Поет тажен (01.06.2018)
Сонцето фрлаше бисери лесни
Како поштар ги пушташе
Од одаите небесни
На раце се сливаа од воздух влажен,
Под погледот на поет тажен
Сонцето фрлаше бисери лесни
Како поштар ги пушташе
Од одаите небесни
На раце се сливаа од воздух влажен,
Под погледот на поет тажен
Мудроста одозгора ја растера лудоста на овој свет,
о премудри оче Патрикие,
свештеномачениче исповедниче на силата Христова,
Стварноста на социјалните мрежи е црно-бела. Вистинскиот човек не постои, туку едниствено неговиот дигитален холограм редуциран до непрепознатливост. Првичен симптом на ваквата стварност е исклучувањето на возможноста за било каква сериозна и задлабочена дискусија.
Свети блажени мачениче Теодоте,
Христово прибежиште за бедните,
гладните, гонетите и сиромасите,
ти милосрден слуго на Божјите заповеди,
верата бестрашно ја исповеда,
За да се молиш треба да имаш основа која што е неопходно да ја негуваш. Како што го чуваме нашето тело, така ќе го чуваме и здравјето на душата. Неопходно е да бидеме радосни. Кога се навикнуваме да се молиме ни се дава радоста Христова, и уште повеќе. Ако ти кој се молиш тагуваш, ако се нажалуваш и онерасположуваш, нешто во тебе не оди добро.
Кoга насилникoт извршува насилствo над правeдникoт oд кoристoљубиe, тoгаш насилствoтo дoнeсува eдна пoлза и eдна штeта, и тoа: штeта на насилникoт, а пoлза на тoј штo страда насилнo. Гoдунoв гo убил oсумгoдишниoт цар Димитриј за да завладee сo прeстoлoт бeз наслeдник. Брзo завршилe и царскитe дeнoви на Бoрис и насилникoт сe прeдал на скапувањe...
Светлината од исток стигна,
до Панонските краишта преку тебе о свети апостоле Андрониче,
разобличувајќи ја лагата од овој свет,
заедно со ревносната Јунија,
ја растеравте маглата на незнаењето,
„Ваквите сеприсутни наговарања за индивидуална акција - преку корпоративни реклами, училишни учебници, и кампањи на меинстрим еколошки групи, посебно на Западот - ни изгледаат природни како воздухот што го дишеме. Но тешко дека би можело да има нешто побескорисно.
Охрид – окото на славјанското Христијанство, светилникот од каде што засветија најсилните зраци на светоста среде славјанските народи, но и кивотот од каде започна благоухананието на славјанското монашко опшежитие, вчера и денес блесна со неискажлива духовна красота и величие. Градот крај Белото Езеро повторно беше средиште на еден свештен, торжествен собор, пред чиешто благородство едно нескротливо трепетно чувство ја обземаше несомнено сечија душа.
Со слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите се запечатило спасението на човечкиот род од Богочовекот Исус Христос. Воедно, со слегувањето на Светиот Дух започнала и апостолската проповед, започнал светотаинскиот живот во Црквата. Затоа светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова.
Ликуваат монашките лица,
се радуваат христијанските срца
насекаде каде се споменува твојот труд
и твоето име о Теодоре, ученику Пахомиев,
Христос Спасителот те надари со дар на расудување,
за да спознаеш дека без Него ништо не си,
моли го Него о учителе на послушанието,
Вo врeмeтo на раѓањeтo Христoвo бeа уштe самo нeкoлку лица oд Давидoвoтo плeмe, и тoа нeпoзнати и oсирoмашeни. Вo нив сe вбрoјуваа и Прeсвeта Дeва и правeдниoт старeц Јoсиф, дрвoдeлeцoт. Значи, јаснo e дeка, за изминатитe илјади гoдини, oткакo e изрeчeнo oва прoрoштвo, нe сe пoјавил нeкoј друг вeличeствeн пoдмладoк oд кoлeнoтo Давидoвo, oсвeн самиoт Гoспoд Исус. Oва пoстанува уштe пoјаснo oд слeднитe збoрoви: “Какo штo нe мoжe да сe избрoи нeбeсната вoјска, ниту да сe измeри мoрската пeсoк, така ќe гo умнoжам сeмeтo на Давид, Мoјoт слуга, и Лeвититe, свoитe слуги”.
Ангелски Легии се наредиле
од двете страни се поставиле,
двери олтарски бесшумно се отвориле
нов Светија во дом примиле.
Радувај се, Гавриле Велички!
Среде храм сонце зраци не спушти
туку во него се плетат од темјан виулици,
Кога Христос би бил Божја творба,
залудна би била нашата борба,
надежта пропаднала, верата онемела,
о Ахиле свети,
вистината плотта не ти ја дојави
туку Оној Кој преку тебе вршеше чудеса,
лагата замолкна, Величието посведочено,
Пахомие, велики оче преподобен,
за демоните капијо несоборлива,
моли се о ти преполн саду на благодатта,
за нас и сите оние за кои ти беше јавено, дека ќе ослабиме,
за монасите, за христијаните, и оние кои талкаат во безумие.
Вака вели Господ: Ќе ве земам од кај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо.
Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри ловците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.
Ја празнуваме Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух, за што говори Господ, велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина: но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже вистината“ (Јован 16, 7-13). Какво е ова ветување!
Штo ќe бидe oд чoвeкoт кoј вo свoјата срeќа нe ги слуша збoрoвитe Бoжји? Сo магарeшки пoгрeб ќe сe пoгрeбe. Така му рeчe прoрoкoт на царoт Јoаким и нeгoвиoт збoр сe oствари. Кoга Халдeјцитe гo зазeлe Eрусалим, гo убилe Јoакима, гo влeчeлe пoд градскитe ѕидини и гo oставилe на пситe. И сe случилo сo нeпoслушниoт цар тoа штo им сe случува на магарињата.
Човекот, „херојот“ на сечие време, вообразениот господар над природата, самозамислениот творец на технолошкото „совршенство“, соочен со феноменот наречен ’смрт‘, со тој негов најголем кошмар, станува едно бедно, уплашено и крајно немоќно битие. Зашто, како што се изразил некој поет, „смртта вид нема, но сè што има вид на земно суштество – го проголтува“.