логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

За сѐ постои решение. Едно од решенијата на нашите проблеми е да побараме молитва од оние, за кои знаеме дека се молат и дека ќе се помолат за нас. Тоа е помош за нашата душа. Затоа што има многу моменти во нашиот живот, кога чувствуваме дека ни недостасува земја под нозете, како што било во животот на жената Хананејка, која Му рекла на Христос: „Умирам! Моето дете страда!“ (сп. Мат. 5,22). На некого детето му е болно, на друг се упокоило, кај трет има психолошки проблеми, некој го мачи депресија –  различни проблеми. И ние се наоѓаме во таква ситуација кога велиме дека не постои никаков излез. Не наоѓајќи решение велиме: „Боже мој, подари ми било какво решение!“

Сега јас велам дека за сѐ постои решение. Но, кое? Не знам кое, бидејќи тоа за секого е различно. Тоа не е такво, како што ти си го представуваш на себе, туку онакво како што Бог ти го испраќа. Сум забележал дека се појавува некакво решение тогаш, кога човек ќе дојде до самиот крај на пропаста или кога ќе го допре дното. Невозможно е Бог да те остави без помош, дури и во последниот момент.

Но, кога ние доживуваме некоја трагедија, во моментите на болка, ти го забораваш сето ова и мислиш дека твојот проблем е огромен и нерешлив. Еве, денес една девојка ми пиша меил, не знам ни од каде е таа – ми пишуваат многу луѓе, секој со своите страдања, јас читам и велам: „Боже помогни им! Јас не можам да им ги решам проблемите на овие луѓе, нив не ги решава човек!“ И таа девојка ми рече:

    Јас го губам разумот, плачам и дење и ноќе.

Потоа ми кажа дека веќе седум месеци не ги пие лековите кои докторот ѝ ги препишал. Јас ѝ напишав дека треба да ги пие лековите. Но таа вели:

    Не сакам да пијам лекови, сакам Бог да ми помогне!

Јас ѝ реков:

    Но, Бог ти зборува дека треба да ги пиеш. Тие се Божјо создание, а не некакво зло, Бог ти испратил доктор. Затоа, ние не можеме да си помагаме на себе со класични методи кои ни ги нуди животот. Сам Христос многу пати им зборуваше на луѓето: „Одете кај свештениците“ (сп. Мат. 8,4; Лука 17,14). Одете кај докторите од своето време, барајте помош од нив, тие можат да ви дадат некој лек, кој сами не можете да го направите.

Проблемот е во тоа што оваа девојка многу се оптоварила со својот проблем, па не можела ни да замисли дека со текот на времето сето тоа ќе помине. Ние луѓето сме склони да ја преувеличуваме својата болка, бидејќи мислиме дека ќе не мачи уште 15 години, тоа што денес не мачи. Го преувеличуваме сопствениот проблем и го протегаме до бесконечност. Наместо тоа, зошто не викаш: „Денес имам проблем. Во ред. Но, утре тој проблем може нема да постои. После неколку години, кога сето ова ќе го набљудуваш од далеку, ќе речеш: „Зошто бев таков, и зошто толку себе си сѐ мачев?“

Да, ние тонеме, не секогаш во лажица вода, понекогаш и на отворено море, но ние исто така многу ги преувеличуваме работите. Тоа е така затоа што во нашиот ум се крие најголемиот проблем, бидејќи сѐ почнува во главата, затоа што е многу поважно како ние му пристапуваме на проблемот, а не проблемот сам по себе. Односно, како твојот ум ти го пренесува сето тоа. Тоа е најголемо мачење – мачење на душата и преувеличување на сѐ.

Кога ќе дојдеш до крајната граница, тогаш наскоро доаѓа чудо, зборуваше еден прализиран човек – Бог не ме напушта. Решението често се појавува кога сѐ наоѓаш во ситуација повеќе да немаш каде. Тогаш му велам на Бога: „Ако нешто не направиш, јас вака не можам да продолжам да живеам!“

И навистина, нешто се случи, и работите во неговиот живот се сменија. Тој најнапред сѐ смени душевно и на проблемот му пристапи со повеќе радост, оптимистично, со надеж и вера. Му реков:

    За да се појави решение на некој наш проблем, треба да имаш доверба дека ќе се случи нешто подобро. Ако решението не го чекаш со надеж, тоа нема и да се случи. Некои луѓе во своите тешкотии и очај сѐ повлекуваат и носат конечен заклучок дека во нивниот живот ништо нема да се промени, тогаш решението нема ни да се случи.

Многу е важно да веруваш во промена, во исцеление, чудо, во подобрување на нашиот живот, нашето дете, сопруг. Односно, важно е во нашата душа да има надеж дека се приближува нешто подобро од очај и разочарување. На пример, кога над некој се извршува тајната елеосветување, таа не се извршува само формално, туку со вера, дека благодарение на ова помазание ќе се случи нешто важно во душата на болниот, а исто така и во неговото тело.

Така ние почнуваме да бараме решение без вера. Што прашува Христос пред да направи чудо? „Дали ти веруваш“ (уп. Јован , 11,26). Односно, дали веруваш дека можам да ти подарам радост, да ти дадам исцеление, дека можам да го воскреснам твоето дете? Ако некој рече: „Верувам!“ – тогаш ќе се случи чудо, затоа што да веруваш значи да ја отвориш душата, да имаш доверба, да сѐ радуваш во себе.

Сето ова зависи и од тоа како нѐ воспитувале. Повеќето од нас искрено не веруваат дека ние заслужуваме да се радуваме. Ние на некој начин сме ја поврзале радоста и среќата со казна. Кога многу се радуваме, тогаш велиме: „Ох, ова нема добро да се заврши. Денес многу се смеевме, а утре ќе плачеме.“ Чекаме утре да се случи некој инцидент и се прашуваме зошто ни беше потребна толку смеа! Т.е., радувањењто е недопуштено, и штом почнуваш да се радуваш, очекуваш дека ќе добиеш удар по образот!

Страшно е што ние имаме научено дека овај удар произлегува од Божјите раце! Ние мислиме дека Бог, всушност не сака да се радуваме, дека Он сака да види како плачеш, како се мачиш, како се казнуваш, чувствуваш вина, не наоѓаш решение. Мислиш дека Он те набљудува како некое дете, ке ги мачи инсектите и им го прободува телото, ги отстранува крилјата, и уверен си дека на Бог му е пријатно да те гледа како така се мачиш.

Ако тоа е твоја психологија и ако имаш таков став, тогаш во твојот живот не може да се промени. Многу е важно да имаме доверба дека решението е нешто што го заслужуваме и дека Бог ни го дава како одговор на било кој проблем.

Не сме родени да плачеме. Можеме да плачеме во некои моменти, пет минути, пет дена. Но, не цел живот. Во ред е да плачеш за твојата душа да се смири со Бога, да добиеш простување кое ти го дарува Христос, за да ја примиш Тајната на простувањето: Причестувањето и Исповедта, но не можеш цел живот да плачеш и тагуваш. Кого го примна во себе? Оној кој е жалост? Не, Христос е Радост. Он е решение на твоите проблеми.

Затоа е важно да прифатиш и веруваш  дека постои решение.

    Јас не можам да се оженам, оче! Никогаш нема да се оженам!

Ако си уверен дека нема да се ожениш, решение не постои. Но, ако кажеш: „Јас знам дека Бог наскоро ќе ми испрати решение, и ќе чекам со надеж.“ Со исчекување.

Ѝ реков на една жена:

    Верувај, дека за тој за кого што ќе се омажиш, навистина постои во овој момент.

Има 30 години, па ѝ реков:

    Затоа, тој е жив. Вие едноставно не сте сретнати. Оживи ја во својот умот желбата, надежта, молитвата. Што е всушност молитвата? Зарем молитвата не е ништо друго туку со сето свое битие да сакаш да се случи она што му го посакуваш на другиот?

И така доживеј го оној за кого што ќе се омажиш, и моли се за него.

    Но, јас не го познавам.
    Не е важно што не го знаеш! Твојата душа знае дека некој се подготвува да те сретне, и тоа навистина ќе се случи.

Тоа исчекување, таа псиологија на надеж, носи практични решенија во нашиот живот, кога ние најмалку очекуваме. Нормално, луѓето кои непрестајно тагуваат, роптаат и го набљудуваат животот со очај, не наоѓаат решение, ним им сѐ случува токму спротивното, тие го прегрнале роптањето, плачот о безнадежноста, така не наоѓаат решение. Дури и кога Бог им испраќа некое решение во животот, тие повторно сѐ враќаат на претодните навики. Им решаваш еден проблем, а тие велат:

    Дааа, но… постои и ова…

Им го решаваш и тоа:

    Да, но тоа не е така, но…

Тоа се луѓе кои постојано се незадоволни. Човек кој е незадоволен не наоѓа решение, не затоа што тоа не постои, туку затоа што тој не е подготвен да ја отвори својата душа да го прими. Во неговиот живот постои само роптање.

За да добиеме решение од Бога, многу е важно да го градиме Христовиот дух. Христос ни зборува за љубов, смирение, простување, молитви, милосрдие и добрина. Кој престојува во такво Божествено расположение, тој се сообразува со Христос, и Он му два решение. Бидејќи кога сме во согласие со Бога, Кој е решение за сите проблеми, невозможно е да не се пронајде излез.

Но кога не живееме во согласност со духот на Христовите заповеди… Христос ни вели: „Простувајте им на непријателите свои“, а ти во себе му посакуваш зло на другиот. На пример, некој е болен, а ти во длабочината на душата велиш: „Тоа го заслужи!“ на тој начин покажуваш злорадост и го проколнуваш. После тоа ти не можеш да добиеш решение од Бога, бидејќи си се оддалечил од Духот Христов и божественото расположение, кое е љубов, смирение и милост.

Затоа, решение наоѓаат луѓето кои престојуваат во расположението на љубовта и црковната атмосфера. Тие се просветлени од Бога. Не наоѓаат решение кога тие тоа го сакаат, не денес, туку можеби веќе утре или после малку подолг временски период. Во секој случај, ти ќе го слушаш гласот на својта душа, кој ќе ти рече: „Еве го решението на твојот проблем“. И ќе го видиш светлото на крајот од тунелот, ќе го видиш излезот од она што те мачело и вознемирувало.

Но, што е решението? Во една кинеска поговорка се вели: „Во животот немојте да се грижите за две работи, за тие кои се решаваат, и за тие кои не се решаваат“. Бидејќи, кога нешто нема решение, го прифаќаш тоа како зададеност, и не се вознемируваш многу поради тоа.

Пример: во едно семејство имало болен човек, тој не бил болен од грип, туку од сериозно долгогодишно заболување, имал парализа, или нешто многу посериозно. Во ваква ситуација не можеш да речеш: „Сакам решение. Сакам да се промени мојата состојба!“ На пример, детето е парализирано, и што можеш ти тука да направиш? Постепено прифаќаш дека тоа е зададеност и дека нема решение, на почетокот викаш, нервозен си, сѐ караш, сѐ препираш со Бога, со општеството и целиот свет, но после три – четири години ќе речеш: „Што да правам? Морам да живеам. Тоа е мое дете, моја животна ситуација, и јас тоа не можам да го променам. Ќе го прифатам тоа, јас го сакам и прегрнувам“.

Такво е решението на некои проблеми. Некои проблеми не се решаваат надворешно, туку само внатре во нас. Кога мојата душа ќе го прифати тоа, јас ќе се смирам. А сето она што е надвор видливо, останува непроменето.

На Кипар имам пријатели, на кои им се роди дете со Даунов синдром. Освен него имаат уште здрави деца, но последното се роди болно. Тие тоа не го знаеја, туку го дознаа дури кога се роди детето. Во почетокот бараа решение. Но, какво решение можеш да пронајдеш во ваков случај? Не постои решение. Тие беа полни со гнев, не ги прифаќаа советите, не сака да ги слушаат зборовите со утеха. А кога некој ќе им произнесеше возвишени зборови за Бога, тие ја спуштаа слушалката, и велеа:

    Те молам, ти си добро, и сега сакаш мене да ми даваш совети преку телефон, како јас треба да го прифатам своето дете какво што е, не се сложувам со тоа!

Но, после година – годна ипол, тие рекоја:

    Ова дете е наша радост!

Тие сега болеста на детето сосема поразлично ја поднесуваат и прифаќаат. Ништо не смее да биде на сила, туку ти сам одлучуваш и велиш: „Ќе живеам со ова дете!“

Ете тоа е уште едно решение за некои проблеми.

А некој вели:

    Ако Бог не ми испрати решение, ќе го завршам својот живот!
    А што сакаш ти?
    Мојот нос, каков е мојост нос? Какви се моите уши?
    Зошто така зборуваш?
    Незадоволен сум со себе.

Некои работи ви животот не се решаваат онака како што ние сакаме. Треба да ги прифатиме, да се помириме со некои работи, да се закаме себе си такви какви што сме. Едноставно, ајде да го промениме тоа што може да се промени.

Ти ќе ми речеш:

    Зарем не можеше да направи операција?

Тој ова ми го раскажуваше 1992 година, кога такви операции не се правеа. Така еден ученик ми рече, дури бев катихет во гимназија:

    Ако до Божик Бог не ми испрати решение, ќе го завршам својот живот!

Јас му одговорив:

    Зарем тоа е решение?

Тој слушаше некоја странска песна под име „Одлука за самоубиство“. Кога во својата душа ќе го примиш зборот „самоубиство“, каков излез за своите пробеми можеш да пронајдеш – одма трчај кај доктор! Тоа значи дека ситуацијата е крајно сериозна. Кога размислуваш за смртта како решение за своите проблеми, тоа значи дека во тебе се појавила депресија, очај и безнадеж. Се разбира, треба да одиш кај својот духовник, да одиш во Црква да се молиш, но ако твојата состојба е уште полоша, пратена со беспричинско плачење, и целосно очајание, ако се набљудуваш во сива боја, и на најсветлото Сонце гледаш како на темнина, и ништо не ти се допаѓа, тогаш решение не се наоѓа во зборовите, туку побрзај право кај доктор, тебе неопходно ти е лекување, тебе ти е потребна помош.

Многу луѓе се мачат, но не тропаат на вистинската врата. Тие тропаат, но не на таа врата. Ми донесоа едно дете за над него да прочитам молитва на заколнување, а детето имаше чисто псиолошки проблеми. Нормално, не ги читав овие молитви, зашто не можам да ги изречам на детето, млад човек, со кој очигледно се е во ред: „Излези нечист демону!“ Со детето е се во ред, односно, нормално не е во потполност се во ред, но тој не е бесомачен, со оглед дека може да оди во Црква, да се моли, да се причестува. Но, само во неговата душа се наоѓаат проблеми неуролошки и од психолошка природа.

Затоа, некои работи треба да ги прифатиме такви – какви што се, но има и други работи кои се споменуваат во кинеската  изрека: „Во животот немојте да се грижите за две работи, заоние кои се решаваат, и за оние кои не се решаваат“. За тие работи и ситуации кои не се решаваат, рековме дека треба а ги прифатиме такви какви што сѐ. Но за тие работи кои се решливи, потребно е да направиме нешто. На пример, жената која е злоставувана од мажот може да рече: „Решението е во тоа дека ја прифаќам ситуацијата таква – каква што е“. Излезот не е прифаќање на злоставувањето, туку е потребно да се седне и разговара, за да се најде заеднички јазик, како што неодамна направија едни сопружници, кои ми рекоја:

    Седнавме и рековме: нашиот брак вака не може да продолжи. Мораме да согледаме што се случува и да пронајдеме некое решение. Поминуваат месеци, години, а ние не можеме да пронајдеме заеднички јазик помеѓу себе. Се караме, сѐ јадеме еден со друг, викаме. Треба да најдеме излез. Не можеме да продолжиме вака сѐ додека не станеме седумдесетгодишни, осумдесетгодишни или стогодишни.

Во оваа ситуација е потребно да удреме со раката во маса, во позитивна смисла на зборот, да ги побараме своите права, да согледаме во што е проблемот, за едниот сопружник да го разбере другиот и потребите на неговата душа тој мора да сфати дека: „Јас не се омажив за тебе за да го изгубам сопствениот живот, моето срце да потемни,  да се доведеш и себе и мене во тешки физички болести. Потребно е да разгледаме што се случува со нас двајцата“.

За некои работи решението е да се почне со промени во својот живот. Да се измени тоа што не ти се допаѓа. Така на Света Гора ми рече еден познаник, кој не можел да остане во еден манстир. Тој се борел со тоа, една, две, три години, а потоа заминал во друг манастир Ме праша тогаш:

    Дали добро направив?

Зошто да се изгуби разумот, зар не е подобро да се направи нешто од кое што твојата душа може да процвета, оживее и ти да достигнеш нешто возвишено. Така ми рчее една личност:

    Зарем разводот не е подобро решение во споредба со мачењето кое никогаш нема да се заврши?

Во суштина, готови решенија и рецепти не е лесно да се даваат. Јас сега велам: „Развод!“ –  а некој ќе рече: „Отецот рече дека разводот е во ред, па кој сака нека се разведи!“

Јас тоа не го реков, туку дека во некои случаи, за одредени луѓе подобро е да се разведат, за да се случи нешто, што би го променил тој „систем“ како заедно не би се изгубиле себе си. За да се решат некои проблеми неоподно е нешто да се промени дома, во нашите односи, во семејството, на работа.

Некој на работа постојано не го почитуваат, му бодат нож во грб, го навредуваат, исмејуваат. Тој таму не може да рече: „Јас сум христијанин! Јас поднесувам жртва! За кого? Имам семејство, деца, имам плата“, таму едноставно мораш да ги побараш своите права. Затоа ајде да разјасниме, што значи да се биде христијанин, и што значи да се биде смирен.

Во Црквата тоа се нарекува расудување: Бог нас непрестајно не просветлува, како да одговориме на секој животен предизвик. Некаде не е потребно ништо да се направи и да сѐ прифати се како што е, а во друга прилика морате да удрете со рака и да речете: „Не! Ова мора да се промени! Од понеделник ќе бидам друга личност. Јас имам право да бидам среќен, но како да бидам среќен, ако од нервоза ми паѓа косата, ако се разболувам, ако ми побелува косата, ако лицето ми го прекриваат брчките, ако ме боли желудникот, ако ноќе не можам да спијам? Ќе најдам некое решение“.

 

Но, повторно добро е што живееме во вакво време, бидејќи ова за што зборувам, во минатите времина беше доживувано како сон на летната ноќ. Беше епоха кога мажот ја тепаше својата жена, и таа секојдневно трпеше ќотек. Таа едноставно би рекла:„Имам маж, кој повремено ме шамари“. Таа за тоа зборувала само со некој од своите пријателки. Денес е подруго. Неодамна беше меѓународен ден на бробата против семејното насилство.

Така затоа, за некои проблеми треба да се најде решение дома. Но, еве уште еден проблем. Ние го одбележуваме уште и денот на борба против насилство над мажите. Има и такви мажи кои трпат ќотек од своите жени. Знам такви случаи. Но, решението не е во тоа да се делиме на партии и табори и да бараме победници и губитници, туку сите да бидеме победници во љубовта во својот дом, и да живееме во слога едни со други.

Некои сопружници дури не ми ни зборуваја дека сакат да најдат решение, туку ме прашуваа кој од нив двајца е во право. Јас им реков:

    Па добро, ако кажам дека еден е во право, што ќе направиш ти подоцна? Зарем нема да речеш: „Отецот ми рече дека сум во право!“

Затоа, во следната кавга, тој ќе го искористи тоа и ќе рече: „Отецот мене ми рече дека сум во право!“

Се работи за тоа дека не победуа оној кој е во право. Христос победи не затоа што е во право, Он го победи злото, затоа што прифати да биде лишен од сопственото право и да биде распнат. Ова е противречна логика, која Црквата ја внесува во нашиот живот. Доколку некој сака да жртвува нешто за добробит на своето семејство, а при тоа да не ѝ наштетува на својата душа, треба да го оставите тоа да го направи. Тој ќе бара, ќе се откажува, но сѐ дотогаш, додека му е сочувана дуовната рамнотежа и спокојот. Но, доколку сето тоа го оградува, тогаш е потребно  да најде друго решение.

Архимандрит Андреј (Конанос)

Превод од српски: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Извор: https://pravoslavie.ru

Преземено од:http://www.pppe.mk/2018/psihologija-na-nadezhta/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5806
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6624
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6408
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5602
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная