логоFacebookTwitterYouTubeeMail

sv.Nikodim1.jpg


ЗОШТО СУДИМЕ НЕПРАВИЛНО
И КАКО ДА ДОЈДЕМЕ ДО ПРАВИЛНО СУДЕЊЕ

Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза спрема нив. Љубовта или омразата го окупира умот и го помрачува, така што тој не може  правилно да суди. Затоа, кога набљудуваш нешто или мислиш на нешто, скроти ги што е можно повеќе своите желби и не дозволи спрема она, што го оценуваш, веднаш да се занесеш со љубов или веднаш да го намразиш, туку набљудувај го незаинтересирано со самиот ум. Кога умот е во својата природна состојба и не е помрачен со страсти, тој е слободен и чист, и може да ја спознае вистината, да проникнува во длабочината на нештата во кои, под лажната привлечност на надворешноста, често се крие зло, а под грдиот надворешен изглед – добро. 

Но, ако се поведеш по својата наклонетост и од прв поглед нешто засакаш или замразиш, твојот ум веќе не може правилно да суди. Зашто, тоа расположение или, подобро кажано, таа страст која оди пред судењето, се поставува како ѕид меѓу умот и нештата, го заклонува умот и влијае човекот да мисли според страста, односно не онака како што следува од природата на нештата. Тоа, пак, придонесува првото расположение (љубов или омраза) уште повеќе да се зголеми. А доколку тоа се засилува, доколку човекот нештото се повеќе и повеќе го сака или го мрази, во иста мера умот во однос на тоа нешто повеќе се помрачува, додека сосема не се помрачи. И се случува страста спрема нешто да расте до крајни граници, така што на човек му изгледа дека би требало тоа нешто да го сака или да го мрази повеќе од сè на светот. Така се случува кога човек не се скротува себеси туку дозволува да засака или да замрази нешто пред да промисли за тоа. Умот и волјата во тој случај функционираат лошо и сè подлабоко пропаѓаат од темина во темнина, од грешка во грешка.     
Затоа, чувај се од љубовта или од омразата спрема што и да е, пред да успееш тоа темелно да го запознаеш при светлината на разумот, на Светото Писмо, на благодатта, на молитвата и со помош на својот духовен отец, како не би погрешил доброто да го сметаш за зло, а злото за добро, како што се случува во најголем број случаи.


ЗА ЗАПАЗУВАЊЕТО НА УМОТ ОД НЕПОЛЕЗНО ЗНАЕЊЕ
И ОД ПРАЗНА ЉУБОПИТНОСТ

Како што е неопходно умот да се чува од незнаење, исто така е потребно да се чува и од многубројни празни знаења и љубопитства. Зашто, ако умот се полни со многу знаење, не исклучувајќи го тука ни суетното, непотребното и штетното знаење, ќе стане неспособен да спознае што е добро за наше исправување и усовршување. Затоа спрема земните нешта коишто се дозволени, но не и неопходни, мора да се однесуваш како веќе да си мртов. Сосредоточувај го својот ум во себе и држи го далеку од сите нешта на овој свет.
Приказните за тоа што било, и знаењето на тоа што се случува, подобро е да минуваат покрај тебе. Настаните во разни земји подобро да бидат за тебе како да не се случиле. А и да си во прилика да слушнеш такви вести, подобро заборави на нив што е можно побргу. Еве што вели св. Василиј: „Нека слушањето вести од светот ти биде горчлива храна, а слатка како мед нека ти биде поуката на духовните луѓе“. Пророкот Давид вели: „Ми говореа шеги престапниците на законот, но тие не се како законот Твој“.  Засакај да слушаш главно за духовното, тоа изучувај го и не посакувај да знаеш за ништи друго, освен за Христос, и тоа распнатиот (1 Коринтјаните 2:2), освен за Неговиот живот и смрт и за она што Тој го сака од тебе. Ако се држиш до тоа, ќе го правиш она што Му е угодно на Бога. А Бог ги сака душите коишто Него Го сакаат и коишто се трудат да ја извршуваат волјата Негова. 
Интересирањето за мноштво ствари е често плод на гордоста и храна на самољубието. Тоа се само стапици на злиот дух кој, гледајќи дека кај некои постои силна волја да живеат духовен живот, се обидува да ги спрепне преку љубопитност и така да завладее со нивниот ум и со нивната волја. Поради тоа, тој предизвикува, особено кај оние што се поспособни и склони кон философирање, високи и прекрасни мисли. А тие, занесувајќи се од задоволството да расправаат за високи нешта, забораваат да ја чуваат чистотата на своето срце, да мислат смирено за самите себе и да ги совладуваат страстите. Врзани со синџирите на гордоста и на самоувереноста, создаваат од својот ум идол и малку по малку доаѓаат до убедување, макар што тоа не го ни забележуваат, дека веќе немаат потреба за совети од други, и во секоја прилика прибегнуваат кон идолот на сопственото расудување.
Тоа е мошне опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е полоша од гордоста на волјата. Зашто, умот сè уште е во состојба да ја излечи гордоста на волјата, но кога тој гордо ќе се увери дека тоа што го мисли е најдобро, кој ќе го разубеди во тоа? Може ли тој да послуша некого, кога е убеден дека мисли поправилно од кој било друг? А кога тоа око на душата, со чија помош човекот би можел да ја согледува и да ја исправа гордоста на волјата, самото е ослепено од гордоста и не може да се излечи, кој ќе ја излекува волјата? И тогаш во човекот сè е растроено, и нема кој да стави мевлем. Ете, затоа е потребно да поведеш борба против гордоста на умот, пред таа да земе замав. Подигни се против неа, скроти ја и покорно потчинувај го своето мислење на мислењето на духовникот. Биди скромен од љубовта спрема Бога, ако сакаш  да бидеш помудар од Соломон. „Ако некој од вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар“ (1 Коринтјаните 3:18).

 

КАКО ЌЕ ЈА НАВИКНЕШ ВОЛЈАТА СИТЕ НЕШТА ДА ГИ ПРАВИШ
СО ЦЕЛ ДА МУ СЛИЖИШ НА БОГА

Покрај управување со умот, потребо е и управување со волјата.
Не дозволувај ì на волјата да се мотивира од своите желби, туку секогаш нека биде една со волјата Божја. Притоа секогаш имај на ум дека не е доволно само да го сакаш тоа што Му е угодно на Бога, туку треба да Му служиш со чисто срце и без желба да си угодуваш себеси. За да се успее во тоа, мора да се издржи борбата со својата природа, пострашна од која било друга борба до тогаш. Зашто, нашата природа е толку наклонета кон самата себе, што во сите, па дури и во најдобрите духовни дела е подготвена да се задоволи самата себеси и со тоа неприметно и похотливо да се храни.

Затоа, кога пред нас стојат духовни дела, се случува да сакаме да ги извршиме, но не затоа што за тоа не придвижува волјата Божја, и не заради тоа да Му угодиме на Бога, туку заради оние задоволства коишто тие дела ни ги носат. Таа стапица е толку поскриена, колку е подуховно тоа што го сакаме. Затоа и велам дека не смееме да се задоволуваме само со тоа да го сакаме тоа што Бог го сака, туку мораме да го сакаме тоа кога Тој го сака, како Тој го сака и зашто Тој го сака. Апостолот ни заповеда да внимаваме што е Божја волја, не само добра, туку и угодна и совршена: „Не управувајте се според  овој век, туку преобразете се според вашиот обновен ум, за да можете да познавате која е добрата, угодна и совршена волја Божја“ (Римјаните 12:2). Зашто, ако во делото биде присутен каков било недостаток, или ако тоа дело не го вршиме од сето срце, тоа е несовршено. Знај дека и кога го посакуваме и го бараме само Бога, може и во тоа да има извесни недостатоци и да се провлечат грешки коишто доаѓаат од нашата љубов спрема самите себе, особено ако повеќе го имаме во предвид своето добро, отколку Бога.  

Ако сакаш да се запазиш од тие скриени пречки на патот кон совршенството и да бидеш духовно така настроен што секогаш да посакуваш и да ги правиш сите нешта само заради Бога и да му служиш единствено Нему, тогаш постапувај вака:
Кога пред себе имаш некое дело коешто е во согласност со Божјата волја, или само по себе е добро, не посакувај да го извршиш пред да го издигнеш својот ум кон Бога и да се увериш дека е Божја волја да го спроведеш.
Исто така, кога сакаш да оставиш нешто што не е во согласност со волјата Божја, или нешто што не е добро, не оставај го пред да го издигнеш својот ум кон Бога и да се увериш дека Бог сака да го оставиш тоа. Зашто, лукавството на нашата природа е префинето и малкумина го согледуваат. Нашата природа скриено го бара само своето, а надворешно се манифестира како да има за цел единствено да Му угоди на Бога, што всушност не е вистина.  

Затоа често се случува да сакаме или да не сакаме нешто од лични мотиви, заради свое задоволство, а мислиме дека сакаме или дека не сакаме нешто единствено за да му служиме на Бога. За да ја избегнеме таа самоизмама, потребно е само едно, а тоа е – чистота на срцето, којашто се состои во соблекувањето на стариот човек од себе и облекување на нов. Тоа е главната цел на духовното војување.
Ако сакаш да знаеш како се води таа војна, слушни:
Во почетокот на секое дело мора да отфрлиш секоја лична желба и да не сакаш, да не правиш, но и да не отфрлаш ништо, ако претходно не почувствуваш дека во тоа те раководи Божјата волја. Ако во своите надворешни, а особено внатрешни, душевни дела, не можеш секогаш вистински да го почувствуваш тоа држење на Божјата страна, задоволи се со искрено настојување во секое дело да го имаш предвид единствено служењето на Бога. 

Чувството дека Бог нè поттикнува на некое дело, се манифестира понекогаш со просветлување на умот, понекогаш со внатрешно Божјо вдахновение, преку некој внатрешен збор или преку некој друг начин на дејствување на благодатта во чистото срце, како што се духовна топлина и радост, умиление и солзи на умиление, Божествена љубов и други духовни чувствувања по Божја волја. Тие чувствувања нè уверуваат дека тоа што сакаме да го направиме е – по Божја волја. Пред секое дело мораме од сè срце да Му се помолиме на Бога еднаш, двапати и многупати, да ја осветли темнината и да ни го покаже патот. „Трипати помоли се, пишуваат големите старци Варсонуфиј и Јован, а потоа прави го она што срцето ќе го избере.“ Притоа не смееш да забораваш дека при наброените внатрешни духовни доживувања, коишто влијаат на донесувањето одлука, мора да се ракводиш од советите и од расудувања на поискусните.  

За дела коишто траат подолго, мора не само во почетокот, туку се до завршувањето да ја одржуваш решеноста да ги вршиш заради служењето на Бога. Ако не постапуваш така, може да ти се случи повторно да се вплеткаш во синџирите на љубовта спрема самиот себе, да ја изгубиш првобитната правилна настроеност, да заборавиш на првите високи намери и цели и да работиш повеќе за да си угодиш себеси одошто да Му служиш на Бога. Затоа св. Григориј Синаит напишал: „Без оглед дали читаш, пееш, молчиш, се молиш или правиш нешто друго, постојано внимавај на настроеноста на својата волја: дали таа тежнее кон Бога, кон доброто и кон духовната полза, за несакајќи да не се поткраднуваш самиот себеси.“ 

Ако некој не внимава на ова кога почнува да Му служи на Бога, малку по малку во тоа служење внесува угодување на самиот себе, задоволување на својата желба, така што често сосема заборава на Бога. Угодувањето на самиот себе го врзува до таа мера што, ако Бог преку болест, преку луѓе или зли духови, или на некој дуг начин му оневозможи да го изврши тоа што му претсавува задоволство, тој целиот зоврива од гнев, а понекогаш Му префрла и на  самиот Бог. А тоа јасно покажува дека неговото душевно расположение не е по Бога, туку настанало од повредениот и гнил корен на самољубието.

Зашто, кој нешто прави во убедување дека е тоа по Божја волја и од желба да Му служи на Бога, тој никогаш нема да сака едно дело повеќе од друго, па макар едното од нив да е високо и големо, а другото ниско и безначајно, туку подеднакво им е наклонет, зашто и едното и другото Му е угодно на Бога. Затоа таквиот човек е исто толку мирен и задоволен кога врши некое безначајно дело како и да работи нешто високо и големо, зашто секаде целта е иста – во сè да Му служи на Бога: било со животот, било со смртта, како што вели апостолот: „Затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога живееме во телото, било кога го напуштаме“ (2 Коринтјаните 5:9). Затоа гледај во срцето да бидеш сосредоточен и грижи се секогаш да ги управуваш своите дела така што да Му служиш на Бога.

Никој не ни помислува колкава вредност во духовниот живот има таквата побуда – да Му служиш на Бога. Зашто и најмалото дело коешто се извршува од желба да Му служиш на Бога е поголемо од сите најголем дела коишто не се прават од таква побуда. Поспасоносно е ако на сиромав му дадеш макар и само еден денар со намера прек тоа да Му послужиш на Бога, одошто да се одречеш од сиот свој имот во некоја друга цел, макар тоа било  од желба да наследиш духовни блага, иако таа желба сама по себе е добра и за пофалба.

Тој внатрешен подвиг – да ги насочуваш своите мисли, чувства и дела во секоја прилика само за служење на Бога – ќе ти изгледа во почетокот тежок, но кога ќе се навикнеш на тоа, ќе ти биде сосема лесен, дотолку повеќе ако секогаш се стремиш кон Бога како единствено и најсовршено добро, достојно да Го сакаме заради самото Него, да Му служиме и да Го сакаме повеќе од сè на светото.  
Доколку тој стремеж кон Бога почесто се јавува во тебе, и доколку се повеќе ти го освојува срцето, дотолку побрзо и полесно кај тебе ќе се создаде навика секое дело да го извршуваш единствено од љубов спрема Бога и единствено од желба да Му служиш Нему, најдостојниот за секоја љубов. 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits} 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 153
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 398
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »