логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Од Архивата на Преминпортал

Avdev.promo.jpg

Скопје, 30. 05. 2009 г.
Во издание на манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса, Велјуса, а во превод на г-ѓа Ирена Кепеска, излезе од печат  македонското  издание на  книгата „Униние и депресија-  Сличности, разлики, лекување. (Православен поглед)“ од д-р Дмитриј Александрович Авдеев, православен лекар- психијатар, медицински психолог, магистер по медицински науки и  завршени   посдипломски студии на Богословскиот факултетна Универзитетот „Лукијан Благо“ (Романија), на тема пастирска психологија и психијатрија, православен приод кон психијатријата и црковна помош на психички болни луѓе.

На 30 мај 2009 година, во просториите на новотворената   книжарницата „Икона“ во центарот на  Скопје,  се одржа промоција на оваа по многу нешта  извонредна книга. Промоцијата ја водеше д-р Вилма  Виденова, а промотивна реч одржа и Митрополитот Американско- канадски г. Методиј. 

Avdev.promo.jpg

 - Книгата е обид да се оценат причините за неврозите(психогени) од христијански позиции.Неурози  според авторот  се последица на грев, гревовната страст, духовна нездравост, неправилно изградена скала на животни вредности.Авторот издвојува две групи на состојби: првата група се растројства  предизвикани  од “страсти кои го заробиле човекот” и тука спаѓаат неврозите и болестите на зависност, додека пак втората група на психички растројства се предизвикани  од биолошки   (генетски)фактори и тука спаѓаат  ендогените  или “природни”болести. “Кога ќе ги разбереме причините за тагата, таа престанува да биде страдање”, истакна во своето ображање, промоторот д-р  Вилма  Виденова.

 Avdev.promo.jpg

д-р Дмитриј Александрович Авдеев:

Ваши Високопреосвештенства, Владико Наум, Владико Методиј!
Драги македонски пријатели, браќа и сестри!

По милоста Божја, благодарение на грижата на Владиката Наум и на сестрите од светата обител на Пресвета Богородица Елеуса, излезе од печат на македонски јазик книгата „Униние и депресија: сличности, разлики и лекување“. Денес зборот „депресија“ стана многу популарен. Насекаде може да се видат страдање, солзи, натажени лица. Научниците и лекарите повикуваат SOS. Статистиката соопштува за стотици милиони луѓе низ целиот свет кои веќе се имаат обратено кај лекар заради оваа причина. А колку ли луѓе сами со себе се обидуваат да ја преживеат душевната криза. Тие се многу повеќе. Денес во светот има 500 милиони луѓе кои се психички заболени.

Светата Православна Црква издвојува три главни причини заради кои се развиваат психичките заболувања, а тие се: човечката природа (односно индивидуално-биолошки причини), гревовните страсти и демонските напади на личноста. Согласно оваа поделба се обидов да направам анализа и на депресивните состојби. Постојат т.н. ендогени депресии, кои се развиваат од природата и се пропратени дури со биохемиски промени во мозочните структури. Секако, вакви состојби е неопходно да се лечат со современите медицински средства. Во книгата е, како пример, опишана болест на Николај Гогољ. Но, еве што е важно.
Ако земеме дека сите депресии се 100%, тогаш излегува дека ендогените депресии се само 3%. А останатите 97% се депресии чиешто потекло може да се поврзе со личносните фактори, скалата на вредности но и едноставно со гревот. Сега можете да ги споредите овие две бројки! Та ако човекот е измачуван од завист или го разјадува навреда – тоа е веќе дело на гревовните страсти. Јас еднаш советував една жена (а таа ми се обрати заради депресија) и таа ми кажа дека еве веќе десет години не разговара со својата мајка. Таа сосема се измачи. Ги пиеше сите можни лекарства, а што требаше да направи? Да и  пријде на мајка си, да побара прошка, да ја прегрне, да ја бакне и болеста ќе поминеше веднаш.

Најтешка последица на депресијата е самоубиството. 90% на самоубијците се ментално здрави луѓе, а 10% се луѓе со психички заболувања.

Така: депресијата можеме да ја дефинираме како болест. А унинието како гревовна страст. Лекарите велат дека правилната дијагноза е половина од лекувањето. И навистина, причината за појавувањето на болеста го одредува лекувањето. Депресијата треба да се лекува, а со унинието треба да се бориме со духовни средства. И во секој случај, треба да се молиме и да Го повикуваме Господ на помош. За време на приемот на пациентите многу често посакувам да им кажам: освестете се, замислете се, покајте се.

Како православен лекар, наоѓам одговори на многу сложени прашања во Светото Писмо, кај светите Отци. Светоотечките поуки се највистинско духовно лекарство. И, секако, молитвата. Молитвата е за душата како воздух за телото. Без молитвата ништо добро не може да се случи. Заради тоа, како прилог во оваа книга ги ставивме опширните молитви за веднаш да се обратите со своите маки кон Господ, кон Неговата Пречиста Мајка и светите угодници Божји.

Од сето срце на сите Ви посакувам душевен мир и никогаш да не очајувате. Да си спомнувате дека ние заедно живееме под светата Божја промисла. И Господ нема да ни даде крст преку нашите сили. Апостолот ни заповеда да се молиме непрестајно, секогаш да се радуваме и за сè да Му благодариме на Господ. Секому од Вас и на себе лично го посакувам истото: да се молиме, да се радуваме и да Му благодариме на Господ.

Од сета душа му благодарам на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за топлиот прием, соработка, скапоцени совети и благослов. Исто така, му благодарам на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј за неговиот прием во неговата резиденција во Охрид. Му благодарам на претседателот на Асоцијацијата на психијатри на Македонија проф. д-р Антони Новотни, на д-р Вилма Виденова којашто ја води оваа промоција и на прекрасните зборови на промоторот Владиката Методиј.

Сакам уште еднаш срдечно да им се заблагодарам на Владиката Наум, на Владиката Методиј за изречените убави зборови,  на сестрите од манастирот во Велјуса; на преведувачот на оваа книга г-ѓа Ирена Кепеска за големиот труд.

Сакам да се заблагодарам на сите овде присутни. Срдечно благодарам за гостопримството, првпат сум во Македонија и сум восхитен од убавата земја. Поклонувајќи се на големите светињи, ги видов и најстарите цркви и манастири. Со темата „Православна психотерапија“ заедно со Владиката Наум одржавме предавање на Меѓународниот конгрес во Охрид. Секој од нас на свое место треба да се потруди во слава Божја: и лекарите и свештениците.

Благодарам за вниманието.
д-р Дмитриј Александрович Авдеев

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Драг читателу!

Пред вас е книгата Униние и депресија-  Сличности, разлики, лекување“, која по милоста Божја, сега излегува и во светата Македонска земја. Многу се радувам на средбата со македонскиот  читател и се надевам дека оваа книга ќе се покаже душеполезна и потребна во современото македонско општество. Книгата е напишана со едноставен јазик и е наменета за широк круг на читатели.Но, се надевам дека и на експертите оваа книга ќе им биде од полза.

Основна цел на оваа книга е да покаже дека значителен  дел од депресивните сосотојби се последица на погубното дејство на гревот, гревовните страсти врз човековата душа. Притоа постои и таков тип на депресии кој се развива „природно“, и по своето потекло е е многу поврзан со индивидуално- биолошки причини...Ви посакувам, драг читателу, душевен мир, секое добро од Господ и заедно со апостол Павле повикувам: Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сè, зашто таква е волјата Божја за вас во Христа Исуса! (1.Сол. 5, 16-18)
 (Извадок од предговорот на авторот кон македонското издание)

 

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg

Avdev.promo.jpg


 Avdev.promo.jpg

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

Avdev.promo.jpg

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 831
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »