логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

о. Амвросиј (Алексеј) Јанг

Според Ј.К. Бален, “Теософијата, или Божествената Мудрост, е одметнатото дете на Спиритизмот измешан со Будизмот. Таа е многу покомплицирана и замрсена од Спиритизмот; во исто време пак, нејзиното гледиште на светот и животот е многу поцелосно и пофасцинантно” (Хаосот на Култовите). teosofija.jpg

Основачот на Теософијата е Хелена Петровна Блавацкаја, позната меѓу своите следбеници како Мадам Блавацки, или едноставно “Х.П.Б”. Родена е во Русија во 1848 год. како ќерка на благородници, внука на принцеза, и преку семејството Долгоруки, потомок на светецот од 12. век, Михаил Черниговски.

Во нејзината младост, го отфрли Христијанството и всушност, му објави “отровна омраза” која траеше во текот на целиот нејзин живот (Марион Мид, Мадам Блавацки: Жената зад Митот).

Иако еден поранешен Теософ и преобратеник во Христијанството му има кажано на авторот на овој текст дека Блавацки починала во покајание и помирена со Руската Црква во нејзините последни денови, ова не е потврдено. Всушност, првобитното научно истражување во кариерата на Х.П.Б е застрашувачка, ако не и невозможна задача. Марион Мид, не-Теософ и научен биограф на Мадам, има напишано:

“На четириесет и пет години, Х.П.Б зад себе имаше четири и пол турбулентни децении при што имаше забележано ‘Човек не може повторно да го изгради своето минато, туку само да го избрише, зависно од неговата сила’. Всушност, таа се потруди да го направи и едното и другото, и имајќи ја предвид нејзината безгранична енергија, таквите напори да се ревидира се не беа целосно неуспешни. Во последните петнаесет години од нејзиниот живот, таа напорно работеше на своето повторно создавање, бришејќи се она што жалеше дека го имаше направено, вметнувајќи нов материјал, постојано преуредувајќи се во личноста која таа би сакала да биде” (Мид, ибид.). Вака, Блавацки беше како основачите на култови или нивните здруженија, кои се обидуваат да ги елиминираат или притајуваат непријатните аспекти од кариерите на нивните основачи.

Податоците за нејзиниот живот, како што се документирани и реконструирани, ја покажуваат Блавацки во најмала рака, како психички растроена личност, целосен шарлатан и измамник. Денеска, во нашето “потолерантно” доба, многумина претполагаат да ја видат како “ексцентрик” кој исто така бил и харизматичен претходник на модерниот “феминизам” и движењето Њу Ејџ.  Но од објективно Христијанско гледиште, сепак, таа најверојатно била опседната од нечист дух кој често зборувал и наредувал преку неа во вид на автоматско пишување.

На пример, Х.П.Б. постојано ги заслепуваше своите ученици и љубопитните со секакви медиумски техники и “чуда”, покажувајќи писма од невидливи “Учители” та навидум и самата создавајќи ги овие натчовечки суштества. Сите телепатски “трикови”, гласови, звуци, музика и пораки “доаѓаа преку” на начин кој им се чинеше “чудесен” на нејзините следбеници, но и на скептиците.

Во неговото класично истражување Православието и Религијата на Иднината, блаженоупокоениот Јеромонах Серафим (Роуз) напиша дека медиум е “личност со одредена психичка чувствителност која му овозможува да биде преносно средство или начин на манифестација на невидени сили или суштества...остварени преку јасно одредени техники и психички состојби кои можат да бидат развивани и внесени во употреба преку пракса и кои немаат никаква врска со светоста или Божјото дело. Медиумската способност може да се здобие наследно, или со пренос преку контакт со некој кој го има дарот, или дури преку читање на книги за окултизам”.**

Отец Серафим потоа покажува како овие исти медиумски “приредби” и биле добро познати на Православната Црква уште од времето на Христос, и отсекогаш биле сметани за многу опасни, покажувајќи потреба од егзорцизам и молитва, а не восхит.

Како млада жена, Х.П.Б. се мажела два пати, подоцна родила најмалку едно вонбрачно дете, била страстен пушач и уживател на дрога, можеби и зависник, патувала многу (секогаш пропратена со скандали) во Европа, Северна Америка и Индија, и тврдела дека била воведена во “високите тајни” на Египет и Тибет. Во Америка најпрвин работела како спиритист или медиум и во 1875 г. во Њу Јорк, го основала Теософското Друштво заедно со Полковник Хенри Олкот, ветеран од Граѓанската Војна во Америка.

Во времето на смртта во 1891 г. на овој низок и 115 кг тежок женски “гуру”, Теосоофски Ложи веќе постоеле во  големите градови на Европа и Америка.  Иако членството во нејзиното Друштво никогаш не било многубројно, влијанието на подземниот свет на окултот и денешниот популарен менталитет на Њу Ејџ е далеку над сонот и очекувањата на нејзиниот основач.  Теософијата влезе “во мода” дури и за време на нејзиниот живот, вбројувајќи меѓу своите приврзаници писатели (како Јејтс), поети, уметници и политичари.

Наследничката на Х.П.Б. беше Ени Бесант (1847-1933), ќерка и жена на Англикански клирици. Во Индија, во 1925, таа посвои млад Индус, Кришнамурти, прогласувајќи го за “нов Месија”, аватар, или “Светски Учител” на ова доба. (Во 1931 тој го отфрли ова звање и се откажа од Теософијата, создавајќи ново меѓународно следбеништво кое, се до неговата смрт во Рим пред неколку години, го сметаше за свој “гуру”).

Блавацки “ја виде својата мисија како возвишено месијанска: да го спаси светот... (Теософијата) е поврзана со Христијанските Гностици, Хебрејски Кабалисти, како и учењата на Јакоб Боме и Парацелзус. Теософијата на Мадам Блавацки не беше ништо повеќе отколку обид да се синтетизираат Браманизмот (вид на Хиндуизам), Будизмот и Окултизмот во нова религија. Таа се залагаше за универзално братство на човештвото, за мудреци со натчовечко знаење кои живеат на Хималаите. Таа беше убедена дека овие луѓе ја обучиле и испратиле во светот со дозвола да открие нешто од тајното знаење кои би можело да ја осветли безмилосната и несфатлива вселена” (Мид).

Мадам Блавацки беше чудесен писател (некои од нејзините дела стојат како доказ за нејзиното опсежно плагијаторство). Така, основните текстови или “евангелието” на Теософијата се огромните “Разоткриена Изис” и “Тајна Доктрина”, кои покажуваат силно Розенкројцерско влијание. Додека живеел во Лондон како младич, Ганди го читал “Клучот кон Теософијата” кој, како што вели “ја стимулираше во мене желбата да читам книги за Хиндуизмот и ми помогна да ја сфатам заблудата на ставот поддржан од (Христијанските) мисионери, дека Хиндуизмот е преполн со суеверие” (цитирано во Мид). На 13 години, идниот Премиер на Индија, Нехру, станал член на Теософското Друштво и во текот на целата своја политичка кариера има искажувано восхит кон неговото учење.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 720
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »