Тропар на светиот Божји пророк Еремија 1 мај / 14 мај 2024
Велики Еремио, слуго Божји,
ти тивок ветру пред срцето на луѓето,
чувару на заветниот ковчег,
огнот свет сочувај го во душата на секој човек,
и иконата во срцето на Христијанинот,
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Велики Еремио, слуго Божји,
ти тивок ветру пред срцето на луѓето,
чувару на заветниот ковчег,
огнот свет сочувај го во душата на секој човек,
и иконата во срцето на Христијанинот,
Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).
Секуларизацијата христијанското општество го направи отворено и прифатливо за хуманистички и прагматични теории за животот, кои во најголема мера го засениле христијанското учење за гревот и покајанието. Учењето за гревот како отпаѓање од единството со Бога, од еден вистнски живот – во Него и со Него, сé повеќе беше заменувано со некој вид морална или обредна законитост, во која гревот првенствено значи престап на утврдено правило.
Во рамките на манифестацијата “Недела за заедничка молитва” во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), денес во Порта Македонија се одржа трибина на тема „Младите и религијата“.
Дали тагувам над човечките страдања? Дали жалам поради неволјите во Црквата и државата, во семејството и општеството? Дали страдам заедно со сите кои страдаат, во беда и нечистотија, во очајание и грев? Дали жалам поради болестите, заразите, несреќите и умирањата? Или сè едноставно прифаќам „така како што е”, преминувајќи преку сè и мислејќи дека е храброст тоа што е, всушност, скаменетост на срцето и недостаток на сочувствена грижа?
Постои една голема вистина: онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас. Дали сакаш Бог да ти ги прости твоите грешки? Дали сакаш да те сака со целото Свое срце? Тогаш би требало, од срце да сакаш и простуваш.Дали сакаш Бог да ги заборави сите твои гревови и веќе да не се навраќа на нив? „Сакам, би сакала“, плаче душата.
Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата.
Поборнику на Православието,
на покајанието и на молитвата
сигурен учителу и делатнику,
на архиереите боговдахновен украсу,
Човекот треба да се исповедува што е можно почесто. Паузите помеѓу исповедите треба да бидат исполнети со духовна борба и напори, што ќе се зацврстуваат со подготвките за претходната исповед и подготовката за следната. Значи, честото исповедување на гревовите ќе те чува, ќе те поддржува и ќе го прави поцврст целиот твој духовен живот. Благодатта Божја што
Непоколебливи во верата света како гората Сион,
огнена ревност имајќи како Илија,
вие свети девет маченици словото Божјо до крај го запазивте,
молете се за нас сега претстојувајќи пред престолот Божји,
затоа што слобода имате пред Оној Кој вашите мошти,
Ти ми ги покажа патиштата на животот: со радост ме исполнува Твоето лице;
вечното блаженство е во Твојата десница.(Псал. 15, 11)
Старец Емилијан, кој беше игумен на манастирот Симонопетра на Света Гора од 1973 до 2000 година, денес се упокои во Господ, во манастирот посветен на Благовештение на Пресвета Богородица, во Ормилија, Халкидики.
Неговата Светост Патријархот Илија II, возљубениот духовник на цела Грузија, ја изврши 58-та групна крштевка во соборниот храм „Света Троица“, во Тбилиси, вчера, на празникот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, и стана кум на уште 777 деца.
„Христос воскресна! Ви честитам со празникот на свети Георгиј, ви честитам со Крштението на моите крстеници“, рече Патријархот.
Вистинската вeра мoра да бидe гoнeта вo oвoј свeт. Тoа и самиoт Спаситeл јаснo и јавнo им гo кажал на Свoитe апoстoли. А св. Апoлинариј Eрапoлски, пишувајќи прoтив eрeтицитe-мoнтанисти, вeли: “Нeка ни кажат прeд Бoга, кoј oд ситe нивни прoрoци,пoчнувајќи oд Мoнтана и нeгoвитe жeни, бил гoнeт oд Јудeјцитe и убиeн oд нeчeстивитe?
Сега во глуварче ме осмисли,
Ех, кој можеше да помисли,
Штотуку ме дувна ветер
Одлетав во мојот етер.
Велик си Ти Господи во срцата на Твоите апостоли,
Јасон и Сосипатар, кои Тебе Жив имајќи Те,
чудеса твореа, ѕверови скротуваа,
кон спасение седум разбојници приведоа,
а Керкира девица света кон ангелска светост поита
О отворени врати небесни,
за тебе свети Евлогие, кој Авраам го поддржуваше
и од Самарјанинот се поучуваше.
Радувај се свети подвижнику,
кој богатството на пеколот го избегна
Гледате на колку сѐ начини се добива благодатта за услишување на молитвата; затоа никој да не паѓа во очајание, дека не може да ги испроси од Бога спасоносните блага. Зашто, ако претпоставиме, дека ти недостасуваат многу од оние работи кои се потребни за услишување на молитвите, па зар не можеш да бидеш постојанен во молитвата, никогаш да не отстапуваш од неа? Тоа може да го прави секој само, ако сака. Само поради таа
Еве веќе 10 години, возобновената Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на Пасхалната радост. За Стружани, пак, е прекрасна можност сите да се сплотат во стремежот што подостоинствено да земат удел во ова торжество, кое ја осенува со благодат
Бог ни зборува постојано, многупати и на многу начини (Евр. 1,1). Бог зборува на луѓето преку сите негови дела во природата, во светот и во животот. Се што постои во светот сведочи за постоењето на Бога и сите созданија Го величаат Бога како свој Создател и тоа сите на свој начин. Бог исто така, секојдневно ни зборува преку устата на Неговите многубројни небесни гласници – ангели и архангели, кои на најразлични начини делуваат на човековите
Откако го израсна грижливо семето на Божјите заповеди на сиромасите им го раздели милостиво сето богатство, а на негово место ја стекна славата Христова, преславен маченику. Затоа, со сигурна надеж одиш на подвиг и долги измачувања, Георгие, и откако стана учесник во страдањата на Нестрадалниот и во Воскресението, земајќи удел во Царството небесно, за нас сега моли се.