логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


alfeev3.jpg

 (манастир Св.Пантелејмон, с.Нерези -Скопјe, септември 2007г.) 

Интервју со епископ Иларион (Алфеев) за римокатоличкиот весник
Inside the Vatican

извор: OrthodoxNews

ITV: Епископ Иларион, сите сакаат да знаат зошто ја напуштивте средбата во Равена на 9 октомври? Како беше возможно да се случи тоа во последен момент? Дали присуството на Естонската делегација беше нешто, за кое не знаевте пред да пристигнете?

alfeev17.jpgЕпископ Иларион Алфеев: Прво, не ја напуштив само јас средбата. Тоа го направи целата делегација, која се состоеше од мене и отец Игор Вижанов. Решението да ја напуштиме средбата не беше мое. Тоа беше решение на Епископскиот собор на Руската православна Црква од 2000 година, на коешто јас не можам а да не се потчинам. Освен тоа, по молба на Митрополитот Јован Зизјулас, јас обавив телефонски разговор со митрополитот Кирил, за да прашам како да постапам, и одговорот беше дека јас и отец Игор треба да ја напуштиме средбата. Така, тоа решение не беше мое – тоа беше решение на Руската Православна Црква. Многу е важно тоа да се знае, да биде објавено. Јас не мислам дека на ниеден начин сум одговорен за решението, кое не беше мое. Но, секој еден од нас ја претставува својата Црква.
Второ, списокот на учесниците не беше познат пред јас да пристигнам. Всушност, од самиот почеток на официјалниот римокатоличко-православен дијалог од 1980 г. до 2007 г. списокот на учесниците остануваше непроменет и средбата во Равена беше првиот пат, кога Константинополската Патријаршија еднострано реши да повика претставници од таканаречената Естонска автономна Црква. Тоа беше едно непријатно изненадување, особено ако се има предвид дека Константинополската Патријаршија ја знае позицијата на Руската Православна Црква објавена на нејзиниот епископски собор во 2000 г. На тој собор беше решено, дека ние не можеме да учествуваме на официјална средба, на која присуствуваат претставници на тнр. Естонска Православна Црква.
Има многу автономни и афтокефални цркви, кои од различни причини не се сеопшто признаени од православниот свет. На пример тоа се афтокефалната Православна Црква во Америка и автономната Јапонска православна Црква: тие никогаш не биле поканети на такви дијалози со оглед на тоа дека Константинополската патријаршија не го признава нивниот сегашен статус. Ако треба да биде поканета тнр. Естонска православна Црква, која е автономна структура на Константинополската патријаршија, зошто да не ги поканиме и тие Цркви? Зошто тогаш да не ја поканиме Украинската православна Црква, која има автономен статус под омофорот на Московската Птаријаршија? А автономната Латвијска Православна Црква? А Естонската православна црква која принадлежи на Московската Патријаршија, и исто така има автономен статус?
Ако составот на православната делегација од Мешаната комисија треба да биде променет, тоа треба да се случи со согласност од сите Православни Цркви. Ако и тогаш нема таква согласност, тогаш најбезболно е да се запази составот на православната група таков, каков што тој бил на почетокот – додека прашањето не се реши на сеправославен собор.


ITV: Што ќе се случува понатаму? Ќе има ли друга средба? Има ли некаква веројатност,  христијаните да бидат во општење едни со други или поделбата ќе продолжи – можеби уште илјада години, а можеби и засекогаш?

Епископ Иларион: Се надевам, дека до наредната средба на Мешаната комисија, која веројатно ќе се одржи за две години, ќе биде изнајдено некакво решение, кое ќе им дозволи на Православните Цркви да работат заедно во единомислие и согласност, како што беше пред Равена. Во меѓувреме Руската православна Црква ќе го разгледува прашањето за првенството во  Вселенската Црква од богословски аспект. По решение на Светиот Синод, Богословската комисија на Московската Патријаршија доби мандат да го разгледа тоа прашање и да подготви соодветен документ. Тој документ ќе биде основата на која Московската патријаршија ќе ја изгради својата позиција во понатамошната дискусија по прашањето на преемството, во рамките на Мешаната комисија ако се вратиме во неа. Велам “ако“, зашто можноста да се вратиме во Комисијата во голем степен ќе зависи од позицијата на Константинополската патријаршија.
Само Господ знае дали и кога ќе биде надминат расколот помеѓу Римокатоличката и Православната Црква. Но јас верувам дека ние треба да работиме на тоа. И јас сум длабоко нажален што црковната политика ја поткопува нашата работа. Во време кога треба успешно да изнајдеме нови патишта за приближување едни кон други, ние покажуваме разединетост и несогласие.
Сепак, јас сум задоволен, што освен Мешаната комисија има и други механизми за римокатоличко-православна соработка и уверен сум дека во иднина ќе бидат создадени уште повеќе такви механизми. На пример, постои цел спектар од взаемни односи помеѓу Римокатоличката Црква и Руската Православна Црква. Постои културна размена, размена на академско ниво, како и многу други примери за соработка. Тоа ни дава надеж за еден голем напредок во нашите односи во блиска иднина. Таков напредок би бил исклучително поволен и особено посакуван.

ITV: Каква е улогата на “ап. Петровата служба“  во православното богословие и пракса?

Епископ Иларион: Ние немаме богословие за “ап. Петровата служба“ на ниво на Вселенска Црква. Во нашата еклисиологија нема место за таквa идеја. Ете зошто Православната Црква во продолжение на вековите се спротивставувала на идејата за вселенска јурисдикција на било кој епископ, вклучувајќи го тука и Римскиот. Ние признаваме дека постои определен ред, според кој следува да бидат спомнувани претстојателите на помесните Цркви. Во тој ред Римскиот епископ заземал прво место до 1054 година, а после тоа првенството според редоследот во Православната Црква е префрлен на Константинополскиот Патријарх, којшто до схизмата бил втор по ред. Но, ние веруваме дека сите претстојатели на помесните Цркви се еднакви меѓу себе и ниеден од нив нема јурисдикција над некој друг.

ITV: Деновите за дискусија, кои продолжија без вас, донесоа ли нешто интересно или полезно?

Епископ Иларион: Јас незнам до каков заклучок дошол соборот, зашто таков документ сеуште не е објавен. Откако ќе биде објавен, Московската Патријаршија внимателно ќе го разгледа.

ITV: Имаше ли нешто особено кое сакавте или планиравте да го кажете во Равена?

Епископ Иларион: Мојата намера во Равена беше, засилено да работам и како член на Мешаната комисија и како член на нејзиниот редакциски комитет. Пролетта, оваа година, Редакцискиот комитет имаше средба во Рим и ние успешно ги разрешивме проблемите кои се создадоа за време на пленарната средба на Комисијата во Белград, во 2006 г. Јас имам цврста основа да верувам, дека ако нашите предлози беа прифатени во Равена, ние би се придвижиле напред и би го завршиле документот. Најверојатно тој документ веќе е завршен, но бидејќи јас не учествував во дискусиите, јас не сум компетентен да кажам дали нејзините заклучоци ќе бидат прифатливи за мојата Црква.
Отсуството на Московската патријаршија од оваа етапа на работа на Мешаната комисија, според мое мислење, создава проблем во целата работа на Комисијата. Знам дека Константинополската патријаршија не го дели моето мислење. Митрополитот Јован Зизјулас ми кажа мошне јасно пред сите останати православни делегати: “Ако една Православна Црква го напушти дијалогот, останатите ќе го продолжат“. Но, Московската патријаршија претставува повеќе од половината на православното христијанство во светот. Без неа, римокатоличко – православниот дијалог ќе биде всушност дијалог на Римокатоличката Црква со помалку од половина од Православната Црква.
Разбирам дека римокатолиците гледаат на целава ситуација како на “внатрешноправославен проблем“. Тоа е удобна позиција. Но, јас сепак сметам дека оваа ситуација би требало да ги интересира и нашите римокатолички партнери, ако сакаат овој дијалог да биде навистина легитимен и да ги вклучува сите. Треба да бидат направени некои општи напори, за да се избегнат вакви ситуации во иднина.


превод: М.З.

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »