логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„ПОЛАГАМЕ СÈ НА ХРИСТОВАТА ПОМОШ“

Кризата на ебола во Сиера Леоне и православната мисија


Рано утро во Фритаун. Темно е. Насекаде тишина.
Само пред неколку часа, целиот град светеше од силни молњи, а земјата се тресеше од ударите на громовите, кои татнеа како артилериски експлозии во воздухот.
Беше тоа пороен дожд. Таква е сезоната на дождови кај нас, во Западна Африка.
Иако дождот ни е многу потребен за обезбедување на земјата со вода пред претстојниот период на суши, сепак, дождот доаѓа во едно многу сложено време, кога сме во екот на најсилната, во цела човечка историја, епидемија на вирусот на ебола.
Како што знаете, вирусот на ебола многу добро преживува во влага. Затоа расте ризикот за заразување на водата со ебола. Мислам дека само што ќе настане сезоната на суши, нивото на епидемија од ебола до некој степен ќе опадне. Тоа ќе се случи некаде во јануари 2015 година.
Вестите од Сиера Леоне во моментот, за жал, се загрижувачки. Вирусот на ебола брзо ги освојува просторите, ситуацијата со епидемијата е надвор од контрола. Сега епидемијата расте двестепати побрзо отколку пред два месеца. Фритаун, главниот град на нашата земја, брзо станува епицентар на ебола. Нашата ситуација може да се опише како криза од најголеми размери.
Нашиот сосед Либерија најмногу настрада од инфекцијата. Сега ситуацијата таму се стабилизира.
Меѓународната медицинска помош што доаѓа во Сиера Леоне – меѓународниот епицентар на светската епидемија на ебола, е многу бавна. Се очекува дека смртноста на вирусот во Сиера Леоне набргу ќе достигне до 1000 луѓе неделно. Епидемијата треба да се запре токму тука – во Западна Африка. Друго решение нема. Во спротивно, таа лесно може да ѝ се закани на Европа, Северна Америка и дури на Азија и Австралија.
Мртвото тело на жртвата на ебола е многу заразно. Незаштитено контактирање со труп на човек умрен од ебола е самоубиствено.
Затоа, роднините на жртвите, од страв во паника ги фрлаат телата на улица и со самото тоа ги подложуваат на опасност здравите жители на целиот реон. Веќе имавме инцидент во Абердин, приградска населба на Фритаун: таму инфицираното тело од ебола лежеше долго на улица, а надлежните не се потрудија да го тргнат од улицата. Затоа месните жители организираа големи демонстрации додека телото, на крајот, не го тргнаа.
Во нашето село Ватерло, во близина на Фритаун, каде што згрижуваме и храниме повеќе стотина луѓе што страдаат од глад, едно семејство умре од ебола. Повеќето од соседите побегнаа од страв. Сепак, мртвите тела останаа во куќата уште неколку дена. Само по телефонирањето од седиштето на нашата мисија, надлежните, на крајот, дојдоа да ги тргнат труповите. Една од причините за брзото ширење на инфекцијата е таа бирократска неодговорност.
Локалниот систем на здравствена заштита просто не може да се справи со ширењето на болеста. Сето тоа благодарејќи на десетгодишната граѓанска војна. Затоа епидемијата на ебола кај нас е надвор од контрола. Само брза и моментална меѓународна интервенција ќе ни помогне да видиме светлина на крајот на овој сегашен тунел. Но помошта не брза.
Меѓународната заедница ја доведе до оваа ситуација Сиера Леоне. Многу малку, многу доцна реагираше. Светската организација за здравствена заштита неодамна дури и призна дека ја потценила можноста за ширење на болеста во моментот кога таа се појавила. Затоа светската заедница изгуби навистина многу време пред да ни дојде на помош. Всушност, кон проблемот почнаа посериозно да се однесуваат тогаш кога поединечни случаи на заболувања се појавија во Европа и Северна Америка. Вирусот на ебола е најстрашната чума што го погоди западноафриканскиот регион. Но, повторувам, нашата медицина просто не е снабдена за да се справи со оваа катастрофа.  


Православната мисија во Сиера Леоне и вирусот на ебола

Сепак, среде сиот овој кошмар, има и добри вести. Никој од православните христијани среде нашата паства, како и работниците, не се заразија со вирусот на ебола. Православните луѓе тука продолжуваат да се причестуваат без каков било страв дека ќе се заразат. Толкава е верата. Се разбира, отсуството на инфицирани среде православните христијани е дејствие на благодатта Божја, а освен тоа – на резултатите од сесрдните напори на нашата мисија и поддршката на нашите помошници и спонзори од Грција и Австралија. Во таа смисла, сакав да му ја изразам својата благодарност на Православното мисионерско братство за нивната финансиска поддршка во овој критичен период, а исто така и за неопходниот контејнер со прехранбени производи од нивниот магацин во Филирон, кој го организирале волонтери, а кој набргу го очекуваме да пристигне.
Најранлива група од паствата на нашата мисија е заедницата на инвалиди, која ние ја сместуваме и храниме во нашиот камп Ватерло (православно село во чест на преподобниот Мојсеј Мурин) во предградието на Фритаун. Лицата со ограничени можности составуваат посебна ризична група што може да се инфицира од треска на вирусот на ебола,  бидејќи нивното движење зависи од помошта на други луѓе.
Бидејќи заразувањето од треска се случува преку близок телесен контакт, инвалидите се наоѓаат во многу опасна ситуација. Кон тоа може да се додаде и нивната склоност да просат милостина на улиците на Фритаун за време на викендите, кога се јавува опасност да се заразат од смртниот вирус. Ако се зарази макар еден од нашата група инвалиди, инфицирањето може да ја зафати целата наша општина во Ватерло – а тоа се сто и нешто луѓе (вклучувајќи го и медицинскиот персонал, свештенослужителите, чуварите и градежните работници).
За среќа, во дадениот момент постигнавме да престанат да просат милостина по улиците на Фритаун. Во некоја смисла, ги ставивме во карантин. Го постигнавме тоа преку просветување, со раздавање заштитни средства (ракавици, маски, хлор итн.), со зголемување на финансиската помош и обезбедување резерви на ориз. Контејнерот што го очекуваме од Солун, навистина ќе ни помогне во настанатата ситуација.

Лични размислувања

Да се живее во епицентарот на светската епидемија на ебола, се разбира, е многу тешка задача. И најмала грешка во секојдневната рутина може да биде фатална.
Понекогаш се будам наутро со кашлица или некој друг необичен симптом и си помислувам: „Еве ја. И јас имам ебола“. Но потоа со олеснување забележувам дека ги немам основните симптоми на болеста: висока температура, лошење и дијареја.
Бог ме постави тука. Мојата должност како пастир е да останам со своите чеда, да се грижам за нив, да ги водам и да ги чувам од зло, кое немилосрдно убива.
Постојано ми телефонираат луѓе од странство и ме прашуваат: „Оче, зошто не заминете и не се спасите од потенцијалната можност да бидете заразени и дури да умрете?“ Одговорот е многу прост. Бог денес ме поставил да бидам тука, во Западна Африка. Моја должност како пастир во Сиера Леоне е да останам со своите чеда, да се грижам за нив, да ги поучувам, да ги утешувам, да ги водам и да ги чувам од зло, кое немилосрдно убива. Уште, Господ наш Исус Христос го поучува христијанскиот пастир да не ги остава своите овци кога доаѓа опасност. Само наемникот ги остава овците во критичен момент: „А наемникот, кој не е пастир и кому овците не се негови, виде ли волк да иде, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците“ (Јован 10, 12-13). Полагаме сè на Христовата помош.
„Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене“ (Псал. 22, 4 ).

Благодарност

Повторно би сакал искрено да им се заблагодарам на сите пријатели на нашата мисија од Грција и особено на Православното мисионерско братство, за постојаната поддршка. Вие бевте меѓу првите меѓународни групи што пратија помош тука, во Сиера Леоне, за време на кризата од ебола. Браво! Со големо нетрпение и благодарност го очекуваме вашиот контејнер со производи.
Ги просиме вашите молитви и понатамошна ваша поддршка, зашто тука сега започнува најкритичниот и најопасен период.
Со почит и љубов во Христа,
                        Архимандрит Темистокле (Адамопулос)
18 неомври 2014 г.

Архимандрит Темистокле Адамопулос, роден во Александрија и израснат во Мелбурн, е архимандрит во Фритаун, Сиера Леоне, при Александриската Патријаршија. Неговата дејност е мисионерска и хуманитарна, чија цел е преку образование да им се помогне на сиромашните.  Се стекнал со високо образование: магистер по теологија, доктор на науки по филозофија и доктор на науки по образование.
Во 2000 година заминува за Кенија, каде што е ракоположен во свештенички чин. Почнува да служи Литургија и да држи проповеди во разни парохии во Кенија. Основна цел му е да ги научи луѓето како сами да заработуваат за живот. Го основал добротворниот образовен центар „Свети Климент Александриски“, преку кој отворил конфекциско училиште за невработени жени, како и центар за информатика за невработени млади. Основал претшколско и основно училиште во сиромашните краеви, обезбедувајќи бесплатно образование, храна и облека.   
Во 2008 година се преселува од Кенија во Сиера Леоне, каде што започнал со слични хуманитарни дејности. Од 2009 година, 9 градежни проекти се во тек, вклучувајќи ја и изградбата на мисионерската резиденција и 3 цркви, како и многу програми за помош на гладните. Од 2008 година раководи со две училишта, со вкупно 3500 студенти и 90 вработени.

 

Извор:

 ПРЕМИН бр.101/102



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1202
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1744
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1161
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »