логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

На 05. 04. 2020 година,  во Петта Недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Никон и на светиот преподобен Никон Печерски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво богослужеше Света Василиева Литургија во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

3.angeli.so.truba
По завршувањето на божествената Литургија, Митрополитот г. Јосиф

се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

ДА ЈА ОСМИСЛИМЕ ИЗОЛАЦИЈАТА


Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина
 (Марко 10,45)


Драги браќа и сестри,


    Оваа петта недела од Великиот пост, Светата Црква ја посветила на светата пустиножителка Марија Египетска, која во Јорданската пустина поживеела аскетски живот скоро пола век, оплакувајќи ги своите гревови и просејќи прошка од Господа Бога за својот неморален живот. Нејзиното име, изминативе денови беше спомнато повеќе пати од страна на повеќе верски лица, теолози, познати отци и епископи и тоа во меѓусебните дебатирања, како и во своите обраќања и во слова кон верниот народ упатени како утеха во ова тешко време на искушенија, кога сите ние времето го поминуваме во изолација во нашите домови како еден вид на борба против заразната болест, предизвикана од вирусот наречен корона. Примерот од житието на света Марија Египетска, но и животот на многу други пустиножители е мошне поучен. Особено овие денови е актуелен нејзиниот долг пустиножителски подвиг, кој е одлична компарација и добар одговор на прашањето за тоа дали може да се спасиме ако не го посетуваме редовно храмот.

И навистина во една ваква тешка ситуација, кога мерките за заштита, нашата лична совест и одговорност не ни дозволуваат да бидеме физички сите заедно во овој неделен ден во храмот Господен на молитва и кога поради тоа сме тажни – не можеме да најдеме подобра утеха, мотив и сатисфакција од животниот пример на светата Марија, која иако била во еден вид на самоизолација скоро цели 50 години, сепак тоа во никој случај не ја спречило духовно да напредува и да биде со Бога, туку напротив таа искористувајќи ја изолацијата на вистински начин, пред сѐ носејќи го Христа во своето покајничко срце, посветувајќи го времето за себесогледување, преку својот аскетски подвиг исполнет со искрено покајание, со молитви се доближила до Бога, Кој ја овенчал со венецот на светителството и вечното блаженство кон кое се стремиме и ние.

Мили мои,

На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов треба да го победиме. Затоа во овие моменти на криза на целокупното општество ширум светот, ние не треба во никој случај да дозволиме да паднеме во очајание и безнадежност, туку треба постојано да Му благодариме на Бога за сите искушенија, кои по Негово допуштение ни се дадени за наше поправање. Тие се еден вид потсетување дека сите сме скршнале од вистинскиот пат, од патот кон Небесното царство, чија насока е отворена постојано за нас. Не треба да тагуваме, туку треба да се потрудиме да ги надминеме сопствените грешки, маани и слабости. Во тоа ќе ни помогнат житијата на светителите. Имаме доста примери како големи грешници станале големи светители. Токму животот на нашата денешна светителка е еден таков пример. Да тргнеме од нејзиниот животен пример и во овие мигови, сеќавајќи се на нејзиниот живот да се поучиме како и ние треба да го живееме животот, а особено како да го поминуваме ова време, кое несомнено внесе една голема промена од нашето живеење во претходниот период. Мора да признаеме дека повеќето од нас тешко ја прифаќаат оваа промена, бидејќи животните навики во ова современо општество ги одвикнале од смирен и трпелив живот, од тивок живот. Изминатиот период можеби како никогаш досега, целокупното човештво потонато во гревовните страсти заборави на Бога, на црквата, на семејството. Човекот се отуѓи од ближните и стигна до таа мера да заборави да се погрижи дури и за себе си. Но, ете само еден миг беше потребен за да се освестиме, малку да закочиме и со трезвени очи да погледнеме во убавината на светот и да ја спознаеме вистинската вредност во животот и неговата важност, како што тоа се случило и со светата Марија кога на празникот Крстовден во Ерусалим доживеала целосен пресврт во својот живот и навики. Ако внимателно го прочитаме нејзиното житие, ќе прочитаме еден животопис на два дијаметрално спротивни начини на живот. Накратко, света Марија достигнувајќи ја бездната на гревовите, на повикот од Бога, направила голема промена на својот неморален начин на живот и напуштајќи ги сите светски задоволства, се повлекла во Јорданската пустина, каде  успеала да ја достигне височината на побожноста и добродетелите.

Почитувани,

И ние треба поактивно да го следиме примерот на света Марија и да Го прифатиме Божјиот повик за наше духовно будење, бидејќи никогаш не е касно за тоа. Овој период, кога сме на еден вид духовен тест, потребно е нашата вера на дело да ја покажеме преку послушност кон Светата Црква, кон црковните отци и пастири, прифаќајќи ги смирено одлуките, кои се носат за доброто на сите нас, а не со осудувања и клеветења. Дните, пак поминати во изолација во ова вонредна состојба, ако го прочитаме житието на света Марија ќе сфатиме дека се прекрасна можност да се доближиме до Бога. Тоа време е одлична прилика за себепознание и покајание, како и за молитва, а тие три работи ни се единствено потребни во овој период, за успешно го завршиме постот, и за очистени од гревовите да го дочекаме Христовото воскресение. Но, пред часот на Воскресението потребно е сите ние да се искачиме на Голгота, потребно е храбро да ги пребродиме сите искушенија на тој пат, бидејќи „Царството небесно се зема со сила, и силните го грабаат“ (Матеј 11,12), а силата се состои во цврстината на нашата волја, како и во решителноста  да се промениме, од желбата денес и утре да станеме подобри личности од вчера.


За да постанеме подобри личности потребно е да се потрудиме да ја прифатиме Божјата волја и да имаме искрено покајание како света Марија за да ја здобиеме Божјата милост и благодат. Оваа недела, всушност и на некој начин нѐ потсетува на големото Божјо човекољубие кон оние, кои искрено сакаат да се откажат од своите гревови. Во евангелието на повеќе места и во повеќе параболи ни е претставено човекољубието Божјо. Ќе набројам само неколку примери. Ќе започнам од зборовите во денешното евангелско четиво: „Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Марко 10,45). Потоа, апостолот на љубовта, возљубениот Христов ученик Јован вели: „Зошто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“. (Јован 3,16). Од овие зборови треба да ни е јасно дека Всемудриот Бог, Седржителот го чува, запазува и ќе го спаси светот и човекот и никогаш нема да нѐ остави, бидејќи Тој дојде единствено „заради нас и заради нашето спасение“ (Символ на верата). Он особено се радува на нашето покајание, па евангелистот и апостол Лука, преку евангелието интегрално ни ги пренесува Христовите зборови: „Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење“ (Лука 15,7). – Поради тоа, драги христијани, овие богомдаровани дни кога нашите домови алегориски претставуваат пустина во која ние сме во самоизолација да ги искористиме за созерцание на нашата душа и за увидување колку гревови се наталожиле во неа, за длабоко покајание  и преумување за да и ние бидеме причина за радост на небото. Да не се плашиме, туку „молејќи се постојано“ (сп. Сол. 5,17) и со трпение да ги спасуваме нашите души, испросувајќи ја Божјата неискажлива милост и неизмерното човекољубие кон нас, кое никогаш не престанало и нема да престане, бидејќи нашиот „Бог е љубов“ (1 Joван 4,8). На таа Божја љубов – да одговараме секогаш со љубов, а да се љуби Христос по зборовите на светиот Симеон нов Богослов, искажани во неговото дваесетто слово: „не значи ништо друго од тоа да се исполнуваат Неговите заповеди, како што самиот Тој логосел: „кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној кој Ме љуби“ (сп. Јован 14,21).

Возљубени,

Доколку сакаме и ние да пребиваме во Божјата љубов треба да ги исполнуваме Божјите заповеди. Седејќи во нашите домови да се потрудиме да ги отфрлиме страстите, кои не обременуваат и тоа најповеќе: зависта, гордоста и егоцентризмот. Најдобра терапија за лекување на тие страсти е молитвата. Затоа во овие тешки денови на претпазливост од коронавирусот – нашите домови нека постанат место за молитва, место од кое ќе одекнува Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме!“. Дури тогаш изолацијата ќе ја добие својата смисла. Својата смисла изолацијата ќе ја добие кога таа ќе постане подвиг. Таква била изолацијата на светата пустиножителка Марија, чиј пример на осамување, според зборовите на Рускиот патријарх Кирил „ќе ни помогне да ја разбереме важностa на осамувањето во нашите лични пустини, во нашите станови“. Во овој момент аналогно на зборовите на патријархот ми доаѓа една добра мисла, која би ја споделил со вас во врска со нашата состојба и со нашите моментални лични пустини – нашите домови. На едно место прочитав дека има разлика дали вие сте во пустина или пустината во вас. Да го одбериме првиот дел од фразата и ние како светата Марија Египетска да престојуваме во пустина, односно во нашите домови, практикувајќи го нашето духовно правило, постот и молитвата, за да никогаш не дозволиме пустината, односно „мерзоста на запустението“ (Матеј 24,15) да навлезе во нас.  Во овие денови кога сме одвоени од околината и сме социјално дистанцирани без можност за физичко присуство на богослужението во храмот – да го следиме примерот на светата Марија Египетска, да ја искористиме оваа осаменост за да направиме добар духовен подвиг и воедно, да ги почитуваме мерките за претпазливост за да се заштитиме и себе си и за да ги заштитиме нашите ближни, за да сите заедно Го прославиме Троичниот Бог, сега и секогаш и во сите векови. Амин!
По молитвите на светата пустиножителка Марија Египетска, Бог да не заштити од оваа подмолна заразна болест!

 

 3.angeli.so.truba

http://tge.mk/product/nedela-5-od-veligdenskiot-post

 

 05.04.2020 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »