логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

За крајот на светот, за царството на Антихристот, за Апокалипсата...
Беседа со ѓаконот Андреј Кураев

Отец Андреј, обично крајот на светот се поврзува со доаѓањето на Антихристот. Кого ли сè не го нарекуваа Антихрист: Ленин, Сталин, дури и Горбачов. А каков е Антихристот според црковното поимање, што можеме да очекуваме од него?
Како прво, апостол Јован во своите посланија (не во „Апокалипсата“) пишува дека има многу антихристи. Во  таа смисла, антихрист – со мала буква  е секој човек што се наоѓа во состојба на активна борба со Црквата.

Второ, Антихристот лично е огледален лик на Христос. Воопшто, за античката и за средновековната култура , огледалото е мошне неблагопријатен предмет, во кој има нешто неправилно. Во енциклопедијата „Митови на народите“ може да се најде статија за Антихристот проследена со убава илустрација  една италијанска фреска од вермето на Ренесансата, на која е претставен Антихристот како стои среде толпа народ. Надворешно, тој е многу сличен на Христос: облеката е иста, косата е иста, и лицето, општо земено, е исто како лицето на Христос. Разликата е само во еден детал: тој има зли, мошне зли очи.
Не треба да се заборави дека префиксот „анти“ во грчкиот јазик означува не само „против“, туку уште и „наместо“. Антихристот доаѓа НАМЕСТО Христос, т.е., го заменува Христа. За да може да „помине“ таквата замена, тој ќе мора многу да наликува на Христос. Тука постои некакво огледално подобие: ние гледаме дека Христос три и пол години проповедал, вршел земна служба. Во Апокалипсата пишува дека земното владеење на Антихристот, исто така, ќе трае три и пол години. Христос вршел чуда, и несомнено е дека и Антихристот ќе „прави чуда“. Христос имал Свои ученици, имал Своја Црква, така што и Антихристот ќе има нешто слично. Христос бил универзално отвоерн, и несомнено е дека и Антихристот исто така ќе биде универзално отворен, и ќе биде подготвен да ги собере и да ги потчини под своја власт, под свое „евангелие“ сите култури, национални и религиозни традиции, толкувајќи ја секоја од нив по свое.

Сличности има многу. Но, како што вели Честертон, ако човек, кого што не го интересира содржината, земе, на пр., две списанија, од кои едното се вика „Атеист“ а другото „Католик“, ќе забележи дека имаат многу слични нешта: сличен дизајн, букви, рубрики „Соопштенија“, редакциски статии, фељтони, новости... Од гледна точка на структурализмот, сè е мошне слично, но би било крајно погрешно да се krstot.zakuraev.jpgзаклучи дека атеизмот и католицизмот се  едно и исто. Исто е и во нашиот пример  надворешните страни ќе бидат слични. Разликата е во  намерите. Зошто Христос се откажал од земната власт? Зошто Антихристот ќе ја приграби? Намерите ќе се покажат спротивни.
Значи, Антихристот ќе биде конкретен човек кој, покрај другото, ќе има и огромна светска власт?
Да. Мислам дека Антихристот може да го опишеме со помош на одрекувачкото богословие. Ние знаеме што се случило со Христос, и од тоа можеме да заклучиме што ќе се случи со Антихристот. Ете, гледаме три скушенија на Христос, кои великолепно ги протолкувал Ф. М. Достоевски во „Легендата за Големиот Инквизитор“  искушување со леб, искушување со власт, и искушување со чудо. Тие три искушувања, коишто Христос ги отфрлил, Антихристот очигледно ќе ги прифати. Тој ќе ја прифати власта над човечките души пеку чуда, власта над човечките односи преку преземањето на полугите на земното управување, и власт над телата преку контрола на механизмите на распределба на земните блага. 
Значат ли вашите зброви дека царството на Антихристот ќе претставува некаква глобална наддржавна структура, нешто како светска влада?
Бидејќи Антихристот ќе дојде за да ги „прелаже, доколку е можно, и избраните“ (Матеј 24:24), предмет на негов особен интерес ќе биде контролата над животот на оние коишто претставуваат опасност за него, т.е., контрола над ХРИСТИЈАНИТЕ. За да може царството на Антихристот целосно да ги реализира своите цели, ќе биде неопходно да се спроведе маргинализација на христијанството со негово последователно исчезнување, уништување. А за тоа нема да биде потребно механизмите на својата земна власт да ги протегне, во буквална смисла, над сета територија на Земјата.
Но, не значи ли тоа дека, сепак, нехристијанските народи се осудени уште од самиот почеток?
Тоа е ситуација во која е неизвесно дали одговорот е „да“ или „не“. Односно, може да се дадат аргументи во полза на „да“ и во полза на „не“. Затоа, да го поставиме прашањето вака: ќе се спасат ли нехристијаните? Мислам дека ова прашање може да остане отворено сè до тогаш, додека убедувањата на нехристијаните не влезат во свесно, директно спротиставување на Евангелието.
Споменавте чуда, но повеќето современи рационалисти сметаат дека, општо земено, се работи за „приказни за мали деца“...
Говорејќи чесно, јас веќе одамна заборавив како изгледаат „современите рационалисти“. Среќавам современи антихристијани, современи луѓе коишто размислуваат светски, но кај нив, по правило, не „мириса“ на рационализам. Тоа може да се види макар и оттаму што со истиот патос, со кој тие луѓе, како божемни рационалисти, се повикуваа на секоја точка и запирка во библиските текстови, ќе ги прифаќаат најнеобичните раскажувања за чудата што ќе се случуваат во рамките на Црквата. На пример, чудата од сферата на окултизмот, екстрасензориката и др. Затоа, во денешно време луѓето апсолутно не страдаат од рационализам. Напротив, жалам што од современите навики исчезнало тоа важно зборче, коешто постоело во универзитетската и во академската средина во минатион век. Кога некој студент, дисертант или предавач ќе поставел некаква хипотеза, неговиот постар колега (професор или научен раководител) заканувачки го подигал прстот пред него и со строг глас му велел: „Докажете!“ Затоа ми е искрено жал што зборот рационализам денес исчезнал од нашиот живот. Убеден сум дека на современото мислење му недостасува рационализам.
Тоа, во крајна линија, ќе биде во прилог на Антихристот?

Секако. Власта над душите, т. е. религиозната власт, ќе биде, природно, синкретична власт којашто ќе се обидува да создаде некаков сурогат на реалните историски религии, преку нивна замена со „лажалки“. Одредени надворешни форми ќе останат, но ќе има сосема друга содржина. Воопшто, ако човек бара заеднички именител на различни философски системи, резултатот на барањето ќе биде – нула. Обидете се, на пример, во грчката античка философија да најдете макар и една идеја со која би се согласувале сите грчки философи. Ве уверувам дека таква идеја, едноставно, не постои. Истото важи и за индиската философија. Само оддалеку изгледа дека индиската философија претставува некаква целина. Всушност, нема ништо слично на тоа. Таа философија исто така е двеилјадигодишна историја на спорови, на бесконечни дискусии, на своја схоластика, бесконечно уситнување и сл. Затоа, ако ги обединиме и другите философии, ако ја додадеме европската философија, христијанската философија, кинеската..., и ако се обидеме да извлечеме од нив нешто заедничко, нема да добиеме ништо полезно! Истото може да се каже и за религиите: од нив не може да се извлече заеднички именител. Тој ќе биде празен, крајно неинтересен, вештачки. Но ако некој се обиде – под изговор за добронамерност – да нè ОСЛОБОДИ од религијата, тоа може да му успее, зашто секој човек чувствува дека религијата во себе содржи и нешто што него лично го загрозува, дека таа е императив, дека бара возобнова на животот, служење... Секој човек не ги сака тие нешта. Но, да го каже тоа чесно и отворено – исто така не може секој.
Кај Јосиф Бродски има една интересна мисла: „Неверието е слепило, но најчесто е – свинштина“. Сосема се согласувам со него. Во мојот живот само еднаш едно момче чесно ми ја призна причината за напуштањето на Црквата. Кога со него, на интелектуално ниво, ги разрешивме речиси сите прашања, тој ми рече: „Не, јас сепак нема да се крстам, зашто во тој случај ќе мора да се откажам од жени“.
Затоа, макар што Христос рекол: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“, всушност Тој извршувал сосема друга социјална, психолошка, психотерапевтска работа – Тој вознемирувал, нарушувал. Го нарушувал малограѓанскиот мир, спокојството на душата, фарисејската самодоволност. Од таа гледна точка, сосема е оправдано во Христос да гледаме бунтовник. Во Евангелието Христос е наречен „сол на земјата“, а ако притоа „земјата“ (т.е., ние) е болна, претставете си ја реакцијата на ранетиот организам на солта!   
Па сепак, обичното христијанство се прима како религија на љубовта. И наеднаш - Апокалипса. Откровение на Јован Богослов, со своите страшни слики. Дојде до некаква измена на смислата на самиот збор. Зашто, зборот „апокалипсис“ означува само „откровение“, односно, тоа, во принцип, само по себе не носи никакви страшни слики, но факт е дека ни оддалеку не се прифаќа како неутрално... Да не зборуваме за придавката „апокалиптичен“, зад која отворено стои нешто крајно страшно, нешто што зборува за ужасниот крај на светот. Казнен меч на последните времиња...

Можеби тоа е меч. Макар што јас тука гледа една сосема поинаква споредба: „овен“, направа со која се пробиваат вратите на тврдините. Работата е во следново: вратите од адот, како што е познато, се затворени одвнатре. Бог не нè затвора во некаков концентрационен логор на вечни маки, на вечно полупостоење, туку ние самите се затвораме од Него одвнатре. Притоа, се затвораме на разни начини. Постојат брави чие функционирање е лесно разбирливо: кога јас самиот ќе посакам, пристапувам кон вратата и ја заклучувам. А се случува вратата да се заклучи и сама од себе – од провев. Можеби сум немал ништо против да излезам, но вратата се заклучила. Во општеството, во човековата душа дуваат такви провеви коишто ги затвораат вратите низ кои би можеле да излеземе пред Бога. Особено во последните векови, општествениот живот на луѓето се устројува така што е сè посложено да се биде христијанин... Се активираат некакви механизми за затворање коишто речиси стихијно се јавуваат во општеството, и коишто понекогаш постојат речисии незабележливо. Бидејќи не ги гледаме, не сме ни свесни колку нè блокираат. А бидејќи не сме свесни дека нè блокираат, не чувствуваме дека нè лишиле од слободата. Следствено, кај нас не се раѓа бунт против нив... Поточно, понекогаш може да се пројави бунт, но тој се манифестира во сосема идиотски форми од типот на наркотици, самоубиства и сл. Луѓето не разбираат против што треба да се бунтуваат.   
Така, малку по малку, се свикнуваме на нашата темница, и кога дефинитивно ќе се свикнеме, кога нашиот мал свет целосно ќе се покаже изолиран и затворен, тогаш однадвор ќе почне да се слуша звукот на удирите на „овенот“. Набргу внатре сè ќе биде потрошено, ќе снема воздух за дишење. Затоа кон нас, во нашиот потонат мал свет, спасителната заповед мора да дојде однадвор, за сепак да ни овозможи да дишеме свеж воздух. Во сето ова, најжалното нешто е што таа спасителна операција, којашто ја спроведува Христос на крајот од историјата, може да биде успешна само делумно, зашто Христос на сила ќе ги искрши само оние врати коишто не се заклучени со наша волја, по принципот – „така требало да биде“. Но Тој никогаш нема да ги искрши вратите на онаа душа којашто свесно не сака да Го прими. Во таа смисла, често се вели дека Христос е – џентлмен. Тој никогаш не влегува без да чукне и без согласност на домаќинот. Такви врати Христос со сила не може да скрши. Бравите на овие врати, подвлекувам, не се социјално-историски, туку тоа што е внатре во човекот, самиот човек. Тука Христос се откажува од Својата семоќ и го избира патото на ненасилството.  
Поаѓајќи од кажаното, може да се претпостави дека луѓето (делумно произволно, делумно непроизволно) создаваат такво општество во кое ја губат главната слобода – слободата да бидат со Бога... И тогаш Бог ќе се пробие до нас, ќе се пробие Сам, но ако притоа забележи дека некој свесно сака да остане сам, Тој го остава таков. Имено, во таа смисла спасителната мисија на Христос не може да се реализира до крај, до сеопшт, апсолутен, тотален успех. Просто затоа што не е доволно на давенник да му се фрли обрач за спасување – потребно е тој да сака да се фати за него. Ако тој е самоубиец, колку обрачи и да фрлиш– ќе биде бесполезно. 
 
Отец Андреј, за современиот човек сликите на Апокалипсата се – страшни јавачи, ангели со труби – што никако не се совпаѓа со неговиот реален живот. Која е причината за тоа: во длабоко сокриениот символизам на апокалиптичните слики или во нешто други?

Мислам дека ќе треба уште малку да почекаме. Тогаш Апокалипсата, како и целата Библија, повторно ќе ни станат јасни. Се работи за тоа што Библијата е книга на Црквата. Православната Црква е христијанство од периодот на доцната антика. Основните принципи на црковниот живот во православието се формирале во времето кога христијаните живееле во пагански свет. Тоа било соодветно приспособување на живеење како малцинство во паганско опкружување. А потоа христијаните станале мнозинство, и Црквата се зачаурила во цитаделата којашто самата си ја градела за време на триумфот на паганството. И многу нешта останале неразбирливи во изминатите векови на – повеќе или помалку – надворешна благосостојба...   
Знаете, Православието може да се спореди со желка: ако се погледне на тоа животно, веднаш се наметнува прашањето: „Зошто ли Бог ја создал таква?!“ Но, таквото прашање се јавува ако желката ја набљудуваме во школски терариум. А ако ја набљудуваме во нејзината природна животна средина, ќе ни стане јасно: ако таа има таков цврст панцир, значи дека има некој со мошне остри заби. И така, секој човек што се запознава со христијанството го забележува парадоксот: христијанството е религија на љубов, и истовремено единствена догматска религија во светот. Нагласувам: не „една од“, туку ЕДИНСТВЕНА догматска религија во светот. Се работи за тоа што христијанската вест за љубовта била вест за слободата, и затоа таквата вест мошне лесно мможела да се оскверни, да се протолкува во пагански стереотипи. И се јавила потреба од заштита од такви лажни толкувања. Воопшто, секој текст постои само во нечија интерпретации: секој читател го разбира и го толкува текстот по свое. Затоа Евангелието природно имало потреба од заштита преку Преданието, за свесните лажни интерпретации да бидат отфрлени и да не згасне, со текот на вековите, апостолското разбирање на Христовите зборови – односно, разбирањето што го имале луѓето коишто биле со Христос и коишто Самиот Тој ги учел . Со таква цел и се поставени догмите, коишто сами по себе повеќе ги отстрануваат премногу избрзаните, премногу еднолиниските концепции, отколку што тврдат нешто за Бога. 
И така, Православието како догматски систем се формирало во првите векови на христијанската ера, и потоа во таа лушпа, во тој панцир продолжило да живее. И преживеало до нашето време. И сега наеднаш се покажува дека сето тоа е мошне актуелно, зашто повторно настапува ерата на паганството, на ново паганство, на она што се нарекува „Ера на Водолија“. Кога светот одлучил да претпочита да не ги смета годините од Христовото Рождество, туку според „годината на сината свиња“ или на „црвениот бик“, поздравите „среќна Нова Година“ се трансформирале во „среќна нова година“. Токму во таквото време Православието се покажува како мошне современо. Она за што најмногу ги преѕирале и ги мразеле православните пред сто години, сега наеднаш се покажува како нешто што на луѓето им е најпотребно. А еве за што ги преѕирале: „Имате премногу обреди, не го проповедате Евангелието...“ А денес се покажува дека не е доволно само да се проповеда Евангелието, се покажува дека е најважно да се даде самата „енергија“, ако сакате, заштита, самите обреди и црковни Таинства. Денес, кога на секој чекор не опкружуваат бајачи, шамани, и слични на нив, се покажува дека благодатниот покров на Таинствата на Црквата не е обична идиома. Се покажа дека повикувањето кон Христос по Таинството на Причестувањето – исполни ги со Себе сите делови од мојот организам и од мојата душа – не е просто метафора, туку УСЛОВ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ на човекот во светот, во кој сета геена и правта излегле од подземјето.  

И во таа смисла станува јасно зошто Апокалипсата ни прикажува слика којашто мошне многу наликува на ранохристијанската цркв, во која христијаните повторно не се мнозинство и се подложени на прогонување, а наоколу триумфира ѕверот на паганството. И Православието, поради силата на својата неповратност, ќе се најде во мошне поволна позиција во онаа паганска епоха, во која ќе се врати историјата.
Затоа мислам дека наскоро ќе ни бидат разбирливи тиа застрашувачки символи на духовната борба на доброто и на злото во книгата Апокалопса. Се покажува дека не треда да се бориме само со љубезни зборови. И дополнување на словото на проповедта не е мечот на инквизиторот или на крстоносецот, туку истото она благодатно „оружје“ во рацете на Христос, во рацете на Неговата Црква. И тогаш сите итие апокалиптични слики ќе станат донекаде појасни. Зашто, зад денешниот подем на окултните практики стои конкретна опасност.

(Разговорот го водел Владимир Легојда, уредник на списанието ФОМА)
(следува продолжение на текстот)

 Подготви: д- р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 149
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 104
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 248
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »