логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ADAM.i.EVA

Тоа се случило неколку дена пред извршувањето на казната на Голготата. Последната недела од својот земен живот Исус проповедал во Ерусалим, заедно со учениците. Навечер заминувал да ноќева во предградието – на Елеонската гора. Еве што пишува во Евангелието: А утредента, враќајќи се во градот, огладне; и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши (Матеј 21:18-19). Евангелистот Марко го дополнува Матеја со поразителен детал: Исус се приближил до дрвото, макар што уште не беше времето за смокви (Марко 11:13). На прв поглед се чини дека Тој без причина го казнил дрвото – зашто тоа не било виновно што немало плодови. Зашто, каква смисла има да се бараат плодови, ако не настапила сезоната? Дали проколнувањето било искажано заради раздразнетост, гнев?
Смоквата е плодоносно дрво чија татковина е Мала Азија и Средоземноморието. Дрвото достигнува висина до 11 метри, макар што на каменити почви расте како грмушка. Според Библијата, по падот во грев, Адам и Ева си направиле облека од смоквини лисја (Битие 3:7). Во символиката на Стариот Завет, смоквата е образ на мир и на Божествена благонаклонетост.

За да се разбере некое конкретно место во Библијата, треба да се знае контекстот. Дали уште на некое место се зборува за смоква? Да, има такви места. Половина година пред опишаниот настан, Христос ја кажал следнава парабола: Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зашто само да ја испостува земјата? А тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и ì ставам ѓубре: па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш“ (Лука 13:6-9).

Исусовите проповеди често претставувале приказни, особено кога Тој му се обраќал на простиот народ. Како, поинаку, можеле да им се откријат на луѓето величествените тајни на духовниот свет, ако не преку повикување на нештата од секојдневниот живот, коишто на секого му биле познати? Истовремено, тие нешта за Јудејците често претставувале религиозни символи. Лозјето и смоквата не се сфаќале само како земјоделски култури. Во Стариот Завет Израил се нарекува „Господово лозје“ и „смоква“. Тоа дрво, исто така, символизирало и мир и Божји благослов на израилскиот народ. Повеќето од толкувачите на Евангелието сметаат дека во таа евангелска парабола се работи за своевиден дијалог меѓу Лицата на Пресвета Троица – Бог Отец (господар на лозјето) и воплотениот Син Божји (лозар) за судбината на старозаветниот Израил, претставен во образот на смоквата. Три години смоквата (Израилот) не можела да даде плод. Зошто, имено, три години? Затоа што толку време им проповедал Исус на Јудејците, пред да им ја каже оваа парбола.

Каков плод требало да даде „смоквата“? Столбот на Стариот Завет била подготовката на луѓето за средбата со Месијата, Кој требало да го избави Израилот од гревот. Меѓутоа, во времето на проповедањето на Исус, тоа избавување често се сфаќало мошне упростено. Не како избавување од власта на гревот, туку како остварување на политичката независност од Римската империја, односно избавување од власта на паганите. Затоа повеќето од религиозните Јудејски лидери не го препознале и не го прифатиле Оној Кого што толку долго го очекувале и самите тие, и нивните татковци и дедовци... Покајното обраќање кон Бога и вера во спасение преку Богочовекот Исус Христос – тоа е плодот што Господ го очекувал од Јудејците. И, пред сè – од нивните водачи и учители.

И така, Исус Го моли Отецот малку да почека и да не го сече бесплодното растение. По ова, службата на Христос продолжила уште половина година, и за сето тоа време Тој, како и дотогаш, ги „ѓубрел“, „окопувал“ и ги „обработувал“ закоравените човечки срца, за да принесат плод. И ете, на прагот на крсните страдања, гледајќи го упорното неверие на водачите на Израилот, Христос ја донел пресудата.

Но формата на пресудата повторно била сликовита, претставувала парабола, само што овој пат параболата не прозвучала преку зборови, туку преку дејствија. Преку какви дејствија? Исус не ги спалувал со оган неверните Јудејци, не ги претворал во столбови од сол – туку ја исушил смоквата, покажувајќи им ја нивната перспектива – се разбира, ако не се покајат. И тоа го направил така што дејството на проклетството станало очигледен факт, а не само строг збор. Тоа предупредување станало реалност по четириесет години, во 70-тата година. Императорот Веспазијан го задушил во крв востанието на Јудејците, речиси целосно го разурнал Ерусалим и Ерусалимскиот Храм, и ја уништил номиналната власт на Јудејците. Затоа и предупредувањето на Христос не било толку силно заради раздразеност или гнев, туку затоа што Господ сакал да ја спречи трагедијата што се наближувала.

Проколнувањето на бесплодната смоква е – расказ во дејствие. Такви нешта веќе имало во историјата на Израилот, и древноеврејските пророци користеле таква форма на проповед. Јеремија пред лицето на народот си ставал јаже и јарем на вратот, и исти такви јажиња и јареми испратил до царевите на околните народи – како знак дека сите тие ќе му служат на Вавилонскиот цар Навуходоносор (Јеремија 27). Језекиил ставил пред себе тула, којашто го символизирала Ерусалим, и поставил опсада околу неа, покажувајќи им со тоа на Јудејците дека градот ќе биде заземен од страна на Вавилонскиот цар. Тој, според словото Господово, откако се подготвил за пат, направил отвор во ѕидот и низ него ги изнесувал своите ствари, изобразувајќи со тоа дека по заземањето на Ерусалим од страна на Навуходоносор, народот Божји ќе го чека преселба во ропство (Језекиил 4; 12).

Но сепак, во параболата нешто останува нејасно. Зошто Исус воопшто дошол до дрвото, ако времето на донесување плод сè уште не настапило? Се работи за тоа што смоквата има една особеност. Плодот на неа се појавува пред појавувањето на лисјата, а дури потоа созрева. Така, во пролетта, додека другите дрвја сè уште биле без лисја, смоквата била покриена со лисја. Логично било да се очекуваат и плодови, но...

drvo.pole.jpg

Толкувачите на Евангелието ја споредуваат бесплодната смоква со Израилот од времето на Христос. Кога Господ се приближил до дрвото, единствено тоа, во однос на другите смоквини дрвја, било покриено со лисја. Среде другите народи на древниот свет Евреите имале богооткриена религија, Закон и пророци – односно, тие знаеле каков плод очекува Господ од нив. И ако за останатите народи времето на давањето плодови уште не било дојдено, зашто сè уште не била разгласена низ целиот свет веста за спасението преку Богочовекот Исус Христос, Израилот морал да биде плодоносен, морал во Исуса да Го препознае својот долгоочекуван Месија. 

Приближувајќи се до смоквата, Христос не нашол плод на неа – таа само ги доведувала во заблуда луѓето, ги измамувала патниците со својата убавина, но била апсолутно бесполезна, зашто не можела да го задоволи гладот. Така и Христос „дојде при Своите и Своите не Го примија“ (Јован 1:11). Во Ерусалимскиот храм продолжувале да се вршат прекрасни и раскошни богослужби, текле потоци крв од жртвените животни. Но  по доаѓањето на Богочовекот на земјата, по Неговата крсна смрт, тие жртви и ритуали станале апсолутно бесполезни за оние коишто сакале да го задоволат гладот заради богооставеноста. Навистина, ако Христос е Бог, веќе  не се потребни никакви жртвени овнови.

На историски план, проколнувањето на смоквата е символ на отфрлањето од страна на Христос на оние религиозни водачи на Евреите, коишто Него го отфрлиле. Но, Светото Писмо не е архива на чуда и на високоморални проповеди, не е музеј на проклетства и благословувања. Сè што некогаш го направил, евангелскиот Христос продолжува да го прави и денес – ги сака оние коишто никој не ги сака, им простува на оние од кои сите се откажале, исцелува од душевни и телесни страдања луѓе за кои говорат дека се проколнати... Но, како и пред две илјади години, и сега Тој на Својот пат сретнува бесплодни смокви. Само што денес тие не се покриени со лисја на старозаветните, туку на новозаветните заповеди. Заповеди усвоени формално, заповеди што не го промениле човечкото срце... Затоа евангелскиот расказ за проколнувањето на бесплодната смоква служи како вонисториско и вонвременско предупредување до сите поколенија христијани дека секој човек може да се најде на местото на бесплодното дрво.

 

Роман МАХАЊКОВ

 Подготви: д-р Драган Михјловиќ

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 822
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »