логоFacebookTwitterYouTubeeMail


За својствата на соништата
Православна светлина, Секти, Современи искушенија, велес, мпц, црква on Октомври 30, 2012 at 11:49 am

Н. Е. Пестов

dete.svetilo.jpg

„И старците ваши ќе сонуваат соништа“ (Д.А. 2, 17)

 

Душевниот живот на човекот не прекинува ниту во сонот. Па не може ни да се прекине зашто душата е бесмртна. Само што во сонот ни е одземена нашата волја во однос на телото, и наместо обичната свест се појавува таканаречената потсвест.

Дека животот на душата не прекинува, докажуваат соништата. Треба да се забележи, дека во текот на сонот, нема период кога човекот не би видел со внатрешното око било какви ликови и не би ги преживеал тие или некои други духовни чувства.

Кој сака да го провери ова, нека си постави за цел: во моментот кога прекинува сонот, со умот да го фати крајот на сонот. При силен волев напор ова успева.

Значи, во сонот не прекинува душевниот живот, само добива други форми.

Животот на душата во сон е оригинален: па така, од нас прифатените зборови во сон – тоа не се зборови, туку мисли кои ни доаѓаат од некаде.

Како да се објаснат лошите соништа и треба ли да им се придава некакво значење на соништата?

Свети Симеон Нов Богослов пишува: „Со што се занимава душата и што зборува најаве, за тоа мечтае или философира и во сон: ако го поминува цел ден во грижи за човечки дела, со нив се занимава и во сон; доколку сето време го поминува поучувајќи се во божествени и небесни работи, тогаш и во сон навлегува во нив и се умудрува со виденија.“

Длабокиот психолог, отец Александар Елчанинов, го пишува следново:

„Во сонот, кога згаснува нашата нормална свест, губиме контрола над себе; кога сме потполно искрени и од ништо не се срамиме – тогаш од длабочините испливуваат потсвесните основи на нашето битие, се разголуваат најдлабоките слоеви на душата, и ние, повеќе од било кога, остануваме сами пред себе. Карактеристичните за нашите соништа ликови, виденија и душевни состојби – се најверодостојните, и со ништо несокриени манифестации на нашата вистинска личност.

Се разбира, овде треба да ги разликуваме чисто психолошките феномени (како што се молитвите и црковните химни по долгите црковни служби), исто така и – простото влијание на нашата физиологија, на која сме ì потчинети, на пример, кошмарите кои ги имаме при болест. Но при доволно објективно и успешно оценување на карактерот и суштината на нашите соништа, многу можат да ни помогнат да се спознаеме себеси и да си ги отвориме очите“.

Па така, соништата до извесен степен можат да ја карактеризираат чистотата на нашата душа. Можеме да забележиме, дека најаве можеби ни се заканува осквернување или било каков грев. Но со зачуденост забележуваме, дека во сон можеме да паднеме во такви гревови, кои не би ги направиле најаве. Тоа е показател дека очистувањето на нашата душа е сè уште површно, и во длабочините сè уште се крие гревот.

Светите отци велат, дека само при целосно очистување на срцето, соништата секогаш ќе бидат чисти и светли.

Па така, карактерот на соништата одговара на духовната состојба на човекот најаве.

Ако човекот не живее со Бога и не го има во себе Неговиот Дух, тогаш тој најаве се наоѓа под власт на страстите, пристрастноста, немирот и суетата. Поинаку кажано, тој се наоѓа во власта или под влијание на лукавиот дух, којшто постојано му влева мисли и чувства.

Истото, злиот дух продолжува да му го прави на човекот и во сон. Овде му е уште полесно да владее со душата, затоа што волјата на човекот е ослабната. За да ја исмее бедната, од него поробена душа, злиот дух ја присилува да доживува неубави, понекогаш ужасни состојби, според нечистите мисли и чувства, кои си ги допуштала душата најаве.

Ете зошто светите отци, како општо правило, забрануваат да им се дава било какво значење на соништата и да се раскажуваат на друг, сметајќи ги за откровенија од одондестраниот свет.

Но за луѓето кои имаат жива вера и будно се стремат секогаш да го имаат во себе Светиот Дух, соништата го немаат ова значење.

Кога апостолот Петар ја кажал својата јавна проповед за Христос, во денот на слегувањето на Светот Дух, тој ја опишал духовната состојба на оние кои поверувале во Христос со следниве зборови, од книгата на пророкот Јоил:

„И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа“ (Дела 2, 17; Јоил 2, 28-32).

Затоа свети Симеон Нови Богослов ги поистоветува соништата на духоносните луѓе со вистинските виденија и Божествените откровенија.

Свети Никита Ститат (ученик на Свети Симеон Нови Богослов) ги дели соништата на: 1) обични соништа, 2) „виденија“ и 3) „откровенија.“

Обични соништа имаат обичните луѓе, кои им се потчинети на страстите; како што беше кажано погоре, во тие соништа има многу нечистотија и измама. Тие соништа треба да се презираат.

Еве што вели архиепископот Јован за соништата кај непреобразениот „надворешен“ човек:

„Преку своите соништа човек може да се увери каква пустош и ништожност живеат во неговата душа. Од таква празнотија (некогаш и поголема) е исполнета реалноста на луѓето… Луѓето не се ни свесни дека сите нивни желби, расположенија, проекции и умствени комбинации се безблагодатни.“

„Виденија“ добиваат луѓето кои се стремат кон очистување на своите душевни простори. На тие луѓе Господ им испраќа соништа, па преку видението во сон тие повеќе да ја остваруваат Божествената волја и да се стремат кон духовно издигнување.

„Откровенија“ добиваат совршените луѓе, кои се исполнети со Светиот Дух, коишто со крајно воздржување го достигнале степенот на Божјите пророци.

Притоа треба да се забележи дека, сонот на таквите христијани не е сличен на нашиот обичен сон. Па така преп. Варсонуфиј Велики и Јован пишуваат: „Кој го чува стадото, слично како Јаков, односно, е внимателен кон своите чувства и мисли, од таквиот бега сонот (1. Мојс. 31, 40 – „сонот ми бегаше од очите“).

Таквиот и кога ќе заспие малку, неговиот сон е како кај друг бдеењето; зашто огнот на срцето не му допушта да потоне во сон, и тој воспева заедно со Давид: „Просвети ги очите мои, за да не заспијат некако со сон смртен“ (Псал. 12, 40). Оној кој ја достигнал таквата вера и веќе ја вкусил нејзината сладост, тој го разбира и кажаното; таквиот човек не се опива од сетилниот сон, туку само го користи природниот“.

За нас, пак, кои во значителна мера сè уште се наоѓаме под влијание на лукавиот дух, важи гореспомнатото правило на светите отци – да не им придаваме никакво значење на обичните соништа.

Но сепак, по милоста Божја, ние често гледаме и чувствуваме како Бог најаве нè вразумува, па така и за некои соништа треба да се подзамислиме и да се обидеме да си ги објасниме: не ме изобличува ли Господ преку овој сон за некој грев, пристрасност или слабост? Да не сака Он во нешто да ме вразуми или да ме предупреди за нешто?

Се разбира, сите наши соништа должни сме да ги чуваме во тајност. Само на духовниот отец или старец, или на лице кое е опитно во духовниот живот, може да му ги раскажеме соништата за од него да добиеме објаснување на оние соништа, за кои чувствуваме посебно значење.

Па така, некогаш барале толкување на нивните соништа: од праведниот Јосиф – Египетскиот фараон, а од пророкот Даниил – царот Навуходоносор (1. Мојс. 41, Дан. 4).

Во врска со расудувањето за соништата – дали се благодатни или се од лукавиот, како и воопшто за сите натприродни јавувања, кај монасите на Стариот Атон постои правило: „Не прифаќај и не отфрлај“.

Ова мудро правило го избавува човекот од гордост и превознесување, доколку таквите јавувања ì се припишат на благодатта; а исто така се избавува и од хулење на благодатта, доколку навистина имало пројавување на благодатта.

 

Превод од руски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

О Сновидениях,

Как Христианин должен относитъся к сновидениям,

Благо, Москва, 2000.

 Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 728
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »