логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

  JOSIF.T.jpg
Интервју со Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф
Со обвинението, СПЦ ја призна МПЦ како реалност!
12 септември 2014 - 15:21

Делото што го покренуваат, поточно обвинението, не држи вода. Прво, со тоа тие ја признаваат МПЦ како реалност, што многупати досега се обидуваа да го прикријат, а второ немаат ниту канонска, ниту каква било друга основа за оваа постапка, вака владиката Јосиф го коментира чекорот на српскиот Синод да покрене обвинение против поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Тој укажува и на фактот дека СПЦ нема ниту канонска основа за покренување на ваква постапка

Ваше високопреосвештенство, МПЦ се соочува можеби со најголемиот предизвик во својата понова историја, по одлуката на СПЦ за почнување судска постапка против нашиот поглавар, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Каков е Вашиот став околу ова прашање?

Едноставно, ниту можат, ниту би требале архиереите на СПЦ да спроведуваат ваква недуховна постапка. Со доделувањето на целосна автономија на МПЦ во 1958 година, се констатирало дека Уставот на СПЦ не важи за епархиите во Македонија, кои се издвоиле во самостојна Црква со свој Устав. Од друга страна и делото што го покренуваат, поточно обвинението, не држи вода. Прво, со тоа тие ја признаваат МПЦ како реалност, што многупати досега се обидуваа да го прикријат, а второ немаат ниту канонска, ниту каква било друга основа за оваа постапка.

Дали со оваа одлука се продлабочува јазот меѓу двете цркви?

Проблемот меѓу СПЦ и МПЦ е, ќе ја употребам констатацијата на блаженоупокоениот српски патријарх Павле, дека меѓу нас нема никакви еклисиолошки, односно суштински пречки, туку има отсуство на љубов. Тоа што треба да преовладее е љубовта, но и фокусираноста на вистинските проблеми со кои се соочува Православната црква, и внатрешни и надворешни. Сме останале зацементирани на некои позиции и ставови од времињата кога не се гледало на оправданата потреба на другиот, а сега имаме толку проблеми и организациски, но и во однос на мисијата, на моралот кај народот, гонењата на христијанството насекаде низ светот итн.

Можно ли е тоа, сега кога СПЦ наместо да ја прифати подадената рака од страна на МПЦ, фрли ракавица?

Вашата констатација е повеќе од точна и овој потег не може да биде сфатен поинаку од тоа дека СПЦ не сака решение на спорот со МПЦ, туку да покажува мускули. И како треба да одговори МПЦ? За тоа, навистина, ќе одлучи Синодот на МПЦ. Но моето мислење е дека на ваквото искушение треба да одговориме со љубов и смирение, духовнички, да го поучиме и да му покажеме пример на духовно послабиот. Сметам дека по овој неразумен потег, големите православни центри, пред се Цариград и Москва треба да направат нешто навистина конкретно и да стават крај на континуираното онеправдување на еден православен народ. Сметам и дека сите православни цркви сега треба да почнат посебен дијалог со МПЦ за воспоставување на литургиско единство.

Значи ли тоа дека можеби решение е да се иницира меѓусебно признавање на непризнатите цркви како на пример Македонската, Украинската, Црногорската црква...?

Ваквиот потег само ќе ја продлабочи раната на православното тело. Не сите од неприфатените цркви се во иста ситуација, особено не МПЦ, која битно се разликува во многу аспекти. МПЦ е возобновителка на древната Охридска архиепископија, епископатот и свештенството имаат апостолско предимство, имаме Синод, мисионерски и административно функционираме во секој поглед. Светите отци учат дека самостојна, автокефална Црква претставува секоја заедница со епископ, свештенство и верен народ, која правилно ја исповеда православната вера и принципите врз која таа почива. Денес, хегемонистички и националистички расположени поединци и групи ја користат позицијата во која се наоѓаат и нанесуваат неправда, држејќи цели народи надвор од православното единство. И зошто? Затоа што сметаат дека имаат историски ексклузивитет да одлучуваат кој може да има, а кој не своја Црква. А и токму изразот своја Црква ништо не значи, зашто сите сме Христови. Воопшто како православни имаме многу поголеми проблеми и предизвици, околу што треба да сме обединети, но изгледа како да немаме дар тоа да го согледаме.

Една година од новата епархија         JOSIF.T.jpg

Владико, помина веќе една година од Вашата интронизација на прв митрополит на Тетовско-гостиварската епархија, која беше основана по поделбата на поранешната Кумановско-полошка епархија. Што мислите од денешна перспектива за прифаќањето на ваквиот ангажман?

Нашето назначување на надлежен архиереј на Тетовско-гостиварската епархија е по послушание на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква. Послушанието е основната добродетел што треба да ја стекне секој православен христијанин, на која ние се учевме за време на монашкиот подвиг во Бигорскиот манастир. Кога нешто добиваме на послушение, особено од некој духовен авторитет, треба да го прифатиме и покрај тоа што може да предизвика противење и несогласување кај нашата волја. Но послушанието секогаш раѓа со плод доколку искрено и слободоволно го прифатиме и извршуваме.

Се најдовте пред очигледен тежок предизвик, зашто едно е наследување на веќе постоечка епархија, друго е возглавување на сосема новоформирана? Како изгледаше Вашиот почеток, со што се соочивте?

Примарно беше да се формираат основните тела на Епархијата. Беше свикано Епархиското собрание, кое го сочинуваат претставници од сите црковни општини, беше формиран Епархискиот управен одбор, Епархискиот црковен суд, се утврдија архиерејските намесништва, беа направени неколку арондации на парохиите преку припојување на некои населени места кон градот, со цел окрупнување на црковните општини итн. Втората фаза беше регистрирање на новиот субјект пред државата и тоа во согласност со новите законски прописи, во што, мора да признаеме, како епархија бевме први.
Исто така, во меѓувреме, воспоставивме контакти и со локалните институции, со градоначалниците на Тетово и Гостивар, со кои разговаравме за очекувањата и барањата што ги имаат православните христијани од Полошкиот регион. Со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи покрај за неколкуте комунални проблеми на тетовци, како водоснабдувањето, поправката на патот до соборниот храм „Свети Кирил и Методиј# и капела за градските гробишта, го отворивме и прашањето за изградбата на православен храм спроти спортскиот центар, укажувајќи дека тоа е и потреба и желба на православното население и сега сме во очекување на потег од страна на Градот Тетово. Со градоначалникот Невзат Бејта имавме неколку конструктивни средби од кои произлезе подготвеноста на градот Гостивар за изградба на нов храм во населба Дутлок и за нова градска капела. Имавме средби и со претставниците на другите верски заедници, особено со тетовскиот муфтија со кого договаравме и стратегија за заеднички настапи во однос на општественото живеење на нашите верници. Оствариме комуникација и со бизнис секторот, со претставниците на политичките партии на локално ниво. Исто така и на државно ниво се сретнавме со претставници на разни институции - министерства, образовни институции, агенции итн. со кои разговаравме за подобрување и унапредување на живеењето во овој дел од државата, за потребите на епархијата и МПЦ воопшто.

Хуманитарни активности
JOSIF.T.jpg

Во суштина, важен дел од функционирањето на Православната црква е мисијата за проповедање на Евангелието. Што се прави на тој план?

Тоа се остварува во Црквата и преку Литургијата. Затоа храмовите треба секогаш да имаат литургии, но и верници на службите. Покрај богослужбениот литургиски живот на Црквата, почнавме и со реализација на идеите за градба на храмови таму каде што е потребно, во меѓувреме осветувајќи две нови цркви, едната во Маврово, посветена на свети Кирил и Методиј, а другата во село Сушица, Гостиварско, посветена на свети Николај. Го благословивме и просторот за изградба на манастирот „Свето Преображение# во гостиварската населба Циглана. Исто така започнавме капитален проект за реставрација и разубавување на соборниот храм на Епархијата „Свети Кирил и Методиј# во Тетово, каде што покрај првичната фаза за снабдување на храмот со потребните црковни предмети, моментално вршиме менување на дотраениот паркетен под со мермерен, под кој се поставува и подно греење. Во процедура сме и на собирање на соодветната документација за изградба на владички конак во состав на Лешочкиот манастир, но и реновирање на постоечкиот конак, за што ќе аплицираме и во годишната програма на Министерството за култура, бидејќи објектот е под заштита на Законот како културен споменик. Меѓу поважните работи во оваа насока е и издавањето на епархиското списание „Огледало#, кое, покрај официјалната интернет-страница, претставува духовно едукативен и информативен медиум на Епархијата. А, исто така, се грижиме и за окрупнување на црковниот и епархиски имот, согласно можностите.

Што е со хуманитарните активности?

И покрај лимитираните финансиски можности, знаете ние сме најмала епархија во МПЦ, и тоа со најмалку верници, се трудиме да придонесуваме и да помагаме и на овој план, согласно можностите. Со група добронамерни верници, секоја недела организираме бесплатен оброк за бездомници и сиромашни во трпезаријата на храмот „Свети Николај#. Досега посетивме неколку социјално загрозени семејства на кои им обезбедивме помош во храна и парични средства. Доделивме еднократна помош и на поединци, и тоа по различни основи: за школување, лекување и сл. Во неколку наврати организиравме и групни венчавки и крштевки за возрасни, кои досега не ги извршиле овие свети тајни, но и не се во можност да го направат тоа, па затоа излегуваме во пресрет.

Кои се предизвиците за во иднина, Вашите и како епархија?

Со Божја помош, сакаме да ги завршиме започнатите проекти, да се посветиме и на духовната едукација на верниците. Во периодот што следи, како и досега, сакаме да ги посетиме сите места и храмови во епархијата, да ја увидиме нивната состојба и потребите. Ќе продолжиме со контактите со верниците, но и со духовната и материјална градба на епархијата. Се надевам дека следната година од нашето епископување ќе поставиме темели за нов храм во Тетово и набргу ќе го изградиме со помош на сите, а дај Боже да смогнеме сили, и духовни и материјални, во годините што следат да го реставрираме и стариот средновековен манастир „Свети Атанасиј# над селото Лешок.

Пред Бога сите сме еднакви



JOSIF.T.jpg

Какви се односите со обичните луѓе, со верниците?
Знаете, терминот обични луѓе нема функционалност, зашто пред Бога сме сите исти, а во контекст на Црквата сите сме царско свештенство. Ниту свештенството може без верниот народ, без неговото амин на богослужението, ниту, пак, обратно - народот не може без свештеникот кого Господ го поставил во името на сите да го принесува заедничкото, општата жртва. Лично сум задоволен од топлината и гостопримството со кое и тетовци и гостиварци ме примија како нивни надлежен архиереј. Мора да ја пофалам и нивната вера, копнежот да се задржи прадедовското предание, но мора да нагласам дека уште може. Не сме многу на оваа територија, а сепак во црквите има уште место. Затоа сите ние мора да бидеме постојани во верата, во црковното живеење. Да доаѓаме на неделните и празнични литургии, да се интересираме за верата и да ја живееме. Бог на епископот му го доверува своето, својот народ на чување, на истрајност во верата. И колку е тоа придобивка, толку е за епископот и одговорност. Секако, секогаш имало и ќе има искушенија, секогаш имало и ќе има различни мислења, ставови, а често и многумина говорат и пренесуваат од незнаење и невидено. Мора сите да бидеме достоинствени, да го спроведуваме тоа што е наша работа, а кон ближниот да се однесуваме со љубов и почит.

 

Елизабета АРСОСКА - Вечер
фото: Д.МИТРЕСКИ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 640
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »