логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Луѓето притекнуваат кон светиот, фреска Црквата денес го празнува споменот на големиот чудотворец, светиот Василиј Острошки и Тврдошки. Љубовта и молитвената блискост на овој светител ја почувствувале многу луѓе, како од Македонија, така и од повеќето земји од Балканот, но и светот. Во прилог пренесуваме две чуда кои се случиле по молитвеното застапништво на св. Василиј Острошки.

+ + +

Се викам Теодора Босиочиќ, имам брат кој се вика Давид, мајка Тамара и татко Борко. Многу го сакам моето семејство, а особено родителите кои уште како малечка ме научија да Го љубам и почитувам Бога, нашата православна вера и Црква, но и да ги почитувам другите религии и народи. Уште додека сум била во стомакот на мама, сум била во Израел, на местото каде се родил Исус Христос. Моите родители граделе, и сè уште градат црковни објекти, а за сиот труд во 1992 година татко ми добил орден од Патријархот Павле. Последните седум години живееме во Велика Британија, и секоја недела одиме в црква, а после Литургијата заедно со брат ми остануваме во неделното верско училиште. Толку за нас.

Сакам нешто да кажам за мојата љубов кон св. Василиј Острошки, но и за неговата љубов кон мене. Пред една година се разболев и лекарите рекоа дека мора да ми се изврши некаква сложена операција на срцето. Моите родители не можеа, и не сакаа да веруваат дека тоа е вистина. После три лекарски прегледи во три независни болници дијагнозата беше потврдена; и на самиот ден кога беше закажана операцијата, дијагнозата беше потврдена. И само што моите родители се потпишаа на дозволата за операција на моето срце, еден непознат лекар дојде во болничката соба и побара од моите родители да ме прегледа. Тие се согласија. За време на прегледот, моите родители беа вознемирени и исплашени, а татко ми ја држеше иконата на св. Василиј Острошки, велејќи ми: „Гледаш ли кој те гледа?“ Токму во тој момент, новодојдениот и непознат лекар ни ја соопшти Божјата волја: нема потреба за операција. Болеста на срцето исчезнала за еден момент!

Сите беа шокирани, и лекарите, и моите родители! Лекарските истражувања продолжија, но оттогаш сите резултати беа исти – немаше потреба за хирушка интервенција на моето срце! И тогаш, но и сега, јас верувам дека сум во Божјите раце, и верувам дека св. Василиј ставил рака на моето срце, и уште еднаш ја покажал Божјата љубов и моќ. Да се молиме на св. Василиј и на сите светители Бог секогаш да биде со нас!

+ + +

Јеромонахот Исаија опишува како, на почетокот од 2002 година, св. Василиј исцелил некое дете од немост: Додека стоев покрај кивотот со моштите, во манастирот дојде една мајка, Ружица, од Даниловград, и ми раскажа дека нејзиниот син Лука не зборува веќе три и пол години. Детето имаше шест години. Му прочитав кратка молитва за здравје, и го помазав со масло од кандилото над кивотот. Тоа се случи претпладнето. Попладнето го видов како трча, вика и зборува. Утредента му реков: „Ајде да ти прочитам уште една молитва“, а штом завршив, Лука ми рече: „Ајде, повторно намачкај ме со она масло од кандилото.“ Слава на Бога и на свети Василиј! од книгата „Нови чуда на свети Василиј Острошки“

 


Извор: http://agapi.mk/dve-chuda-na-sv-vasilij-ostroshki/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 858
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1129
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1075
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »