логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 „Повикот“ на жената во свештеничката служба на својот сопруг (2)


Подоцнежен повик за свештенички чин,
и за оние кои се преобратени во верата

Некои жени се соочуваат со посебни предизвици кога е во прашање свештеничката служба на својот сопруг. Во некои случаи, нивните сопрузи може да го следат повикот за свештенството подоцна во животот. Таквите жени се соочуваат со големи емотивни промени во бракот и семејниот живот. Промените во нивната кариера може финансиски да ги засегнат. Во други случаи, жените кои се преобратиле во православната вера можат да бидат особено загрижени за да станат сопруги на свештеници, бидејќи не знаат што ги очекува во парохијата. Некои жени се плашат дека ќе се соочат со јазичните бариери во двојазичните парохии.

Соочувајќи се со овие посебни предизвици, духовниот отец е тој што ќе може да ги води и да им помогне да ја разберат Божјата волја. Двајцата треба да се молат заедно за да донесат правилна одлука во врска со ракополагањето на мажот во свештенички чин. По донесување на нивната одлука, тие треба да се молат на Бога да им даде сила должноста да ја спроведе ефективно. Свештеничката служба не е работа која може да се менува. Кога човек еднаш е ракоположен за свештеник, тој секогаш е свештеник.
Степенот на посветеност на сопругата на свештеникот
во служењето на нејзиниот сопруг

Денешната сопруга на свештеникот има многу должности во однос на тоа колку време и енергија треба да посвети во свештеничката служба на својот сопруг. Таа може да биде домаќинка или мајка која ќе претстојува дома преку целиот ден. Но, може да работи со полно работно време или со скратено работно време надвор од дома. Таа може да биде волонтер во разни црковни одбори и проекти. Ако е квалификувана, може да стане професионално инволвирана во парохијата. Или може да комбинира кој било од горенаведените занимања.


Света Нона

Света Нона Чудотворка. По нејзините молитви, нејзиниот сопруг, св. Григориј Назијанзин постариот се покрстил и станал презвитер, а подоцна и епископ.
Мајка на св. Григориј Богослов, св. Кесариј и св. Горгона, тетка на св. Амфилохиј Икониски.

Нејзиниот прв приоритет се нејзиниот сопруг и децата. Ако семејството може финансиски да си дозволи, многу мајки сакаат да останат дома со малите деца. Со тоа им даваат на своите деца чувство на сигурност. И така ќе имаат повеќе време да поминат со нивните деца, да ги учат, да им одговораат на нивните прашања, и што е најважно да се молат со нив. Исто така одржувањето на полното работно време надвор од дома може да биде благородно. Покрај носењето на дополнителен приход, може да биде место за сопругата на свештеникот да прави нешто во што таа ќе ужива. Но, ако таа работи надвор од домот, очигледно има помалку време за своето семејство и парохијаите. Тоа исто така влијае на работата на нејзиниот сопруг што го поминува во парохијата, бидејќи тој мора да исполни повеќе време во споделување на семејните обврски. Ако луѓето знаат дека сопругата на свештеникот работи надвор од домот, тие ќе имаат помалку очекувања за нивото на нејзината посветеност кон парохијата. Пожелно е, сепак, таа да одржува рамнотежата, т.е. да го поддржува нејзиниот сопруг, и да е присутна на богослужбите.

Сопругата на свештеникот треба да ги вреднува сопствениот талент, способностите и интересите, и да продолжи да ги продлабочува. Таа може да го направи она што ја прави среќна и што е најдобро за неа и нејзиниот сопруг. Не е важно како ќе одлучи да му помага во извршувањето на свештеничката служба на својот сопруг, но, сепак важно е таа да биде задоволна со својата одлука и да живее со неа.
Именување на сопругите на свештениците

Сопругите на свештениците се именуваат со различни имиња во различните православни традиции и јурисдикции. Иако називите им се различни, сите треба да бидат свесни за важната улога што ја имаат во парохијата.

Во Грчката Православна Црква, сопругата на свештеникот се именува со презвитера. Според Неговата Сесветост, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, „во нашата црковна традиција, (сопругата на свештеникот) се именува како презвитера, што значи другата половина на свештеникот (презвитерот)“. Името презвитера е најдено меѓу старите христијански списи и имало неколку различни значења. Едно од нив се однесува на името ѓакониса, тоа е жена која му помагала на свештеникот во различни задачи. Во раната Црква, ѓакониса била постара христијанска жена, обично вдовица, која служела за потребите на црквата. Нејзините ограничени работни должности биле во одржување на редот во Црквата и помагање во облекување на возрасни жени при потопувањето во вода кога се извршувала светата тајна Крштение. Таа исто така посетувала болни жени и христијански жени кои биле членови на домаќинства со паганска религија. Сепак, најчестата употреба на името презвитера било кога се однесувало на сопругата на свештеникот. Тоа е сегашното значење во Грчката православна црква на името презвитера. Во колоквијалниот (секојдневниот) грчки јазик, сепак, сопругата на свештеникот се именува како попадија, име што доаѓа од папас, друг збор за свештеник.

Во Антиохиската православна црква, сопруга на свештеникот се нарекува хурија. Во Албанската православна црква таа е наречена прифтерешија, а во Романската православна црква, таа го носи името преотеса.

Во Руската православна црква, сопруга на свештеникот се нарекува матушка, што значи „мала мајка“. Колку восхитувачко и соодветно изгледа именувањето на сопругата на свештеникот која треба да ги љуби и да се грижи како вистинска мајка за сите луѓе во парохијата на нејзиниот сопруг!

Некои сопруги на свештеници не сакаат да бидат така именувани. Тие инсистираат да се именуваат со своето име дадено при крштевањето. Тоа е затоа што сакаат да бидат третирани како и секоја друга жена во парохијата. Нејзините желби треба да се почитуваат, но многу луѓе ги игнорираат. Без разлика на тоа колку тешко се обидува сопругата на свештеникот да им каже на луѓето да ја именуваат со нејзиното име добиено при крштението; таа сè уште е сопруга на свештеникот во нивните очи.

За сопругата на новоракоположен свештеник, добивањето на префикс е повеќе симболично во споредба со нејзиниот нов живот. Оттогаш па натака, малкумина ќе ја именуваат со кршталното име. Колку би било смешно да се биде во собир на сопруги на свештеници ако некој при повик на името на сопругата на свештеникот го употреби нејзиниот префикс презвитера. Сите сопруги на свештеници ќе се свртат, мислејќи дека личноста ги повикува токму нив.

Презвитера Атанасија Пападимитриу
Извор: Православен Пат

Преземено од: АГАПИ

 Друго:

 

 „Повикот“ на жената во свештеничката служба на својот сопруг (1)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 714
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Евроски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Евроски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »