логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ЦАРЕВОТО НА ЦАРОТ ИЛИ ЖИГОТ НА ЅВЕРОТ

vozdvizenie.jpg

Архимандрит Јован Крестјанкин


Драги мои, деца на Црквата Христова! Во овие денови, кога небото и земјата ликуваат, заради неизречивата милост Божја – заради раѓањето во светот на неговиот Спасител, кога православната Црква со своето 2000-годишно  страдално опстојување во Вистината и со своите спасоносни напори потврдува дека со нас е Бог, кога соборот на прославените руски новомаченици  се заложени во темелот на Црквата како плод на својата крстна жетва, и по Божја милост народот во Русија почна да се потсетува на славното христијанско минато и сега го наоѓа патот во храмот Божји,  кај Бога – треба да се радуваме и да живееме со жива вера и  непоколеблива надеж во Бога и во Неговата Света Црква.
Да живееме, секојдневно спомнувајќи си дека дарот на Светиот Дух, примен  на Светото Крштение,  не направил деца Божји, и  да  Му благодариме на Бога за тоа.

Но, во овие духовни и светлоносни денови, темна сенка на духовна вознемиреност ги возматува умовите и срцата на верните, и ги лишува не само од радоста на васеленското и вечно славење, туку и од самата вера  и  доверба. Кој тоа одново, како  во времето на Спасителот, Му  приоѓа Нему со лукаво прашање: “Што мислиш ти? Дали ни е  допуштено да му даваме данок на кесарот или  не“?  На современиот јазик тоа би гласело вака: “Треба ли да се прифати  новиот систем на оданочување или  не?

Одговорот е парадоксален. Самите  православни верни Христијани: свештеници и мирјани, заборавајќи на промислата Божја, на Бога – им  ја отстапуваат власта на мрачните сили. Како што тогаш оние, кои го искушуваа Спасителот, не се  задоволија со Неговиот одговор, и се одалечија од Него на некое време, за да смислат нова измама за Него, така и сега, одговорот на соборниот Црковен  “ум“ кој Црквата го дала за разјаснување на проблемот, не е прифатен – и се продолжува со смут и паника внатре во Црквата и меѓу народот Божји;  во самата таа работа, сето тоа го предизвикува непријателот Божји, непријателот на Црквата, непријателот на нашето спасение.

Прашањето за воведување на лични електронски броеви на даночните обврзници од страна на државата, со помош на непријателот Божји и лажните гласини за воведување  во ИДБ (идентификациски даночен број) на трите шестки, доведе до големи пореметувања во Црквата, а за нас постана проверка која, кај многумина верни пројави отсуство на вера и доверба  во Мајката Црква.

Драги мои, токму кон тоа тежнееше непријателот, воведувајќи го  бројот 666 во бар кодот,  а  не кон нешто  друго. А колку лесно и безболно е отстранет овој судбински број, кој си го направи своето! Бројот е отстранет, а метежот и расколот во Црквата продолжуваат да се продлабочуваат. И разговорите за  жигот на антихристот, за обезблагодатеноста на нашата  Црква, за скориот крај на светот, ги  вознемируваат умовите на верните.

Секташките и противцрковни расположенија и зборови одекнуваат, за  жал и од црковните амвони. Во историјата на Црквата такви расположенија се доживеани не еднаш, особено во периоди на политички потреси, катастрофи, војни и своевидни “перестројки“. Дури и големите столбови на Црквата во тој поглед се излажале.

Еве како ги опишува сличните настани, жител на нашата света Псково – Печерска заедница, великиот подвижник на побожноста, митрополитот Венијамин( Федченков): причината за слични појави е во душата човечка... за човекот секогаш е соблазнително се’ што е таинствено, необично, натприродно, чудесно, а особено се’ што е страшно. И при тоа се јавува лажна  “ревност“ за Бога... Сето тоа е  одамна познато во духовниот живот. Но слични движења, периодично, како вулкански ерупции, излегуваат  на виделина во текот на историјата. Тоа обично било поврзано со некакви политички потреси, катастрофи, војни и угнетувања. Неопходно е човек да се бори со таа духовна болест. Самиот ап. Павле ја започнал таа борба  пишувајќи го целото 2. Послание до  Солунјаните (како и дел од 1.), каде тој заповеда да не се верува “ни на дух, ни на слово, ни на послание“ (2.Сол. 2-4).

Без разлика на ова,  во историјата секогаш одново изникнувале слични движења. Дури и некои големи столбови на Црквата, згрешиле во одредувањето на “рокот“ за крајот на светот. На пример св.Јован Златоуст отворено пишувал дека крајот на светот треба да се очекува некаде околу четиристотата година. Нема да погрешам(!), говорел тој укажувајќи на приближен  датум околу 400 година... И погрешил:  поминаа повеќе од 1500 години  од тој ден, а крајот на светот не се случи. Ова е напишано  во 8-от том од неговите дела , во  толкувањето на Христовиот разговор со Самарјанката (Јован, глава 4). Слично на ова, за време на прогонот на иконите и на иконопочитувачите – од 6-9 век -  и св.Теодор Студит сметал на “скоро“ доаѓање на крајот на светот. И воопшто, многумина и многупати се занимавале  со оваа идеја. Во Русија за тоа говорел о.Амвросиј Оптински (митр. Венијамин Федченков, “Заради Православието ќе ме  помилува Господ“...1968год).

Но,  еве ја  доживеавме и 2001-та  година, а крајот на светот не се случи, животот  продолжува. И  Христос, Кој дојде во светот да ги спаси грешните, го продолжува Својот подвиг на љубовта кон човечкиот род. Он ни го дари патот на спасението, само Он е патот на спасение за сите христијани, и од првите и од последните времиња – и ова е вера во промислата Божја и живот според верата.

Самиот наш Господ  Исус Христос во Својата првосвештеничка молитва, се моли на Бога – Отецот за сите  кои во Него веруваат: “Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот“. Драги мои, тоа го моли Христос за нас!

На тој начин, по заповед Божја, ние децата Божји сме повикани да живееме  во светот. Меѓутоа светот може да биде различен – христијански, пагански, богоборечки, а ние сме повикани во било каков свет да ја посведочиме светлината на Христовото учење и Вистина, а тоа е по зборовите на Писмото – љубов, радост, мир, долготрпение, добрина,  милосрдие, вера, кротост, воздржание. За таквите нема закон.

Во претпразничниот канон на Крштението Господово, Црквата сосема јасно го опишува правилниот однос кон она што е световно и она што е Божјо, однос кој важи за сите кои одат по Христа. “Си се потпишал, но, не си се сторил слуга потчинувајќи се на цезаревата наредба, туку нас, кои сме првопродадени по силата на законот на гревот, сега си не ослободил и си не удостоил со восиновување. По примерот на Спасителот ние, верувајќи, се покоруваме на државните закони, при тоа останувајќи духовно слободни како синови Божји, синови на Светлината!

Како да не се сетиме во сегашнава ситуација, на оној момент во животот на Црквата  кога таа влегла во беспаќето на револуционерниот смут и кога било потребно да се научи да се живее и да се сочува Црквата, во време на потполно беззаконие. А нашиот Свет Патријарх Тихон секој ден го пребродувал во духовно спокојство, бидејќи Му верувал на Бога и Нему Му ја предавал Црквата и народот Божји.

Да се верува во Бога – ете во тоа е нашата сила, нашето спротивставување на забуната и расколот во Црквата. Сведоштво за вистинска вера ни оставиле руските Новомаченици. Така, свештеномаченикот митрополит Венијамин Петроградски, пред својот маченички крај, пишува: ...“Христос е  нашиот живот, светлина и мир. Со Него е секогаш и отсекогаш добро.Треба повеќе вера, треба повеќе да ја имаме, ние пастирите. Да ја заборавиме  својата самодоверба, умот, ученоста и да и направиме место на благодатта Божја“ – еве вистинска духовна зрелост (изграденост).

Верникот живее во Христа, умира во Христа и оди  кај Христа.  И никој не може да не раздвои од љубовта Божја: ни грижа, ни тешкотија, ни клевета на Бога и Црквата, која ја сее непријателот на родот човечки.
А стравот, таму “каде немаше страв“, сега ја парализирал верата и ја одземал надежта на многумина и непријателската сенка се обидува да го сокрие Сонцето на Правдата – Христос. Не дај Боже, така да биде!
Драги мои, како тоа сме се препуштиле на паника сметајќи дека ќе го поништиме своето христијанско име, заменувајќи го со број? Зарем  тоа воопшто може да се случи во очите Божји? И зарем не ги паметиме сите оние свештенослужители, мирјани-христијани, кои во текот на долг период во животот, морале да ги заборават своите имиња, презимиња, кои биле заменети со број. Многумина така заминале и во вечноста, само со број, а Бог ги примил во Својата Очева прегратка како Свештеномаченици и Маченици, и белата победничка риза ја покрила под себе, нивната затвореничка облека. Немале имиња, но Бог бил близу и секој заробен верник бил од Него воден низ смртната сенка, секој ден.

Кај Господа нема сваќање за човекот како број: бројот и е неопходен само на современата компјутерска техника; за Господа нема ништо поскапо од душата човечка, заради која Он, Го испрати Својот Единороден Син Христа – Спасителот. И Спасителот дошол на свет со пописот на населението.
А што да речеме за контролата и тоталната шпионажа, со која толку ги плашат простодушните луѓе? Кога и во која држава не постоела тајна канцеларија? Сето тоа веќе било...се’ бива...и ќе биде...но ништо не го спречува човекот кој верува, да се спасува. И секој чекори низ животот по својот крстоносен пат, со вера пребродувајќи се’ со кое се сретнува на својот животен пат. И верувајќи, прима се’ од рацете Божји со увереност дека се’ му е полезно за спасение.

Подобро да размислиме за тоа, на што треба секогаш да се сеќава православниот Христијанин – Сеприсутното Око Божјо, Кое видело како се ткаело нашето тело, за ангелот на светлината и ангелот на темнината, кој го набљудува секој наш чекор, секоја наша мисла – од детската колевка до смртта.
Мислиме ли ние на тоа? Ние сега, се плашиме од жигот на антихристот (повеќе отколку од Бога), кој ќе дојде во “она време“ за кое не знаеме дали ќе го доживееме. А еве, за жигот на нашиот личен грев, ретко кој размислува.
А токму тој,  таквиот жиг, го предава човекот под власта на антихристовата стихија и постанува вистински предобраз на тој жиг. Од него всушност треба да се плашиме! И ништо што е од Бога, нема да помине низ тој страшен гревовен жиг, со кој ние секојдневно го жигосуваме својот ум и срце. Господ пак, знаејќи ја нашата немоќ, ни го дал покајанието – разрешување на гревовите.

Но, очистувањето на душата, умот и срцето се врши само во Црквата, само во Светите Тајни. Но, токму против Црквата сега “се исправи“ непријателот!
Да, сето Божјо Писмо без сомнеж ќе се исполни. Да, пред крајот на светот, три и пол години ќе се случат такви неволји, какви што немало од создавањето на светот, и со тоа ќе биде обележана власта на антихристот. Да, ќе се случи и Славното и Страшно доаѓање на Спасителот, Кој ќе го убие непријателот со здивот од устата Своја. Се тоа ќе се случи, но – кога?

Времињата и роковите ги одредил во Својата власт Господ Бог – Отец, а да се запре Промислата Божја или да се измени, тоа не го може ни најмоќната рака. И нас ни е невозможно да го забрзаме доаѓањето на тој час, ниту пак да го спречиме. А да се живее во Бога, треба сега и веднаш.
А уште сега некои ги повикуваат верниците да се повлечат во шума, во пустина, во тајни одаи: немој да го земате идентификацискиот број, немој да се запишувате во новиот систем на државната евиденција, излезете од светот, излезете од Црквата...
Но, како човек да се спаси? Како да се живее, како да се воспитаат децата во Бога -  а во светот, за тоа сите молчат. Уште сега потоци од горки и со солзи натопени писма, недоумици, ги заплиснаа духовниците: велат, нашата Црква веќе доби свој даночен број и во неа, тогаш, веќе не треба да се оди. Старица, која целиот живот и во најтешките времиња ја сочувала својата верност кон Бога и Црквата, сега кога е при крај на својот живот, отпаѓа од спасоносната лаѓа - Црквата... И кој ќе даде одговор пред Бога, за соблазнувањето на сите овие “мали“, кои простодушно се препнале на она што со духовниот живот нема никаква врска – на идентификациски даночен број...
Погледнете, каква проверка на нашата вера и нејзината трезвеност, нејзината духовност, се случува во нашиве денови... Печатот Христов се појави во светот преку Неговото спасоносно дело. Крстот, кој беше средство за срамна казна, осветен со Крвта и благодатта на нашиот Господ Исус Христос, постана Христов печат на неограничена сила за победување на ѓаволот.

Сега пак, многумина зборуваат само за бројот 666 како жиг на антихристот. Но, зарем антихристот веќе ја освои власта во светот? Зар веќе се избришани државните граници? И зарем антихристот веќе се зацари, и зар веќе сите го признаа како владетел на целиот свет, со што стекнал право на свој печат?
Но, уште апостолот и евангелист Јован Богослов зборува дека во неговото време се појавиле многу антихристи. Многумина ги имаше – од различни не-вери, возматувачи, соблазнители, расколници и расипници, но тоа сеуште не беше оној единствен антихрист, кој по допуштение Божјо ќе добие власт над светот и над оние кои живеат во него, три и пол години.

Сите треба да запаметиме, дека сега сеуште живееме во спасоносно време, во благодатно време, кога Спасителот на светот Христос е спремен да го прими и спаси секој грешник кој ќе воздивне пред Бога за свое спасение. Се спасуваме и ќе се спасуваме во Црквата, оградувајќи се со страв Божји од секој грев, лукавство, лага, лицемерие и самоволие.

Добро е сега, кога кај народот се буди христијанското самоспознание, сите да разбереме кому и зошто, токму сега му се потребни такви нехристијански методи на борба за “слобода“. А прашањето е, од што треба да бидеме ослободени? Дали од христијанската црковна дисциплина, зашто таквите со своите приватни мислења го оспоруваат соборниот глас на Црквата? Дали од едината Соборна Црква, па да одговориме на повикот на она расколничко малцинство кое ги повикува верниците во катакомби, за да потоа сето тоа се претвори во секта? Дали од плаќањето данок...?

На претпазливост, децата на Црквата, ги наведува тоа што ваквите, во желбата да ја достигнат својата цел, не се срамат да се користат со методите на “таткото на лагата“, ѓаволот, односно со клевета!
Од почетокот на оваа забуна, напишав не малку писма во врска со идентификацискиот даночен број. И еве, едно од нив, по волја Божја, преку интернет го објави Сретенскиот манастир, така да стана достапно на широк аудиториум. Но, тоа мое писмо го прогласија за лажно, т.е. дека не е мое. Денес, пак и пак, токму заради тоа, се потпишувам под овој напис...

Сега, во врска со тоа што моето име го мешаат во клевета оние, кои се борат против Црквата, сум обврзан да им кажам на сите кои се вовлечени во оваа психоза: Плашете се од поделба и раскол во Црквата!
Плашете се да не отпаднете од мајката Црква, бидејќи единствено таа, ја задржува лавата на антихристијанската разузданост во светот сега!
Плашете се да им судите на црковните свештени старешини, зашто тоа е погибие и без антихристовиот печат!

ПЛАШЕТЕ СЕ ОД ГРЕВОТ!

Бидејќи, напуштајќи ја Црквата, ние ќе го наследиме токму тоа, од кое сега се плашиме.
Да запечатиме на таблиците на нашето срце и ум, духовна основа на нашето единство со Бога: Сине, дај ми го твоето срце. Душата и срцето, верни на Бога, Господ нема да ги предаде на  непријателите на уништување!

Со современите технички можности, возможно е да се запечатат сите народи со броеви,  чипови и печати. Но, тие не можат да ја повредат душата човечка, ако таа свесно не се одрече од Христа и свесно му се поклони на непријателот Божји. Животните зборови на нашиот Спасител, нека ни бидат раководство и патеводител по бурното море на животот:
“Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот.Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои“ (Јн. 14,27-28),
“Верувајте во Бога, и во мене верувајте“(Јн.14,1).




подготви М.З.




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »