логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за изгубеното време

„Да, те навредив, прости ми. Ти не си виновен, јас сум. Прости ми, пред некој ден те нажалив. Не беше поради јадењето, имав некаков проблем на работа и го покажав сиот свој егоизам. Немам веќе образ да сакам, да проштевам, да те прифатам каков што си, да покажам трпение. Тоа сум јас – не го кажувам ова рамнодушно, но не го кажувам ни во очај, го кажувам умерено, со смирение, со простодушност, со добрина во срцето и очекувам од тебе разбирање. Сега, Господи, кога си ги признав гревовите, слабостите, кога се каам пред Тебе, спремен сум на сѐ. Сепак твојата добрина, твоето сфаќање ќе ми ја утеши душата повеќе од сѐ. Секоја душа го очекува тоа“.

Џејмс Тисо – Лов на риба на чудесен начин (Бруклински Музеј)

Тоа треба да го очекуваш од другиот. Кога ќе се покаеш, кога вистински ќе се смириш и речеш: „Прости ми, згрешив, се каам“, никој нема да биде толку жесток, толку непријателски настроен што да те удри, да те нападне уште посилно. Пред твојот чист поглед, пред твоето покајано и насолзено око, ќе изгасне гневот на другиот. Тој ќе се предаде и ќе рече: „Добро. Нема проблем, не грижи се, си го рекол тоа, си го рекол, човек си, ти се испуштило!“. Смирението, покајанието, признавањето го топи и железото, ги разбива демоните, го парализира злото.

Јас, напротив, го немам тоа покајание, го немам тоа смирение. Правиме толку многу грешки, нажалуваме толку многу луѓе, повредуваме толку многу души, презираме толку луѓе, ги одминуваме, рамнодушни сме, правиме толку многу престапи, толку многу гревови. Не зборувам за другите, зборувам од лично мое искуство. Но не само од мое искуство, туку и од искуството на другите. Човек кога е свештеник знае сѐ, ги знае и своите гревови, ги знае и оние на другите, ги слуша гревовите на сите луѓе и гледа дека има многу гревови во светот за коишто некој ќе треба да се кае. Многу се гревовите што ги правиме без дури и да размислиме за нив: изгубени часови, бесконечно изгубени часови за коишто немаме никаква грижа на совеста. Губиме толку многу време во животот, време напразно потрошено за кое некогаш горко ќе плачеме. Ќе плачеме, но ќе биде доцна. Ќе плачеме со оние коишто за глупости изгубиле бесконечен број на часови пред телевизорот, пред компјутерот, додека требало да спремаат испити, или поминале часови во коишто воопшто не се помолиле, не прочитале ништо. Безделни денови, денови во коишто не научиле да љубат, да проштеваат. И ќе речат: „Како така ми помина животот? Како така летнаа годините? Како наеднаш станав на 80 – 90 години и што направив во животот? Ништо! Зошто? Зошто, кога Христос ни вели дека за еден миг можеш да се покаеш, зошто, кога разбојникот за една минута влезе во рајот, а јас изгубив не само една минута, туку илјадници, милиони минути и не направив ништо за својата душа? Ужас! Како помина времето на мојот живот?“

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за загубеното време. Ќе дојде часот кога ќе се покаеме за зборовите што сме ги кажале. Зборови… колку односи се расипале заради навредливи, горчливи, злобни, саркастични, иронични зборови со коишто сме го понижиле другиот и чашата се прелеала – од само еден збор, од една навреда. Така пропаднале цели семејства.

 

Ќе дојде часот, дај Боже да биде сега, кога ќе потече солзата на покајанието од нашите очи и ќе Му речеме на Бога: „Господи, како можев да зборувам така, како можев така да ги повредам другите, какви се тие нешта што излегуваат од мојата уста!? Не, воопшто не пазам на навредливите или лоши зборови – јас едноставно така си комуницирам со другите. Цело време навредувам, ироничен сум, не почитувам – што е тоа што излегува од мојата уста? Колку пати осудив, колку пати се занимавав со животите на другите, зборував за луѓе кога тие не беа присутни во моментот, им го валкав животот, им ги толкував постапките без да знам дали тоа што го кажувам е вистина, без да сум срцезналец. Колку пати, Господи, си го присвоив Твоето право на себе? Ти го одземав правото што само Ти го имаш? А кое е тоа право? Да ги судам другите. Колку пати го направив тој грев и многу ретко се каев. Уште не сум се покајал, зашто да го сторев тоа, ќе престанев со тој грев. Да се бев покајал немаше да го повторам. Ако не ми се допаѓаше, ќе го пресечев… “

Ако некое јадење не ти се допадне, ако е горчливо, невкусно, нема да го јадеш повторно. Нема да го приготвиш повторно, не го пробуваш дури ни на шега, не ти се допаѓа. И покрај тоа, постојано правиме едни и исти гревови и никогаш не се покајуваме. Зошто? Бидејќи ни се допаѓаат. Ни се допаѓа тоа што го правиме. Сме навикнале, ни се допаѓа порокот. Ни се допаѓа егоизмот, нашите страсти, да сме љубопитни за животот на другиот, да ги видиме другите да губат, да се разделат, да оговараме за тоа, затоа што го сакаме тоа. Кога на телевизија се дава документарен филм со научна или филозофска тема, на пр. историја на уметноста, го менуваме каналот. Но ако најдеме канал на кој се дава за туѓите животи, кој се развел, зошто се развел, како се скарале – седнуваме и гледаме, ни се допаѓа, нешто ни се случува и се ситиме од неуспехот на другите. Не плачеме за нив, не се каеме – ниту за нас, ниту за нив, ниту за маките во светот, и се радуваме да слушнеме дека некаде далеку од нас експлодираат бомби, има болка, искушенија, проблеми. Тоа ни буди скриена наслада, оти, слава Богу, не ние туку други пострадаа од тоа.

„Дај кажи што се случи? И што му рече на крај? Дозна детали?

Ни се допаѓа сето тоа и не се каеме. Се насладуваме, правиме гревови. Ако посакаме да се покаеме, ако посакаме да заплачеме, како што велат Светиите: „И сета вода од реките, па и од морињата и океаните, да истече преку нашите очи, нема да е доволна за нашиот плач. Да плачеме за нашите и за гревовите на другите. Да признаеме дека не сме тргнале на добро. „Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе бидат помилувани, зашто тие ќе се утешат.“ Оние што плачат се тие што тагуваат, што имаат покајание, што жалат за својот грев и за гревовите на светот, што се каат за своите гревови, за вознемиреноста на луѓето, за проблемите на другите, за нивните непокајани браќа, и го земаат на себе нивното покајание, па велат: „Господи, се каам за оние што не се каат. Те молам, помилуј ги !“ А ние? Ние – ништо, немаме ништо заедничко со тоа.

(Продолжува…)

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1079
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1647
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1082
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

« »