логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Светиот свештеномаченик Јаков бил една маркантна личност од првата црковна заедница. Овој светија, познат и како брат Божји, не бил само Христов сродник по плот, туку и попримил длабоко од Неговиот дух. Бил толку праведен што го нарекувале „праведникот“, и таа карактерна црта му останала за време на целиот негов живот. Според црковното предание, тој е составувач на првата Литургија, првиот текст, од кој подоцна произлегле и останатите Божествени Литургии. Не можеме да знаеме како точно се развивала Литургијата, но дури и самото тоа Предание ни открива дека светиот Јаков го љубел богослужението и најмногу Божествената Литургија. Тој поставил темел на една долга традиција во Црквата и најмногу на апостолската Црква во Ерусалим. Таа традиција подоцна била пренесена и во останатите Цркви.

Божествената Литургија е навистина дар на Светиот Дух кон нас, луѓето. Таа е таинство на Духот, начин на кој што ни се открива Бог и небесните нешта. Во Литургијата нема ништо што не ни ја открива, на овој или на оној начин, божественоста и дејствата на Света Троица.

Бидејќи знаеме и веруваме дека Бог ни е Татко, затоа и на храмот, особено за време на богослужението, гледаме како на наш дом. Влегуваме, излегуваме, се радуваме, се крстиме, палиме свеќи, може и нешто да кажеме, но очигледно е дека православниот го чувствува храмот како свој дом. Да, навистина, нашиот дом е храмот. И тој собор во храмот е нашето вистинско семејство, оти семејството не ни се само нашите едно, две, три деца што ги имаме. Тоа сме сите ние и сите оние кои талкаат наваму – натаму и кои можеби уште не ни помислиле на Бога, или не се ни осмелиле да признаат за своите скриени воздишки, со кои сакаат да го отворат Небото и да добијат одговор од Бога, туку се колебаат и срамат. Литургијата е нашето семејство, нашиот собор, нашиот дом. Бидејќи заедно со вас се и оние кои не присуствуваат, и грешниците, и лошите, и починатите, и оние кои денес се наоѓаат во адот, а може си спомнуваат за Бога. Молитвите на Црквата, помените, Светите Литургии – кој знае на колку од нив ќе им принесат полза и ќе ги подигнат дури и од местото на маките и ќе ги изведат дури и од адот. Тоа ни е домот. Толку голем дом имаме ние верните!

И така, влегуваме во Црквата, во својот дом и вистински се радуваме. Тоа е најголемата привилегија што може да ја има еден Христијанин. Тука ние ја живееме Божјата благодат. Тука го живееме нашето спасение, плодовите од искупителното дело на нашиот Бог, Великиот Првосвештеник. Тука во Црквата можеме да го почувствуваме оној стих од апостолот: влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп (Евр. 9,12). Христос живее за нас, пророкува и подига раце кон Небесниот Отец. Еднаш засекогаш ја пролеа Својата крв, еднаш засекогаш влезе во Светињата на Светињите и од тој ден натаму не престанува да ги поттикнува Светиите да посредуваат и тие – и најмногу Неговата Мајка, Пресвета Богородица – за нас пред Небесниот Отец, за нашите срца, за гревовите, за болките, за разочарувањата низ животот. Еднаш искачувајќи се на Престолот, пребива вечно, без да слегува од Престолот на кој што седна оддесно на Небесниот Отец. Затоа да се појде во храмот, да се присуствува на Божествената Литургија, не е некакво случајно дејство, не е нешто за кое можеш да кажеш: „Нека, можам да дојдам и утре и друг ден“. Тоа е едно уникатно собитие. Одиме кај Оној Кого сме Го возљубиле, Оној Кој си го даде животот за нас, кај Христос.

Но каде е Христос? Он е и тука и насекаде. Пред сѐ, сепак, Христос, Второто Лице на Божеството, седи оддесно на Небесниот Отец, во Светињата на Светињите. Затоа немојте да мислите дека кога влегуваме во храмот, ние влегуваме и си поаѓаме и пак влегуваме. Не, туку се издигнуваме и влегуваме во Светињата на Светињите, во Небесата. Како што завесата на Царските двери се отвора и излегува Христос во светиот Путир, така се отвораат и Небесните двери за да влеземе, ние грешните. Кога одиме на Литургијата, ние грешните се искачуваме во горниот Ерусалим.

Сфаќате ли какво величие доживуваат нашите души? Седнуваме и ние оддесно на Отецот и примаме чест од честа на нашиот Христос и од чесното тело на нашиот Господ и Бог.

(Продолжува…)

 

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 735
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »