логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

ГЕОРГИ ГОЦЕ ДУРТАНОСКИ СТАНА ПОЧЕСЕН ДОКТОР
НА ЛЕТОНСКАТА ХРИСТИЈАНСКА АКАДЕМИЈА

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото„.




Рига, Летонија
5. октомври 2018



Во рамките од прославата на 100-годишниот јубилеј од првата независност на Летонија, Сенатот на Летонската христијанска академија и Советот за високо образование на Летонија, со благослов од архиепископот на Летонската православна црква, синоќа 4. октомври 2018 година со свечена церемонија му беше доделена почесна докторска титула (Doctor Honoris Causa) на проф. Георги Гоце Дуртаноски за неговиот придонес во високото образование и афирмација на христијанските вредности во Летонија и на европскиот континент воопшто.



Почесната титула беше доделена во „салата со столбови„ во Историскиот музеј на градот Рига,  објект ремек-дело на класицизмот и најстар музеј во Европа - комплекс кој го сочинуваат неколку згради напластени со архитектонски влијанија од 12. до 18. век. Академската заедница во Летонија го користи овој објект како престижна бина за церемонијални свечености од областа на науката.

Церемонијата започна со изведба на „Легенда„ од Петар Илич Чајковски и импресивен настап на вонземниот глас на младата талентирана Александра Шпицберга и машкиот вокален ансамбл придружувани од врвната пијанистка Кристине Шмите.
Ректорот на Летонската христијанска академија, проф. Скаидрите Ана Гутмане го имаше воведниот збор на отворањето на церемонијата заедно со летонскиот министер за образование г. Јанис Ветра, а одлуката за доделување на почесната титула ја прочита проф. Ервин Бутчевич. Почесна реч за Дуртаноски имаше поранешната министерка за образование на Летонија академик Баиба Ривжа (исто така почесен доктор од Летонската христијанска академија), која го нагласи исклучителниот педагошки метод за пренесување на знаењето кое го практикува Дуртаноски и му подари лимитирано издание посветено на 100-годишнината од летонската независност, во кое авторство е инволвирана и самата.

Летонската православна црква беше претставувана од митрополитот Јован од Ришката епархија, лично испратен од архиепископот г.Александар кој поради болест неможеше да присуствува на свеченоста. Митрополитот Јован го прочита говорот на Неговото Вископреосвештенсто протоколарно планиран како негово излагање за настанот.
Летонската православна црква уште на самиот почеток даде благослов и силна мотивациска поддршка на катедрата за христијанска палеографија и краснопис кои беа иницирани и предводени од Гоце Дуртаноски во минатите 5 години.   

Свеченоста заврши со настапот на ксилофонистката Алесе Сејане изведувајќи ја инструменталната композиција „Источна фантазија„ од Рихард Залупе, следеше и завршна реч на ректорот проф. Скаидрите А. Гутмане за исклучителниот придонес на Дуртаноски и професионален ангажман на повеќе полиња кое го прави „амбасадор на културата„ и еден од ретките преставници на граѓанската дипломатија.
Прочитани беа упатените честитки до Георги Гоце Дуртаноски од архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, директорот на Светската унија на калиграфи и музеј на калиграфијата од Москва Алексеј Шабуров, директорот на колеџот за странски јазици проф. Љубов Кисељова од универзитетот во Тарту (Естонија), вишиот специјалист од Летонската национална академија Викторија Москина, хрватската евро-парламентарка Маријана Петир и многу други.
Во поддршка на Дуртаноски колеги и пријатели допатуваа специјално за овој настан од Македонија, Германија, Холандија, САД и Франција.
Во предавањето и презентацијата на ракописната збирка и Скрипториумот кој го основа Дуртаноски акцент беше ставен на естетиката и убавото пишување, како и вовед во студиите за развојот на писмата низ вековите, ракописните стилови и важноста на христијанската палеографија. Дуртаноски го цитираше Баумгартен, Кант и Волтер, а презентирани беа  најубавите и највредни краснописни копии како плод на досегашната работа.
Почесната докторска титула Дуртаноски ја посвети на „малите нации„ и нивниот стремеж за сувереност и самоопределување како и на сите оние кои во изминатите години ја поддржуваа неговата работа и веруваа во убавината на ракописната уметност.  


Георги Г.в.Дуртаноски е основач и директор на Скрипториумот при Летонската христијанска академија, каде воедно предава неколку предмети поврзани со развојот на писмата во христијанската ера со фокус на глаголицата и црковно-словенската кирилица како и декоративното писмо/краснопис. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европската унија која ги негува (православните) христијански уметности и вредности.
Во афирмација на македонското писмо и христијанската палеографија Георги Дуртаноски досега ги има реализирано следните изложби:
Inscriptiones Macedoniae (2012 година во Емајскиот манастир во Прага, Чешка);
Manuscripta Glagolitica (2013 во црквата Св.Кирил во Велехрад, Чешка);
Epistulae Christianae (2015 во Општинската зграда/Rigas Dome во Рига, Летонија);
Scripta Sancta (2017-2018 во регионалниот музеј во Талси, Летонија).



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 723
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »