логоFacebookTwitterYouTubeeMail

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

 

Еден, свет отец своевремено забележал дека од нас не се очекува да бидеме свештеници, монаси и чудотворци туку од нас се очекува постојано покајание и покрај сите наши паѓања при многубројните искушенија кои се наши педагози во односот кон Бога и ближните.

Повеќе...

Епископ Велички Гаврил Светогорец: Чудата на Пресвета Богородица (XVIII дел)

 

Со твојата милост спаси и помилуј ги благочестивите владатели, преосветените митрополити, архиепископи и епископи, целиот свештенички и монашки чин и сите православни христијани; со твојата чесна риза закрили ги и умилостиви ги, Госпоѓо, од тебе бесемено воплотениот наш Бог да ни помогне нам со Својата виша сила да одолееме на невидливите и на видливи противници.

Повеќе...


Големо Откритие во Охрид

 

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.

Весна Ивановска - Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 494
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.04.2020)

Воскресение Христово (трет ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.04.2020)

Воскресение Христово (втор ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.04.2020)

 Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.04.2020)

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.04.2020)

 Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.04.2020)

Велики Четврток Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.04.2020)

     Преподобен Тит Чудотворец Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суете н свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.04.2020)

   Света Марија Египетска Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх Св. Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во Задјорданската пустина на...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.04.2020)

  Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство....

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 669
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 723
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 708
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »