логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Picture
     Многумина велат: „Се сеќавам на онаа доба кога читавме добри книги, се дружевме, понекогаш работевме и по две смени, а сега - едноствано немам врема да ја отворам книгата, а со пријателите најчесто разговарам преку телефон“. Во што е проблемот? Дали е хронично болен самиот хронос? Мислам дека најдлабоките мисли за времето можат да се најдат кај блажениот Августин во неговата бесмртна „Исповед“. Августин таму ни укажува дека постојат два начина: внатрешно и надворешно. Надворешниот аспект на сметање се однесува на календарското време, кое поседува одредени својства. Таа времена димензија е стабилна и константна. Внатрешната димензија на времето се однесува на личносното душевно доживување, на самото ускладување на ритамот со процесите во самио организам. Ова време е субјективно и човекот го доживува како непрестана компресија или како убрзување на самиот календарки период.                                                              
     Оваа загатка тешко може да се одгатне и затоа е неминовно да влегуваме во сферата на претпоставки и некаков вид на свое моделирање. Човекот во секој миг е изложен на прилив од информации. Тие информации не исчезнуваат, туку се складираат во неговата меморија во некакви за нас непознати кодови. Секоја информација си има свое одредено место во аналите на меморијата и затоа можеме да речеме дека во нас целовремено се одвива тој процес на преработка на информациите.
     Кога нашата психа би ја споредиле со кугла која ротира околу својата оска, кај детето таа кугла би била помалку оптеретена со информации и затоа ќе се врти побрзо, а нам ќе ни се чини дека времето побавно минува. Покасно таа кугла примајќи нови информации станува се потешка, нејзиното ротирање се успорува, а човекопт тоа го доживува како убрзување на самото време. Се разбира дека ова е само една груба схема, меѓутоа немаме можност да понудиме конкретна математичка формула која уште никој не успеал да ја пронајде.

МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ:

         Знаењето е како меч со две острици: од едната страна ни е како поткрепа, а од друга страна претставува прилив на информации кои ни ја оптеретуваат нашата психа и ни го одземаат времето. Кога информацијата останува површна таа не може да се претвори во знаење, туку останува мртва информација која е сместена во нашата потсвест.
    Зошто подвижниците оделе по пустините или се затворале во своите келии како во гробови земајќи ги за себе само нај неопходните нешта за да се изолираат од информациите, поточно да ги сведат на минимум. Затоа нивната мисла е бистра и прониклива, а нивната молитва има посебна длабочина. Дури и наједноставното нешто што го поседуваме завзема одреден простор во нашата душа. Човекот мора да го чува тоа нешто, да се грижи за него. Токму во тоа е одговорот: матерјалните нешта не завземаат само простор во куќата, туку и во душата, во мислите и чувствата. Затоа ослободувајќи се од тие нешта на некој начин се менува амбиентот во кој се живее и човекот чувствува како расте потенцијалот во неговата слободна душа.

КОЈ ВЛАДЕЕ СО СВОИТЕ СЕТИЛА ВЛАДЕЕ СО ЦЕЛИОТ СВЕТ:

     Духовниот живот мора да биде усмерен кон борбата за време. Во нашиот однос со надворешното време од големо значење е доследноста, постоење на ред и поредок во обавување на работата. Ако нашиот однос кон работата е хаотичен за извршување на обврските ни биде потребно многу повеќе време од што навистина е потребно. Потребно е исто така да ги намалиме нашите потреби, како телесни така и душевни и така грижите ќе ги снема сами по себе. Кога станува збор за внатрешното време, мораме да имаме подобар филтер кој е во состојба да ги прочисти непотребните информации. Заради тоа мораме некое време да поминеме во тихување, останувајќи насамо со нашата душа. Нашите очи, уши, јазик честопати се претвораат во пукнатини низ кои несвесно и неконтролирано излегува нашето битие. Ова доведува до внатрешно опустошување. Затоа христијанската аскеза препорачува контролирање на чувствата и на оној голем дар од Бога кој го нарекуваме „збор“.                              
       За обработка, пакување, сортирање и складирање а иформациите во огромните магацини на меморијата неопходно е константно преморување на психичката енергија. Ако информациите од сите видови: вербални, сликовни итн. вклучувајќи ги и емоционалните преминуваат преку одредено ниво, тие по пат на тешка работа ја разоруваат психата и ја дисбалансираат рамнотежата помеѓу механичката и креативната меморија. Познато е дека човекот кој внесува голема количина на храна го прави своето тело тромо и подлежно на болести бидејќи неговите мускули се претвораат во сало. На ист таков начин доаѓа и до „психичко дебелеење“ кога меморијата станува проширемо црево на душата. Најголем енергетски потенцијал поседува човечкиот дух - тоа око на душата. При изложеност на поплава од информации душата одзема енергија од духот - како да атакува на него. Душата како агресор ја окупира областа која припаѓа само на духот и црпи сила од неговата снага, како кога вампирот ја смука крвта од својата жртва. Духот омалаксува, а доколку ваквата состојба трае со години, духот се парализира, притоа не можејќи да ја увиди состојбата во која се наоѓа.                                                                                                          
      Ако се обидеме да ја дефинираме состојбата на нашиот дух во овој момент, може слободно да кажеме дека се наоѓа во состојба на дремење, кое после поминува во длабок сон, а оние во сон го губат чувството за време.                    
    Времето отргнато од вечноста поминува како сон. Просторите на душата мора да се ослободат од омразата и сенките од надворешниот свет за да му го пружиме на духот она што по Божјо право му припаѓа. Тогаш човекот повторно ќе го почувствува времето, ќе ја почиствува леснотијата поради отфрлањето на товарот кој му е несвојствен и ќе ја доживее потполната радост, онаа радост која го исполнувала во детството, чие свосјтво покасно го изгубил и заборавил.   
        Подвижништвото подразбира покајание, молитва, пост, борба со страстите и контрола над петте сетила. Преподобниот Симеон Нов Богослов напишал: „Кoј владее со своите сетила - владее со светот“.
 
                                                                                                     Превод: ѓакон Димитар Арсовски
                                                                                                                      Извор: borbazaveru.info

20-ти јули, лето Господово 2014



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1449
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 909
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1171
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »