логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Пред моштите на новопројавениот светител свети Јоаникиј Ракотински што од септември минатата година се наоѓаат во скопската соборна црква “Свети Климент Охридски“, се поклониле илјадници верници. Презвитер Бобан Митевски раскажува дека во изминатиот период имале и групи од Србија, Бугарија и од Грција кои организирано дошле дури и со свештеници. Сето тоа е резултат на култот на свети Јоаникиј во соседните земји уште пред да биде канонизиран.

– Свети Јоаникиј имаше развиен култ заради знаењето на светоста на неговиот живот во Србија, а исто така и во Бугарија. Во Грција, пак, имаше честица од неговите мошти, во манастирот во Верија, кај архимандритот Профириј и дури од таму книгата што ја објавивме со неговото житие имавме сведоштво за извршени чуда токму на тие мошти уште пред да биде канонизиран светителот. Со ова ќе заклучам дека народот, особено после канонизацијата, многу масовно почна да доаѓа, вели отец Бобан.

Тој ни раскажа дека исцелителската моќ на светителот за време на неговиот долговечен живот, продолжува и по неговата смрт, а самиот посведочил за две чуда кои се пројавиле во изминативе неколку месеци.

-За слава на Бога и многу сме радосни заради тоа и по канонизацијата веќе имаме потврда за чуда кои се извршени. Имено, по самиот ден на канонизацијата беше излекувано едно мало дете кое боледувало, како што ни раскажа мајката, од тежок облик на бронхитис, бактерија на белите дробови. Пред канонизацијата многу кашлало и го донеле да присуствува на самата канонизација бидејќи семејството е побожно. Веднаш по чинот на канонизација детето престанало да кашла, а потоа кога отишле на лекар било констатирано дека се повлекла состојбата која претстоела претходно. Исто така јас бев сведок, при читањето на акатистот на една жена која пристапи и ми кажа дека до претходниот акатист веќе неколку дена по ред имала страшни главоболки и откако и била прочитана молитвата врз моштите на светиот Јоаникиј главоболката веднаш исчезнала. И таа ми го посведочи чудото кое и се случило по посредништвото пред бога и на самиот светител. Верувам дека со ова се исполнуваат зборовите на еден наш современ отец, кој кажа дека отец свети Јоаникиј ќе биде голем чудотворец и ќе продолжи да чудотвори. Буквално тоа го прорече и еве тоа навистина се потврдува за утеха на народот, затоа што свети Јоаникиј се покажува како голем молитвеник и голем застапник за нас, вели отец Бобан.

Тој појаснува дека, всушност, Свети Јоаникиј не ги прави чудата, туку тоа го прави Бог, поради неговата молитва врз верниот народ.

– Има разни категории на посетители, но, главно, се сведуваат на тие што доаѓаат од вера и тие што доаѓаат од потреба, молитвено да се обратат кон светителот. Има и такви што доаѓаат од љубопитство затоа што ваков чин, канонизација не се случува многу често, се случува еднаш на 100 години, па сакаат да видат за што станува збор. Ние и во тоа ја согледуваме длабоката промисла Божја, бидејќи и тие, доаѓајќи, ќе можат да се сретнат со Бога преку светоста на светителот, вели отец Бобан.

Негова препорака до верниците е да не пристапуваат суеверно, односно да не мислат дека нештата веднаш ќе исчезнат, туку да бидат опстојни во молитвата и во она што го бараат од бога. Но, и да ја прифаќаат волјата Божја.

– Исто така, треба да согледуваме на светоста на светителите затоа што светоста и светителите не ни се дадени за врз нас да се извршуваат чуда туку ни се дадени да бидат пример во нашиот живот, пример кој ние ќе го следиме и ќе го оставиме она што тие го имаат остварено. Нивниот начин на живот, во постојана љубов кон Бога и кон ближните, во постојана предаденост на верниот народ и на другите луѓе во молитвеност. Пример кој ни кажува дека е остварлив оној примат кон кој не повика самиот Христос, а тоа е светоста. Тој ни кажа: Бидете свети како што сум свет и јас, и затоа светителите ни се доказ дека тоа нешто е остварливо. Тие станаа свети по првообразот, а тоа е Христос, еве ние гледаме дека тоа е остварливо доколку само низ вера, низ љубов, низ надеж, низ молитва низ едно побожно духовно вистинско живеење низ една борба со страстите и до гревовите се потрудиме да го оствариме тоа што е цел на нашиот живот, а тоа е светоста, односно обожувањето, вели отец Бобан.

Сите што сакаат да се помолат пред скапоцениот кивот (специјален сандак за мошти), во кој се сместени моштите на ракотинскиот светец, имаат можност да присуствуваат на акатистот на светиот Јоаникиј Ракотински секој вторник во 17 часот.

Така беше и овој вторник, на вториот ден од новото лето Господово, кога стотици стари, но и млади кои наместо во кафулињата, каде се уште се чувствува празнична еуфорија, избраа попладнето да го посветат на верата. Да ја кажат својата молитва, да се покајат, надевајќи се дека светецот ќе стори се за да им помогне.

-Нема некој што не слушнал за чудата на свети Јоаникиј. Бев љубопитен и дојдов со сестра ми. Сакав да видам, самиот да почувствувам дали има вистина во тоа. Сега сум убеден дека следниот вторник повторно ќе дојдам, ни шепна едно младо момче додека заедно стоевме простум пред кивотот.

Четворица свештеници, наизменично го читаа акатистот, прекрасна молитва во која се раскажува житието на чудотворецот.


Акатист посветен на Свети Јоаникиј, 3. јануари 2018 година

Службата е напишана од страна на официјалниот химнограф или оној што ги пишува богослужбите во православната црква на Цариградската патријаршија, а тоа е јеромонахот Атанасиј од манастирот “Симонопетра“ на Света Гора. Акатистот, пак, е напишан од наш црковен поет, тоа е свештеникот Александар Димовски од Охрид.

Канонизација на ракотинскиот монах


Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци е прогласен за светител на 24 септември во Соборниот храм “Св. Климент Охридски” во Скопје. На литургијата со која чиноначалствуваше Aрхиепископот Oхридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Светиот архиерејскиот синод на МПЦ-ОА и свештенство од сите епархии на МПЦ, беше осветена и иконата на Јоаникиј Ракотински.

– Новоканонизираниот светител е живописана икона и е напишано житие, синакса, акатист, утрена и вечерна богослужба. Овој новопојавен преподобен и богоносен отец наш Јоаникиј како што сведочи неговото опширно житие се родил во преславниот град Охрид, но сега е граѓанин на небесниот, неразрушлив град на светиите, таинствениот Сион, истакна тогаш г.г. Стефан.

Покрај останатите дарови, обогатен и со чудотворството, посочи Aрхиепископот Oхридски и македонски, се покажал како евангелскиот добар самарјанин за оние кои со вера му пристапувале христијани или иноверни.

– Откако направил многу чудесни дела ја запечатил судбината зашто не времето и околностите ги прогласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога, додаде г.г. Стефан.
Моштите ќе останат во Соборниот храм се додека трае изградбата на црквата “Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Потоа, истите ќе бидат пренесени таму.

Јоаникиј Ракотински, македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник, бил роден во Охрид во 1839 година, а се упокоил на 24 јануари 1940 година во скопското село Ракотинци, на 101-годишна возраст. Додека се уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.

Чудотворните мошти двапати се појавиле


Четириесет години по неговата смрт, на чуден начин, најверојатно преку ерозија на земјиштето, неговите мошти се појавуваат на површината од гробот. Поради стравот од тогашните комунистички власти, мештаните веднаш повторно ги закопале иако констатирале дека телото е во целосно здраво и во нераспадната состојба.
Но, моштите на Јоаникиј повторно се појавиле. Второто појавување била доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека има во нив нешто свето. Тие биле нераспаднати и по второто појавување.
Тогаш, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за подоцна да го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот освен на лицето. Но, лошата конзервација довела до благо оштетување на телото, иако истото и денес е доста заштитено.

“Лекарство” е сет од рецепти со билки кои ги користеле луѓето


Акатист посветен на Свети Јоаникиј, 3. јануари 2018 година

Едно од чудата кое ќе биде обзнанено во самата книга со животописот на свети Јоаникиј Ракотински и со богослужбата е чудото кое се случува и надвор од границите на Република Македонија, односно се случува во Република Грција, каде се наоѓа делче од неговите мошти кои своевремено биле дадени тука од Македонија на чување во манастирот “Св. Јован” во Бер каде се наоѓа и главата на светиот Климент Охридски. Таму се има случено чудо со една жена која била болна од рак и која по молитвите пред тие мошти се има излекувано од оваа болест.

Свети Јоаникиј живеел по разни манастири во Скопје и последното негово живеалиште е во манастирот во селото Ракотинци каде се упокојува и каде ја пишува и својата позната книга “Лекарство“, која е сет од рецепти со билки кои ги користеле луѓето и таа во оригинал ракопис од него се чува во библиотеката на Богословскиот факултет во Скопје.

 

 Извор:http://vecer.press/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D0%BC%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%86%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82/

01.jpg

 Друго:



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 79
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 55
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 163
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

« »