логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 „И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: ‘Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе’. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него“.


Повикот на првите ученици – рибари ,Андреј и Симон

„Појдете по Мене“. Тоа се првите зборови што Христос му ги рекол на Петар. Тоа се и последните зборови со кои што му се обраќа во евангелието според Јован (21-22). Ретко кои други зборови ја доловуваат така вистинската смисла на тоа што значи да бидеш Христијанин, отколку овие три зборови со кои што Христос ги повика Своите ученици: „Појдете по Мене“.

Христос избрал дванаесетмина да Го следат како внатрешен круг на Негови соработници. Бројот дванаесет има длабока смисла. Христос сакал Неговите луѓе да ги претставуваат дванаесетте племиња на Израилскиот народ, да бидат по духот „Новиот Израил“ што ќе ја рашири Божјата порака до краевите на земјата.

Поентата на повикувањето на учениците е дека не се повикани само тие. Како што Бог го одбрал Израилот, како што Он ги одбрал дванаесетте, така нѐ одбрал и нас. Нѐ одбрал да бидеме Негов народ, Негови ученици, Негови соработници, Негови следбеници. „Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и плодот ваш да остане…“ (Јован 15,16)

Бог нѐ одбира пред ние да Го одбереме Него. Нѐ одбрал со Крштението уште пред ние да бидеме воопшто свесни за Него. Но, доаѓа време кога мора да одговориме на тоа што Он нѐ одбрал. Ние не сме марионети на кои Бог им ги влече конците за да нѐ воведе во Рајот или пеколот. Мора да одбереме. Така денес ни се обраќа со поканата: „Појдете по Мене“. Најважната одлука што ќе ја донесеме во животот е одговорот на Неговиот повик.

На едно планинско пасиште, длабоко во Светата Земја, тројца домородни пастири ги донеле своите стада на исто поило. Трите стада пиеле заедно. Откако се напиле, едниот овчар повикал „мен-а“, што на арапски значи „ајде по мене“. Неговите овци послушно се свртеле и тргнале по него по стрмнината. Следниот овчар го направил истото, и неговите овци тргнале по него. Не се ни свртел да го преброи стадото.

Еден американски турист што стоел во близината му рекол на третиот овчар: „Дај ми го твојот кожув и стапот, да видиме дали ќе ме следат така како што те следат тебе“. Ја облекол облеката на овчарот и викнал „мен-а“, но ниедна овца не се помрднала. Не го познавале гласот на странецот. „Зарем твоите овци не следат никого освен тебе?“ – прашал човекот. Овчарот одговорил: „Никого. Само понекогаш, ако некоја овца се разболи, следи кого било“.

Многу туѓи гласови го повикуваат Христијанинот, но тој го познава и го следи само гласот на Неговиот Пастир Христос. Кога не го следи, тоа е поради духовна болест – гревот.

„Моите овци го слушаат Мојот глас… и тие одат по Мене“ (Јован 10,27).

Христовиот повик е личен и бара личен одговор. Христос не дошол да го повика светот општо, туку секого од нас лично. Како што Марта ѝ рекла на Марија: „Дојде Учителот и те бара“. За тебе Бог стана човек во Христа. За тебе дојде и Христос. Токму тебе те вика. Ти си причината за Неговата посета. Тебе те љуби, за тебе умре и воскресна. Христијанинот е оној кој дава одговор на личниот Христов повик со лична посветеност на својот живот Нему, како на Господ и Спасител. За разлика од другите вери, Христијанството не е верност кон некој морален код или кон некоја философија, туку верност и послушност кон една Личност – Господ Исус Христос. Христијанинот е Оној Кој Го следи Христа и го усогласува својот живот според Него. Ако одбереме да Го следиме, Христос нѐ воведува во најблизок личен однос со Него. „Не ве нарекувам веќе слуги“ – вели Христос, „зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели…“ (Јован 15,15).


Повикот на апостолот Павле

Христос не ги одбрал Своите ученици бидејќи биле совршени. Петар на пример бил импулсивен и колеблив. Во еден миг ќе кажел „ќе умрам за Тебе“, а во следниот „не Го познавам Човекот“. Јаков и Јован биле амбициозни и самољубиви. Преку мајка им Му ги побарале на Христа главните места во Царството. А кога едно село не Го примило Христа благонаклоно, Му побарале да спушти оган од небото и да го уништи. Матеј, цариникот што работел за Рим, бил предавник во очите на неговиот народ. Христос го одбрал дури и Јуда за ученик. Сепак, најголемата тајна не е зошто го одбрал Јуда, туку зошто ме одбрал мене. Бог го одбира несовршениот, грешникот. Ги одбира најневеројатните луѓе. Свети Павле прашува: Нели Бог ги избра безумните и слабите и долните, дури и оние што се ништо? (види 1.Кор. 1,27-28) И Павле мислел дека е најчудно од сѐ тоа што Бог го повикал токму него; кој не бил достоен да биде апостол; кој бил дури и прогонител. Бог не нѐ повикува поради она што сме. Затоа што сите сме недостојни. Нѐ одбира какви што сме, нѐ одбира за она што може да нѐ направи да бидеме. Како што некој многу добро рекол: „Бог не ги одбира способните, Он ги прави преспособни оние што ги одбира“.

Во вториот век имало еден римски философ по име Целзиус, кој што му се потсмевал на христијанското движење, бидејќи било составено од отпадници и ништожни. „Оној Христос“, – рекол – „дошол во светот да основа една страшна заедница – зашто не ги повикал праведните и мудрите, туку грешните, унижените, поразените и долните“. А Ориген, христијански учител, му одговорил на Целзиус и му рекол: „Вистина е. Христос навистина ги повикува поразените долните, но не ги остава поразени и долни. Нѐ направи нови. Дојдовме кај Него алчни и ненаситни, Он нѐ направи великодушни. Дојдовме кај Него нечисти – Он нѐ очисти. Дојдовме кај Него жестоки – Он нѐ направи благи. Дојдовме кај Него безбожни – а Он нѐ исполни со Божјото присуство“.

 

(Продолжува)

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/pojdete-po-mene-del-1/

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 133
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 308
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 183
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »