логоFacebookTwitterYouTubeeMail


МОЛИТВАТА КАКО ДУХОВНА ХРАНА

Знаете ли, дeца, колку е тешко денес да се живее во брак. Телевизијата, интернетот, училиштето, улицата... ни ги краде децата од дома. Верувајте, полесно е денес да сте монах. Со блага насмевка на лицето, на оние кои се венчаваа, им остави до знаење дека понатаму во животот ќе претстои уште поголема борба. Овие зборови на мојот владика ми отворија безброј прашалници бидејќи и самиот сум во брак, се трудам во воспитувањето на своите деца, но, ете, по Божја промисла сум и свештеник, свесен за одговорноста пред Бога за сите мои чеда, од најмалите до најстарите. И еве, ако се запрашаме што треба да се прави, или од кога треба да започнеме со грижа или воспитување на нашите деца, сите ние без многу размислување би го дале одговорот - од најраната возраст.
Би рекол, од самото раѓање, па дури и од самото забременување, бидејќи впечатоците кои бебето ги прима уште во утробата на мајка си, во голема мера ја одредуваат неговата душевна, чувствена, па дури и духовна состојба. Ова веќе го знае науката. Нам пак, убаво ни е познат примерот со свети Јован Крстител, кој заиграл во утробата на мајка си од присуството Божјо. Телесната грижа на мајката за време на бременоста не е доволна за детето да се роди и како духовно битие, потребно е родителите, а посебно мајката да се моли и (исповеда) причестува во текот на бременоста, сметајќи го детето како Божјо колку и свое.
По раѓањето кога физичката врска помеѓу мајката и новороденото навидум е прекината со сечењето на папочната врвца, всушност таа врска физички и не престанува, но продолжува преку доењето. И ако храната (мајчиното млеко) којашто бебето ја прима веднаш по раѓањето ја претставува единствената енергија потребна за живот на роденото, ќе се сложите дека и за душата на секое новородено е потребна храна (енергија) за таа да биде жива.
Но ете, најпрво да видиме што е најдобрата телесна храна за најмалите од аспект на медицината, а јас ќе се потрудам да ја претставам најдобрата духовна храна за нив според Црквата.
Доењето, лактацијата или исхрана на мајчина града претставува природна, физиолошка исхрана. Потполната врска мајка - дете се прекинува со пресекувањето на папочната врвца, но таа врска сепак продолжува, само во друг облик, а тоа е преку мајчиното млеко. Придобивките од природната исхрана во однос на вештачката (најчесто кравјо млеко) се неспоредливи. Еве некои од предностите на природната исхрана или доењето:
Тоа е продолжение на биолошката врска меѓу мајката и детето и понатаму ја одржува цврстата физичка врска и создава психичка врска меѓу нив. Претставува најпрост и наједноставен начин на исхрана, заштитува од инфекции, но го заштитува и мајчиното здравје. Мајчиното млеко е најсовршената храна за новороденчето, полесно и побргу се вари и е поекономично.
Млечната жлезда (дојка, glandula mammae) претставува високо диференцирана жлезда. За време на пубертетот и за време на бременоста како и за време на доењето, таа е изложена на многу впечатливи промени. Кога е во полна функција, нејзиниот волумен е околу три пати поголем отколку кога мирува. Составена е од 15-20 лобуси (резени), кои се состојат од помали лобулуси (резенчиња) од кои пак излегуваат мали одводни каналчиња, а овие се изливаат на врвот од брадавицата (испапчување на врвот на дојката, опкружена со пигментирана површина - ареола).
Создавањето на млекото на дојката е резултат на извонредно сложени и се уште недоволно познати процеси. Сигурно е само тоа дека млекото настанува од материи кои во дојката ги донесува крвта. Млечната жлезда активно ги одделува од крвта и се создава нов производ - млеко. Уште при крајот на бременоста и првите три дена од раѓањето, под дејство на хормонот пролактин (лактоген хормон), дојката почнува да лачи жолтеникава течност која се нарекува колострум. Колострумот содржи повеќе белковини кои се неопходни за растот во првите денови, содржи витамин А, витамин Е, соли и антитела против разни вирусни и бактериски причинители на болести. Неговата главна вредност е заштита на новороденчето од многу инфекции. Исто така, колострумот содржи и ферменти што го помагаат варењето и празнењето на цревата кај новороденчето. Од четвртиот до четиринаесеттиот ден се создава т.н. преодно млеко, кое е со променлив состав и чија количина од ден на ден се зголемува, а дури во третата, па и четвртата недела после породувањето се создава зрело млеко кое со својот состав и количина потполно ги задоволува сите потреби на детето во првата половина од првата година на детето (првите 6 месеци). Мајките кои дојат треба да се разубедат од популарните предрасуди дека зрелото млеко е слабо заради својот изглед, кое е поводено и проѕирно. Оваа заблуда често доведува до непотребно воведување на шишенца и постепено прекинување на доењето. Исто така е важно да се нагласи дека создавањето на млекото во првите 10-14 дена е оскудно, слабо, така што во тоа време тешко може да се зборува за премалку млеко и многу е погрешно воведување на други видови млека, бидејќи во тој ран период се воспоставува лактацијата и може да дојде до нејзино брзо непотребно прекинување.
Факторите кои влијаат на количеството и составот на млекото се различни, но основен услов е развиеноста на жлезденото ткиво. Во врска со ова треба да се спомне дека голема по волумен дојка не секогаш е знак за добра млечност. Исхраната и психичката состојба на мајката имаат големо значење за млечноста. Непријатните чувства (страв, грижа) можат во извесен степен да ја намалат лактацијата. Физичкиот напор, исцрпеноста, заморот, студенилото, болката, пушењето, алкохолот, дрогата, исто така неповолно влијаат врз лачењето на млекото. Од друга страна пак, цицањето на детето, детскиот плач, погледот на детето, самодовербата, топлината, психичката стабилност се фактори кои поволно делуваат на лактацијата.
Постојат случаи кога и покрај постоењето на млеко кај мајката, потребно е доењето да биде прекинато. Така, на пример, при карцином на дојка, туберкулоза кај мајката, психичка болест, потребно е потполно прекинување на доењето, додека кај некои болести е потребно само привремено прекинување на доењето (тежок дијабет, Базедова болест, хепатит) или пак кај ангина, настинка, бронхит, каде што е доволно само носење на заштитна маска.
Во првите денови и недели од доењето може да се јават потешкотии кои не треба да бидат пречка за продолжување на доењето, туку треба да се надминат. Најчесто се јавуваат вовлечени брадавици, кои со масажа и извлекување успешно се лекуваат. Потоа рагади (пукнатини) на брадавиците, кои се јавуваат поради неправилното поставување на доенчето на дојките, а се лекуваат со примена на правилна техника на доење и премачкување со разни кремови и масти. Многу често се јавува и маститис или воспаление на дојките поради застој на млекото кое не е отстрането со измолзување, така што може да се развие инфекција. Во овој случај е потребно ставање на топли облози како и употреба на антибиотици.
Еве видовме дека најдобрата исхрана на нашите најмали е мајчиното млеко, и освен тоа овој вид на исхрана е единствениот кој најсигурно го заштитува бебето од вируси, бактерии и инфекции, но воедно ја заштитува и мајката од многу други несакани болести во животот. Видовме и дека понекогаш и тоа многу ретко мајката не треба да дои (карцином, туберкулоза...), но секогаш, дури и при појавата на искушенијата во вид на болести како рагадите, маститисот итн. не треба да се прекинува со доењето, иако, за жал, поголемиот број на мајки паѓаат на овие препреки. Некои пак воопшто и не сакаат да дојат од причини само за нив познати, а најзастапени се: нарушување на естетскиот изглед, напорниот ритам при доењето (станувањето ноќе), работните обврски и могу други причини. Но зошто е битно доењето иако знаеме дека и вештачките млека се навистина блиска замена за природното? Затоа што бебето ја прима и својата неопходна духовна храна. Пред се, тоа се чувствува сигурно и сакано. Доволно е да се допре до градите на својата мајка и да го препознае отчукувањето на нејзиното срце и секоја бебешка грижа да помине. Мајчината прегратка е посебна тула во градењето на љубовта, на личносниот однос мајка - дете, или родител - чедо, што е основа или темел за градењето на единствениот вистински начин на градење на однос со Бога, а тоа е личносниот, љубовниот однос. Најдобро за секое дете е она од што се храни, од што ќе биде создадено неговото тело, енергијата на човековата личност да е полна со љубов и молитва. При доењето, кога мајката ги кажува најодбраните, најмилите зборови за својата рожба, кога се моли, кога го осенува своето дете со крстниот знак, малото всушност и духовно се храни. А уште повеќе кога ќе почне и да се причестува по крштевањето. Затоа е потребно крштевањето на децата да не се одложува многу време по раѓањето. Многупати досега сум слушнал од многу мои соговорници дека сакаат нивните деца сами да одлучат дали ќе се крстат кога ќе пораснат и во која црква ќе го направат тоа. Попогрешна одлука од родител за свое дете, здравје! Ако тоа е подоброто, тогаш не им говорете ништо на вашите деца за кога ќе пораснат сами да го изберат јазикот на кој би зборувале. Нели, нема логика! Благодатта на крштението никој и никогаш не може да ја одземе од крстениот. Таа може да биде затрупана со гревови, но останува неотуѓива од нас. Оние кои го примиле семето на крштението имаат поголеми шанси да се обратат кон Господ како возрасни, дури и ако не се воспитани во христијански дух. Но најдоброто за нашите деца е да ги воспитуваме во тој дух и да ги водиме по веќе трасираниот пат. И проодувањето, но и последните чекори да завршат на тој пат, пат кој води до Царството Небесно.
Значи Лебот наш насушен (потребен, суштествен, неопходен за одржување на овој живот) којшто го бараме секојдневно во молитвата на којашто Господ Исус Христос не научи, всушност е потребната наша храна за живот, храна за телесен но храна и за духовен живот. Без потребната храна (телесна или духовна) умираме, или телесно или духовно.
Значи, сите мајки кои родиле да не се откажуваат од доењето на своите деца. Колку и да изгледа тоа тешко, неподносливо, неиздржливо или немодерно, тоа е голем дар даден од Господ на секоја жена, а храната од мајчината града е нентар за најмалите. За надминување на сите искушенијата пак, при доењето, најдобро е секоја мајка да се моли, како кон Господ така и кон Пресветата Богородица и да Ја чувствуваат Неа како своја Заштитничка, бидејќи Самата била Мајка Која Го хранела од Своите гради Христос, нашиот Господ. Истата таа молитва воедно ќе биде и задојување во духовниот живот на малото, и доколку не престане (молитвата), децата не ќе почувствуваат духовна глад. Па дај, Боже, за секое наше дете да се рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од нои си се хранел“ (Лука 11, 27).


презвитера д-р Александра Јакимова
отец Григориј Јакимов

Премин бр.81/82



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 714
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

« »