логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Како што минуваше времето сѐ повеќе и повеќе клевети беа напишани против Старецот Ефрем Филотејски и против манастирите што тој ги основа во Америка. Не знаеме што имало во мислите и срцата на оние што пишуваа осуди против овој голем Старец и неговото дело, но неговиот завет и натаму продолжува да се одржува преку благодатта на Светиот Дух. Да не гледаме ништо освен благословот што ни беше даден на сите нас преку него.

Старец Ефрем со братството

При моите бројни посети на неговите манастири, при разговорите со монасите и монахињите не забележав ништо што оди против вистинската православна традиција. Она што го гледав постојано беше стремежот кон трпение, молитва, подвиг, прошка, смирение и љубов: всушност еден ангелоподобен живот, какво што е и самото Православие. И гледав одново и одново како таквата љубов ги преобразуваше животите на другите луѓе, разгорувајќи ги нивните срца со љубов кон Христа и ближниот. Токму така требаше и да биде, како што вели Св. Јован Лествичник: „Ангелите се светлина за монасите, а монашкиот живот е светлина за луѓето“.

Бидејќи денес е неделата на слепиот, се молам сите да бидеме како оној евангелски слепец, кој беше удостоен Господ да го исцели неговото физичко и духовно слепило. Додека другите околу него не го прифатија ова чудо што се случи пред нивните очи, туку дишеа со осуда и клевета против делото Божјо, слепиот Го исповеда Христа и му беше дадено да Го види и прослави својот Творец. Нека Господ го исцели нашето слепило и нека овие трогателни зборови на Старец Ефрем нѐ пазат од озборување и осудување на нашите браќа (кое што е голем грев) и да не приведат кон покајание!



Старец Ефрем Аризонски за осудувањето

Озборувањето е големо зло. Како што малата крма го упатува големиот брод каде што сака, исто така и јазикот го води човекот кон добро или зло. Светите отци во голема мера го забрануваат осудувањето на туѓите гревови, слабости или лоши навики. Кога го судиме нашиот брат, самите себе се осудуваме на поголем грев. Но кога ќе го покриеме нашиот брат, и Гопод нѐ чува нас од тешки безаконија. Штом, пак, ќе го разобличиме нашиот брат, Божјата благодат веднаш се оддалечува од нас и Он мудро ни допушта да паднеме во истите гревови за да научиме дека сите сме слаби и дека единствено благодатта Божја е она што нѐ држи. Оној што си го чува јазикот, си ја чува и душата од големи гревови и тешки падови. Главната причина за критиката и осудата е гордоста и егоизмот, бидејќи човек се смета подобар од другите. Поради ова многу е полезно кога човекот се смета за подолу од другите, така што својот брат го гледа како подобар од себе. Така ќе ја стекне Божјата помош во борбата против ова зло.

Ако некој ве наведува на било каква критика против некој брат или манастир, обидете се, наместо слушнатото да го подложите на судот од вашиот разум, да се помолите во врска со тоа. Свртувајќи се кон себе со молитва, смирение и покајание, ќе откриете духовно богатство, но ќе го сочувате само доколку ги држите гордоста и осудата по далеку од себе.

Внимавај чедо мое да не осудиш ни една душа, оти Господ допушта на оној што го суди својот брат да падне, за да научи да сострадува со слабоста на ближниот. Милоста Божја сите нѐ крепи, но ако се препуштиме на гордоста, Господ ќе ја оддалечи од нас Својата благодат и ќе станеме полоши од другите. Едно е да осудиш некого, а друго да се бориш со осудувачките помисли. Осудувањето е ужасна страст, но борбата со овие мисли е подвиг за венец.

Секој мора да ги носи слабостите на другиот. Кој е совршен? Кој може да се пофали дека го запазил срцето неизвалкано? Значи сите сме болни, и оној што го осудува својот брат не сфаќа дека и самиот е болен, а болен човек не осудува друг болен. Љубете, покажувајте трпение, не замерувајте, не лутете се, не жесточете се, проштевајте еден на друг, за така да го подражавате нашиот Христос и Он да ве најде достојни да бидете покрај Него во Неговото царство. Деца мои, бегајте од осудувањето, тоа е голем грев. Господ многу се жалости кога ги осудуваме и презираме другите. Ајде да се насочиме кон нашите сопствени гревови – бидејќи за нив треба да чувствуваме болка. Да се осудиме себе си за да најдеме милост и благодат од Бога.

Љубете се еден друг и немојте да бидете огорчени поради себични причини. Смирението е сигурен водач; не му допушта на оној што го има да удри во гребените на немарот и да доживее бродолом. Напротив, како светлосен патоказ го води непогрешливо на сигурно пристаниште. Егоизмот е најголемото зло; тоа ни ги причинува сите наши падови, преку несмирени мисли. Плашете се од ова и трудете се да се ослободите од него, зашто колку повеќе се задржува во вас, повеќе ќе ве рани со својата пронижувачка болка. Ве молам не судете се еден со друг, тоа е чист егоизам. Простете му ја грешката на братот, нека прошката биде сведоштво за вашето смирение и љубов. Оној што ќе постапува вака ќе најде многу благодат од Бога, а оној што го осудува и соблазнува својот ближен, не само што не ќе најде благодат, туку и тоа малку што го има ќе го изгуби, за да ја научи поуката на смирение преку страдање. Бидете особено внимателни против внатрешните осудувачките помисли, зашто тие се скриени и може никогаш да не излезат на виделина преку изговорен збор, и никој не ќе може да нѐ чуе за да нѐ поправи. Затоа ви велам: пазете се од несвесното осудување, кое на срцето ни таложи вина и нѐ лишува од животот на Божествената благодат, нудејќи ни го наместо тоа, отровното питие што ни ја усмртува душата. Се молам љубовта и слободата од осудување да биде меѓу вас за Светиот Дух да владее во вашите души.

Судењето на Христос пред Пилат


Искуството покажало дека е неправедно да се обвини и да се осуди некој, без да му се даде шанса да се одбрани. Како што вели и Светото Писмо: Осудува ли нашиот Закон човек, дури најнапред не го сослушаат и не узнаат што прави? (Јован 7,51). Ако не сме будни, многу гревови од тоа што сме суделе други ќе се наталожат во нас и тогаш нема друг лек освен силното покајание. Колку пати човек се покајал заради некој изговорен збор! Постојано да ги имаме во умот зборовите на Авва Арсениј: „Честопати сум се покајал заради зборувањето, но никогаш не сум жалел заради молчењето“.

Кога често сме измамени од сетилото на допир, колку повеќе можат да нѐ измамат човечките зборови. Потребна е затоа голема будност, бидејќи вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта (I Петар 5,8). Христијанинот треба да е како многуокиот Херувим, оти гревот на осудувањето многу се намножил и станал нешто нормално како „леб и сирење“ . Нека Господ нѐ очисти и освети заради Неговата слава. Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш (Ефес. 4,26). Ова значи никој да не се гневи ниту во срцето да држи лутина против братот свој после зајдисонце. Сте слушнале ли за братот кој бил немарен и мрзелив, кој не одел на сеноќните бденија, не си ги исполнувал своите послушанија и кого сите браќа го знаеле како немарен монах? Кога тој се разболел и му наближил часот на смртта, браќата се собрале за да слушнат нешто душеполезно, или да го утешат, или, пак, да го сослушаат доколку сака нешто да им пренесе. Но наместо тажен, го виделе радосен и весел. Еден брат се соблазнил и рекол „Што е ова што го гледаме кај тебе, брате! Те гледаме радосен иако ти наближува смртта. Но знаеме дека не беше ревносен монах, па како си сега толку храбар и весел? Како ќе се оправдаш себе си?!“ „Да, браќа“, рекол тој,  „навистина јас бев немарен и не си ги исполнував послушанијата, но по милоста Божја стекнав една доблест: не осудив никого и не соблазнив никого и во моето срце никогаш немав нешто против некој брат после зајдисонце. И како што јас не осудив ни еден брат, верувам дека и Господ нема да ме осуди, зашто Он рече: Не суди, за да не бидеш суден (Матеј 7,1), бидеќи не осудив нема ни да бидам суден“. Браќата се восхитиле и рекле „Брате си го нашол лесниот пат кон спасението“. И монахот се упокоил со многу радост. Гледате ли колку отците се бореле против осудувањето и на кој начин го барале патот кон спасението.

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-ogovaranjeto-i-osudata/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 244
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 713
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА  за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

« »