возат многу скапи коли, ама тоа точно не е доктор од селската болница или некој педијатар од локалната амбуланта.  И сметајќи го  фактот дека има и “црни трансплантации” (на органи) и доктори-хирурзи кои транформираат  од “чичко” во “тетка” и обратно, некако не ми се превртува јазикот да кажам дека сите лекари не „исцелуваат”. Но сепак, нè лечат, нè спасуваат, нè оперираат, консултираат.

Како и да е и покрај се, на свештениците сепак им успева да не „исцелат” од секаква нечистотија. А зошто е тоа така?

Гледаме дека кај лекарите често одиме за да ги прегледаме нашите смртни тела. Викаме “А-А-А”  со лажичка во устата, ја извршуваме наредбата “Дишете- Не дишете” и така натаму. А со Црквата сме запознаени оддалеку, како што сме запознаени со романот  “12 столови” од Отец Фјодор Востриков или со бајката од Пушкин “За свештеникот и неговиот работник Балда” (*кај нас би било: Итар Пејо, попот и алвата). Од тука, не им е познато на нашите сограѓани  неверници дека повеќето свештеници живеат скромен живот, и патуваат со комбиња и автобуси.

А и каква разлика има тоа, на што патуваат тие? Каква разлика ќе има тоа со што патува докторот, ако јас сум дојден кај него да се лечам?  “Ма, на што сакаш патувај, само болеста помогни ми да ја излечам”- јас мислам така. И тука е сè јасно, затоа што со личната телесна болка и со стравот за животот на своите блиски сите се  запознаени до некоја мера. А ете, со болеста на својата душа, и со гнилоста внатрешна не секој е запознаен. И токму тие кои што не се запознаени, постојано ги влече кон тоа да најдат некакво зло, кое ќе можат да го обвинат, надвор од нив. На таквите незнајковци т.е. тие кои не знаат дека злото во нив самите живее, еднаш одамна младиот Мамонов им пееше: “Не ги убивај мувите! Изворот на заразата си ти!”

За свештениците е жално, разочарувачки жално воопшто кажано.  Зашто  меѓу народов веќе нема такви професии на кои би се восхитувале. Геолог, космонаут, научник, полицаец, педагог, доктор…. Затоа што тие имиња на професии порано биле дадени на луѓе кои се стремеле  кон општа полза, љубов кон народот и идеја за развивање на трудот. Во тоа време  – “Кој бил рударот?” – Храбар  човек, кој работи под земја, за во нашите домови да биде топло. “Кој бил учителот?” – Учен и добар човек, кој на децата им ги отвора вратите кон светот и.т.н.   А денеска? –  “Кој е  рудар?” – Оној сиромашниот, кој се спушта под земја, работи за безпари и сака да се избави од работата зашто му е преку глава, но не може, нема каде да оди. “Кој е учителот?”- Тој е несреќник кој работи за малку, и  ја истура својата огорченост врз децата.  А “кој е полицаец?” Бандит, само во униформа. А “политичар?” – Исто, бандит само не во униформа, а во костум.  И така до бесконечност.

Старото поколение не го почитуваме, затоа што живееле во тоталитаризм, а денешното не го почитуваме, затоа што насекаде има крадци и арамии.

Интересно, а како при таков поглед на нештата во светов, можеме сопствените деца да ги научиме да се почитуваат себеси, ако никој никого во принцип не почитува, туку презира?Како при ваква парадигма на нештата да не ги праќаме старците во дом за старци кога ќе пристигне нивното време?

Еве пристигна  и вашата  прва лекција. Слушајте сите вие, кои останатите ги судите и карате, а себеси се фалите! Слушајте сите вие, на кои ништо во овој свет не ви е свето, освен банковската сметка! Инвестирајте во домот на стари лица, додека не е касно. Не е исклучено, дека и вие ќе  ја доживеете староста таму. Или променете го погледот кон светот![1]

Беда и неправди има околу нас многу. Кој може да противречи на тоа?
Но, ако го гледаме само туѓото зло, нема ли да испадне така што, оној кој ги критикува луѓето околу себе би помислил дека е ангел посреде толпата на грешните? И тој е гневен, справедливо гневен, против злото. Тој знае, кого и за што да го искара. О, посакувам да видам такви луѓе-ангели во  поголем број,  покажувајќи на праведното од Бога. Долго ги барам, но не ги наоѓам, искрено да кажам. Зашто, има разлика, таквите луѓе кои критикуваат праведно, имаат својство притоа да се молат на Бога, а луѓето што само критикуваат не се молат. Ангелот-човек не колне, не злослови, како што Архангел Михаил дури ни на ѓаволот «не смеел да му изрече казна и да го осуди, туку му рекол: Господ да те казни!» (Јн. 1:9). А они кои не го познаваат Словото – “одат по патеката на гнасните похоти на телото, презирајќи  ги  повисоките од нив, притоа немајќи страв, храбро да злословат за нив”. (2 Пет. 2:10)
И повторно се враќаме кон тоа, дека човек станува нервозен, гневен, полн со завист и Словото Божјо не го разбира, инаку не би барал раска во очите на другиот, туку би видел колку самиот е грешен.

И добро, ајде да го оставме тоа дека не го знае Словото Божјо овој “праведнољубец”. И Библија има, но ученик е беден. Барем историјата на својот народ треба да ја знае. Треба, но не ја знае. Или можеби заборавил дека, ”прекраснодушните мечтатели” разрушувајќи го предходниот неидеален царски систем, донесоа со своето безумие и опседнатост за власт, таква  ретка банда на неранимајковци, која на милиони луѓе, капка по капка, крвта им ја исцицаа. Или заборавивте? Или меморијата ви е слаба? Па тоа беше сосем неодамна. Или пак со дрвата на туѓа печка пак ќе се топлите? А знаете ли дека човекот на светот не гледа објективно, туку преку очилата на своето грешно искуство?

Еднаш, во еден манастир видов монах, кој во вечерната темнина помина преку оградата и се упати кон селото. Еден би помислил “Овој блудник отиде во светот да твори блудни работи”, истата слика некој друг да ја видеше би рекол “Овој е крадецот меѓу браќата, сигурно отишол да украде нешто”. Трет би помислил  “Ова е Божји слуга, отишол во темнината милостиња на народот да дава”. А зошто, се прашуваме, на една иста слика има три различни реакции? – А, затоа што секој по себе судел.

За оној што е блудник, преку својата призма и цел свет го гледа како таков. Крадецот целиот свет го гледа дека краде. За слугата Божји – цел свет угодува на Создателот. Ајде да се провериме и ние  по тој пример. Ако нам ни се чини дека сите крадат, значи дека крадецот се наоѓа внатре во нас, во нашето срце. Ако според нас сите се блудници, значи дека и ние сме самите такви. И ако денеска или мене или тебе на власт нè стават, како во анегдотата “ти ќе станеш јас ќе седнам”, ох тогаш би го изненадиле светов со нашата “несебичност”. Јас дури и сега гледам како ние,  како  денешни  борци (против злото), покажуваме  пример на  “трудољубивост, чистота и човечност”.

Центарот, кај нас во градот, на Нова година го разукрасија  насекаде со светилки – како рај за очи го направија. И ете, еднаш  кога патував со метрото, слушам двајца мажи како разговараат:

-“а се сеќаваш ли, каков досаден беше градов околу Божиќ предходната година. Ни светилки, ни новогодишни украсувања”.

– “Епа, тие за народот и не мислат. Само на џебот гледаат дали е полн”.

-“Ама, затоа оваа година сè е толку убаво, блескаво, новогодишно!”

-“Епа толку испокрадоа од народот, што сега имаат и да украсуваат низ градот”.

Откако го слушнав тоа, се оддалечив од нив. Ми стана и смешно, и тажно и неинтересно да ги слушам.

Како што се вели „слика со мрсни бои“. Ако главата е празна, тогаш ни со добри закони, ни со поклони, ни со пари не можеш да ја наполниш. Ако во душата црвецот изгризал дупка, или жабата ја шмукната радоста душевна, тогаш дури и цел свет да го истуриш, душата пак ќе остане гладна и пуста.

И тука, си спомнав за Златоуст, кој рекол- “Целото зло во светот е од незнаење на Писмото”. Само кога овие двајца мажи,  би го знаеле кажаното од пророците, помудра би била нивната реч, а поубав би бил и нивниот живот. Например би кажале нешто вакво: “душата арогантна нема никогаш да се успокои, а праведникот со својата вера жив ќе остане”.
 

Протоереј Андреј Ткачов
* се мисли на осознавањето на своите грешки и промената на духовната состојба, стремењето кон духовен развиток.

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1210
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1753
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1169
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »