логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ПРАВОСЛАВИЕТО И СВЕТОТ

a.Црквата, созданието и историјата

Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот”1. Порекнувањето на присуството и силата на Црквата значи помрачување и губење на смислата на светот, апсурдност и неуспех на историјата, губење на центарот и победа на празнината, дрскоста и преовладување на бесловесните сили.

Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците… Со животворниот Крст кој ја усмртува смртта за да се преобрази светот… Црквата е срце на светот, мистична ocкa на неговото траење, траење што го го одвојува од апсурдот, за да се преобрази во историја во литургиското време. Таа во тридневната Пасха и во Педесетница ги нурнува (како да ги крштева) круговите на природата и културата на човештвото, за да ги соедини во вечноста”2.

Во основата на ова соборно преобразување и осветување се крие тајната на Воплотувањето. Тоа е тајна и Откровение на тајната на соборното спасение и обожение на светот: „Бидејќи се воплотил без да претрпи промена, Бог и Лoroc со посредство на телото се соединил со целото создание. На небото и на земјата се случува големо чудо: Бог се појавил на земјата, а човекот на небото, за да ги соедини луѓето со Ангелите и на целото создание да му дарува обожение”3. Свети Атанасиј Велики во Словото за Воплотувањето на Лorocот говори за возглавувањето на сѐ во Христос: „Зашто, Логосот секаде се распрострел, и горе и доле, во длабочина и широчина: горе над созданието, долу со вочовечувањето, во длабочина во адот, во широчина – во светот. Сѐ е полно со знањето Божјо.“ Богочовечноста, значи, е полнота исполнета и совршена во Христос, врв – како на природниот развој, така и на човечката историја.

Православието не е бегање од светот во име на вонвременско ширење и трагања, на индивидуална или религиозна самодоволност во која се мешаат христијански и нехристијански елементи. Православието ја воплотува духовноста на Воплотувањето, тоа е храбар подвиг, претходно присуство на љубовта и одговорноста, сила за преобразба на светот и историјата. Како што падот на човекот не е изолиран настан, бидејќи со себе го повлекол целото создание и ја вовел лагата во историската стварност, така и спасението не е само за човекот, туку е спасение на целото создание и на историјата преку човекот.

Соборноста на христијанското Православие „станува словесна, како во согледувањето на светот (т.е. на создаденото, така и во согледувањето на историјата… Христијанското разбирање на светот наоѓа свој израз во тоа, настанот на спасението да не се разбира како одреден настан само за човекот, при што се има пред вид и човечката историја и човечката заедница, туку како космички настан со кој се проткаени движењето и промената на севкупниот свет. Космологијата и сотириологијата се наоѓаат во нераскинлива, органска врска. Како што падот на човекот го побунил целиот космос против Бога и го предал светот на силите на гревот и на смртта, така и Воплотувањето на Бог во Христос и Неговото Воскресение носи во себи космички енергии и последици. Во спасението кое Христос го оствари учествува севкупното создание кое заедно со човекот ја поднесува истата мака и ја очекува конечната полнота на спасението. Спасението е крај на историјата и тоа ќе се оствари со преобразувањето на старата земја и старото небо, во нова земја и ново небо. Динамичното преобразување на созданието, освен луѓето ја опфаќа и целата вселена. Така и христијанскиот догмат на Халкидонскиот собор ги осветлува и нагласува врските на Црквата со созданието (природата) и историјата. Овие односи не се дијалектички, туку сотириолошки, такви односи што потекнуваат од благодатта и од можноста за соборното спасение во Христос. Тоа не се властодржечки и господаречки односи над светот, туку односи на благодатта и дарот кои извират од Бога, како личносни тајни на слободата и љубовта.

Православието има свест дека Црквата не е „од светот”, туку дека е „во светот”, дека се разликува од светот, но не и дека не се одвојува од него. Ова одвојување би водело, не само во осудување и смрт на светот, туку и во соголување и обезвреднување на самата Црква. Автентичниот православен став не се изразува во бескомпромисна негација на светот, туку во негирањето на владеењето на сатаната над него, т.е. во борбата на човекот и на Црквата со демонските сили. Нашата борба не е борба со светот, туку судир со искушувачот, кој сака да го потчини светот на суета и гнилеж, на бесмисла и смрт. Вистинитиот православен став не е за лекомислено и неодредено приспособување на Црквата на светот (што би било секуларизација, со оглед на тоа дека љубовта кон светот и неговото обновување го претпоставува парадоксот на умртвувањето на светот во нас, излегување од светот и влегување во сферата од каде што дошла благодатта на воплотениот и распнат Господ. Така се објаснува фактот кој е тешко сфатлив: фактот дека монасите го сакаат светот повеќе, отколку луѓето што живеат во светот.

Во односот кон светот и во одговорноста за светот, Црквата чувствува постојано искушение во тнр. несовременост или немодернизам. Кога Црквата се одрекува од искуството на она „сега” или она „денес” на Божјата икономија за светот и кога се одрекува од својот есхатолошки карактер и есхатолошки извор на верата, нужно се меша и се поробува со кризата и безизлезот на светот, дури и кога тоа го прави под изговор на религиозност и општественост. Проблемот впрочем, не се промените или разубавувањето на надворешните околности на светот, туку неговото осветување и враќање кон Бога. Осветувањето и враќањето таинствено се извршуваат со преобразувањето на човекот, токму со промените кои доаѓаат однатре, од длабочината на срцето – во кое е арената на борбата на Бога со ѓаволот и местото на „трагичната и таинствена убавина”.

Во динамиката на бескрајните последици за човекот, историјата и светот, Воплотувањето е непресушен извор и неисцрпно богатство на благодат и дарови, на современост и актуелност. Во Црквата не пocтојат нешта на кои им е потребна обнова или повторно приспособување, за да се следат сите нови општествени конвенции и прогресот. Црквата е вечна и ја опфаќа стварноста која е над секое движење т.е. активизам. Во неа се исцелува несигурноста и неспокојството, минливоста и потресите, пропаѓањето и непостојаноста на историската и космичката стварност. Во Црквата не владее реорганизирањето, туку секојдневното паметење, спомнување и славење на чудото на нашето спасение, на кеносисот (снисходењето, понижувањето) и Воплотувањето на Бог, на единственото ново во светот и историјата.

Не се работи за тоа, да правиме современи или револуционерни (!) дела, туку да останеме силни и постојани во верата, која е Откровение на Бог во Христос, кој што е единствена сила за преобразување на стариот свет. И уште, да го имаме на ум сознанието дека „со Божјата промисла од мал повод и преку мали личности се извршуваат големи дела.

Михаил Кардамакис, Православна духовност, ман. Хиландар, 1996.

 

Извор: https://svitok.info/2019/05/31/crkva-sozdanie-istorija/#more-7060

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

« »