логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba


(Беседа за време на конференцијата на Здружението Пријатели на Света Гора)


Му благодарам на достојнопочитуваниот претседател на Здружението на пријетели на Света Гора, господин Георги Кароциери, за благородната покана да беседам на вечерашната конференција, којашто Здружението на Пријатели на Света Гора ја организира, за да го чествува блаженоупокоениот Катиигумен на Светиот наш манастир, многублагочестивиот старец Георгиј Капсанис. Стојам овде и беседам со благословот на почитуваниот Катиигумен наш, Архимандрит  Христофор, чиишто благодарности и молитви му ги пренесувам на претседателот, на членовите на Здружението на Пријатели на Света Гора и на сите кошто ја испочитуваа конференцијата наша со присуството свое.

           1. Како многустран адамант блаженопочинатиот старец ги насочуваше зраците на богољубивата му душа кон различни области. Многустраното служење кон Црквата, кон Света Гора, кон народот наш беше плод на неговата Христообразна љубов.



 Од љубов восприми крај себе многуте духовни чеда, одгледувајќи ги како добар пастир за спасението нивно.

 Од љубов ги принесе силите свои на заедницата на Света Гора за соочување со различни теми.

 Од љубов се предаде на соочување со богословски прашања коишто ја вознемируваа Црквата.

 Од љубов им принесуваше слово укрепително и утешително на луѓето на секоја воздраст и сталеж.

 Од љубов, на крајот, го воздигна гласот свој и статусот свој, за да ја помогни искушуваната Црква.



Пред три месеци го имав благословот да посведочам за блаженоупокоениот старец како богослов и да ја опишам со груби црти содржината на неговата душа, љубовта негова, верата негова, смиреномудрието негово, расудувањето негово, молитвената и тихувателната состојба негова, и богословското негово исповедање во современиот црковен живот.

Денес ќе претставам една подеднакво важна страна на сведоштвото негово: Придонесот негов во заедничкиот подвиг на Црквата, против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам. И го правам од две причини: Прво, бидејќи за време на четириесетлетното игуменство негово во Манастирот Григоријат не престана да ја нагласува потребата од постојана приврзаност на народот наш во Богочовечкото предание во Православната Црква. И второ, зашто веќе постои општо искуство, во периодот на последните десетолетија човекоцентричниот хуманизам има донесено сериозни и несоодветни промени во изгледот на грчкото општество. Го согледувам односот мој на старецот Георгиј како нужен долг кон оние нешта за коишто тој се потруди за да не претрпи штета нашиот народ духовно од дејствијата на човекоцентричниот хуманизам.

Кон терминот „човекоцентричен хуманизам“ старецот даде смисла на филозофијата и на ставот на животот, според којшто центарот и мерата и критериумот на сѐ е човекот без Христа. Како што точно напиша  во 1982 во статијата Православие и Хуманизам. „Човекот ја има секогаш можноста на изборот помеѓу животот човекоцентричен (химанизмот) и животот богоцентричен (Православие). Во првиот случај, центар, критериум и крај на сѐ е човекот. Во вториот случај Богочовекот Логосот на Бога. Човекот хуманист верува дека самиот и без благодатта и заедницата со Бога може да се исполни и да ја изгради културата и историјата. Човекот, православниот христијанин верува дека само надминувајќи го „јас“ („егото“) може да се исполни и да создава вистинска култура и историја.

Во подвигот против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам присутна беше целата Црква: чесното Свештеноначалство, светиот Клир и благочестивиот народ. Црковниот осет ги имаше мобилизирано сите сили. Придонесот на старец Георгиј имаше две страни: првата, силните негови интервенции, коишто беа насочени кон пресретнување на брановите на новиот хуманизам, и второ тивкиот напор негов да ги створи предусловите за соочување со предизвиците. Бидејќи отец Георгиј не пишуваше само, ниту зборуваше само, но и се молеше и боледуваше, и направи својата болка да се упати кон Небесниот Отец. Оваа втора страна на приносот негов го дава одговорот на жалбата, што понекогаш пристигнуваше до неговите уши: зошто Света Гора не зборува? Кога околностите и потешкотиите со здравјето негово не дозволуваа да напише некое четиво, излегуваше од неговото срце една болка и еден крик молителен кон Оној Кој со силата спасува од смртта. И згора на тоа, излегуваше од неговите усни слово утешително и укрепително кон малото стадо коешто го посетуваше со цел да се одгледа (образува) во совеста на верните христијани дух лично спротиставувачки на израмнување со хуманистичката струја.

Двигател на старецот во подвигот овој беше љубовта негова кон Христа и кон Црквата. Љубовта негова беше плод на добродетели кои го красеа. Не даваше ништо да претставува, и ништо не ставаше пред оваа љубов. Ниту себеси, ниту манастирот негов. Карактеристична е неговата реченица: „Прво е Црквата, потоа Света Гора и потоа Григоријат“. Видливо е дека во оваа љубов не постоеше никаква себичност. Таинството на Црквата беше животот негов. Не знаеше само за Црквата, ниту само за црковните работи, но го живееше тоа што е Црквата: конкретниот историски богочовечки организам со неуспесите и гревовите на луѓето, но во истовреме и со светоста која го опфаќа сиот ум и чистотата, како тело на Богочовекот Христос, како столб и тврдина на вистината (I Тим. 3,15), како удел во обожението, како полнота на Оној Кој исполнува сè во сè (Еф. 1,23). Старецот беше внимателен. Негуваше  етос, кој што беше неопходен за да се создадат спротиставености спрема хуманизмот кој надоаѓа.

Еклисиолошката наобразба и црковниот негов опит му помогнаа да гледа навремено и да ги процени важните настани. Подвигот негов беше одмерен, изедначен, не создаваше внатрешни тензии во Црквата. Беше силен кога требаше, кон оние кои ја напаѓаа, а кон личностите од Црквата внимателен. Даваше изглед дека веруваше во подвигот и исходот кон Господа Кој што ја води Црквата Своја. Со таков одраз се соочуваше со настаните кои се појавуваа во црковниот живот. Се радуваше со славата на црквата, а жалеше за несовршеноста на Нејзините членови. Црквата ја чувствуваше како Мајка  наша, Која нè роди и израсна. Затоа се разминуваше со сето она што беше порвокација или навреда кон духовната ни Мајка. Најповеќе од сѐ го вознемируваа недоличностите на непријателите и методите, коишто и ја лишуваа слободата (на Црквата) да ја даде на светот пораката за спасението.

Кога облаци ја покриваа светлата небеса на Црквата, болуваше, се подвизуваше и подготвуваше за подвизи и жртви. (продолжува)

 

Шест години од блаженото упокојување на старец Георгиј Капсанис

По неговите молитви Господи Исусе Христе помилувај нè !

 

превод сестринството на манастирот Св. Јован Претеча Слепче

 

 Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/eromonah-luka-grigorijatski-starec-georgij-kapsanis-nasproti-sovremenite-predizvici-na-covekocentricniot-humanizam/

 8ми јуни 2020 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 821
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »