логоFacebookTwitterYouTubeeMail


                                                 

   Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Секојдневно испитувајте ја својата совест; обидувајте се да ги исчистите вашите мисли, вашите намери.
     Си живеел некогаш некој крал кој имал лош син. Немајќи надеж дека тој ќе се промени на подобро, неговиот татко го осудил својот син на смрт. Му дал еден месец да се подготви.
     Изминал еден месец, и таткото го повикал синот. На негово изненадување тој видел дека младиот човек забележително се променил: неговото лице било слабо и испиено, и целото негово тело укажувало на тоа дека пател.
      „ Како ти се случи толкава промена, синко мој?“ прашал таткото.
      „Татко мој и мој господару“ одговорил синот, „ како може да не се променам кога со секој ден сум се поблиску до смртта?“
       „ Добро синко,“ рекол кралот, „ бидејќи очигледно си се опаметил, ќе те помилувам. Но мораш да ја задржиш оваа будна состојба на душата до крајот на твојот живот.“
       „Татко“ возвратил синот, „ тоа е невозможно. Како можам да им одолеам на безбројните заведувања и искушенија?“
      Тогаш царот наредил да се донесе сад, полн со масло и му рекол на својот син: „Земи го овој сад и носи го низ сите улици на градот. Ќе те следат двајца војници со остри мечови. Ако истуриш само една капка од маслото тие ќе ти ја отсечат главата.“
     Синот послушал. Со лесни, внимателни чекори, одел по улиците на градот а војниците го придружувале. Не истурил ниту една капка.
    Кога се вратил во замокот, таткото го прашал „Синко, што виде додека одеше по улиците на градот?“
      „Не видов ништо.“
      „Како мислиш ништо?“ рекол кралот.
      „Денес е празник; мора да си ги видел тезгите со разни дребулии, многу кочии,луѓе, животни...“
      „Не забележав ништо од тоа,“ одговорил синот. „Цело мое внимание беше насочено на садот со масло. Ми беше страв да не истурам капка и при тоа да го загубам мојот живот.“
       „ Токму така синко“ рекол кралот „ Памти ја оваа лекција цел живот. Бдеј над својата душа како што пазеше денеска на садот со масло. Оттргнувај ги мислите од она што наскоро и така ќе помине, и фокусирај ги на она што е вечно. Нема цел живот да те следат вооружени војници, но ќе те следи смртта до која секој ден сме се поблиску. Биди внимателен и чувај  ја душата од погубни искушенија.“
      Синот го послушал својот татко, и живеел среќно оттогаш па натаму.
  Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки; (Кор.1, 16:13). 

Апостолот им го дава на Христијаните овој важен совет, за да им укаже на опасностите во овој свет, да ги повика на често испитување на нивните срца, затоа што без тоа тие лесно можат  да ја уништат чистотата и ревност во верата, и без да забележат да преминат на страната на злото и неверието.
    Како што основна грижа е да се биде внимателен кон се што може да му наштети на нашето физичко здравје, така нашата духовна грижа треба да биде да внимаваме нешто да не му наштети на нашиот духовен живот, вербата и спасението. Затоа, внимателно проценувајте ги вашите внатрешни импулси: дали се тие од Бога или од духот на злото? Бидете свесни за искушенијата од овој свет и од световните луѓе; бидете свесни за скриените внатрешни искушенија кои доаѓаат од духот на индиферентност и безгрижност и невнимание во молитвата, од исчезнување на Христијанската Љубов.
    Ако обрнеме внимание на нашиот ум, ќе забележиме наплив од последователни мисли и идеи. Овој наплив е постојан; тој не следи насекаде и во секое време: дома, во црква, на работа, кога читаме, кога разговараме. Обично се нарекува размислување, пишува архиепископот Теофан Испосник, но тоа всушност е вознемирување на умот, расфрлање на мислите, недостаток на концентрација и внимание. Истото се случува со срцето. Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето? Пробајте само кратко време и видете што ќе откриете. Нешто непријатно се случува и вие сте нервозни, се случува некоја несреќа и вие се самосожалувате; гледате некој кој не ви се допаѓа, и ве обзема чувство на непријателство; среќавате некој рамен на вас кој сега ве надминал на општествената скала, и почнувате да му завидувате; мислите на вашите теленти и способности, и почнувате да се гордеете....Оваа расипаност: суетност, животинска желба, лакомост, мрзливост, злоба- едно поголемо од другото, сето ова го уништува срцето. Сето ова може да помине низ срцето во неколку минути. Поради оваа причина еден аскет, кој посебно внимавал на себе, бил во право кога рекол „срцето на човекот е исполнето со отровни змии. Само срцата на светците се ослободени од овие змии, страстите.“
    Но таква слобода се стекнува само преку долг и тежок процес на себеспознавање, работејќи на себеси, со ревност кон внатрешниот живот т.е. душата.
       Биди внимателен. Бдеј над својата душа! Оттргни ги мислите од она што и онака наскоро ќе помине и насочи ги кон она што е вечно. Тука ќе најдеш среќа по која трага твојата душа, и за која е жедно твоето срце.

 

Извор:John Maximovitch- Arhiepiskop stanal vo 1934 na 28 MAj, izvor "Word of the Church" 2002 No.2


                           Превел од Англиски проф.Светлана Димовска 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 209
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 420
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 567
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…