Православна светлина бр. 65
![]()
Излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“. Во овој 65-ти број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и ова издание ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.














Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.
Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.

























