логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 



Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да стане син Божји – по благодат, односно му постави цел: од лик Божји да порасне до подобие Божјо, давајќи му ги сите сили и Својата благодат потребни за тоа.

Што имаме и што гледаме, и што останало денес од тоа совршено создание Божјо – човекот, после неговото двојно отпаѓање од Бог? Духовна неукост, етичка рушевина, паднатост до изобличеност.

Денешниот човек главно води противприроден начин на живот, кој се одвива на три надолни нивоа на душевно и ментално разболување: валкање на срцето од исполнување на страстите (без оглед дали со мисла, збор или на дело), затемнување на умот – од прифатени демонски помисли во срцето и од гревови на дело што станале навика, и демонизирање – опседнатост од духовите на злото од поднебесјето поради трајна своеволна определба кон гревот (во случај кога не постои физиолошка основа за психичка болест).

Противприродниот начин на живот на една индивидуа, кој се одвива на трите надолни нивоа од душевното постоење, согласно модерната психологија се дефинира како: ниво на неврози, ниво на растројства на личноста (социопатија, психопатија) и ниво на психози.

Свети Јован, во својата „Лествица“, нѐ повикува да тргнеме по друг пат, по евангелскиот пат на покајанието и да водиме природен начин на живот во Црквата, преку кој растеме „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ (Ефес. 4, 13). Согласно свети Јован, почеток на православниот духовен живот е послушанието, кое најбрзо нѐ води до целта – просветлување на умот: „Оној што наполно се одрекол од самоволието, дури и во нешта што му изгледаат добри, духовни и богоугодни, стасал на целта уште пред да зачекори“.

Природниот начин на живот на една личност се одвива на три нивоа од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот (со аскетска умно-срдечна молитва) и боговподобување или христијанско совршенство (со благодатна или непрестајна умно-срдечна молитва). Спомнат е и видот, односно квалитетот на молитвата, бидејќи согласно тоа се одредува и степенот на духовниот развој на личноста. Тука демонот е просто оневозможен да дејствува.

Затоа, пак, демонското дејствување над оние што водат противприроден начин на живот најчесто е забележливо и е многу разновидно. Во времето на првите учители од пустината не постоеле стручните термини на модерната психологија, но затоа постоел термин помрачување на разумот (умот). Во ваква состојба на помрачување на разумот, човекот станува целосно неспособен рационално да расудува и дејствува.

Според свети Максим Исповедник, постојат две категории на волја – разумска и природна волја. Со изгубена разумска волја човекот не е во состојба да ги контролира мислите, желбите и чувствата, нема кочница (цензура од Натсвесното, од супер-Егото над Ид-от) да се сопре во деструктивните намери. Дејствува стихијно, по принципот на природната волја, односно стремење на природата кон тоа што ѝ е слично – свети Јован Лествичник ќе рече: „Сè што е создадено ненаситно тежнее кон сродното на себе: крвта кон крв, црвот кон црв, земјата кон земја“ (примордијални пулсии од Идот – несвесното) – кое низ термините на психологијата одговара на состојбите на волево-нагонската дезинхибиција од различен степен (на пример: невротично, импулсивно, хазардно, хомицидално, суицидално поведение итн.), со сите социјални последици што произлегуваат од таквото однесување.

Зошто го пишувам сето ова? Затоа што луѓето вообичаено ја отфрлаат Црквата и послушанието како нејзин метод за исцеление, и не доаѓаат превентивно да побараат духовно раководство од духовниот отец – како што ги советува свети Јован, а, за жал, воопшто не го познаваат духовниот живот. Живеејќи го противприродниот начин на живот, секако, под неизбежното демонско влијание, кога-тогаш паѓаат во животна криза (без оглед како ќе ја наречеме), а воопшто не се подготвени и не знаат како да ја надминат. Во тие тешки моменти, ако воопшто им текне, доаѓаат и бараат помош од нас − духовните отци, ама тогаш веќе често е доцна.

Зошто често е доцна? Затоа што или бараат инстант решение на кризата во која се наоѓаат, а не се подготвени да послушаат и духовниот живот отпочеток да го започнат – отфрлајќи ја световната логика, или и самиот духовен отец не е способен да ги извлече од кризата – или поради нејзината длабочина или поради неговото незнаење. Најчесто поради обете причини.

Луѓе, запаметете, духовните отци не се чудотворци кои инстант ќе ги решат вашите проблеми (барем ретки се таквите, и тоа со ограничена моќ – само врз телесните болести). Вашето доцно обраќање кон нив и вашата неподготвеност за промена на вашиот живот многу тешко им паѓа, посебно кога можат да ви помогнат. Затоа, наједноставно е уште од вашата младост (но, никогаш не е доцна) да ги пригрлите светите добродетели (доблести), како и светите Тајни на Црквата; тогаш не може да ве изненади никаква криза – напротив, во секоја криза (Крст) ќе ја преоткривате и тајната на Воскресението и чудесно убавиот Христов лик.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

10 април 2016 год

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 82
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 57
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 167
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

« »