логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Одговори на Вашите прашања  

 

Прашање од „М“: Од кога и каде потекнува Исусовата молитва и кој ја измислил и ја востановил?

                          Исто така ме интересира зошто моитвата Оче  нас,  не е толку често употребувана како Исусовата молитва?

 

Одговор:


Браќа, почнувајќи од утрото, преку целиот ден, а ако е возможно продолжете да повикувате и во текот на ноќта: Господи Исусе Христе, помилуј ме, и присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт. -Св. Јован Златоуст
За потребата од постојана молитва, треба  постојано да се зборува. Уште светиот апостол Павле рекол: молете се постојано!.. Значи, молитвата е нешто без кое не можеме да живееме, за неа многу зборуваме, но за жал малку ја практикуваме. Ние, православните христијани знаеме дека Светото Предание има подеднаква важност со Светото Писмо, и оттаму можеме да ги најдеме одговорите пред се за суштината на молитвата, а потоа и за историјата и потеклото на различните видови молитви. Исусовата молитва била практикувана уште од првите христијани. И во Евангелието кога слепородениот моли: Исусе Сине Давидов, помилуј ме!, потоа митарот, разбојникот... и сите добиле одговор на молитвите. Значи најважна се собраноста, искреноста и љубовта во молитвата. Потоа оваа молитва ја менувала својата форма, и како што гледаме од зборовите на св. Јован Златоуст уште од четвртиот век ја има истата форма: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме грешниот! За Исусовата молитва се вели дека е Вселенска или сеопфатна, затоа што во неа се се исповеда и правослваната Догматика ( Го исповедаме Господ Исус Христос, како Син Божји, а никој не може да го исповеда Исус Христос  како Господ без Светиот Дух) а воедно и молиме, благодариме, славословиме...
Поради краткоста на оваа молитва, човекот може полесно да се собере во зборовите на молитвата и да остане во неа. Плодовите кои ги дава Бог преку оваа молитва, до сега се многупати засведочени од многу светители, од св. Апостол Павел до св. Јосиф Спилеот, а сведоштвото и натаму продолжува во Црквата Христова, која е народот.
Молитвата Оче наш е вметната во секое молитвено правило, но заради должината, човекот повеќе се расејува, и затоа не се употребува толку често како Исусовата молитва, која може да се заснова и само на Господи помилуј. Така, Господ и нас да не помилува, зашто кога и за Бога зборуваме во моментите кога благодатта ни е повлечена, правиме само штета, прилегајќи на фарисеите кои ниту тие влегуваат ниту ги пуштаат другите да влезат во Царството на Љубовта.
 Господ да не помилува и прости како Благ и Човекољубец.

 

Од кога и каде потекнува Исусовата молитва и кој ја востановил? И за молитвата Оче наш...



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…
Октомври 19, 2019

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци. Еден ден, кога тајфата (во која Дичо бил уште чирак) одела наваму-натаму по работа, била пресретната од група арамии. И, додека арамиите им се заканувале на останатите од…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 194
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 225
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 206
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…