логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


nikon2

 
Слава Ти, Боже

Старец Никон, од Неа Скити

Извадок од „Беседата кон младите“ одржана на 15 февруари 2006 година

nikon2Видов едно филмско остварување, ми се допадна, не го гледав во кино, не затоа што ќе видев нешто во него што ќе ми наштети, знаев дека ќе видам нешто добро, туку за да не соблазнам некого, нели, треба да мислиме и на другите, и да не ги соблазнуваме, според зборовите на апостолот, ако братот мој се соблазнува од тоа што јадам месо, нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнам братот. Така и јас, го гледав овој филм на ДВД.

Треба да го видите овој филм. „И желките може да летаат“. Филмот имаше страшни сцени, буквално може срце да те фати. Дејството беше на границата меѓу Турција и Ираκ, во еден логор, и покажува како живеат Курдите, особено децата. Имаше десетици деца, сираци, напуштени во војната. И овие деца бараа начин да преживеат. Кога го гледате не можете да сфатите – едно дете зема една округла метална кутија, и со устата извлекува една игла. Тоа беше мина, од минско поле, тие влегуваа во минското поле и бараа мини, за да можат потоа да ги продадат. На следната сцена дадоа едно девојче како носи друго петгодишно дете на грбот, кое со заби ја влече иглата, затоа што нема раце – рацете му се до лактите пресечени. Ги имаше изгубено или од мина, или во војната. Од тоа многу до децата беа без раце, без нозе, осакатени. Беше страшна глетка. Срцето ме фаќаше додека гледав. И тоа дете со заби ја вадеше иглата, а потоа неговата сестра со раце ја земаше мината за да ја продаде.

Додека бев студент гледав исто еден филм, „Африка адио“. Во него беа прикажани ужасни нешта, за тоа како се живее во Африка, така што и двајцата сценаристи на филмот, италијани, беа ставени во затвор поради филмот.

Јас доживеав шок од филмот поради една сцена. Немаше ништо страшно. Тоа беше гранка од еден кактус. Во неа спровираа едно цевче и во него имаше 3-4 капки течност, а во длабочината гледаме дека тоа е пустина со многу кактуси. Како што го спровираа во кактусот, така се лизгаа капките во конзерва. Потоа гледаме една африканка со конзерва и сценариото вели: ете вака, капка по капка, собираат вода од секој кактус за да може семејството да пие вода. И потоа таа оди уште десетици метри, за да најде нов кактус, па и од него да извади неколку капки вода. Додека сум жив, никогаш нема да го заборавам тоа, секогаш кога пијам една чаша вода, се сеќавам на таа жена. Колку пат требаше да помине таа жена, натоварена, измачена, за да собере не половина, туку цела една чаша вода, што јас ја имам? Зошто е тоа така? Толку е грешна таа жена што толку се мачи за да добие една чаша вода? А јас толку ли сум свет што во секое време имам една чаша вода? Кога сме кажале „благодарам“ за она што го имаме? Ги гледав тие дечиња со исечени раце, исечени нозе, прсти како трчаат, а што направив јас за да имам и раце и нозе? Дали некогаш сме Му се заблагодариле на Бога што можеме да одиме, што имаме раце? Постојано гледаме како нешто ни недостасува. Што ни недостасува, и што сакаме. И добро е, се бориме, се трудиме да го стекнеме тоа. Не е лошо. Ама кажете барем едно „благодарам“ за тоа што веќе го имате. Не ни ги даде на заем Бог. Во една прилика како студент бев во една група во една институција, и директорката таму ни објасни дека децата што не слушаат не се неми, туку затоа што не можат да ги чујат звуците, не знаат дека постојат звуци. Потоа донесе едно детенце за да ни покаже како тоа ќе сфати дека постојат звуци и самото ќе испушта звуци. Го зеде дететнцето, и ја стави нејзината рака на неговиот врат, а неговата рака ја стави на нејзиниот. И тогаш таа рече „А“. И детето сфати дека таа бара од него да го направи истото, и тоа ја отвори устата. Госпоѓата се разочара. Потоа се обиде пак: „Ааааааа“. После повеќе пати малечкото сфати дека кога госпоѓата ја отвора устата, не е само тоа, туку таа прави и нешто друго, дека има некоја вибрација, и дека бара од него и тоа да го направи истото. Се обидуваше, се обидуваше, и најпосле успеа да каже „ааа“, и тогаш директорката се израдува, го прегрнуваше, го бакнуваше, му даваше чолади, карамели, пресреќна беше, а тоа цел ден трчаше и викаше „аааа“. И така полека ги научи и „о“, „е“, „и“ без да ги има чуено некогаш. И ни велеше директорката што тргаат, коку тешкотии имаат додека да научат да прават разлика меѓу „г“ и „д“, „д“ и „т“. И си велам: Зошто овие деца не можат да слушаат, а јас можам? Зошто Бог мене ми дал да слушам, ми должеше ли Он нешто, имаше ли потреба од мене? Зошто ни дал уши и глас? А зошто овие деца да не слушаат?

Му кажавме ли некогаш на Бога „благодарам“ за тоа што слушаме? Го слушаме нашиот другар, нашите родители, слушаме сѐ што ни зборуваат другите, слушаме музика, звуци. Кажавме ли некогаш „Слава Ти, Боже, за тоа“?

Ни недостасуваат многу нешта, и добро е да се трудиме да ги добиеме, да ги стекнеме, но да велиме и „благодарам“. Да кажеме едно „Слава Ти, Боже“. Едно попче на Света Гора велеше, кога велиме „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, Бог го запишува тоа и ќе ни даде десет драхми. А кога велиме „Слава Ти, Боже, слава ти, Боже“ тогаш Бог вели, е на овој му должам 100 драхми.

Да научиме да велиме „Слава Ти, Боже“. Да не бидеме неблагодарни. Неблагодарноста е ужасно нешто. Постојано се жалиме, мрмориме, сакам ова, сакам она, зошто немам ова, зошто немам она, а за она што веќе го имаме не велиме „Слава Ти, Боже“. Не сме способни да кажеме едно „Слава Ти, Боже“ за даровите што ни ги дал. Како тогаш го применуваме тоа „благодарете за сѐ“ што ни го заповеда апостолот Павле? Тој вели, за сѐ да велите „Слава Ти Боже“, за сѐ, и за несреќите кои ни доаѓаат, а ние ни за доброто не велиме „Слава Ти, Боже“.

Вчера претседателот г. К. ми раскажуваше за еден архимандрит кој имал на гости еден владика, и му рекол: Владико, сакате ли да видите тројца светители што ги имаме тука во парохијата? Да, – му вели владиката – со задоволство. Тој го однел владиката во една куќа каде што живееле тројца парализирани браќа, во голема возраст, кои добиле некоја мускулна болест и полека полека се парализирале, а најстариот веќе и се упокои. Кога дошол владиката, тие веќе разговарале со голема тешкотија. Владиката се потресол. Сакал да им каже 2 збора, и им рекол: „да Го славиме Бога, да ни даде трпение, да Го славиме за она што ни го дал, да имаме трпение за оваа несреќа…“ Кога завршил владиката, најстариот парализиран брат му рекол: „Не кажавте правилно, високопреосветен владико, каде видовте несреќа? Тоа што сме парализирани не е несреќа, туку среќа. Ако имавме нозе и трчавме наваму-натаму, ќе бевме ли сите тројца заедно со толку љубов, ќе се молевме ли, ќе Го славевме ли Бога, чекајќи го часот кога ќе се сретнеме со Него?“ Гледате ли човек кој има ум Христов? Знае да размислува. Не ќе беше подобро ако некој има нозе и тие го одведат кон грев, а ете без нозе не може. Онаму каде што ние гледаме несреќа, гледате како Бог дејствува за нашето спасение, за нашата среќа? Колку пати велиме, камо среќа да не го сторев тоа и тоа. Замислете сега дека треба да Му благодариме на Бога и за лошите работи кои ни ги испраќа, и за несреќите кои ни ги испраќа, и за болестите кои ни ги испраќа, а ние не сме започнале да велиме „Слава Ти, Боже“ ни за добрините што ни ги испраќа.

Благодарете за сѐ, а за да благодарите за сѐ, па дури и за лошите нешта, треба да почнеме да благодариме за добрите дарови што ни ги има дадено. „Слава Ти, Боже“ да велите од утро до вечер, „Слава Ти, Боже“ непрестајно да велите, колку и да кажувате не е доволно. Како да сме добиле нешта, кои не ги заслужуваме. Не сме направиле ништо за да се удостоиме за нив. Не сме посвети од оние дечиња кои немаат раце, или од оние кои не можат да зборуваат, а Бог ни има дадено дарови без да ги заслужиме. Затоа постојано да велиме „Слава Ти, Боже“.

Во манастирот „Филотеј“ имавме еден слеп монах, од манастирот Ксиропотаму, кој имаше добиено кучешка тенија, која е тешка болест. Ако се извади брзо, може да се излечи, но ако не се извади навреме, се размножува, и не се лечи со лекови. Еднаш сакав да се пошегувам со него, црн хумор, како што се вели, и му велам: „извади го тој црниот дроб, само ги мачиш лекарите“. А тој ми вели: „ако ти удрам една, ќе ти кажам јас тебе убаво“. Поради болеста што ја имаше, му се јавуваше недостиг од шеќер, и секогаш чував благо за да му давам. Еднаш го видов, под елекот што го носеше гледам нешто скриено. И му велам: „што е ова, криеш леб? Мислиш дека никој не те гледа?“ „Кој леб, бре, – ми вели – дај ја раката тука“. Тоа не беше леб, туку неговиот црн дроб, кој отекол надвор од телото. Колку го болеше, какви страдања имаше – тоа не се опишува! Да урла, да вика, да се дере на цел глас: „Богородице моја, Богородице моја, помогни ми!“ А ние отидовме кај игуменот и му рековме: „аман, отче, речи му да престане, цел манастир ечи, ќе си речат луѓето дека го мачиме тука. Нѐ срами“. А тој ни вели: „Е што да му правам, тој сега поминува низ едно мачеништво“. Се разбира, што можеше тој да му направи, небаре тој сака така да вика и да урла од болка.

Еден ден го слушам како доаѓа од длабочината на патеката: „Богородице моја, Богородице моја!“ Сфатив дека пак има криза и веднаш подготвив слатко да му дадам. Во истиот миг поминуваа тука уште двајца отци. Едниот му вели:

„Е, отче Исидоре, имај трпение, кажи „Слава Ти Боже“. Само Он знае што ни дава и зошто ни дава“.

„Што велиш? – Му вели отец Исидор диво викајќи – да велам „Слава Ти Боже“? Па не еднаш, ами илјада пати велам „Слава Ти Боже“, и тоа не само со зборови, туку од срце велам „Слава Ти Боже“. Се разбира, „Слава Ти Боже“. Што мислиш, дека ако се помоли нашиот старец Ефрем (Аризонски, кој е сега во Америка) или старец Пајсиј, или отец Ефрем Катунакиски – нема да оздравам? Еден збор да му кажат тие на Бога и веднаш ќе оздравам“.

Овој другиот остана без зборови.

Му вели пак слепиот монах:

„Замисли да оздравам, да ми го врати Бог видот, и да ми ја врати плотската борба, кој стотици има истерано од манастир – би го издржал тоа? Знае Бог што ми дава“.

Ние останавме без зборови. И ми вели монахот до мене: „Немал плотска борба?“ Не можевме да поверуваме. Знае Бог што ни дава. На отец Исидор што го трпеше тоа му даде слепило, на друг што не може да го истрпи не му го даваше. Но плотската борба што отец Исидор не можеше да ја истрпи – не му ја даде. Му ја даваше на друг, што може да ја истрпи.

Ќе научиме ли да велиме „Слава Ти, Боже“?

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Преводот е направен од видео снимка од предавањето на старец Никон Светогорец пред младите.

Православна светлина бр. 30

Извор: Ортодоксија- ортопраксија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 722
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »